Генерална Конференција
„По тоа ќе познаат дека сте мои ученици“
Генерална Конференција април 2025


15:4

„По тоа ќе познаат дека сте мои ученици“

Нашата љубов за Бога и Неговите чеда е моќно сведоштво кон светот дека ова навистина е Спасителовата црква.

Пред многу години Сестра Ухтдорф и јас патувавме низ северна Германија. Се случи непосредно пред Велигден, поканивме една добра пријателка, која не беше член на Црквата, да ни се придружи на неделаната богослужба. Ја сакавме оваа наша драга пријателка, затоа беше нормално и природно да споделиме со неа како се чувствувавме во врска со Спасителот и Неговата Црква и да ја поканиме да дојде и да се увери и самата! Таа ја прифати поканата и ни се придружи на средбите во блиската црковна гранка.

Ако некогаш сте однеле за прв пат пријател во црква, веројатно можете да се поврзете со начинот на кој јас се чувствував тоа неделно утро. Сакав сé да оди совршено. Нашата пријателка беше многу образована, продуховена личност. Искрено се надевав дека средбите на оваа гранка ќе остават добар впечаток на неа и добро ќе ја престават Црквата.

Гранката се среќаваше во некои изнајмени простории на вториот кат од една продавница. За да се стигне дотаму, моравме да се качуваме по скалите на задната страна од зградата, минувајќи покрај силаната миризба од стоката складирана таму.

Кога почна сакраменталната средба, помислив на мојата пријателка која ова го доживува за прв пат, и не можев а да не приметам некои работи што помалку ме заплашија. Пеењето на пример, не звучеше нималку како Хорот Табернакул. За време на средбата се слушаа неуморни, гласни дечиња. Говорниците даваа сé од себе, но тие немаа вештини за јавен говор. Јас седев неудобно во текот на средбата, надевајќи се дека можеби неделната школа ќе биде подобра.

Не беше.

Цело утро бев загрижен за тоа што нашата пријателка ќе помисли за црквава во која ја однесовме.

После тоа, кога возевме накај дома, се свртев кон нашата пријателка за да разговараме. Сакав да и објаснам дека ова беше само една мала гранка и дека не ја претставува во вистинско светло Црквата како целина. Но пред да успеам да кажам макар еден збор, таа проговори.

„Тоа беше убаво“, вели таа.

Останав без зброви.

Таа продолжи, „Толку сум импресионирана од тоа како луѓето се однесуваат еден кон друг во вашата црква. Изгледа дека доаѓаат од различни средини, но сепак јасно е дека тие навистина се сакаат едни со други. Ова е тоа што го замислував, како Христос би сакал Неговата Црква да изгледа“.

Па, јас брзо се покаав за мојот критички став. Посакував мојата пријателка да биде воодушевена од беспрекорната средба. Но она што членовите на оваа гранка го постигнаа беше искрениот совршен дух на љубов, трпеливост и сочувство.

За да може верата да порасне на Земјата

Почитувани мои браќа и сестри, почитувани пријатели, ја сакам Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни. Ове е вистинската и жива Црква на Спасителот, и поучува за обновената потполност на евангелието на Исус Христос. Неговата свештенска моќ и овластување претстојуваат тука. Исус Христос ја води оваа Црква лично, преку неговите слуги кои Ги повикал и овластил, и преку живиот пророк, Претседателот Расел М. Нелсон. Спасителот им дал на Светците од Подоцнежните Дни уникатна мисија да ги собираат Божјите чеда и да го подготвуваат светот за Второто доаѓање на Спасителот. Го давам моето сведоштво дека сето ова е вистина.

Но важно е да се сетиме дека најголемиот број луѓе кога за прв пат ќе ја доживеат Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, не размислуваат за свештенското овластување, обредите, ниту за собирот на Израел. Она што најверојатно го приметуваат, над сé, е како се чувствуваат кога се со нас и начинот на кој се однесуваме едни кон други.

„Сакајте се едни со други“, вели Исус. „По тоа сите ќе познаат дека сте Мои ученици“. Многу често, првото сведоштво за Исус Христос кај некој човек доаѓа кога тој или таа ќе ја почувствуваат љубовта меѓу учениците на Исус Христос.

