Мојата Љубов за Спасителот е мојот мотив
Го сакам нашиот Спасител. Ова е вистинската и најмоќна причина зошто го правам она што го правам.
Дали забележавте дека нашиот почитуван Претседател Расел М. Нелсон, постојано ни упатува покани? Сосема очекувано, тој нé покани да ги проучуваме и да размислуваме за пораките споделени на последните две конференции. Во април 2024, тој кажа, „Се надевам дека постојано ќе ги проучувате пораките од оваа конференција во текот на месеците што доаѓаат“. Потоа, во октомври 2024 тој кажа: „Ви предочувам да ги проучувате пораките на [говорниците]. Користете ги како лакмусова хартија за да одредите што е вистина а што не е во текот на наредните шест месеци.“
Овие покани може да се додадат на пророчките покани што ги добиваме во текот на нашите животи, особено оние од последните години. Можеби чувствуваме или мислиме дека овие покани се само уште една работа од нашиот список на обврски, само затоа што бевме поканети или од нас се побара да го сториме тоа. Но дали може да има нешто повеќе?
Размислувајќи за оваа и за сите добиени покани, се присетувам на нешто што го научив и одлучив многу одамна. Се обидувам да ги направам овие работи, кои се основни за мене поради тоа што Го сакам; Јас го сакам нашиот Спасител. Ова е вистинската и најмоќна причина зошто го правам она што го правам, а потоа поврзано со ова е мојата љуобв кон вас, моите соверници браќа и сестри.
Како ваш брат, се надевам дека ќе ги сметате моите зборови како искрена покана да се обидете да ја разберете можноста да поврземе сé што правиме со нашата љубов кон Спасителот.
Правењето на ова ќе ни помогне да го разбереме вистинското „зошто“ што стои зад сé што правиме како ученици на Спасителот. Љубовта кон Спасителот ќе ни помогне да ја зајакнеме нашата заветна врска со Бога, да ги разбереме Неговите божествени и вечни вистини, Неговите вечни и апсолутни вистини што никогаш нема да се променат. Вечните вистини како „Зашто Бог толку го возљуби светот што го даде својот единороден Син, та секој кој верува во него, да не загине, туку да има вечен живот“.
Интересно е што понекогаш, поради фактот што постојано правиме одредени работи до степен што тие станаа наши традиции, дозволуваме тие традиции или активности да ги диктираат нашите напори да изградиме вера во Исус Христос. Се чини дека ги правиме овие работи затоа што ги правиме многу години без да го земеме предвид нивниот ефекет врз нашата заветна поврзаност со Спасителот.
Во нашиот свет, обично се фокусираме на она што го правиме и на доследно исполнување на задачите и целите. Во оваа духовна сфера, ја имаме можноста да одиме подалеку од едноставното правење работи или постигнување на цели со рабирање зошто ги правиме. Кога ќе разбереме и оцениме дека причината за нашите постапки е поврзана со нашата љубов кон Спасителот и Нашиот Небесен Отец, со искористување на овие можности, ќе сфатиме дека иако е добро да се прават праведни работи, како што се имањето црковни активности или традиции, и нивно соодветно спроведување, ќе бидеме благословени да ја разбереме причината кога ќе ги поврземе со „зошто“-то. Тоа нема да биде само извршување добри работи или извршување на исправен начин; ние и ќе ги разбереме правилно.
На пример кога си поставувате за цел да ги читате светите писма, да понудите искрена молитва, или да подготвите активност за вашето семејство или црковен оддел, дали вистинската цел е едноставно да се остварат овие задачи? Или дали се овие дејствија средствата, алатките што ви се на располагање, за да ја постигнете вистинската цел? Дали целта е едноставно да одржиме некоја активност само затоа што ја правевме многу години и потоа да го шиклираме полето дека сме ја завршиле? Или, уште еднаш, дали тоа се средствата што ги користиме за да научиме, да чувствуваме и да се поврземе со Спасителот?
Ве молам не ја сфаќајте погрешно мојата поента, за одржување активности и традиции или поставување цели и работење напорно за да ги постигнам; нема ништо лошо во тоа. Сепак, ве поканувам да ги отворите срцата и мислите кон можноста и благословот да разбереме зошто ги правиме овие работи и како ја практикуваме нашата вера.
Врвниот пример на семејни традиции фокусирани на Христос е предизвикот кој Претседателот Далин Х. Оукс го упати до сите нас во името на Првото Претседателство. Претседателот Оукс рече: „Како што влегуваме во оваа нова година, ајде да се подготвиме за Велигденската прослава на помирувачката жртва на Исус Христос. … Без разлика на тоа што другите мислат или прават, ние треба да го славиме Воскресението на нашиот жив Спасител со тоа што ќе ги проучуваме Неговите учења и ќе помогнеме да се воспостават Велигденски традиции во нашето општество како целина, особено во сопствените семејства“. Како што можете да видите, тоа не е само покана да се имаат традиции. Ние ги користиме овие традиции како средства да дознаеме нешто повеќе за Спасителот и да се сетиме на Неговото Воскресение.
