Генерална Конференција
Големите дарови на вечноста: Помирувањето на Исус Христос, Воскресението, Обновувањето
Генерална Конференција април 2025


13:56

Големите вечни дарови: Помирувањето на Исус Христос, Воскресението, Обновувањето

Во Исус Христос наоѓаме мир, погодност, припадност-она што е трајно реално и радосно, среќно и вечно.

Пред многу години, на нашиот прв утрински евангелски час учевме напамет пасуси од Библијата. Мене природно ме привлекуваа кратки стихови. Ова го вклучуваше Јован 11:35—најкраткиот стих во светото писмо, со само два збора—„Исус просолзи“.

За мене сега, фактот што Исус просолзил од тага и радост сведочи за чудесната реалност: божествениот Божји Син физички дојде во смртноста и научи по телото како секогаш да биде со нас и да нé благословува.

Кога восклинуваме од болка или радост, Исус Хритос нé разбира совршено. Тој може да биде присутен во моменти кога ни се најпотребни големи дарби на вечноста: Помирувањето на Исус Христос, Воскресението, обновувањето.

Исус просолзи.

Марија и Марта плачат за нивниот брат Лазар, кој починал. Трогнат со сучувство, и Исус просолзи. Тој го воскресна Лазар во живот.

Исус го виде Ерусалим ноќта во пресрет на Пасха. Тој заплака, неспособен да го собере Својот народ како што квачка ги собира своите пилиња под крилјата. Денес Неговото помирување ни дава надеж кога тагуваме за она што можело да биде.

Господарот на Лозјата плаче додека ги прашува Своите слуги, што би можело да нé вклучи нас како браќа и сестри кои служат, „Што уште би можел да направам за моето лозје?”

Марија стои очајна на гробницата. Исус нежно ја праша: „Жено зошто плачеш“? Тој знае „плачот трае преку ноќта, но утрото носи голема радост“. Воскресението носи зора за сите.

Кога мноштвото верници доаѓаат кај Него во земјите од Книгата на Мормон, Исусовата радост е целосна. Тој просолзи.

„И Тој ги зема нивните мали деца, едно по едно, и ги благослови, и Му се молеше на Отецот за нив.

„И кога Тој го стори тоа, Тој заплака повторно“.

Ова е Велигден во Исус Христос: Тој одговара на копнежите на нашите срца и на прашањата од нашите души. Ќе ги избрише Господ солзите од сите лица, освен нашите солзи радосници.

Кога нашите солзи течат, ние се извинуваме засрамени. Но сознанието дека Исус Христос ги разбира животните болки и радости може да ни даде сила над нашата кога пловиме низ горчливото и слаткото.

Во Јужна Америка, еден татко плаче на глас. Искрата во неговиот живот, неговата млада ќерка, умрела. „Би дал сé за да ја видам повторно“, заплака тој во моите прегратки. Плачам и јас исто така.

Старешина Гонг на (п)осветувањето на Храмот Пуеба, Мексико.

На (п)осветувањето на Храмот Пуеба, Мексико, солзи радосници го навлажнија лицето на една почитувана сестра. Нејзината физичка убавина зрачеше со вера и самопожртвуваност. Таа вели: „Todos mis hijos estan aqui en el templo hoy” („Сите мои деца се овде во храмот денес”). Поколенија собрани во Господовиот дом носат солзи радосници и благодарност.

Во суровата граѓанска војна, семејствата и соседите си направија неискажливи работи едно со други. Горчливите солзи полека и отстапуваа место на надежта. Нејзиниот глас трепереше, раскажува жена од едно мало село: ‘Соседи, пред да заминам во мојот гроб, сакам да ви кажам каде да ги најдете исчезнатите членови на вашето семејство“

Невеста која зрачи и убав младоженец се запечатени во Господовиот дом. Таа има 70 години, како и тој. Една убава невеста достојно го дочека овој ден Таа срамежливо го врти нејзиниот невестински фустан наваму, натаму. Ние лееме солзи радосници. Божјите ветувања се исполнети. Неговите завети носат благослови.

Додека поучувал во нејзиниот дом една сестра вдовица, младиот Бојд К. Паркер научил безусловна лекција. По несогласување со нејзиниот сопруг, сестрата ја дала последната навредлива забелешка. Тој ден неочекувана несреќа го одзела животот на нејзиниот сопруг. „Педесет години“, плачеше вдовицата, „живеев во пеколот затоа што знаев дека последните зборови што ги слушна од моите усни беше таа многу груба, злобна забелешка“..

Велигден во Исус Христос ни помага да ги поправиме, да ги усогласиме, и да ги подобриме нашите односи, од двете страни на превезот. Исус може да ја исцели тагата, Тој може да овозможи простување. Може да нé ослободи нас и другите од работите што ние или тие сме ги кажале или направиле, а кои инаку нé држат заробени.

