Време за Реституција на сé
(Дела 3:21)
Најважната и највеличествена „добра вест“ е пораката дека Господ, Исус Христос го обнови Своето евангелие и Црква во подоцнежните Дни.
Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните дни беше организирана пред 195 години, на 6-ти април 1830 год.
За оваа значајна и радосна прилика се собрала една мала конгрегација на верници и пријатели. Додека се администрирал обредот сакрамент, додека се пренесувал дарот на Светиот Дух, биле извршени свештенските ракополагања, а вистините за евангелието на Исус Христос биле проповедани, големо излевање на Духот ги благословило сите присутни.
При повторното воспоставување на Неговата Црква, Господ преку откровение го назначи 24-годишниот Џозеф Смит за негов земен водач: „јасновидец, преведувач, пророк и апостол на Исус Христос, старешина на црквата преку волјата на Бог Отецот, и благодатта на вашиот Господ, Исус Христос“.
Искрено се молам за помошта од Светиот Дух додека ја разгледуваме важноста и континуираното влијание на овој единствен настан во историјата на светот.
Првата Визија
Формалната организација на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни беше кулминација на серија чудесни искуства. Првото од овие искуства се случи пред 10 години во северната држава Њујорк.
Во пролетта 1820 год, младо момче по име Џозеф Смит заминало во шумата во близина на неговиот дом за да се помоли. Имал прашања во врска со спасението на неговата душа, и копнеел „да дознае која од сите [цркви] била вистинската, за [тој] да знае на која да и се приклучи“. Џозеф верувал дека Бог ќе одговори на неговите молитви и ќе го насочи.
Ве молам обратете внимание на фактот што Џозеф Смит не се молел само за да знае што е правилно. Туку, тој се молел за да дознае што е правилно за да може да го направи правилното. Џозеф прашувал со вера и бил одлучен да постапува во согласност со одговорите што ги добивал.
„Како [одговор] на неговата искрена молитва, Бог Отецот и Неговиот Син, Исус Христос му се појавиле на Џозеф и ја иницирале ‘обновата на сé’ (Дела 3:21) како што е претскажано во Библијата. Во таа визија, тој дознал дека по смртта на првобитните апостоли, Христовата Новозаветна црква исчезнала од лицето на земјата“. Џозеф Смит ќе биде заслужен за обновувањето на доктрината, за овластувањето и за заветите и обредите на Спасителовата древна Црква.
Џозеф потврдил: „Видов два Лика, чија јаснотија и слава му пркосат на секаков опис, стоејќи над мене во воздухот. Еден од нив ми проговоре на мене, повикувајќи ме по име и кажа, покажувајќи на другиот—Ова е Мојот Возљубен Син. Слушни Го Него!“
Преку оваа визија и последователните надреални искуства, Џозеф Смит дошол до сознание дека Бог и Исус Христос го познаваат како индивидуа, се грижат за неговото вечно спасение и имаат мисија што тој треба да ја изврши. Тој исто така научил важни поуки за особините, карактерот, и совршеноста на Божеството—и дека Отецот и Синот се одвоени и различни суштества. Исус Христос е буквално Божји Син во духот и во телото..
Џозеф Смит изјавил дека Небесниот Отец и Исус Христос се телесни суштества. Тој вели, „Отецот има едно тело од месо и коски опипливо како на човекот; Синот исто; но Светиот Дух нема тело од месо и коски, туку лик на Духот.“.;
Јас сведочам дека посетата на Отецот и Синот на Џозеф Смит беше иницијалниот настан во големото „обновување на сите работи кажани од устата на сите свети пророци откако започна светот“.
Книгата на Мормон
Второто од серијата чудотворни искуства што доведе до формално организирање на Спасителовата обновена Црква беше преводот и објавувањето на Книгата на Мормон.
„На Џозеф Смит му беше даден дар и Божја моќ да преведе еден древен запис—Книгата на Мормон: Уште едно Сведоштво за Исус Христос. … Овој свет текст вклучува[] запис за личната служба на Исус Христос меѓу луѓето во Западната хемисфера набргу по Неговото Воскресение. [Книгата на Мормон] поучува за целта на животот и ја објаснува Христовата доктрина, што е суштинска за оваа намена. Како придружен запис на Библијата, Книгата на Мормон сведочи дека сите човечки суштества се синови и ќерки на возљубениот Небесен Отец, дека Тој има божествен план за нашите животи и дека Неговиот Син, Исус Христос, и денес зборува како во древните времиња“.
Како членови на Спасителовата обновена Црква, „Ние веруваме во Библијата дека е словото на Бог сè додека е преведено точно; ние исто веруваме во Книгата на Мормон дека е словото на Бог“. Книгата на Мормон е уште едно сведоштво за Исус Христос, ја потврдува вистинитоста на Библијата, и ги враќа едноставните и скапоцени вистини што биле изгубени од Библијата.
Вратено Свештенство
Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни поучува дека првобитната Црква основана од Спасителот, со своето божествено овластување, учење, завети и обреди била изгубена од земјата. Како дел од претскажаното враќање на сите работи во подоцнежните дни, древните пророци и апостоли лично му го пренеле свештеничкото овластување на Џозеф Смит и му ги предале свештеничките клучеви. Ова беше третото од серијата на чудотворни искуства што доведе до формално организирање на Спасителовата обновена Црква.
Свештеничкото овластување им дозволува на Божјите слуги да „го претставуваат [Него] и да делуваат во Негово име“. „Свештенските клучеви се овластување да се насочи употребата на свештенството во име на Божјите чеда“.
