Генерална Конференција
Духовно целосни во Него
Генерална Конференција април 2025


11:28

Духовно целосни во Него

Целосноста не мора да значи физчко и емоционално обновување во овој живот. Целосноста се раѓа од верата во Исус Христос и преобразба во Исус Христос.

Десетте лепрозни извикале кон Спасителот, „Смилувај ни се“. И Исус Христос им се смилувал. Тој им кажал да му се покажат на свештеникот, и како што оделе, биле очистени од болеста.

А еден од нив, кога видел дека е исцелен, воскликал пофалби кон Бога. Се вратил кај Спасителот, паднал на лице пред неговите нозе, и му изразил благодарност.

И Спасителот му кажал на оној кој бил благодарен: „Твојата вера те направи целосен“.

Исус Христос ги исцелил десетте лепрозни. Но еден, враќајќи се кон Спасителот, добил нешто за возврат. Тој бил целосен.

Деветте лепрозни биле физички исцелени.

Еден бил физички исцелен и духовно целосен.

Размислувајќи за оваа приказна, се прашував дали е вистина обратното. Ако исцелувањето и целовитоста не се иста работа, може ли некој да стане духовно оценет од Него, но сé уште не излечен физички и емоционално?

Главниот Исцелител ќе ги излечи сите наши маки—физички и емоционални—во Негово време. Но, дали некој може да биде целосен, додека чека да биде излекуван?

Што може да значи да се биде духовно целосен?

Ние сме целосни во Исус Христос кога го практикуваме нашето право на слободен избор да Го следиме со вера, да Му ги испратиме нашите срца за Тој да ги промени, да ги почитуваме Неговите заповеди, да влеземе во заветен однос со Него, кротко истрајувајќи и учејќи од предизвиците на оваа земна природа сé додека не се вратиме во Негово присуство и не бидеме излекувани на секој начин. Јас можам да бидам целосна, додека чекам исцеление, ако најискрено го негувам мојот однос со Него.

Верата во Исус Христос раѓа надеж. Наоѓам надеж во обидот да бидам целосна—една целина родена од вера во Исус Христос. Верата во Него ја зголемува мојата надеж за исцеление, а таа надеж ја зајакнува мојата вера во Исус Христос. Тоа е моќен циклус.

Господ му вели на Енос дека неговата вера го направила „целосен“. Целосноста дошла додека Енос размислувал за кажаното од татко му неговиот пророк– Јаков, додека гладувал за да ја разбере можноста за вечен живот, и кога во моќна молитва ја полагал единствената надеж во Бога. И во таа состојба на пожелност и понизност, гласот на Господа допрел до него, најавувајќи дека неговите гревови се простени. И Енос го праша Господа, „Ккако е сторено?“ А Господ одговори: „Поради твојата вера во Христос, … твојата вера те направи цел“.

Преку нашата вера во Исус Христос, можеме да бараме да бидеме духовно целосни додека чекаме и се надеваме на физичко и емоционално исцелување.

Врз основа на доблеста на Неговата помирувачка жртва, и кога ние искрено се каеме, Спасителот нé исцелува од грев, како што го исцелувал и Енос. Неговото бесконечно Помирување посегнува и по нашите таги и болки.

Но Тој не може да обезбеди исцелување од заболувања и болести—хронична болка, автоимуни заболувања како мултиплекс склероза, рак, анксиозност, депресија и слични. Ваков вид на исцелување е во Господово време. А во меѓувреме, можеме да избереме да бидеме целосни практикувајќи вера во Него!

Да се биде целосен значи да се биде темелен и исполнет. Како што петте мудри девици ги наполниле своите светилки со масло кога младоженецот дошол, и ние можеме да бидеме целосни во Исус Христос кога ќе ги наполниме нашите светилки со хранливото масло на преобразба кон Него На тој начин, сме подготвени за симболичната свадбарска вечера, Неговото Второ доаѓање.

Во параболата сите десет девици се нашле на вистинското место чекајќи го младоженецот. Секоја од нив дошла со светилка.