Велигден во Исус Христос ни дозволува да го почувствуваме Божјото одобрување. Овој свет ни кажува дека сме премногу високи, премногу широки, премногу тесни—недоволно паметни, недоволно убави или ни недостасува духовност. Преку духовна преобразба во Исус Христос, можеме да избегаме од парализирачкиот перфекционизам

Со Велигденска радост, пееме: “Death is conquered; man is free.(„Смрт со смрт е победена; слобода за човекот). Christ has won the victory.”(Христос е победникот“). Христовото Воскресение нé ослободува од смртта, од слабоста на времето и несовршеноста на телесноста. Помирувањето на Исус Христос исто така нė обновува духовно. Тој крвари од секоја пора, плачејќи со крвави солзи, за да ни обезбеди бегство од гревот и разделбата. Повторно нé обединува, целосно и свето, еден со друг и со Бога. Во сите добри работи, Исус Христос богато го обновува—не само она што било, туку и она што може да биде.

Исусовиот живот и светлина сведочат за Божјата љубов за сите Негови чеда. Поради тоа што Бог, нашиот Отец ги сака сите Свои чеда од сите времиња и од секоја земја, ние ја наоѓаме Неговата љубезна покана да дојдеме и да најдеме мир и радост во Него во многу традиции и култури. Каде и да сме, кога и да е, кои и да сме, го споделуваме божествениот идентитет како деца на истиот Творец. Во сличен дух, следбениците на Исламот, Јудизмот и Христијанството го споделуваат верското наследство во отец Авраам и заветната поврзаност преку настаните во древниот Египет.

Отец Авраам дојде во Египет и беше благословен

Јосиф, продаден во ропство во Египет, знаел дека сонот на Фараонот значи седум години изобилство проследени со седум години глад. Го спасил своето семејство и својот народ. Тој заплакал кога го видел поголемиот Божји план, каде сите работи се подредени во корист на оние кои се држат до склучените завети.

Мојсеј, израснат во Египет во куќата на фараонот, ги добил а подоцна и ги обновил клучевите за собирање на Божјите деца.

Јосиф, Марија и Исус избегале во Египет.

Исполнувајќи го пророштвото, Јосиф, Марија и младенецот Исус побарале засолниште во Египет. Во Каиро, еден побожен верник муслиман со почит ќе каже: „Куранот поучува дека Јосиф, Марија и младенецот Исус пронашле безбедност и светилиште во мојата земја. Тука, Исус како штотуку породено бебе, ја јадеше нашата храна, ги направи првите чекори, ги кажа првите зборови. Токму овде, веруваме дека дрвјата се наведнаа за да Му дадат плодови Нему и на Неговото семејство. Неговото присуство во мојата земја го благослови нашиот народ и земја“.

Божјиот план за моралната и смртна слобода на избор ни дозволува да учиме од сопственото искуство. Некои од нашите најголеми животни лекции доаѓаат од работите кои никогаш не би ги избрале. Во љубов, Исус Христос се спушти под сé и се вознесе над сé. Се радува на нашите божествени способности за креативност и задоволство, за добрина без надеж за награда, за вера која води кон покајание и прошка И тој плаче во тага поради енормното човечко страдање, суровост, неправда—често предизвикани од човечки избори—како што прават небесата и небесниот Бог со нив.

Секоја велигденска пролетна сезона сведочи за духовната последователност и ковергентност како дел од божествениот модел: помирување, воскресение и обнова преку Исус Христос. Оваа света и симболична конвергентност не е резултат на случајност или коинцидентност. Влегувањето на Исус во Ерусалим, Светата Недела и Велигден го слават Исусовото Помирување и Воскресение. Исто како што го одбележуваме основањето и организацијата на Црквата на Исус Христос на Светците од подоцнежните Дни секој 6-ти април. Обновувањето е една од причините поради кои се собираме на генерална конференција секоја прва недела во април.

Обновувањето се случи кога воскреснатиот Исус Христос, Мојсеј, Елијас и Илија ги вратија свештенските клучеви и овластување во новоосветениот храм Киртланд, на Велигден, во недела на 3-ти април 1836 год. Во тој контекст, на тој ден, на обновената Црква на Исус Христос и беа дадени овластување и благослов од Бога да ги собира Неговите чеда, да ги подготви да му се вратат, и да обединува семејствата за вечноста. Обновувањето на тој ден го исполна пророштвото со тоа што се случи и на Велигден и на Пасха.

Старешина Гонг во Храмот Киртланд.

Покрај Храмот Киртланд, неодамна јас посетив и неколку свети места во Охајо каде пророкот Џозеф и другите ги видоа во визија Бог нашиот Отец и Неговиот Син, Исус Христос. Пророкот Џозеф виде како изгледа небесата. Таму, Небесниот Отец, преку Исус Христос, „ги спасува сите дела на неговите раце” во царството на славата. Единствен исклучок се оние кои доброволно „го негираат Синот откако Отецот им го открил“.

