Божјите пророци
Да се слушне и да се биде послушен кон гласот на пророкот е клучно за да се држиме до сé што е добро сé до Второто доаѓање на нашиот Спасител.
Почитувана младино, каква прекрасна конференциска сесија! Веќе ги слушнавме тројцата живи апостоли на Исус Христос. Колку прекрасен благослов! И ќе слушнеме уште еден, Старешина Хенри Б. Ајринг. Духовната гозба продолжува!
Кога зборував минатата година, научивме како да се соочиме со овој свет преку искуството на Давид со Голијат. Се сеќавате на петте камења? Денес, споделувам приказна од Стариот завет што ја прочитав кога бев на ваша возраст, и ме натера да бидам како нејзиниот протагонист. Библијата не ни го кажува нејзиното име, затоа ќе ја наречеме жената од Сунем бидејќи тоа е името на нејзиниот град.
Еден ден, пророкот Елисеј поминувал покрај градот Сунем, и читаме дека таму „имаше една богата жена; и таа го [поканила] да јаде леб. И така стана, секогаш кога ќе минеше, навраќаше таму … да јаде леб“. Замислувам дека пророкот Елисеј беше толку среќен зашто беше поканет да јаде во нејзиниот дом! Тој веќе бил таму неколку пати, кога еден ден жената му кажала на мажот: „Ете јас дека ова е свет Божји човек“.
Жената вели, „Сега, јас разбирам“. Се чини дека го поканила Елисеј во нејзиниот дом без да знае дека тој бил пророк; таа го добила нејзиното сведоштво преку Светиот дух внимателно слушајќи што Елисеј зборувал и поучувал. (Сетете се, во тоа време не постоеле слики! Затоа било тешко да се препознае пророкот единствено преку неговото лице.)
Но приказната не завршува тука. Еден ден, жената му рекла на својот маж: „Ајде да му направиме мала горна соба … и да му ставиме таму легло и маса, и стол и светилник; та кога доаѓа кај нас, да се повлекува таму“.
Оваа верна жена била спремна да изгради соба во нејзината куќа за да може пророкот, кој минувал низ градот, да има место каде ќе престојува!
Денес, ние можеме да добиеме една силна поука од ова искуство.
Господ ѝ посведочил на жената од Сунем дека Елисеј е Божји пророк, а таа дејствувала така што ја отворила нејзината куќа за да го прими.
И ние можеме да добиеме лично сведоштво за Божјите пророци денес и да ги отвориме нашите срца и мисли—нашиот дом—за пораките што нашиот Небесен Отец ги има за нас во овие подоцнежни дни.
Почитувана младино, ве повикувам да се запрашате: Дали имам лично сведоштво за Божјиот жив пророк?
Ајде да почнеме од почетокот.
Што е пророк? Пророк е човек кого Бог го повикал да зборува во Негово име. Постојат пророци на земјата денес, исто како што постоеле и во старите времиња.
Пророците се јасновидци и откровители. Тоа значи дека тие можат да го видат она што другите луѓе не можат, и тие можат да пророкуваат за идни настани. Тие исто така можат да нé подготват за несреќи. Пророците добиваат заповеди и откровенија од Господ. Деветтата поставка на верата зборува за континуирано откровение во овие подоцнежни дни. Таа вели: „Веруваме во сѐ што откриваше Бог, во сѐ што открива сега, и веруваме дека Тој допрва ќе открие многу големи и важни нешта за царството Божјо“.
Старешина Гери Е. Стивенсон кажа: „Господ продолжува да им ги открива своите заповеди и волја на своите пророци денес, затоа што Тој сака да нé води кон среќа во овој живот и селестијална слава во следниот живот“.
Пророците исто така го проповедаат евангелието и се Божји учители и гласници до сите на земјата.
Секој член на Првото Претседателство и Кворумот на Дванаесетте Апостоли е пророк, јасновидец и откровител. Дејствувајќи како совет под водство на Господ, имаат овластување да ја објавуваат и толкуваат доктрината и да ја утврдуваат политиката за Неговата Црква. Тие внимателно се молат и внимателно размислуваат, зашто одлуките од овие кворуми мора да бидат едногласни. На овој начин, Господ нé уверува дека неговата волја ќе биде извршена.
