Вашето покајание не го оптоварува Исус Христос; Тоа Ја оживува Неговата Радост
Поканата да се покаеме е израз на Божјата љубов. Да се одговори позитивно на поканата е начин на искажување на нашата љубов.
Пред неколку години, на пат кон Флорида, седев надвор читајќи една книга. Нејзиниот наслов сугерира дека дури иако не сме совршени сега, сепак можеме да стигнеме до рајот. Една жена која помина покрај нас праша: „Мислите ле дека тоа е можно“?
Го кренав погледот, збунета, и потоа сфатив дека таа зборува за книгата што ја читам. Кажав нешто смешно како: „Па, не сум навлезена доволно во темата, но ќе ве известам како ќе заврши“.
О, колку само посакувам да можам да се вратам назад во времето! Ќе и кажев: „Да, тоа е можно! Зашто рајот не е за луѓето кои биле совршени; тој е за луѓето на кои им е простено, кои го избираат Христос одново и одново“.
Денес сакам да им говорам на оние од нас кои понекогаш чувствуваат дека: „Покајанието и простувањето изгледа дека функционираат за сите освен за мене“. Оние кои длабоко во себе се прашуваат: „Бидејќи ги повторувам истите грешки, можеби и јас сум таков“. Оние кои, како и јас, имаат денови кога заветниот пат им изгледа толку стрмен, како заветно пешачење во височините!
Еден прекрасен мисионер во Австралија, Старешина Ганга од Фиџи, сподели слично чувство во неговото сведочење на заминување: „Знам дека Бог ме сака, но понекогаш се прашувам, ‘дали Бог знае дека јас го сакам?’ Бидејќи не сум совршен, и јас сé уште правам грешки“.
Во тоа грижливо, прашање кое прогонува, Старешина Ганга го сумираше она за што често бев загрижена. Можеби и вие се прашувате, мислејќи: „Толку се трудам, но дали Бог знае дека јас навистина се трудам? Кога не успевам да задоволам некое очекување, дали Бог знае дека сé уште го сакам Него“?
Ме растажува што признавам, но и јас го мерев сопствениот однос со Спасителот според тоа колку совршено живеам. Мислев дека покорен живот значи дека никогаш нема да имам потреба да се покаам. И кога правев грешки, што се случуваше секојдневно, се оддалечував од Бога, мислејќи: „Тој мора да е страшно разочаран во мене“.
Тоа едноставно не е вистина.
Научив дека доколку чекате да бидете доволно чисти или доволно совршени за да стигнете до Спасителот, сте ја промашиле целата поента (на планот на спасение).
Што ако размислуваме за заповедите и послушноста на поинаков начин?
Јас сведочам дека иако Бог се грижи за нашите грешки, Тој уште повеќе се грижи за тоа што ќе се случи откако ќе погрешиме. Дали ние ќе се свртиме кон Него одново и одново? Дали ќе останеме во овој заветен однос?
Можеби ќе ги слушнете Господовите зборови „Ако [вие] ме љубите, ќе ги пазите моите заповеди“ и ќе се чувствувате обесхрабрено затоа што не сте ги запазиле сите. Дозволете ми да ве потсетам дека и покајанието е заповед! Всушност, тоа можеби е најповторуваната заповед во светите писма.
Во рециталот на Алма, „О кога би бил ангел, и кога би се исполниле желбите на [моето] срце, да можам да излезам со трубата Божја, со глас што ќе ја стресе земјата, и на сите народи им довикнува да се покаат“, тој не се обидува да нé засрами укажувајќи на нашите грешки. Тој сака да ни довикне да се покаеме за да го избегнеме страдањето на светот. Причината поради која Алма го мрази гревот е затоа што ни предизвикува болка.
Понекогаш како леплива белешка на моето чело, мора да се посетам, дека заповедите се патот што нé води далеку од болката. И покајанието исто така. Нашиот пророк кажа, „Спасителот нé сака секогаш но особено кога се каеме“.
Затоа, кога Господ вели, „Покајте се, покајте се“, обидете се да го замислите дека вели: „Ве сакам. Ве сакам“. Замислете како пледира да престанете со однесувањето што предизвикува болка, и ве кани да излезете од темнината, и да се свртите кон Неговата светлина.
