Вера: Врска на Доверба и Лојалност
Верата никнува кога му веруваме на Исус Христос и цвета кога сме Му верни и лојални.
Кога имав 17 години, се договорив со мојот пријател Хозе Луис да го научам како да плива. Затоа едно утро одвоивме време за вежбање. Кога нашата лекција заврши и го напуштав базенот, го слушнав мојот пријател како вика за помош. Тој тонеше во подлабокиот дел од базенот.
Се фрлив во водата и допливав кон него додека се молев за помош. Кога ја зграбив неговата рака и го повлеков кон површината, мојот очаен пријател се качи на мојот грб и ме стави во задушувачка позиција. Сега и двајцата се давевеме. Давајќи сé од себе да стигнам до површината на водата, со сета сила се молев за чудо од Бога. Потоа, полека но сигурно, Божјата сила се манифестираше додека почувствував како една рака ме туркаше кон плиткиот дел од базенот, носејќи не на безбедно.
Ова искуство го потврди длабокото разбирање за кое во една прилика Претседателот Расел М. Нелсон поучуваше: „Кога посегнувате по Господовата сила во вашиот живот со ист интензитет со кој некој давеник се фаќа и се бори за воздух, моќта на Исус Христос ќе биде ваша“.
Почитувани деца и млади луѓе, денес јас сакам да ви зборувам за основниот принцип на верата во Исус Христос.
Вера во Христос значи да му верувате
Што значи да се има вера во Исус Христос? Дали тоа значи дека ние веруваме во Него или имаме сведоштво за Неговото постоење? Тоа можеби е почеток, но е многу повеќе од тоа. Дали некогаш сте ја сметале верата како доверба? Помислете на некоја личност на која најмногу и верувате—можеби член на семејството или пријател. Зошто им верувате? Веројатно поради тоа што сте ја виделе нивната постојана љубов и помош.
Кога имаме верба во Христос, ги препознаваме Неговите благослови и развиваме однос на доверба со Него.
Како можете да ја зголемите вашата верба во Христос?
Во една неодамнешна духовна молитвена сесија за млади, бевте поканети да „медитирате за одереден период од животот кога сте добиле зрак небесна светлина“ Испробајте ја оваа вежба!
Започнете со медитација за Христос и среќата што Неговото Помирување и евангелие ја донесоа во вашиот живот. Исто така, забележете „духовно дефинирачките сеќавања“ кога Бог бил тука за вас, за вашите најблиски и за народот во светите писма. Сега, овие сведоштва нема да го зајакнат вашиот живот сé додека Духот искрено не ги доживее во „телесните плочки“ на нашето срце. Затоа размислувајте и запишувајте за сé што Бог става во функција за овие чуда да се случат токму навреме
Потоа, искористете ја оваа вежба како можност да му се приближите на Бога. Молете му се на вашиот Небесен Отец како да ви е првпат. Искажете ја вашата љубов и благодарност за неговите благослови. Запрашајте го дури што Тој мисли за вас и за насоката што вашиот живот ја завзема.
Ако сте искрени и понизни, ќе го слушнете Неговиот одговор и ќе почнете личен и траен однос со Небесниот Отец и Исус Христос. Не само тоа, туку и вашите верски навики ќе добијат на значење! На пример, ќе ги очекувате со нетрпение вашите молитви, личното проучување, храмската служба како можности да Ги запознаете и да бидете со Нив.
Веарата ќе процвета со Лојалност
Забележете дека верата ‘рти кога му веруваме на Исус Христос и процветува кога сме верни и лојални кон Него. Ако сакате вистински однос со Христос, покажете Му го тоа, така што ќе склучите завети и ќе ги почитувате со верност и лојалност. Склучувањето завети со Исус Христос гради надеж. Нивното почитување гради вера.
Дозволете ми да употребам еден личен пример: Кога бев дете, еден ден ја најдов мајка ми како плаче. Кога ја прашав зошто, таа нежно рече: „Ми треба да бидеш добро момче“ Иако знаев дека јас не бев причината за нејзината болка, ја сакав и и верував на мојата мајка како никој друг и сакав да и го олеснам животот. Затоа, со солзи во очите и со сета сериозност што едно деветгодишно момче ја има, тој ден и ветив дека ќе се трудам да бидам најдобриот син и дека ќе ја направам горда.
Можете ли да ја замислите каква моќ тоа ветување имаше—и сé уште има—врз мене?
