Генерална Конференција
„Приближете се кон мене“
Генерална Конференција април 2025


17:4

„Приближете се кон мене“

Исус Христос го сака секој од нас. Ни ја нуди можноста да се приближиме до Него.

Почитувани мои браќа и сестри, се радувам што сум со вас на оваа генерална конференција на Црквата на Исус Христос на Светците од подоцнежните Дни. Ова е Негова Црква. Собрани сме во просториите за средби и домовите низ целиот свет во Негово име.

Го преземаме Неговото име врз нас кога влегуваме во Неговото царство со завет. Тој е воскреснатиот и прославен Син Божји. Ние сме смртни, подложни на смрт и грев. Сепак, во Неговата љубов кон секој од нас, Тој нé повикува да се приближиме до Него.

Спасителот се појавува од гробницата.

Еве ја Неговата покана до вас: „Повлечете се блиску до Мене и ќе се поближам Јас до вас; барајте ме трудољубиво и ќе ме пронајдете; барајте, и ќе добиете; тропнете, и ќе ви биде отворено“.

Постојат времиња кога се чувствуваме блиску до Спасителот Исус Христос. Сепак, за време на нашите смртни искушенија, чувствуваме одредена оддалеченост од Него и желба за уверение дека Тој знае што е во нашите срца и нé сака како поединци.

Поканата на Спасителот вклучува начин да го почувствуваме тоа уверување. Зближете се со Него со тоа што секогаш ќе се сеќавате на Него. Внимателно барајте Го преку проучување на светите стихови. Прашајте Го искрено од срце преку молитва за да се чувствувате поблиску до Неговиот Возљубен Син.

Постои едноставен начин како да се размислува во врска со тоа. Вака би направиле доколку на одреден период сте разделени од некој драг пријател. Би нашле начин за комуникација со нив, би ја ценеле секоја порака што ќе ја добиете од нив, и би направиле сé што можете за да им помогнете.

Колку почесто се случува тоа, толку подолго ќе трае, толку подлабоко ќе се зацврсти врската на наклонетост и се чувствувате како се зближувате сè поблиску еден до друг Кога ќе помине многу време без вредна комуникација и можност да си помогнете еден на друг, врската станува послаба.

Исус Христос го сака секој од нас. Ја нуди можноста да се зближиме со Него. Ќе го правите тоа на многу сличен начин како со некој близок пријател, преку општење со Небесниот Отец во името на Исус Христос, преку слушање на длабоко ценетото водство од Светиот Дух, и преку служење на другите во Негово име со радост. Наскоро ќе го почувствувале благословот дека се приближувате до Него.

Во мојата младост, ја доживеав радоста да се приближам до Спасителот и да видам како Тој се приближува кон мене, преку едноставни чинови на послушност кон заповедите. Кога бев млад сакраментот се нудеше за време на вечерната средба. Сé уште се сеќавам на една конкретна вечер, пред повеќе од 75 години, кога надвор беше темно и ладно. Се сеќавам на чувството на светлина и топлина кога сфатив дека ја запазив заповедта да се соберам со Светците и да земам сакрамент, склучувајќи завет со нашиот Небесен Отец секогаш да се сеќавам на Неговиот Син и да ги почитувам Неговите заповеди.

На крајот на средбата таа ноќ, ја испеавме химната „Abide with Me; ’Tis Eventide,” („Остани со мене; Зашто денот одмина) со незаборавните зборови, „O Savior, stay this night with me“ (Спасителу, остани ноќва со мене)“.

Иако многу млад, овие зборови ми донесоа многу силно чувство за Духот. Таа вечер ја почувствував Спасителовата љубов и блискост преку утехата на Светиот Дух.

Години подоцна, сакав повторно да ги оживеам истите чувства на љубов и блискост кон Спасителот што ги почувствував за време на таа сакраментална средба од младоста. Затоа запазив уште една едноставна заповед: ги прелистував светите писма.

Во книгата на Лука, читав за третиот ден по Неговото Распнување и погреб, кога верните слуги дошле, од љубов кон Спасителот, да го помазаат Неговото тело. Кога пристигнале, го пронашле каменот оттргнат од гробот и виделе дека Неговото тело го нема повеќе таму.

Ангел пред Христовата гробница

Два ангели стоеле во близина и ги прашале зошто се исплашени:

„Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите?

„Тој не е овде, а воскресна; сетете се како ви рече, додека беше уште во Галилеја

„Говорејќи, дека Синот човечки треба да биде предаден во рацете на луѓе грешници и да биде распнат, и на третиот ден да воскресне“.

Христос и учениците на патот до Емаус.

Таа вечер во самракот, двајца ученици одеа од Ерусалим по патот за Емаус, а воскреснатиот Господ им се појавил и одел со нив.

Книгата на Лука ни дозволува да одиме со нив таа вечер:

„И додека разговараа и се расправаа еден со друг, Самиот Исус се приближи и одеше со нив.

„но очите им се замрежија за да не Го познаат.