Во црковниот оддел на мојата ќерка Карли, нов свештеник клекна да го благослови сакраментот, и наместо да каже „За да може да го прават тоа во сеќавање на крвта на твојот Син“, тој ненамерно рече, „За да може да го прават тоа во сеќавање на љубовта на твојот Син“. Како што овие зборови навлегуваа во нејзиниот ум, очите на Карли се исполнија со солзи.
Бидејќи ве сака, Нашиот Спасител беше подготвен да ја истрпи болката од Неговото Помирување. Всушност, вие сте „радоста што беше пред него“ додека Тој страдаше.
Поканата да се покаеме е израз на Божјата љубов.
Да се одговори позитивно на поканата е израз на нашата.
Замислете ја вашата омилена слика на Христос. Сега замислете го Него како се насмевнува ведро, радосно секогаш кога го користите Неговиот дар, бидејќи Тој е „Совршената светлина на надежта“.
Да, вашето покајание не го оптоварува Исус Христос; тоа ја оживува Неговата радост!.
Ајде да научиме што е тоа!
Зашто покајанието е нашата најдобра вест!
Не остануваме на заветниот пат со тоа што никогаш нема да погрешиме. Остануваме на патот со тоа што секојдневно се покајуваме.
И кога се покајуваме, Бог ни простува без да нé засрами споредувајќи нé со секој друг, или укорувајќи нé, бидејќи ова е истата работа поради која се покајавме минатата недела.
Тој е возбуден секогаш кога ќе нé види на колена. Нему Му дава радост да ни прости затоа што ние сме Му радост!.
Зарем не чувствувате дека тоа е вистина?
Тогаш, зошто е толку тешко за нас да поверуваме?!
Сатаната, големиот обвинувач и измамник, користи срам за да не оддалечи од Бога. Срамот е темнина толку тешка што се чини дека ако ја отстраните од вашето тело, ќе има вистинска тежина или влијание.
Срамот е гласот што ве соборува, велејќи „Што си мислеше“? „Дали некогаш си направил нешто како што треба“?
Срамот не ни кажува дека сме направиле грешка; ни кажува дека ние сме нашите грешки. Можеби дури и ќе чуете, „Сокриј се“. Непријателот прави сé што е во негова моќ да ја сочува тешкотијата внатре, кажувајќи ни дека цената е превисока, дека ќе биде полесно ако ова остане во темнина, отстранувајќи ја сета надеж.
Сатаната е крадецот на надежта.
И треба да го слушнете ова, затоа ќе ги кажав овие зборови на цел глас: Вие не сте гласот што го слушате или грешките што ги правите. Можеби ќе треба и тоа да го кажете гласно. Кажете му на Сатаната, „Не денес“. Оставете го зад себе.
Почувствувајте ја таа привлечност, божествената тага што ве врти кон вашиот Спасител, и гледајте како Неговата благодат навлегува во вашиот живот и животот на оние кои ги сакате. Ви ветувам дека оној момент кога ќе донесеме некое скршено срце храбро кон Него, Тој е веднаш тука.
Доколку видите дека некој се дави, зарем нема да ја подадете раката и да го спасите? Можете ли да го замислите вашиот Спасител како ја отфрла вашата подадена рака? Всушност, Го замислувам како се нурнува под водата, спуштајќи се под сите работи за да нé воздигне, за да може да земеме свеж воздух! Никој не може да потоне пониско од сјајот на Христовата светлина.
Спасителот е засекогаш посветол од темнината на срамот. Тој никогаш не би ја нападнал вашата достојност. Затоа погледнете одблизу.
-
Замислете дека оваа рака ја претставува достојноста.
-
Оваа рака претставува послушност. Можеби се разбудивте ова утро, кажавте добро смислена молитва, и прелистувате по светите писма за да го слушнете Господовиот глас. Сте донеле добри одлуки и се однесувате Христијански кон луѓето околу вас. Ја слушате генералната конференција! Вашата послушност е тука!
-
Или можеби работите не тргнале толку добро. Во последно време се мачите да ги извршите оние мали, едноставни нешта што ве поврзуваат со небесата. Донесовте некои одлуки со кои не сте горди.
-
Каде е вашата достојност? Се помрдна ли воопшто оваа рака?
Вашата достојност не е врзана со покорноста. Вашата достојност е постојана; таа е неменлива. Дадена ви е од Бога, и нема ништо што вие или било кој друг тоа може да го промени. Покорноста носи благослови; тоа е вистина. Но достојноста не е еден од нив. Вашата достојност е секогаш „голема во очите Божји“ без оглед каде ве однеле вашите одлуки.