Но кога Тој дошол, во неочекуван час среде ноќ, петте неразумни немале доволно масло за своите светилки. Тие не се опишани како пакосни, туку како неразумни. Неразумните не успеале да се подготват соодветно за да го одржат светлото во нивните светилки со маслото на преобраќањето.

И така, како одговор на нивната петиција да им биде дозволено да влезат на свадбарската вечера, младоженецот одговорил „Не ме познавате“.

Значи имплицира, дека петте мудри девици го познаваат Него. Тие биле целосни во Него.

Нивните светилки биле полни со скапоценото масло на преобразба, што им дозволило на приготвените мудри девици да влезат на свадбата од десната страна на младоженецот.

Како што е кажано од Спасителот: „Бидете верни, молете се секогаш, имајќи ги вашите лампи спремни и запалени, и масло со вас, за да бидете подготвени за доаѓањето на Младоженецот“.

Петте мудри девици, од Бен Хамонд

Пет мудри девици, од Бен Хамонд

Прекрасна скулптура која ги прикажува петте мудри девици неодамна беше поставена на Храмскиот Плоштад, пред зградата на Здружение за Помош многу блиску до Храмот Солт Лејк Сити.

Тоа е локација што доликува на примена на параболата. Зашто кога ние склучуваме и почитуваме завети, особено оние на располагање во Господовиот дом, ние ги полниме нашите светилки со маслото на преобраќањето.

Петте мудри девици ја споделуваат нивната светлина.
Петте мудри девици меѓусебно се поддржуваат.

Иако жените претставени како петте мудри девици не го делат маслото на нивното преобраќање, тие ја делат нивната светлина држејќи ги нивните светилки, кои се полни со масло и силно горат. Значајно е што тие се прикажани како се поддржуваат една со друга, рамо до рамо, едната рака околу другата, остварувајќи контакт со очите и довикувајќи им на другите да излезат на светлина.

Навистина, „[ние] сме светлината на светот“. Спасителот изјавил:

„Вие сте светлина на светот. Не може да се сокрие град што се наоѓа на врв планина.

„… Дали [ние] палиме свеќа и ја ставаме под поклопец? Не, туку на свеќник за да им свети [на] сите в куќи;

„Затоа нека свети вашата светлина пред овој народ, за да ги видат вашите добри дела и да Го величат вашиот Отец кој е на небесата“.

Заповедано ни е да ја споделуваме Неговата светлина. Чувајте ја вашата светилка полна со маслото на преобраќање во Исус Христос и бидете подготвени да ги сочувате вашите светилки приготвени и со силен пламен. Потоа дозволете светлината да блесне. Кога ја споделуваме нашата светлина, им го носиме олеснувањето на Исус Христос на другите, нашата преобразба во Него се продлабочува, и ние можеме да бидеме целосни дури и кога чекаме исцелување. И кога оставаме нашата светлина јасно да сјае, можеме да бидеме радосни дури и кога чекаме.

Еден пример од светото писмо ќе биде корисен во зајакнување на овој принцип дека ние можеме да бидеме целосни кога се преобразуваме во Исус Христос и да црпиме сила од Него, дури и кога очекуваме исцелување.

Апостолот Павле имал некаков вид на мака, што ја опишал како „во телото ми се даде трн“, затоа три пати го молев Господа тоа да го отстрани од мене. А Господ му рекол на Павле, „Доста ти е мојата благодат, бидејќи мојата сила се покажува потполно во слабоста“. На што Павле изјавил:

„Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите слабости за да се весели во мене силата Христова.

„Затоа уживам во слабости, во навредување, во маки, во прогонување, во тага за Христос, зашто кога сум слаб, тогаш сум силен“.

Примерот на Павле предлага дека дури и во нашите слабости, нашата сила во Исус Христос може да стане совршена—тоа е, целосна и комплетна. Оние кои се борат со смртни проблеми, и се обраќаат кон Бога со вера како Павле, можат да ги добијат благословите што ги добиваме кога ќе го запознаеме Бога.

