Генерална Конференција
Да го цениме животот
Генерална Конференција април 2025


14:9

Да го цениме животот

Животот е најскапоцениот дел од совршениот план на нашиот Отец, и според Неговите одредби го цениме и го чуваме.

Нашиот Спасител, Исус Христос, не поучуваше: „По тоа ќе ве познаат дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу себе“.

Еден епископ во Јута неодамна ми раскажуваше за големата љубов во неговиот оддел покажана кон една млада жена и нејзиното семејство. Преку серија на прекрасни настани, родителите одлучија да му се вратат на Спасителот и Неговата Црква. Во времето кога биле оддалечени од Црквата, нивната ќерка тинејџерка имала врска со некој млад човек. По нејзиното враќање, оваа скапоцена ќерка ја почувствувала огромната љубов од нејзиниот Небесен Отец, за време на средбата за сведоштва на Млади Жени. Таа решила уште подоследно да ги живее заповедите Напиша: „Го започнав процесот на покајание со мојот епископ“.

Наскоро, таа се разболе. Со нејзини зборови: „[]Тестот покажа … јас бев бремена. Јас … почнав да плачам. … Мојот татко ме прегрна и ме уверуваше дека сé [ќе] биде ок. … Моето момче … побара од мене да се ослободам од бебето. … Јас одбив“.

Грижа за Луѓето на кои им е потребна

Таа продолжи: „Добив толку многу љубов и поддршка од црковно семејство во нашиот оддел. Тоа беше нешто силно. [Мојот] епископ и Претседателката на млади жени направија сé за да ја покажат нивната љубов и поддршка. … Ја видов Господовата рака … како ме води мене и моето семејство. … Црковен оддел како мојот е семејството што им е потребно на сите, особено на млада жена во моја положба“.

Таа и нејзиното семејство, и семејството од црковниот оддел, овој февруари, топло го пречекаа нејзиното машко бебе.

Господ Исус Христос

Претседателот Расел М. Нелсон рече: „Карактеристика на Господовата вистинска и жива Црква секогаш ќе биде организиран … напор да им се служи на поединци, Божји чеда … [служејќи им со љубезност] до еден, исто како што Тој направи“.

Помош за исправните одлуки

Кога некоја самохрана жена ќе дознае дека очекува непланирано дете, здравствени проблеми, духовни превирања, срам, финансиски грижи, образовни прашања, брачна несигурност и тагата од уништените сништа може, во момент на болка и збунетост, да преземе чекори што ќе и донесат длабока болка и жалење.

За сите слушатели, кои доживеале длабока болка и жалење што го придружуваат абортусот, ве молиме запомнете: „Иако не можеме да го промениме минатото. Бог може да го излечи минатото. Простувањето може да дојде преку чудото на Неговата помирувачка благодат кога се вртите кон Него понизно и со покајаничко срце.

Два збора честопати се поврзани со светоста на смртното раѓање: живот и избор. Животот е најскапоцениот дел од совршениот план на нашиот Отец и според Негов декрет, го цениме и чуваме животот и избираме да го продолжиме штом веќе е зачнат. Му даваме голема важност на дарот на слобода на избор, или слобода да се донесуваат морални одлуки, тоа помага да се зајакнат од Бога дадените исправни одлуки кои носат вечна среќа.

Кога жена и маж се во вакво ранливо време, соочени со пресуден избор, нашите зборови, нашите раце, нашите срца—духовно, емоционално и финансиски—може да ги благослават да ја почувствуваат Спасителовата љубо, како што рече Претседателот Хенри Б. Ајринг, да донесат појасна корекција на нивните духовни очи, од „она што мислат дека гледаат“ до „она што сé уште не можат да го видат“.

Доктрината на смртниот живот

Претседателот Далин Х. Оукс кажа: „Нашиот став кон абортусот не е основан врз откриено знаење за тоа кога почнува смртниот живот. … Со нашето знаење е утврдено дека … сите духовни Божји чеда мора да дојдат на оваа земја за славна цел, и дека идентитетот на поединецот е започнат многу порано пред зачнувањето и ќе трае во сите вечности што доаѓаат“.

