Лична Подготовка за Средба со Спасителот
Следете ги учењата на Спасителот. Неговите поукине се ниту мистериозни ниту сложени. Кога ги следиме, не треба да се плашиме или да бидеме вознемирени
Почитувани мои браќа и сестри, минатиот октомври, Претседателот Расел М. Нелсон поучуваше, „Сега е времето вие и јас да се подготвиме за Второто доаѓање на нашиот Господ и Спасител, Исус Христос“. Кога Претседателот Нелсон зборува за Второто доаѓање, тоа секогаш го прави со радосен оптимизам. Сепак, едно девојче од Основно неодамна ми кажа дека станува вознемирена секогаш кога ќе се спомне Второто Доаѓање. Таа вели: „Исплашена сум, бидејќи лоши работи ќе се случат пред Исус да дојде повторно“.
Не само децата се чувствуваат вака. Најдобриот совет за неа, за вас, и за мене е да ги следиме учењата на Спасителот. Неговите поуки не се ниту мистериозни ниту сложени. Кога ги следиме, нема потреба да се плашиме или да бидеме вознемирени.
Кон крајот на Неговата смртна служба, Исус Христос бил прашан кога ќе се врати. Во одговорот, Тој поучувал три параболи, запишани во Матеј 25, за тоа како да се подготвиме за средба со Него—без разлика дали при Неговото второ Доаѓање или кога ќе го напуштиме овој свет. Овие учења се клучни, зашто личната подготовка за средба со Бога e најважна за смислата на животот.
Спасителот прво ја раскажал параболата за десете девици. Во оваа парабола, десетте девици заминале на свадбарска гозба. Петте мудри понеле масло за да ги наполнат своите светилки, а петте неразумни не понеле. Кога било најавено претстојното доаѓање на младоженецот, неразумните девици тргнале да купат масло. Кога тие се вратиле, било премногу доцна; вратата до гозбата била затворена.
Исус идентификувал три аспекти од параболата за да ни помогне. Тој објаснил:
„И на тој ден, кога Јас ќе дојдам со Мојата слава, параболата за која зборував ќе биде исполнета во врска со десетте девици.
„Зашто тие се мудри и ја примиле вистината, и го земале Светиот Дух за нивниот водич, и не биле измамени—вистина Јас ви велам, не треба да бидат пресечени и фрлени во оган, туку треба да го издржат денот”.
Со други зборови, тие нема потреба да се плашат или да бидат вознемирени, затоа што ќе преживеат и ќе напредуваат. Тие ќе надвладеат.
Ако сме мудри, ја добиваме вистината со тоа што ќе го прифатиме евангелието на Исус Христос преку свештенските обреди и завети. Потоа, се трудиме да останеме достојни и да го имаме Светиот Дух секогаш со нас. Оваа способност мора да се стекне индивидуално и лично, капка по капка. Доследни, лични, интимни чинови на посветеност го канат Светиот Дух да нé води.
Третиот елемент што Исус го нагласува е избегнување измама. Спасителот предупреди:
„Пазете се да не ве излаже некој.
„Зашто многумина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: Јас сум Христос! и ќе прелажат мнозина”.
Спасителот знаел дека измамниците ќе се обидат да ги прелажат избраните и дека многу ученици ќе бидат измамени. Не треба да им веруваме на оние кои лажно тврдат дека Бог ги одобрува, ниту да се впуштаме во метафорични пустини или тајни одаиза да нé поучуваат фалсификатори.
Книгата на Мормон нé поучува како да разликуваме измамници од следбеници. Учениците секогаш промовираат верба во Бога, служење во негово име и правење добрини. Нема да бидеме измамени кога бараме и примаме совет од доверливи поединци кои и самите се верни ученици на Спасителот.
Ние исто така можеме да избегнеме измама со редовно богослужење во храмовите. Ова ни помага да одржиме вечна перспектива и нé штити од влијанијата што може да ни го одвлечат вниманието или да нé оддалечат од заветниот пат.
Суштинска лекција од оваа парабола за десетте девици е дека сме мудри кога го прифаќаме евангелието, бараме да го имаме Светиот Дух со нас, и избегнуваме измама. Петте девици не можеле да им помогнат на оние без масло, никој не би можел да го прифати евангелието, да го има Светиот Дух како водач, и да избегнува измами во наше име. Ова мора да го направиме сами.
Спасителот потоа ја раскажал параболата за талантите. Во оваа парабола, еден маж им дал различна сума на пари, наведени како таланти, на тројца слуги. На едниот слуга му дал пет таланти, на другиот два а на третиот еден. Со тек на време, првите двајца слуги го удвоиле добиеното. Но третиот слуга едноставно го закопал неговиот единствен талант. На двајцата слуги кои ги удвоиле своите таланти, човекот им рекол: „Убаво, … добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам;влези во радоста на својот господар!“.
Човекот потоа го укорил слугата кој го закопал својот талант зашто бил „зол и мрзлив“ Талантот на овој слуга му бил одземен, а тој бил протеран. Да го удвоел својот талант овој слуга, и тој ќе ја добиел истата пофалба и награда како и другите слуги.
Една порака од оваа парабола е дека Бог очекува од нас да ги зголемиме способностите кои ни биле дадени, но Тој не сака да ги споредуваме нашите способности со способностите на другите. Размислете за ова сознание дадено од хасидичкиот изучувач Зусија од Антипол. Зусја беше познат учител кој се плашеше од приближувањето на смртта. Неговите ученици прашале, „Учителу зошто треперите? Живеевте добар живот, секако дека Бог ќе ви додели голема награда“.
