Генерална Конференција
Божествена помош за Смртноста
Генерална Конференција април 2025


14:40

Божествена помош за Смртноста

Планот на нашиот Небесен Отец обезбедува начини на помош што ќе нé водат низ смртните патувања.

I.

Преку пророкот Џозеф Смит, Господ открил неколку работи за нашиот претсмртен живот. Таму ние постоевме како разумни Божји битија. Бидејќи Бог сакаше да им помогне на Неговите деца да напредуваат, Тој реши да создаде земја каде што ќе можеме да добиеме тело, да учиме преку искуства, да развиваме божествени особини, и да бидеме тестирани за да види дали ќе ги одржиме Божјите заповеди. Квалификуваните ќе имаат „слава додадена на нивните глави засекогаш и секогаш“ (Авраам 3:26).

За да ги воспоставиме условите од овој божествен план, Бог го избира Неговиот Единороден Син да биде наш Спасител. Луцифер, чија предложена алтернатива ќе ја уништи човековата определба, станува Сатаната и бил „соборен“. Протеран на земјата и ускратен од привилегијата на смртен живот, на Сатаната му беше дозволено да се обиде „да ги мами и заслепува луѓето, и да ги води заробени по своја волја, и тоа сите оние кои нема да го послушаат [Божјиот] глас“ (Мојсеј 4:4).

Суштински дел од Божјиот голем план за смртен раст на Неговите чеда беше тие да доживеат „противење во сé“. (2 Нефи 2:11). Kако што не можеме да ги развиеме или одржуваме нашите физички мускули без да се спротивставиме на законот за гравитација, така и смртниот раст на човекот бара од него да се спротивстави на искушенијата на Сатаната и другите смртни спротивствувања. Најважно за духовниот раст е способноста да се избере меѓудоброто и злото. Оние кои ќе го изберат доброто ќе напредуваат кон својата вечна судбина. Оние кои избираат зло, како што секој кој е соочен со многубројните искушенија на земниот живот би направил, ќе има потреба од спасоносна помош, која ќе ја пружи саканиот Бог.

II.

Убедливо најмоќната смртна помош што Бог му ја дал на човекот беше обезбедувањето на Спасител, Исус Христос, кој ќе страда да ја плати цената и да даде прошка за покајаните гревови. Оваа блгодатна и славна помирувачка жртва објаснува зошто верата во Господ, Исус Христос е првиот принцип на евангелието. Неговото Помирување „постигнува воскресение на мртвите“ (Алма 42:23), и „помирувања за гревовите на светот“ (Алма 34:8), притоа ги брише сите наши покајани гревови давајќи му моќ на нашиот Спасител да ни помогне во согласност со нашите смртни слабости.

Спасителот Исус Христос.

Далеку над тоа величественото бришење на гревовите и простување, планот на грижливиот Небесен Отец дава многу други дарби за да нé заштитат, вклучувајќи ја заштитата од потчинување на грев од самиот почеток. Нашиот смртен живот секогаш започнува со мајка и татко. Во идеален случај, и двајцата се присутни со различни дарби што го водат нашиот раст. Доколку тоа не е така, нивното отсуство е дел од противењето што мора да го надминеме.

III.

Планот на нашиот Небесен Отец дава и други начини на помош што ќе нé водат низ смртните патувања. Ќе зборувам за четири вакви начини. Ве молам не ме држете за збор кога ги набројувам моите четири, бидејќи некои од нив се преклопуваат. Уште повеќе, постојат и други благодатни заштити.

Прво, јас зборувам за Светлината или Духот на Христос. Во неговата одлична поука во книгата на Морони, Морони го цитира својот татко дека: „Христовиот Дух е даден на секој човек, за да разликува добро од зло“ (Морони 7:16). Ја читаме оваа иста поука и во современите откровенија.

„И Духот му даде светлина на секој човек кој доаѓа во светот; и Духот просветлува секој човек низ светот, кој послушаат гласот на Духот” (Учење и Завети 84:46).

Повторно: „Зашто Мојот Дух е испратен при светот да ги просветли понизните и покајаните, и да ги осуди непобожните“ (Учење и Завети 136:33).

Претседателот Џозеф Филдинг Смит ги објаснува овие стихови: „Господ не ги оставил луѓето (кога ќе се родат на овој свет) беспомошни, да трагаат во темнина по вистина и светлина, туку секој човек … се раѓа со правото да добива водство, поука, и совет од Духот на Христос или Светлината на Вистината“.

Проучување на светите писма.

Вториот начин на одлична помош што Господ ни ја нуди за да ни помогне да ја избереме вистинската работа е серија божествени упатства во светите писма како дел од планот за спасение (планот за среќа) Овие упатства се заповедите, обредите и заветите.

Заповедите го дефинираат патот што ни го одредил нашиот Небесен Отец за да напредуваме кон вечниот живот. Луѓето кои замислуваат дека Бог одлучува кого да казни врз основа на заповеди, не ја разбираат целта на Божјиот план за среќа. На тој пат, ние постепено го воспоставуваме потребниот однос со нашиот Спасител и се квалификуваме за зголемување на Неговата моќ за да ни помогне на патот кон целта што Тој ја испланирал за сите нас. Нашиот Небесен Отец посакува сите Негови деца да се вратат во селестијалното царство, каде Бог и нашиот Спасител претстојуваат и да имаат идентичен живот со оние кои претстојуваат во таа селестијална слава.