Спасителот изјавил дека Тој ја обновил Неговата Црква за „верата да … може да се зголеми на земјата“. Затоа, кога луѓето доаѓаат во посета на нашите црковни средби, Спасителот сака тие си заминат со посилна верба во Него! Љубовта што нашите пријатели ја чувствуваат меѓу нас ќе ги зближи со Исус Христос! Тоа е нашата едноставна цел секогаш кога се собираме.

Секој кој бара поголема вера во Христос, или поблиска врска со Небесниот Отец, треба се чувствува како дома во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни. Упатувањето покана да ги посетат нашите средби може да биде исто толку нормално и природно како да ги каниме во нашиот дом.

Идеалното и Реалното

Сега, јас сфаќам дека го опишувам идеалното. А во овој смртен живот, ретко го доживуваме идеалното. А „сé до совршениот ден“ секогаш ќе постои јаз помеѓу идеалот и реалноста. Затоа, што треба да направиме кога Црквата нема совршен ден? Што ако, од било која причина, нашиот оддел сé уште не практикува совршена вера или љубов? Или кога се чини дека ние не се вклопуваме?

Една работа што ние не треба да ја правиме е да се откажеме од идеалното!

Насловната страница на Книгата на Мормон го вклучува ова важно предупредување: „Ако има грешки“ вели таа, „тоа се грешки на луѓето; затоа, не ги осудувајте Божјите работи”.

Може ли книга—или црква или некој човек—да „одговара за некое сторено дело“ и да „греши“ а сепак да биде дело на Бога?

Мојот одговор е едно громко да!

Затоа, додека се држиме до високите Господови мерила, ајде да бидеме и трпеливи едни кон други. Сите ние сé уште учиме, растеме и се менуваме, и сите ние се потпираме на Спасителот за сиот напредок што го правиме. Тоа се однесува на нас како поединци, и се однесува и на Божјето царство на земјата.

Господ нé кани не само да му се придружиме на Неговото царство туку и вредно да работиме на неговото градење. Бог замислува народ кој се „од едно срце и еден ум“ За да се биде од едно срце, ние мора да се стремиме кон чисти срца, а тоа бара огромна промена на срцето.

Но тоа не значи дека јас треба да си го променам срцето за да стане исто како вашето. Ниту пак тоа значи дека треба да го променам вашето срце за да стане исто како моето. Тоа значи дека сите ние ги менуваме нашите срца за да се усогласиме со Спасителот.

Ако сé уште не сме таму, запомнете; со помош на Господ, ништо не е невозможно.

Вклопени и добредојдени

Ако некогаш почувствувате дека не баш се вклопувате, ве молиме знајте дека не сте сами. Зарем сите ние не сме биле во ситуации кога се чувствувавме како странци во просторијата? Го доживеав ова повеќепати. Кога имав 11 години, моето семејство беше принудено да го напушти нашиот дом и да се пресели во непознато подрачје. Сé беше поинакво од она на што бев навикнат. И мојот акцент јасно им стави до знаење на другите деца дека јас бев поинаков од она на што тие беа навикнати. Во време која јас очајно имав потреба од пријателство и припадност, се почувствував осамено и без место на живеење.

Овде на земјата, повеќето разлики што ги забележуваме-разлики што некои ги користат за да се категоризираат еден со друг-имаат врска со земните работи: изглед, националност, јазик, облека, обичаи итн. Но „Бог не гледа како што гледа човекот. Човекот гледа на надворешниот изглед, а Господ гледа што е во срцето“.

Од Негова перспектива, има една категорија што доаѓа над сите други: Божје чедо. И сите ние совршено се вклопуваме во оваа.

Природно е да сакаме да бидеме опкружени со луѓе кои изгледаат, зборуваат, дејствуваат и размислуваат на начин на кој ние го правиме тоа. Има место за тоа.

Но во Спасителовата црква, ги собираме сите Божји чеда кои се волни да бидат собрани и кои ја бараат вистината. Нашиот физички изглед, политичките погледи, културата или етничката припадност не е тоа што нé обединува. Ниту пак нашето заедничко потекло нé обединува. Она што нé обединува е нашата заедничката цел, нашата љубов за Бога и ближните, нашата посветеност на Исус Христос и Неговото обновено евангелие. Ние сме „едно во Христос“.

