Генерална Конференција
Вовед
Oктомври 2025 генерална конференција


3:34

Вовед

Сега продолжуваме со оваа полугодишна Генерална конференција, која се одвива според планираното, со говорници и музика назначени од Претседателот Нелсон по месеци внимателна подготовка.

Почитувани мои браќа и сестри, се собираме да ја оплакуваме смртта на нашиот возљубен Претседател Расел М. Нелсон. Ви се обраќам како Претседател на Кворумот на Дванаесетте Апостоли, за која позиција сум веќе поддржуван во секој оддел, кол, и генерална конференција во изминатите седум и пол години.

Продолжуваме со оваа полугодишна Генерална конференција, која се одвива според планираното, со говорници и музика назначени од Претседателот Нелсон по месеци подготовка. Единствените исклучоци се овие, моето воведно појаснување, и моето говорење на место на претседателот Нелсон на завршната сесија во недела попладне.

Ова е првпат во околу 75 години некој Претседател на Црквата да почине неколку дена пред генерална конференција. Ова нè поттикна да испланираме како можеме да ги одржиме многу важните состаноци на раководството во врска со конференцијата, како и сесиите на генералната конференција, а воедно и да го закажеме погребот што е можно поскоро. Претседателот Нелсон разбираше колку вреди генералната конференција за давање насока на светците во месеците што доаѓаат. Го почитуваме следејќи го планираниот конференциски распоред што тој го одобрил.

Во ова време на тага, веќе одржавме состанок за да му оддадеме почит на Претседателот Расел М. Нелсон пред почетокот на состаноците за генералната конференција, а потоа го закажавме неговиот погреб што е можно побрзо по конференцијата. Сето ова е направено со согласност од семејството на Претседателот Нелсон и Кворумот на Дванаесетте.

Бидејќи сите ние кои треба да зборуваме на генералната конференција сакавме да посветиме дел од нашето време за да му оддадеме лична почит на претседателот Нелсон, ги замоливме сите говорници да ги сведат ваквите оддавања почит на минимум, одолговлекувајќи ги елаборациите на оддавањето почит за погребот, кој веќе почнавме да го планираме.

Моето кратко лично оддавање почит, соодветно за оваа конференција и за она што веќе го кажавме, е следното: Го сакав Расел М. Нелсон и научив повеќе за евангелието и за тоа како истото треба да се раководи преку моето долготрајно пријателство и поврзаност со него отколку од кој било друг водач што лично го познавам. Тој е наш пример како слуга и следбеник на Господ Исус Христос. За овие работи јас сведочам во името на Исус Христос, амин.