Кажаното од Господа за нероденото, дадена преку гласот на Првото Претседателство и Кворумот на Дванаесетте Апостоли, никогаш не се променило и ги одразува зборовите на пророците низ вековите, давајќи им божествена јасност на она што Господ го бара од нас.

„Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни верува во светоста на човечкиот живот. Оттаму, Црквата се спротивставува на изборен абортус заради лична или социјална погодност, и ги советува своите членови да не се потчинуваат, да не изведуваат, ниту пак да поттикнуваат, да плаќаат за, или да договараат вакви абортуси.

„ [Господ] дозволува можни исклучоци … кога:

  • Бременоста е резултат на силување или инцест, или

  • Лекар специјалист не одреди дека животот или здравјето на мајката е во сериозна опасност, или

  • Лекар специјалист утврдил дека фетусот има тешки дефекти што го оневозможуваат бебето да преживее по раѓањето.“

Првото претседателство продолжува: „Абортусот е исклучително сериозна работа. [Дури и во овие ретки ситуации] треба да се размислува за него само откако одговорните лица ќе добијат потврда преку молитва“ и се консултирале со други.

Пред триесет години, Господовите пророци издадоа проглас кон светот. Ги вклучува овие зборови:

„Ние … изјавуваме дека Бог заповедал дека светите моќи за создавање потомство треба да се применуваат само помеѓу маж и жена, законски венчани како сопруг и сопруга.

„Ние го изјавуваме начинот преку кој смртниот живот е создаден да биде божествено определен. Ја потврдуваме светоста на животот и неговата важност во Божјиот вечн план.“

Негувањето и заштитата на животот кој сé уште не е роден не е политичка позиција. Тоа е смртен закон потврден од Господ преку Неговите пророци.

Да зборуваме поотворено

Една изјава на Претседателот Ј. Рубен Кларк Пом. кој служеше во Првото Претседателство, убаво ја опишува нашата младина денес: „Младите од Црквата гладуваат за Духовни работи; тие се желни да го научат евангелието, и да го искусат тоа директно и во неговата најчиста форма, Тие сакаат да знаат за … нашите верувања; тие сакаат да стекнат сведоштва за []вистината. Тие се … распрашувачи, трагачи по вистината“. Ајде да разговараме почесто со вера и сочувство со нашите млади во нашите домови, и меѓусебно на средбите во нашето Здружение за Помош и Кворумот на старешини, за Господовиот закон за чедност, за светоста на животот, и за грижата за неродените и нивните мајки.

Една почитувана сестра ми напиша за искуството што го имала пред неколку децении: „Како … , [17-годишна], бев бремена и имав минимална или никаква поддршка од моето момче. Се почувствував засрамена и осамена [но јас] никогаш не помислив на [абортус]. … Го [имав] моето сакано семејство и мојот епископ, со кого редовно се среќавам за водство. … Му се обратив на Бога. Ги проучував светите писма … се молев [и] најдов сила преку мојот Спасител и процесот на покајание. … Добив одговор [на моите молитви] што не можев да го негирам. … Беше многу тешко, но знаев дека ќе мора да ја дадам мојата ќерка на посвојување. … Се молев за храброст [и] преку покајаниетолку јасно ја почувствував Спасителовата љубов, што знам дека Бог … одговара на молитвите и ни дава сила“.

Грижлив брачен пар го посвои скапоценото женско бебе и ја научи на Евангелието. Таа е сега омажена и има свое прекрасно семејство.

Понекогаш, заштитата на животот може да вклучува исклучително тешка и вознемирувачка несигурност.

Неодамна еден млад пар кого Кети и јас многу го сакаме, ми напиша за слаткото бебе кое го очекуваат.