Единството кое го бараме не е за сите да стојат на истото место; туку тоа е да ги имаме сите свртени во ист правец—кон Исус Христос. Ние сме едно, не поради тоа каде сме биле, туку поради тоа каде одиме, не поради тоа кои сме, туку поради тоа кои стануваме.

Ова е целата поента на вистинската Христова Црква.

Едно Тело

Ако го сакате Бога, ако сакате подобро да го запознаете со тоа што ќе го следите неговиот Син, тогаш вие припаѓате овде. Ако вие искрено настојувате да ги одржите Спасителовите заповеди—иако сé уште не сте совршени во тоа—тогаш вие совршено се вклопувате во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни.

И што ако сте различни од луѓето околу вас? Тоа не ве прави невклопливи—ве прави потребен дел од телото Христово. Сите се потребни во телото Христово. Ушите ги перцепираат работите што очите никогаш не би можеле. Нозете прават работи за кои рацете би биле неефикасни.

Тоа не значи дека ваша работа е да ги промените сите да бидат како вас. Но, тоа значи дека имате нешто важно со што ќе придонесете—и имате нешто важно да научите!

Еден Глас

На секоја сесија на генералната конференција, благословени сме со инспиративна музика од телентирани хорови. Кога слушате, можеби ќе приметите дека не сите пеачи ги пеат истите ноти. Понекогаш еден дел ја носи мелодијата, понекогаш друг. Но сите тие придонесуваат за убавиот звук, и тие се целосно обединети. Секој член на хорот ја има истата примарна цел: да го фали Бога и да ги возвишува нашите срца кон Него. Секој мора да го има својот ум и срце насочени кон истата божествена цел. А кога тоа ќе се случи, тие навистина стануваат еден глас.

Ако сé уште не сте член на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, ве каниме да ни се придружите кога се радуваме на Спасителовата „песна за искупителната љубов“. Ние имаме потреба од вас. Ве сакаме. Црквата ќе биде подобра кога се трудите да му служите на Господ и неговите деца.

Ако веќе сте ја изразиле, преку крштевањето, преку склучување завети со Бога, вашата желба да „пристапите кон стадото Божје, и да се нарекувате негов народ“, ви благодарам што сте дел од ова големо и божествено дело и за тоа што помагате Црквата на Исус Христос да се направи онаква какова што Спасителот сака да биде.

Како што научив од мојата пријателка во Германија, нашата љубов за Бог и Неговите чеда е моќно сведоштво кон светот дека ова е навистина Спасителовата Црква.

За Господ да нé благослови трпеливо и трудољубиво да настојуваме да ги исполниме идеалите што нашиот Спасител, Искупител и Учител ги постави за нас—за сите да дознаат дека ние сме неговите ученици. Во светото име на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. John 13:34–35, New King James Version.

  2. Учење и Завети 1:21.

  3. Види Учење и Завети 46:5–6.

  4. Учење и Завети 50:24.

  5. Мојсеј 7:18.

  6. Види Учење и Завети 97:21.

  7. Види Алма 5:14.

  8. Види Лука 1:37.

  9. 1 Самоил 16:7, нов англиски превод.

  10. Види Russell M. Nelson, „Choices for Eternity” (worldwide devotional for young adults, May 15, 2022), Gospel Library.

  11. Галатјаните 3:28.

  12. Види Учење и Завети 6:36.

  13. Види 1 Коринтјаните 12:12–27. Во телото Христово, ние не ги игнорираме разликите, ниту ги толерираме. Благодарни сме за уникатниот придонес што секој член го дава, за доброто на целото тело.

  14. Исто како што би било некоректно за увото да погледне кон телото и да каже, „Бидејќи не сум око; не му припаѓам на телото“ ќе биде еднакво некоректно ако окото му каже на увото, „Ти не си како мене; не ни требаш тука” (види 1 Коринтјаните 12:16, 21).

  15. Алма 5:26.

  16. Мосија 18:8. Кога се крштеваме, сведочиме дека, меѓу другото, сакаме да бидеме дел од народот кој „си ги носат товарите еден на друг“ и „тагува со оние [кои] тагуваат” и „ги теши оние кои имаат потреба од утеха” (стихови 8–9). Со други зборови, кога се приклучуваме на Црквата на Исус Христос, ние велиме-понизно, но јасно-дека сакаме да наликуваме на нашиот сакан Спасител, и сакаме да го направиме тоа заедно.