Сé додека грешам, сакам да останам во заветен однос со Христос, а ќе ви кажам и зошто
Пораснав земајќи часови по нуркање и научив дека кога судиите оценуваат некое нуркање, гледаат како е извршено. Дали влезот во водата е совршено вертикален, со насочени прсти на нозете и мала количина на исфрлена вода? Потоа тие прават нешто невообичаено. Го земаат во предвид степенот на тежина.
Секој нурка во својот одреден степен на тежина. Вашиот Спасител е единствениот кој навистина знае со каква тешкотија се нурнувате. Сакам да воспоставам однос со личност која ме разбира, го познава моето срце и знае колку упорно се трудам!
Тој знае дека мрак темнина се спушта врз сите нас патниците и дека нашето патување минува покрај реката на нечистотија—па дури и кога се држиме до железната прачка, ќе бидеме испрскани.
Да се дојде при Христа е како да се каже: „Дали ќе ми помогнеш?“ со надеж, едно откриено уверување дека Неговите раце се секогаш испружени кон вас. Јас верувам дека овој нов поглед на покајанието значи дека иако немаме совршена послушност сепак, се обидуваме да бидеме приврзано послушни сега, избирајќи да останеме, одново и одново, затоа што го сакаме Него
Се сеќавате на народот на Цар Бенџамин, кои повеќе немале склоност да прават зло туку постојано да прават добрина? Дали мислите дека тие ги спакувале своите шатори, заминале дома, и никогаш не направиле уште некоја грешка? Секако дека не! Разликата е во тоа што тие повеќе не сакаа да грешат. Тие имаа приврзана послушност! Нивните срца се свртеле и се насочиле кон Бога додека се бореле!
Еднаш, на плажа, видов една птица како лета спроти ветрот, мавтајќи со крилјата со толкава сила, речиси избезумено, но остана на истото место. Потоа забележав уште една птица, малку повисоко. Ја имаше фатено нагорната струја на воздухот и лебдеше лесно, растеретено во ветрот. Тоа е разликата помеѓу обидот да направиме нешто сами и да се свртиме кон нашиот Спасител, да му дозволиме да нé возвиши, со „здравје во крилата“.
Како водачи на мисијата во Австралија, за време на нашата последна посета, разговаравме со секој мисионер за 3 Нефи 17, каде луѓето биле блиску до Спасителот и можеле да го слушнат како се моли за нив. Прашавме, „Кога би можеле да го слушнете Спасителот како се моли за вас, што мислите дека Тој би ви кажал?”
Eдно од најисполнетите духовни искуства во мојот живот беше да се слушаат нивните одговори. Секој од овие мисионери подзастана, со солзи што им течеа од очите додека ги потсетивме: „Вашиот Спасител ги знае тешкотиите низ кои минувате. Тој тоа го чувствува!“
Ова е она што тие мисионери тивко и нежно го споделија: „Исус би му кажал на Отецот, ‘Таа дава сé од себе. Знам колку упорно се труди.’” Еден старешина кажа, „После сé што се случи во неговиот живот, јас сум толку горд на него“.
Ајде да се обидеме вака. Вечер, пред да се помолите, замислете дека Исус Христос е во близина. Тој е вашиот Посредник со Отецот. Запрашајте се: „Што би кажал мојот Спасител за мене?“
А потоа замолчете.
Слушнете го оној глас кој вели добри работи за вас—гласот на Спасителот, вашиот совршен пријател, и вашиот Отец на Небесата, кој навистина е таму. Запомнете, Нивната љубов и вашата достојност се секогаш одлични, без разлика на сé!
Стојам овде за да сведочам дека Исус Христос им дава светлина на оние кои седат во темнина. Затоа, во оние денови кога чувствувате дека тој глас ви кажува да се сокриете, дека треба да се сокриете во темна просторија потполно сами, ве поканувам да бидете храбри и да му верувате на Христос! Преземете дејствие и вклучете ја Светлината—нашата Совршена Светлина на Надеж.
Измиени во неговата светлина, ќе видите луѓе околу вас кои исто така се чувствувале осамено, но сега кога свети светлината, вие и тие ќе се запрашате, „Зошто толку се плашевме во темнината? И зошто останавме таму толку долго?
„Нека Господ на светлината ве обвие во Своите прегратки и нека постојано ве теши и сака“.. Да Го сакаме постојано и да Го избираме, одново и одново Во името на Исус Христос, амин.