Таткото напиша: „[Кога мојата сопруга беше] во 10-та недела на бременост откривме дека нашето чудесно бебе има генетска состојба на трисомија 21, вообичаено позната како Даунов синдром. Го почувствувавме притисокот … од медицински аспект да се размисли за прекинување. Неколку недели подоцна откривме … нашето неродено дете … ќе има потреба од неколку операции на срце во првата година од нејзиниот живот. Низ овој процес додека се молевме горливо за божествена помош, … почувствуваме дека Духот ни дава утеха. Добивме откровение и разбирање дека нашата ќерка е елитно дете на Небесниот Отец и има огромна желба да биде во нашето семејство и да дојде на земјата“.

Мајката на бебето напиша: „[Ние] бевме целосно шокирани, збунети, и искрено уништени од веста. Кога бев во 14-тата недела бременост, дознавме дека нашето бебе има повеќе вродени срцеви дефекти, еден од нив има потенцијал да биде фатален. Се сретнавме со безброј доктори и специјалисти од 10-тата до 18-тата недела на бременост. … На секој наш состанок, бевме прашувани дали сакаме да продолжиме со бременоста или да ја прекинеме. … Спасителот го излекува моето срце и ми даде чувство на мир и возбуда за нашето бебе девојче. … [Небесниот Отец] ми повторуваше одново и одново дека Тој има совршен план за мене [и] јас Му поверував“.

Пред точно една недела на денешен ден тие возбудено го пречекаа своето женско бебе. Таа е нивна и тие се најзини засекогаш.

Непоколебливата вера и извонредната храброст се обележје на учениците на Исус Христос.

Извонреден пример за вера

Во текот на годините, ја имав привилегијата да се среќавам со мажи и жени кои многу години откако го изгубиле своето членство послушно се обиделе да се вратат на заветниот пат и на нивните свештенски и храмски благослови.

Во една прилика, во име на Првото Претседателство, имав намера да интервјуирам еден човек за враќање на неговото свештенство и храмските благослови.

По неговата венчавка во светиот храм, и откако добија три прекрасни деца, мажот беше неверен кон својата сопруга и неговите свети завети. Самохрана мајка остана бремена и сакаше абортус.

Светата сопруга на сопругот ја молеше жената да го роди бебето и ѝ вети дека таа ќе го одгледа, штом се роди, заедно со нејзините деца.

Самохраната мајка внимателно се согласи да не стави крај на бременоста.

Оттогаш поминаа десет години. Покорната сестра која седи пред мене го засака момчето како сопствено и ми раскажува за напорите на нејзиниот сопруг да се поправи, повторно да ја засака и да се грижи за неа и за семејството. Таткото заплака додека таа зборуваше.

Како може оваа благородна Божја жена да посвои дете кое секојдневно ќе ја потсетува на неверството на нејзиниот сопруг? Како? Може поради пронајдената сила преку Исус Христос и верувањето во светоста на животот. Таа знаела дека нероденото дете било невино и чисто Божје чедо.

Колаж од фотографии на бебиња

Почитувани мои браќа и сестри, намалената љубов за неродените деца ширум светот е сериозно загрижувачка. Бог го цени животот. Негово дело е и негова слава да им се донесе бесмртност и вечен живот на Неговите деца. Како ученици на Исус Христос, ние го цениме животот. „По тоа ќе ве познаат дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу себе“. За да можеме да ја споделиме нашата љубов пообилно со оние кои толку очајнички имаат потреба од нас. Ја изразувам мојата љубов за вас и љубовта на нашиот Небесен Отец за Неговите деца кои доаѓаат на земјата. Во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Јован 13:35; види и Матеј 22:36–40.

  2. Лична коресподенција, 6 февруари 2025; користено со дозвола.

  3. Лична коресподенција, 6 февруари 2025; користено со дозвола.

  4. Russell M. Nelson, “Ministering with the Power and Authority of God,” Liahona, May 2018, 69.

  5. Пример за праведна жена во Франција; види Neil L. Andersen, The Divine Gift of Forgiveness (2019), 154–56.

  6. Види Neil L. Andersen, The Divine Gift of Forgiveness, 219; види и Neil L. Andersen, Jesus Is the Christ (2023), 5.