Зусија рекол: „Ако Бог ми каже, ‘Зусија зошто не стана друг Мојсеј?’ Јас ќе речам, ‘Зашто не ми ја даде големината на душата која му ја даде на Мојсеј’. И ако застанам пред [Бога] и Тој рече, ‘Зусја, зошто не стана друг Соломон?’ Ќе кажам: „‘Затоа што не ми ја даде мудроста Соломонова’“. Но ако застанам пред мојот Создател и Тој ми рече: „‘Зусја зошто не беше Зусја? Зошто не беше човекот што те оспособив да бидеш?’ Ах, затоа треперам.”
Навистина, Бог ќе биде разочаран доколку не се потпреме на заслугите, милоста и милозливоста на Спасителот да ги возвеличиме од Бога дадените способности што сме ги добиле. Очекува од нас да станеме најдобрата верзија од себе со неговата од љубов дадена помош. Фактот што можеме да ги започнеме нашите животи со различни способности е неважен за него. А треба да биде неважен и за нас.
На крај, Спасителот ја раскажа параболата за овците и козите. Кога Тој ќе се врати во Неговата слава, „и ќе се соберат пред него сите народи, па ќе ги оддели едно од други, како што пастирот ги одделува овците од козите: и ќе ги постави овците од својата десна страна, а козите од левата“.
Оние од Неговата десна страна ќе го наследат Неговото Царство, а оние од Неговата левата страна нема да наследат ништо. Особината по која се извојуваат била дали кога го виделе гладен Го нахраниле, или жеден Го напоиле, го виделе странец и Го прибрале, или необлечен па го облекле, кога Го виделе болен или во затвор, Го посетиле.
Сите биле безизлезна ситуација, и оние од неговата десна и оние од неговата лева страна. Прашале кога му дале храна, пиење и облека или му помогнале кога бил ранлив, а кога не. За возврат, Спасителот кажал, „Вистина, вистина ви велам: доколку сте го направиле тоа за еден од овие Мои најмали браќа, за Мене сте го направиле“.
Порака од параболата е јасна: кога им служиме на другите, му служиме на Бога; кога не го правиме тоа, разочаруваме. Тој очекува од нас да ги користиме нашите дарби, таленти и способности за да ги благословуваме животите на децата на Небесниот Отец. Божествениот импулс да им служиме на другите е илустриран во песната на финскиот поет од 19-ти век Јохан Лудвиг Рунеберг. Јас и моите браќа и сестри постојано ја слушавме песната „Фармерот Пааво“ во детството. Во неа, Пааво беше сиромашен земјоделец кој живеел со својата сопруга и децата во езерска област во централна Финска Неколку години по ред, поголем дел од неговата жетва била уништена, било фда е тоа од стопената вода од пролетното топење на снегот, од град во лето или од мраз во рана есен. Секогаш кога ќе дојдела слаба жетва, сопругата на земјоделецот ќе се пожалела, „Пааво, Пааво ти несреќен старецу, Бог нé напушти“. Пааво за возврат стоечки ќе одговорел, „Измешај кора од бреза со брашно од ‘рж за да се направи леб за да не гладуваат децата. Ќе работам напорно за да ги исушам мочурливите полиња. Бог нé искушува, но Тој ќе ни обезбеди“.
Секогаш кога посевите биле уништени, Пааво барал од сопругата да ја удвои количнината на кора од бреза што ќе ја измеша со брашно за да спречи гладта. Тој, исто така, работел понапорно, копајќи ровови за да се исуши земјата и да ја намали чувствителноста на неговите полиња на пролетното истекување и раниот есенски мраз.
После неколку години тешкотии, Пааво конечно собрал богата жетва. Неговата сопруга го пофалила, „Пааво, Пааво ова се среќни времиња! Време е да ја фрлиме брезовата кора и да направиме леб само од ’рж“. Но Пааво свечено ја прифатил раката на сопругата и кажал: „измешај го пола од брашното со брезова кора, зашто полињата на нашиот сосед замрзнаа“. Пааво го жртвувал семејното изобилство за да му помогне на неговиот уништен и беден сосед.
Поуката од параболата на Спасителот за овците и козите е дека мораме да ги користиме дарбите што ни се дадени—време, таленти и благослови—за да им служиме на децата на Небесниот Отец, особено на најранливите и најпогодените.
Мојата покана до вознемиреното девојче од Основно за кое зборував претходно, и до секој од вас, е да го следите Исус Христос и да му верувате на Светиот Дух како што би му верувале на некој ценет пријател. Потпирајте се на оние кои ве сакаат и кои го сакаат Спасителот. Барајте водство од Бога за да развиете уникатни способности, и помагајте да им на другите, дури и кога тоа не е лесно. Ќе бидете подготвени за средба со Спасителот, и ќе можете да се му се придружите на Претседателот Нелсон станувајќи радосни оптимисти. Притоа, му помагате на светот да се подготви за Второто доаѓање на Исус Христос, и ќе бидете благословени со доволно надеж за влез во спокојот и радоста на Господ, сега и во иднина.
Како што пееме во една од нашите нови химни:
Rejoice! (Радувајте се!) And prepare for that day! …(И подгответе се за тој ден! …)
No one knows the day and hour when He will come again,(Никој не го знае денот и часот кога Тој ќе пристигне повторно.)
But He’ll return as the scriptures say; it will be a joyful day (Но Тој ќе се врати како што велат светите писма; тоа ќе биде радосен ден)
When our beloved Savior comes again. (Кога нашиот возљубен Спасител доаѓа повторно.)
Во името на Исус Христос, амин.