Пророците сведочат за Христос—за Неговото постоење, Неговата служба, и за Неговата божественост.
Дозволете нѝ да прочитаме дел од сведоштвата на пророците од Книгата на Мормон.
Абинади прогласи:
„Самиот Бог ќе слезе меѓу децата човечки и ќе го искупи својот народ.
„И бидејќи тој живее во тело, ќе биде наречен Синот Божји“.
Самуил Ламанитот исто така сведочел дека Исус Христос е „Синот Божји, Отецот на небото и земјата, Создателот на сите работи од почетокот“.
И пророкот Морони рече; Го видов Исус, и … тој зборуваше со мене лице в лице“.
Кога Христос ги посети Нефитите, една од првите работи што Тој направи е повика Дванаесет Апостоли. И Тој му кажа на народот: „Ќе бидете благословени ако ги послушате зборовите на овие дванаесетмина кои ги избрав“.
Сега, дозволете ми да споделам неколку збора за родителите или другите членови на семејството кои воспитуваат деца. Самиот Господ ги поучил Адам и Ева за вистините од планот за Спасението. И потоа Тој им рече; „Ви давам заповед, слободно да ги поучувате овие работи вашите деца“.
Што значи слободно да се поучува? Тоа значи да се научат вистините од евангелието, да се има лично сведоштво за нив, и да се сподели тоа знаење со нашите деца. Да се промовираат формални и на неформални моменти кога учениците се приемчиви да научат нешто. Тоа вклучува и живеење според стекнатото знаење и сведоштво.
Книгата на Мормон ги опишува 2,060 млади воини како „луѓе на вистината и трезвеноста, зашто тие беа поучувани да се држат до Божјите заповеди и да одат исправено пред него“. Овие млади мажи верно му се покорувале на Хеламан, кој во тоа време бил нивни воен водач, а воедно и нивен пророк, и тие препознале дека нивните мајки им ги исполниле срцата со вистина и вера.
Родители, во овој свет каде има многу гласови а понекогаш и многу темнина, Самиот Бог ни заповеда да ги воспитаме нашите деца во светлина и вистина. Тој ни ја доверил одговорноста да ги поучуваме спасоносните вистини на евангелието на нашите деца. Ако не успееме да го направиме тоа, светот нема да го направи тоа место нас.
Почитувани млади пријатели, имам покана за вас: Во деновите што доаѓаат, ве канам да клекнете, да ги отворите вашите срца, и со целосна доверба да му се помолите на Небесниот Отец, барајќи потврда, дали Неговиот избран пророк и апостолите се Неговиот глас на земјата денес.
Жената од Сунем нé поучува дека ние можеме да го добиеме тоа сведоштво преку Светиот Дух. Ви ветувам дека штом ќе дознаеме дека тие се Божјите помазаници, нашите животи ќе бидат полесни и покрај тековните предизвици, кога се покоруваме на нивните гласови со доверба, вера и надеж. Да се слушне и да се послуша гласот на пророкот е клучно за да се држиме до сé што е добро до Второто доаѓање на нашиот Спасител.
Злото во светот расте, но Црквата на Исус Христос и Неговото Царство се посилни од кога и да е. Сион ќе ги облече своите прекрасни наметки, и Исусовиот престол нема да падне. Господ очекува од нас да имаме силни сведоштва, да бидеме исполнети со вера, и секојдневно да се каеме. Нашиот Спасител, Исус Христос, смета на секој од нас дека ќе продолжи со Неговото дело.
Во една прилика, Пророкот Џозеф Смит кажа: „Браќа, не треба ли да продолжиме, за толку величествена причина?“ Сепак, бидејќи оваа порака првенствено е за вас, младите, би сакала да го искористам зборот младинците наместо браќата. Дали сте подготвени?
„[Младино], зарем не треба да продолжиме за толку величествена причина? Одете нанапред а не наназад. Храбро, [млади]; и напред, напред кон победа! Дозволете вашите сраца да се радуваат, и да бидат многу весели“.
Благодарна сум за водството и осветените напори на живите пророци. Го давам моето свечено сведоштво дека, тие се повикани од Бога, да го продолжат, воспостават, и водат Неговото царство на земјата денес. И секогаш ќе биде така. Секогаш Господ ќе ги избира Неговите слуги. Во името на Исус Христос, амин.