Под водство на Отецот и Синот, Воскреснатиот Јован Крстител го обновил овластувањето да се крштева со потопување за простување на гревовите. Таа иста година, тројца од првобитните Дванаесет Апостоли—Петар, Јоаков и Јован—го вратиле апостолството и дополнителното свештенско овластување и клучеви.
Шест години по формалната организација на Црквата, во храмот Киртланд, Мојсеј, Елијас и Илија му довериле на Џозеф уште едно овластување неопходно за извршување на Божјото дело во подоцнежните дни.
Мојсеј ги предал клучевите за собирање на Израел.
Елијас извршил распределба на евангелието на Авраам, вклучувајќи го и враќањето на Авраамовиот завет.
Елијас му ги предал клучевите на моќта на запечатување, давајќи му овластување што дозволува обредите кои се извршуваат на земјата да бидат сврзувачки во вечноста, како што се спојување на семејствата во вечни односи кои ја надминуваат смртта.
Црквата на Исус Христос е организирана
Кога Џозеф Смит ја превел книгата на Мормон, тој добил откровение кое укажува дека Црквата на Исус Христос ќе биде повторно воспоставена. Но Господ му дал упатство на Џозеф да не ја организира Неговата Црква веднаш. Туку, „Преку духот на пророштво и откровение“ Господ му го открил на Џозеф „точниот ден … кога [тој] треба да продолжи да ја организира Неговата Црква [повторно,] на земјата”.
Црквата била организирана во својот соодветен редослед, непосредно по обновувањето на свештенството и објавувањето на Книгата на Мормон. Првите примероци на Книгата на Мормон станале достапни на 26-ти март 1830 год, а Црквата била формално организирана на 6-ти април.
„Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни … е обновената Новозаветна Исусова Црква. Оваа Црква е закотвена во нејзиниот главен камен темелник, Исус Христос, и Неговото бескрајно Помирување и буквално Воскресение. Исус Христос уште еднаш ги повикал Апостолите и им дал свештенско овластување. Тој нé кани сите нас да дојдеме при Него и Неговата Црква, да го добиеме Светиот Дух, обредите за спасение, и да стекнеме трајна радост“.
Евангелска епоха на Полнотата на Времињата
Појавувањето на Отецот и Синот на Џозеф Смит, преводот и објавувањето на Книгата на Мормон, и обновувањето на свештенското овластување и клучеви биле неопходни предуслови за организација на Господовата обновена Црква пред 195 години.
Во Стариот завет, пророкот Даниел протолкувал сон, за некој камен што ќе биде отсечен од планината без раце и ќе ја наполни целата земја.. Една година по организирање на Црквата, Господ му дал упатства на Џозеф Смит дека треба клучевите од царството Божје повторно да му бидат „предадени на човекот на земјата“ и „Евангелието [за Исус Христос би] се раширило до крајот на земјата, како каменот што е отсечен од планината без раце“.
Јас сведочам: Господ го исполнува Своето ветување Спасителовата обновена Црква е воспоставена низ целиот свет и е инструмент со кој Бог ќе „за да соедини сé небесно и земно под една глава—во Христос“.
Господовото дело од подоцнежните дни „е причината која го интересира Божјиот народ од секоја возраст; тоа е темата за која пророците, свештениците и царевите живееле со необично блаженство; со радост го очекувале денот во кој живееме; и разгорени од небесни и радосни очекувања тие пееле, пишувале и пророкувале за овој наш ден“.
Во оваа најголема и најдолга од сите евангелска епоха „требаше да се случи и да се открие целосно, потполно и совршено соединување и спој на достоинства, клучеви, искажување, моќи и слави од деновите на Адам до денес. И не само ова, туку оние работи што никогаш не биле откриени од основањето на светот … ќе бидат откриени … во оваа, евангелска епоха на полнотата на времињата”.
Пророкот Џозеф Смит понатака објаснува, „Сите обреди и должности што некогаш биле побарани од Свештенството, под водство и заповеди на Семоќниот во било која од евангелските епохи, сите ќе бидат достапни во последната евангелска епоха … за да го оствариме обновувањето најавувано од устата на сите Свети Пророци“.
Ветувањата и Сведоштво
Се обидов да ги сумирам основните елементи на најважната и највеличествена „добра вест“ што било кој, било каде во светот може да ја добие—пораката дека Господ Исус Христос го обновил Неговото евангелие и Црквата во подоцнежните Дни.
Ве канам сите да дознаат и докажат оваа порака. Ви ветувам дека поединците „кои молитвено ја проучуваат пораката за Обновувањето и дејствуваат со вера ќе бидат благословени [преку моќта на Светиот Дух] за да стекнат свое сопствено сведоштво за божественоста и за нејзината цел да го подготват светот за ветеното Второ доаѓање на нашиот Господ и Спасител, Исус Христос“. Кога искрено се молите со очекување дека ќе добиете и ќе постапувате според одговорот од Бога, како што тоа го направил Џозеф Смит, вашата способност да го препознаете и да одговорите на тоа божествено сведоштво ќе се зголеми.
Сведочам дека Бог, Вечниот Отец, е наш Отец. Сведочам дека Исус Христос е Возљубениот Отецов Син и Неговиот единороден во телото. Тој е наш Спасител и Искупител.
Јас сведочам со радост дека Отецот и Синот му се јавиле на момчето Џозеф Смит, со што започнало обновувањето на евангелието на Исус Христос во подоцнежните дни Книгата на Мормон е уште едно сведоштво за Исус Христос и го содржи Божјето слово. Свештенството кое го претставува Спасителот и постапува во Негово име повторно може да се најде на земјата. И Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни е Обновената Новозаветна Христова Црква. Го давам моето сигурно сведоштво дека сите овие работи се вистина во светото име на Господ Исус Христос, амин