Тоа ветување што и го дадов ќе го води мојот живот. Пред да донесам одлуки, размислував дали ќе ги одобри моите постапки. Синџирот на ова ветување и односот со мојата мајка беа сидрата за моето однесување во текот на мојот живот.
Години подоцна, кога подобро го запознавав Исус Христос, веќе знаев врз основа на што да ја засновам мојата вера во Него. Склучив завети со Господ, и додека се обидував да ги испочитувам, Тој ги простуваше моите гревови, го водеше мојот живот, „ме исполнуваше со својата љубов“ толку што телото ми гореше.. Христос постепено влеа во мене длабока љубов, почит, и лојалност кон Него.
Дали разбирате зошто „верата е принцип на дејствување“ и дека „без вера не е можно да му се угоди на [Бога]“?
Кога се обидувате да го правите тоа што Му е угодно, ќе кажете, како што кажал Јосиф во Египет кога бил искушуван од сопругата на Петефриј: „И како би можел да направам толку големо зло и да згрешам против Бога?“ И соочени со противење, ќе речете како и младиот Пророк Џозеф: „Го знаев тоа и знаев дека Бог го знае тоа, и не можев да порекнам … знаев дека ако го сторам тоа, ќе го навредам Бога“.
Затоа верата во Исус Христос е синџир на доверба искована во лојалност и љубов. Со други зборови, во знак на благодарност за Божјата милостива љубов (хесед), ја искажуваме нашата лојална љубов (емана) со тоа што ги почитуваме Неговите заповеди.
Христос ветува: „Тој кој ги има моите заповеди, и ги пази … него ќе го љуби мојот Отец, и јас ќе го љубам, и ќе му се јавам Сам“. Ако сте посветени да му бидете лојални Нему, Тој ќе ја покаже неговата љубов кон вас.
Вера воочи неволја
Но како треба да реагирате на вакви непријатни ситуации кои бараат Негови чуда? Иако промените се неизбежни и понекогаш застрашувачки, едноставно чекорете без сомнеж кон Него, исто како што повикува темата на конференцијата за млади за 2025: „Гледајте при Мене на секоја мисла; не сомневајте се, не плашете се.”
Како може без сомнеж да чекорите кон Него?
Замислете дека сте истражувач во непозната територија. За да ги надминете препреките што ви претстојат, потребен ви е извор светлина. Вашата верност кон Бога и вашите постојани интеракции со Него се маслото за вашата светилка. Затоа кога ќе наидете на мрачни и опасни ситуации, наместо да чекорите слепо кон нив, ќе ја запалите ламбата исполнета со масло вера во Христос, за да фрли сјај надеж по патот на несигурноста. Вашите минати искуства ќе ја зголемат вашата надеж дека Господ ќе ве поддржи на вашето патување.
Колку далеку ќе стигнете со вашата надеж и верба во Христос?
Се сеќавате на мојата приказна крај базенот? Во тој момент на очај, чудото пристигна на начинот на кој очекував, но Бог не гарантира дека секогаш ќе биде по наша волја. Нашата вера мора да биде фокусирана на Христос, а нашата надеж во Неговите благослови, кога Тој избира да ни ги испрати. „Очекувајте чуда“, но „дозволете Бог да надвладее во вашите животи“.
Божјите ветувања до Неговите Верници
Мои млади пријатели, колку многу ве сакаме и ви веруваме! Вие припаѓате на Божјето семејство и сте деца на заветот. Верувате и имате доверба во Исус Христос. Тој ќе ви овозможи навистина да станете Негови ученици.
Ве канам уште денес да почнете да го негувате вашиот однос со Исус Христос. Обврзете се дека никогаш нема да Го напуштите.
Вашата лојалност, љубов и верба во Христос ќе го обликуваат вашиот карактер и идентитет според Неговиот. Ќе стекнете самодоверба и сила за да ги надминете нападите на Сатаната. А кога грешите, ќе копнеете по Неговата прошка. Конечно, вашата надеж за иднината ќе биде светла. Ќе ви верува со Неговата моќ да постигне сé што Тој очекува од вас, дури и силата да се вратите во Негово присуство.
Јас ви сведочам за радоста што ја чувствувам додека ја пеам „песната за искупителната љубов“ и за радоста што сум „секогаш прегрнат од прегратките на неговата љубов”. Во светото име на Исус Христос, амин.