Обредите и заветите се дел од законот што го дефинира патот до вечен живот. Обредите, и светите завети што ги склучуваме со Бог преку нив, се неопходните чекори и важни заштитници на овој пат. Сакам да мислам дека заветите покажуваат дека, според Божјиот план, оние кои однапред ветуваат дека ќе се држат до одредени заповеди и кои ќе ги одржат овие ветувања, ќе ги добијат Неговите највредни благослови.

Друг од Бога-даден начин за помош при за правење правилни избори се манифестациите на Светиот Дух. Светиот Дух е третиот член на Божеството. Неговата задача, дефинирана во светото писмо, е да сведочи за Отецот и Синот, да нé научи, да нé потсети за сé, да нé води кон сета вистина. Светите писма вклучуваат многу описи на манифестации на Светиот Дух, како што е духовно сведоштво како одговор на прашањето за вистината на Книгата на Мормон. Манифестација не треба да се меша со дарот на Светиот Дух, кој се предава по крштевањето.

Еден од најзначајните начини на кој Бог им помага на Неговите верни чеда е дарот на Светиот Дух. Важноста на овој дар е очигледна во фактот дека тој формално се предава по поканието и крштевањето во вода, „и тогаш [се вели во светите писма] доаѓа простување на вашите гревови со оган и со Светиот Дух” (2 Нефи 31:17). Луѓето кои го добиваат ова простување на гревовите, и потоа редовно го обновуваат нивното чистење преку секојдневно покајание и живеење според склучениот заветот преку обредот сакрамент, се квалификуваат за ветувањето дека Светиот Дух, Духот на Господ „може секогаш … да биде со нив“ (Учење и Завети 20:77).

Претседател Џозеф Ф. Смит

Претседателот Џозеф Ф. Смит учеше дека Светиот Дух „ќе ги просветли умовите на луѓето за Божјите работи, ќе ги убеди на денот на нивното преобраќање дека ја извршиле волјата на Отецот, и ќе биде во нив трајно сведоштво кое ќе ги придружува во животот, во улога на сигурен и безбеден водич за сета вистина и ќе ги исполнува од ден во ден со радост и веселба, со склоност да прават добрини на сите луѓе, да страдаат наместо да прават зло, да бидат љубезни и милосрдни, трепеливи и дарежливи. Сите кои го поседуваат овој непроценлив дар, овој скапоцен бисер од непроценлива вредност, имаат постојана жед за правда. Без помошта од Светиот Дух, заклучи Претседателот Смит, „ниту еден смртник не би можел на оди по тесниот и стрмен пат“.

IV.

Иако имаме толку многу моќни начини на помош да нé водат на нашето патување низ земниот живот, разочарувачки е што толку многу луѓе останале неподготвени за нивната судбинска средба со нашиот Спасител и Искупител, Исус Христос. Неговата парабола за десетте девици, за која толку често се зборува на оваа конференција, сугерира дека од оние кои ќе бидат поканети да се сретнат со Него, само половина ќе бидат подготвени.

Десетте девици.

Сите знаеме примери за тоа: вратени мисионери чиј духовен раст е прекинат со периоди на неактивност, млади луѓе кои го загрозиле свјот духовен раст затоа што не учествувале на црковните часови и активности, мажи кои го одложиле своето ракополагање на Мелхиседеково свештенство, мажи и жени—понекогаш потомци на благородни пионери или достојни родители—кои заминале од патот на заветот не успевајќи да склучат и да одржат завети во светиот храм.

Лична молитва.

Многу од овие отстапувања се случуваат кога членовите не успеваат да го следат основниот план за духовно одржување кој се состои од лична молитва, редовно проучување на светите писма и често покајание. Спротивно на тоа, некои го занемаруваат неделното обновување на заветите со тоа што не се причестуваат за време на сакраментот Некои велат дека Црквата не ги задоволува нивните потреби: тие го заменуваат она што го гледаат како нивни идни потреби со она што Господ го обезбедил во Неговите многубројни учења и можности за наша основна служба на другите.

Понизноста и вербата во Господ се домашен лек за ваквите девијации. Како што поучува Книгата на Мормон, Господ „ги благословува и унапредува оние кои веруваа во Него.“ (Хеламан 12:1). Вербата во Господ е конкретна потреба за сите кои погрешно ги мерат Божјите заповеди и учењата на Неговите пророци наспроти најновите откритија и мудроста на човекот.

Јас зборуваав за многуте начини на помош што нашиот Небесен Отец им ги дал на Неговите чеда за да Му се вратат. Нашиот дел во овој божествен план е да веруваме во Бога и да ги бараме и користиме овие божествени начини на помош, особено Помирувањето на Неговиот Возљубен Син, нашиот Спасител и Искупител, Исус Христос. Се молам да ги поучуваме и живееме овие принципи, во името на Исус Христос, амин.