Кога започнала Неговата смртна служба, Исус ја објавил Неговата мисија да го благослови секој од нас со сé што сме подготвени да добиеме, во секое време, секоја земја и под секакви околности. По 40 дневен пост, Исус заминал во синагогата и прочитал, „Духот на Господа Бога е на мене, зашто Господ ме помаза, да го проповедам евангелието на сиромавите; Ме испрати да ги излечам скршените срца, да им проповедам слобода на заробениците, на слепите дека ќе прогледаат, да ги пуштам на слобода напатените“.

Сиромасите, оние со скршено срце, затворените, слепите, оние со модринки—тоа сме сите ние.

Книгата на Исаија го продолжува Месијанското ветување за надеж, избавување, уверување: „Назначи за оние што плачат во Сион, … место пепел ќе им се даде украс, место плачење мирисно масло на радост, место опаднат дух- славна облека“.

Затоа ние извикуваме, „Многу се радувам во Господ, душата моја ќе се развесели во мојот Бог; зашто Тој ме облече во спасителна облека, ми облече облека на правда“.

Секоја година на Велигден ги славиме, како симболична целина, големите вечни дарови преку Исус Христос—Неговата помирувачка жртва, Неговото (и ветувањето за нашето) буквално Воскресение, Обновувањето на неговата Црква од подоцнежните Дни со свештенски клучеви и овластување да ги благословува сите Божји чеда. Се радуваме на храмската долна облека за спасение и горна облека за правда. Извикуваме, „Осана на Бог и на Јагнето!”

„Зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во него да не загине, туку да има вечен живот.“.

Нека секој од нас пронајде во Исус Христос помирување, воскресение, обновување—мир, погодност, припадност—она што е трајно реално и радосно, среќно и вечно, се молам во Негово свето име, Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Види Алма 7:11–12. Бележете го и заветното ветување во сакраменталниот обред: Го преземаме врз нас името на Исус Христос, „секогаш да се сеќаваме на него и да се држиме до неговите заповеди … ; за да [ние] може секогаш да го имаме неговиот Дух да е со [нас]“ (Учење и Завети 20:77).

  2. Види Јован 11:33–35, 39–44.

  3. Види Лука 19:41–44; види и Матеј 23:37; Лука 13:34.

  4. Јаков 5:41.

  5. Јован 20:15.

  6. Псалми 30:5.

  7. 3 Нефи 17:21–22.

  8. Види Псалми 107:9; Еремија 33:3.

  9. Види Исаија 25:8.

  10. Види Алма 26:12.

  11. Види Boyd K. Packer, “The Saints Securely Dwell,” Ensign, Jan. 1973, 89–90.

  12. „He Is Risen!“, Hymns, no. 199, ги повторува радосните вести за 2 Нефи 9:10;Исус Христос „кој ни го подготвува патот за наше бегство од канџите на ова страшно чудовиште; да, тоа тоа чудовиште на смрт и пекол, … смртта на телото, а исто така и смртта на духот“

  13. Види Битие 37–47. Јосифовото носење на неговиот татко, Јаков, и неговото семејство во Египет го претставува чувствителното повторно обединување на долго одвоениот син и татко. Тоа исто така станува средство преку кое се претставува семејството на Јаков и заветното потомство, кое ќе ги вклучи лехи и неговото семејство (Види 1 Нефи 5:14–15; 6:2.)

  14. Види Битие 45:1–8.

  15. Види Римјаните 8:28; Учење и Завети 90:24; 98:3.

  16. Види Учење и Завети 110:11; види и Марко 9:2–10; Лука 9:28–36.

  17. Види Матеј 2:13–15.

  18. Види Учење и Завети 88:6; 122:8.

  19. Види Мојсеј 7:28.

  20. Зборуваме за Велигденската пролетна сезона, препознавајќи дека Велигденот може да дојде во март или април и дека пролетта во северната хемисфера вообичаено доаѓа во март или април. Без разлика на конкретните датуми за Велигден, велигденската сезона не потсетува на вечните големи дарови преку Исус христос.

  21. Види Учење и Завети 21:3; 115:4.

  22. Светите годишнини што се случуваат секоја велигденска сезона точно коинцидираат. На пример, Велигден и генералната Конференција се случуваат истата недела во 2026 и 2029. Палма недела (Влегувањето во Ерусалим) и генералната конференција се случуваат на истата недела во 2031 и 2034. Пасха се случува блиску до Велигден и за време на генералната конференција во 2026 и 2029 год. Без разлика дали овие годишнини коинцидираат или не, свесни сме дека нивната конвергентна приближност не е случајна; таа е света и симболична

  23. Види Учење и Завети 110.

  24. Учење и Завети 76:43; види и стих 42.

  25. Претседателот Далин Х. Оукс поучува: „Целта на оваа обновена Црква е да ги подготви Божјите деца за спасение и селестијална слава, и попрецизно, за егзалтација во нејзиниот највисок степен“ (“Kingdoms of Glory,” Liahona, Nov. 2023, 27).

  26. Учењe и Завети 76:43.

  27. Лука 4:18; види и Исаија 61:1.

  28. Исаија 61:3.

  29. Исаија 61:10.

  30. Учење и Завети 109:79.

  31. Јован 3:16.