Генерална Конференција
Извештај на одделот за ревизија на Црквата, 2024
Генерална Конференција април 2025


1:43

Извештај на одделот за ревизија на Црквата, 2024

До Првото Претседателство на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни.

Почитувани Браќа: Водени од откровение, како што е запишано во дел 120 од Учење и Завети, Советот за распределба на десеток—составен од Првото Претседателство, Кворумот на Дванаесетте Апостоли, и Претседавачката Епископија—го одобрува трошењето на црковните средства. Црковните ентитети исплаќаат средства во согласност со одобрените буџети, политики, и процедури.

Црковната Ревизија, што се состои од акредитирани стручни лица и е независна од останатите црковни оддели и единици, има одговорност да извршува ревизии со цел да се обезбеди разумна гаранција во врска со примените придонеси, направените трошоци и заштита на имотот на Црквата.

Врз основа на извршените ревизии, Црковната Ревизија е на мислење дека, во сите матерјални аспекти, добиените придонеси, направените трошоци, и имот на Црквата за 2024 година, се заведени и администрирани во согласност со Црковно-одобрените буџети, сметководствените практики, и политики. Црквата ги следи практиките што ги учат нејзините членови, кои вклучуваат живот во рамки на буџетот, избегнување долгови, и штедење за кризни времиња

Со почит предадено,

Црковен Оддел за Ревизија

Џаред Б. Ларсон

Управен Директор