Павле не бил исцелуван од неговите маки, но тој бил духовно целосен во Исус Христос. Дури и во неговите неволји, светлината од неговата преобразба и силата од Исус Христос сјаеле и тој бил среќен. Во неговото Послание до Филипјаните, тој воскликнал: „Радувајте се секога[ш] во Господа: и пак ќе речам, радувајте се“.

Сестри и браќа, одговорот е да, ние можеме да бидеме духовно целосни, дури и кога чекаме физичко и емоционално исцелување. Целосноста не мора да значи физчка и емоционална обнова во овој живот. Целосноста се раѓа од верата во Исус Христос и преобразба во него и од дозволувањето да сјае светлината на таа преоразба.

„Зашто мнозина се повикани, но малкумина [одлучија да бидат] избрани”.

И ќе бидат физички и емоционално излекувани во Воскресението. Но дали сега ќе изберете да бидете целосни во Него?

Радосно изјавувам дека јас сум преобрзена во Господ Исус Христос. Настојувам да бидам целосна во Него. Сигурна сум дека се ќе биде обновено и исцелувањето ќе пристигне, во негово време, затоа што Тој живее.

Марија Магдалена беше жена исцелена од Исус Христос. И таа беше жена целосна во Исус Христос. Како Негов ученик, го следеше Спасителот низ Галилеја и Му служеше.

Таа беше присутна покрај Исусовиот крст, сведок на Неговата смрт.

Таа замина на Неговата гробница за да ги изврши подготовките за погреб и откри дека каменот штој го покрива гробот е тргнат, дека Господовото тело исчезнало. Марија беше на гробот и плачеше кога беше прашана, прво од ангелиете а потоа и лично од Спасителот; „Жено зошто плачеш? Кого Го бараш?“

Марија заплакала, „Го земале Господа мој и не знам каде го положиле“.

А Исус нежно ја повикал по име, „Марија“. А таа Го препознала и со почит одговори: „Равуни“-што значи „Учителе!“.

Пророкувајќи за Спасителот, Исаија рече: „Смртта ќе биде проголтана засекогаш, ќе ги избрише Господ Бог солзите од сите лица“.

Неговото Воскресение им дозволува на солзите на Марија да се избришат. Секако Тој ќе ги избрише и вашите.

Марија беше првиот сведок на воскреснатиот Спасител. Таа беше и првата што им сведочеше на другите за тоа што го видела.

Јас понизно го додадавам моето сведоштво на сведоштвото на Марија. Тој е воскреснат. Исус Христос живее На крајот, сите ќе бидат исцелени, физички и емоционално, во Него. И во исчекување на тоа исцеление, верата во Учителот Исцелител ќе нé направи духовно целосни. Во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Види Лука 17:11–19. Поимот „направи целосен“ беше преведен од грчки збор што значи сочува, спаси, избави, или излекува. Тоа се чини ја нагласува важната вистина дека Исус Христос може да нé излекува физички, и исто така Тој може да нé избави, спаси, сочува и исцели на други начини.

  2. Види Алма 40:23: „Душата ќе се обнови за телото, а телото за душата; да, и секој екстремитет и зглоб ќе бидат обновени за своето тело; Да, дури ниту влакно од главата нема да фали; туку сѐ ќе биде обновено во својата вистинска совршена градба“ Види и Russell M. Nelson, “Jesus Christ—the Master Healer,” Liahona, Nov. 2005, 87: “The gift of resurrection is the Lord’s consummate act of healing.”

  3. Види Морони 7:40–42.

  4. Енос 1:8.

  5. Енос 1:7.

  6. Енос 1:8.

  7. Види Матеј 25:1-13.

  8. Неразумни бидејќи не мислиле дека е неопходно и потребно да имаат повеќе масло.

  9. Џозеф Смит Превод, Матеј 25:12 (во Матеј 25:12, фуснота а).