„А Тој им рече: Какви се тие зборови што ги разменувате меѓу себе одејќи и зошто сте нажалени?

„Едниот од нив по име Клеопа, Му одговори и рече: „Единствен туѓинец ли си ти во Ерусалим, та не си разбрал што се случи во него овие дни?“

Тие Му раскажале за нивната тага дека Исус умрел кога поверувале дека Тој ќе биде Искупителот на Израел.

Мора да имало наклонетост во гласот на воскреснатиот Господ кога Тој им проговорил на овие двајца натажени ученици.

Кога продолжив да читам, наидоа овие зборови што го стоплија моето срце, исто како што се чувствував кога бев младо момче:

„И тие се приближија до селото во кое одеа; а Тој се направи како да сака да продолжи.

„Но тие Го задржаа, велејќи; „Остани со нас, зашто денот одмина и наскоро ќе се стемни!“ Тој влезе и остана со нив“.

Хритос седи со учениците.

Спасителот ја прифатил поканата таа ноќ да влезе во домот на Неговите следбеници. Тој седнал на трпезата со нив. Го зел лебот, го искршил, и им го поделил. Очите им биле отворени, и тие Го препознале. Потоа се изгубил од пред нивните очи.

Лука ни ги запишал чувствата на овие благословени ученици: „И си рекоа еден на друг: „Зар не говореа во нас срцата наши, кога ни зборуваше по патот и кога ни го објаснуваше Писмото?”

Двајцата ученици потоа се упатија назад кон Ерусалим за да им кажат на единаесетте Апостоли што се случило. Додека ги споделуваа своите доживувања, Спасителот се појави повторно.

Тој застана меѓу нив и „им рече: Мир вам!“ Тој потоа ги обнови пророштвата од Неговата мисија да се помири за гревовите на сите деца на Неговиот Отец и да ги искрши оковите на смртта.

„И им рече: „Така е напишано дека Христос треба да пострада и да воскресне од мртвите во третиот ден:

И да биде проповедано во Негово име покајание и прошка на гревовите на сите народи—почнувајќи од Ерусалим.

„Вие сте сведоци на тоа“.

Aлма поучува во Водите на Мормон.

Како и Неговите сакани ученици, секое дете на Небесниот Отец кое избрало да влезе низ портата на крштевањето е под завет дека ќе биде сведок на Спасителот и ќе се грижи за оние кои имаат потреба во текот на нашите смртни животи. Оваа заповед ни беше јасно кажана од големиот пророк Алма во Книгата на Мормон во Водите на Мормон:

„И сега, штом сакате да дојдете во Божјето стадо, и да бидете наречени Негов народ, и сте спремни да си ги носите товарите еден на друг, за да бидат лесни;

„Да, и спремни сте да жалите со оние што жалат; да, и да ги утешите оние на кои им треба утеха, и да бидете Божји сведоци цело време и во сите нешта, и во сите места …, дури до смрт, за да бидете искупени од Бог, … за да можете да имате вечен живот“.

Кога сте верни на овие ветувања, ќе откриете дека Господ го одржува своето ветување да биде со вас во вашата служба, олеснувајќи ги вашите оптоварувања. Ќе го запознаете Спасителот, и со време ќе станете како Него и „ќе бидете усовршени во него“. Помагајќи им на другите во име на Спасителот, ќе откриете дека се приближувате кон Него.

Многумина од вас имаат сакани кои скршнуваат од патот кон вечниот живот. Се прашувате што уште да направите за да ги вратите. Кога Му служите со вера можете да се потпрете на Господ за да им се приближите.

Можеби се сеќавате на Господовото ветување кон Џозеф Смит и Сидни Ридгон кога биле далеку од своите семејства на задача: „Мои пријатели Сидни и Џозеф, вашите семејства се добри; тие се во Мои раце, и Јас ќе го правам тоа што ми се чини добро; зашто во Мене е сета моќ.“.

Кога ги преврзувате раните на сиромашните, Господовата сила ќе ве поддржи. Неговите раце ќе бидат испружени кон вашите за да ги поддржат, и да ги благословат децата на нашиот Небесен Отец.

Секој заветен слуга на Исус Христос ќе добие водство од Светиот Дух додека тие благословуваат и им служат на другите во Негово име. Тогаш ќе ја почувствуваат Спасителовата љубов и ќе најдат радост во приближувањето кон Него.

Јас сум сведок на Господовото Воскресение, исто како да сум бил со двајцата ученици во куќата на патот за Емаус. Јас знам дека Тој живее.

Ова е Неговата вистинска Црква—Црквата на Исус Хритос. На Судниот ден ќе застанеме пред Спасителот, лице в лице. Тоа ќе биде време на голема радост за оние, кои му пристапиле во овој живот во Негова служба и со нетрпение чекаат да ги слуѓнат Неговите зборови: „Убаво, добар и верен слуго!“.

Јас сведочам како сведок на воскреснатиот Спасител и наш Искупител, во името на Исус Хритос, амин.