Колку повеќе можеме да ја поврземе причината со нашата љубов за Спасителот, толку повеќе ќе бидеме во можност да го добиеме она што ни е потребно или го бараме. Претседателот Нелсон вели: „Доколку имате било какви прашања или проблеми, одговорот секогаш се наоѓа во животот и учењата за Исус Христос“. А потоа тој ја упати оваа покана: „Дознајте што повеќе за Неговото Помирување, Неговата љубов, Неговата милостивост, Неговата доктрина и Неговото Обновено евангелие за исцелување и напредок Свртете се кон Него! Него следете го!“
Размислувајте за ова во вашите срца и мисли: Дали верувате дека поканата на Претседателот Нелсон има намера да ни помогне да подготвиме список на обврски за проверка каде би акумулирале поголемо знаење и извршување на задачи за да ја избришеме оваа негова покана од нашиот список? Или дали тој нé кани да размислиме за аспектите на овие вечни вистини и принципи како на можност да го разбереме „зошто“-то и да ја поврземе заветната љубов што Спасителот ја чувствува кон нас со нашето доживотно учеништво?
Дозволете ми да го илустрирам принципот што се обидувам да го пренесам. Една опција, што веројатно е екстремна, може да биде одеднаш да ги прочитам сите пораки од конференцијата, потоа, откако ќе завршам, ќе ја проверам оваа покана од списокот обврски без да направам нешто друго со прочитаното. Разбирам дека ова е екстремен случај, но тој не е нереален. Веројатно, многумина се во извесен момент помеѓу ова и идеалното.
Поканата е да се проучуваат и да се размислува за пораките од генералната конференција и да ги искористиме за да одредиме и разбереме што секој од нас може да направи за да се подобри.
Кога ја прифаќаме поканата, разбирајќи „зошто“ го правиме тоа, ќе имаме повеќе можности за зближување со Спасителот. Постепено ќе разбереме дека бидејќи го сакам Спасителот, сакам да научам што повеќе за Него проучувајќи ги зборовите на живите пророци. А бидејќи ги сакам моите пријатели, ќе ги споделам учењата на пророците, јасновидците и откровителите со другите, почнувајќи од моите најблиски.
Во двата примера, вие извршувате праведна работа. Во првиот, се чини дека целта е да ги искористиме средствата што Небесниот Отец и Спасителот ни ги дадоа, а тоа се пораките дадени за време на генералната конференција. Во вториот е вклучен длабокиот благослов што доаѓа од познавањето на основните причини и нуди начин да се разбере вечната вистина и благословите ветени на сите кои ги прават учењата и животот на нашиот Спасител, Исус Христос, жаришна точка на нивниот живот.
Почитувани браќа и сестри, се надевам дека можете да ја почувствувате и увидите важноста од поврзување на нашите постапки со нашата љубов за Спасителот. Во еден глобализиран свет, многу гласови ќе се обидат да влијаат врз вас и, ако е можно, да ве наведат да поверувате дека одредени основни вистини за обновеното евангелие за Исус Христос се непотребни. Овие гласови почнуваат со суштинската вистина за потребата од обнова во овие подоцнежни дни, вклучувајќи ја и потребата од постоење на Божјо царство на земјата, претставено со обновената Црква на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни.
Можеби ќе чуете гласови кои инсистираат дека само личниот однос или разбирањето со Спасителот е доволно и дека религијата или обновената Црква е непотребна и несуштинска. Ве канам да бидете бавни во размислувањето или дури и да бидете имуни на влијанието од овие заблудувачки идеи и да бидете побрзи за да се сетите што Спасителот ни кажуваше и нé поучуваше уште од древни времиња—почнувајќи од љубовта што Небесниот Отец и Исус Христос ја имаат за нас и поврзувајќи ја нашата љубов за Нив како причина да Ги следиме.
Бог Отецот и Неговиот Син дојдоа и разговараа со Џозеф Смит да ја обнови Црквата на Исус Христос и да иницира епоха на потполност на времињата, Неговото царство на земјата. Затоа, Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни е средство воспоставено од Небесниот Отец за пристап до заветите што ни овозможуваат да се вратиме дома. Значи, ни треба повеќе од само личен однос со нашиот Небеснен Отец и Неговиот Син; потребни ни се основни свештенски обреди преку кои се заветуваме со Нив. Ова воспоставува заветна поврзаност со Нив и ни дава пристап до Нивната заветна љубов, овозможувајќи да го достигнеме највисокото царство на слава подготвено за сите кои се верни и посветени на своите завети.
Со сета енергија на мојата душа, давам сведоштво за реалноста и божественоста на нашиот Спасител, Исус Христос. Тој ве сака. Тој знае што се случува во вашиот живот. Неговите раце се широко отворени, и ја упатуваат поканата, „Дојдете кај Мене, … и јас ќе ве успокојам“.
Го сакам Спасителот, и мојата љубов за Него е мојот мотив. Во името на Исус Христос, амин.