  7. Види официјална изјава за абортус: “Abortion,” newsroom.ChurchofJesusChrist.org. Во Општ Прирачник се вели: „Човек може да се покае за гревот на абортусот и да добие прошка (Општ Прирачник; Служење во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, 38.6.1, Евангелска Библиотека). Претседателот Езра Тафт Бенсон рече: „Божјата тага е дар од Духот. Таа е длабоко сознание дека со нашите постапки сме го навредиле нашиот Отец и нашиот Бог. Тоа е остра и [длабока] свесност дека нашето однесување го натерало Спасителот, Ониј кој не познава никаков грев, дури и најголемиот од сите, да истрае агонија и страдање. Нашите гревови предизвикаа Тој да крвари од секоја пора. Оваа многу реална духовна и ментална болка е она што во светите писма се нарекува ‘скрушено срце и покајанички дух’ [види Учењата и Заветите 20:37]. Таквиот дух е апсолутен предуслов за искрено покајание“ (Teachings of Presidents of the Church: Ezra Taft Benson [2014], 83; види и 2 Коринтјаните 7:10; 3 Нефи 9:20; 3 Нефи 18:32).

  8. „Господ му рече на Енос: Погледни ги овие твои браќа, тие се дело на рацете мои, и им дадов до знаење, во денот кога ги создадов; и во Рајската градина, му ја дадов на човекот неговата слобода на избор;

    „И на браќата твои им кажав, и им дадов заповед, да се сакаат еден со друг, и да ме изберат мене, нивниот Отец” (Мојсеј 7:32–33).

  9. Henry B. Eyring, To Draw Closer to God (1997), 143.

  10. Dallin H. Oaks, “The Great Plan of Happiness,” Ensign, Nov. 1993, 74. Претседателот Нелсон кажа: „Не е прашање кога ‘живото што има смисла’ почнува или кога духот ‘го забрзува’ телото. Во биологијата, познато е дека животот почнува кога две зародишни клетки се обединуваат за да станат една клетка, соединувајќи ги дваесет и трите хромозоми од мајката и таткото. … Зачетокот на животот не е неизвесен проблем, туку научен факт” (“Reverence for Life,” Ensign, May 1985, 13).

  11. Претседателот Џон Тејлор, во 1879 год. кажа: „Мораме да протестираме против фемицидот, чедоморството, и другите гнасни практики … дали во облик на законодавни инцијативи, судски одлуки, или други дополнувања на [така-наречената] цивилизација” (“Discourse,” Deseret News, Dec. 31, 1879, 755; spelling modernized).

  12. Официјална изјава за абортус:: „Abortion,“ newsroom.ChurchofJesusChrist.org.

  13. Семејството: Проглас кон светот“, Евангелска Библиотека.

  14. J. Reuben Clark Jr., The Charted Course of the Church in Education, rev. ed. (1994; address to Church Educational System religious educators, Aug. 8, 1938), 3, Gospel Library.

  15. Види Topics and Questions, “Abortion,” Gospel Library.

  16. Лична коресподенција, 13 февруари 2025; користено со дозвола.

  17. Уште еден пример за тоа колкав благослов е посвојувањето е приказната за Шерлин Стинсон и нејзината ќерка, Алисон, заедно со мајката која ја родила Алисон, Џил Моргенсен (види Mary Richards, “Navigating the Journey of Adoption Reunification,” Church News, Nov. 18, 2024, thechurchnews.com.

  18. Со помош на Господ и нашите подадени раце, многумина се благословени да го пронајдат нивниот пат. Види Amanda Becker, “Finding Hope as a Single Expectant Mother,” Liahona, July 2022 (digital only); “The Adoption Decision,” New Era, Mar. 2006, 28–33.

  19. Лична коресподенција, 17 февруари 2025; користено со дозвола.

  20. Лично искуство, види Neil L. Andersen, The Divine Gift of Forgiveness, 246–47.

  21. Види Мојсеј 1:39.

  22. Јован 13:35; види и Матеј 22:36–40.

  23. Други ресурси што може да бидат од корист: Topics and Questions, “Unwed Pregnancy,” Gospel Library; “Single Expectant Parents,” General Handbook, 38.6.19; Counseling Resources, “Single Expectant Parents,” Gospel Library.