  10. За паработата за десетте девици, Старешина Беднар поучува:

    „Ве молам размислувајте за светилките користени од девиците како светилки за сведоштво. Неразумните девици ги зеле светилките за сведоштво но не понеле со себе масло. Сметајте дека маслото е масло на преобраќање. …

    „Дали петте мудри девици биле себични и скржави да споделат, или пак правилно укажувале дека маслото на преобраќање не смее да се позајмува? Може ли духовната сила што произлегува од доследна послушност кон заповедите да се даде на друго лице? Може ли стекнатото знаење преку трудољубиво проучување и размислување за светите писма да биде пренесено на оној кој има потреба? Може ли спокојот што го носи евангелието на верните светци од подоцнежните дни да биде пренесено на некој кој се соочува со неволја и голем предизвик? Јасниот одговор на секое од овие прашања е не“.

    Тој продолжи за да објасни дека ние имаме „индивидуална одговорност да ги сочуваме нашите светилки на сведоштво да горат и да се добие во изобилство од маслото на преобраќање. Ова скапоцено масло се обезбедува по една капка на ден—‘малку по малку [и] перцепција по перцепција’ (2 Нефи 28:30), трпеливо и упорно. Не постои скратен пат; не се можни подготовки во последен момент” (David A. Bednar, “Converted unto the Lord,” Liahona, Nov. 2012, 109).

  11. Учења и завети 33:17. Претседателот Раел М. Нелсон советува: „Сега е времето за вие и јас да се подготвиме за Второто доаѓање на нашиот Господ и Спасител, Исус Христос. Сега е времето да му дадеме највисок приоритет на нашето учеништво“ (“The Lord Jesus Christ Will Come Again,” Liahona, Nov. 2024, 121).

  12. Скулпторот на Петте мудри девици е уметникот Бен Хамонд кој ги претставил петте мудри девици како жени на различна возраст и различна расна припадност, преставувајќи ја разноликоста на преобратенички ученички на Исус Христос.

  13. Кога земаме од сакраментот, ги обновуваме сите завети склучени со Господ и склучуваме нов завет дека сме подготвени да го преземеме името на Исус Христос и да се покоруваме на Неговите заповеди. Достојното учество во свештенските обреди и склучувањето и одржување на заветите нé прави целосни. Овој принцип е убаво искажан во сакраменталната химна „Bread of Life, Living Water“:

    „Bread of Life, Living Water, („Лебот на животот, живата вода)

    Feed my soul, fill my heart.(ја исполнуваат мојата душа, и срце)

    Lord, give me new life in Thee (Господе, дај ми нов живот во Тебе)

    And make me whole—complete and holy—(и направи ме целосен и свет)

    Bound to Thee eternally“. (врзан за Тебе вечно“)

    (Hymns—For Home and Church, Gospel Library; emphasis added.)

  14. Матеј 5:14.

  15. 3 Нефи 12:14–16.

  16. Според стиховите на химната:

    „Оваа мала моја светилка, ќе ја оставам да свети. …)This little light of mine, I’m gonna let it shine. …

    Каде и да одам, ќе ја оставам да свети (Everywhere I go, I’m gonna let it shine. … )

    Исус ми ја даде; Ќе ја оставам да свети (Jesus gave it to me; I’m gonna let it shine.)

    Нека свети, нека свети, нека свети (Let it shine, let it shine, let it shine.)

    (“This Little Light of Mine,” Hymns—For Home and Church, Gospel Library.)

  17. 2 Коринтјаните 12:7.

  18. Види 2 Коринтјаните 12:8.

  19. 2 Коринтјаните 12:9.

  20. 2 Коринтјаните 12:9–10.

  21. Филипјаните 4:4; види и 2 Коринтјаните 1:3–4: „Благословен нека е Бог, кој е и татко на нашиот Господ Исус Христос, Татко на милосрдието, и Бог од кој ни доаѓа секоја утеха! Во секоја наша неволја не утешува, за да можеме и ние да ги утешуваме другите во некаква неволја, со истата утеха со која и Бог нас не утешува“.

  22. Види David A. Bednar, “Put On Thy Strength, O Zion,” Liahona, Nov. 2022, 94.

  23. Матеј 22:14; види и Учењата и заветите 121:34–35.

  24. Види Лука 8:2–3.

  25. Види Јован 19:25.

  26. Јован 20:15; види и стих 13.

  27. Јован 20:13.

  28. Јован 20:16.

  29. Исаија 25:8.