А сега јас прогледав
Влијанието што Книгата на Мормон го има во мојот живот не е помалку чудотворно од поставувањето на плуканка и кал на очите на слепиот човек.
Со искрена љубов сите ние го повторуваме оддавањето почит на претседателот Оукс за смртта на Претседателот Расел М. Нелсон. И со истата љубов и длабока жал, им оддаваме признаноие на трагедиите што се случија неодамна во Мичиген и речиси секојдневно низ целиот свет Им оддаваме почит на овие работи со љубов и верба во Господ, Исус Христос.
Во деветтото поглавје на Јован е запишано искуството на Исус и Неговите ученици кои поминуваат покрај некој просјак, слеп од раѓање. Ова ги наведе учениците да го прашаат Исус неколку сложени верски прашања во врска со потеклото и преносот на ова човечко ограничување. Учителот одговорил правејќи нешто многу едноставно и зачудувачко. Тој плукнал на земја, и направил кал со плунката. Тој потоа ги намачкал со неа очите на човекот, давајќи му совет да се измие во бањата Силоам. Сето ова слепиот човек покорно го направил и „и дојде [] гледајќи“, велат светите писма. Колку важен доказ е ова, наспроти желбите или аргументите па дури злобата што се спротивставуваат на вистината.
Плашејќи се дека ова чудо повторно ќе ја зголеми заканата што Исус веќе ја претставуваше врз нивниот претпоставен авторитет, непријателите на Спасителот се спротивставиле на ново прогледаниот човек и кажале во лутина: „Знаеме дека [Исус] е грешник“. Човекот ги ислушал за момент, а потоа кажал: „Дали е тој грешник … , јас не знам: [но] една работа [] знам, … дека бев слеп, а сега гледам“.
Самиот Исус го припишал првото значење на оваа размена, раскажувајќи им на Своите ученици дека сето ова се случило: „за да се јават делата Божји врз него“. Запамтете дека два пати во овој наратив постапката на Спасителот се нарекува „помазување“ на слепите човекови очи, чин што треба да се заврши со миење. Овој опис на „Божјите дела кои [се] појавуваат“ можеби укажува на откривање на некоја обредна постапка.
Уште една вистина која е очигледна овде се инструментите што Создателот на рајот и на земјата и сé што е во нив ги користи за да се добие ова чудо; плуканка и грст кал! Овие помалку неверојатни состојки изјавуваат дека Бог може да нé благослови преку било кој метод што Тој ќе го избере. Како што Неем давал отпор да се искапи во реката Јордан или децата на Израел кои одбиваат да погледнат во змијата на стапот, колку лесно е за нас да го отфрлиме изворот на нашето искупување затоа што состојките и инструментите изгледаат засрамувачко едноставни.
Но ние се сеќаваме дека во Книгата на Мормон некои работи се и јасни и скапоцени и дека и пред Исусовото раѓање, било пророкувано дека „тој [би] немал форма ниту привлечност; и кога ние [ќе] го видиме, не постои убавина за да го посакуваме“. Колку пати Бог ја испратил Својата величествена порака преку некој новоповикан Претседател на Здружение за Помош, или неуспешно момче од некоја фарма во Њу Јорк, или сосема нов мисионер или некое бебе во јасли.
Што е важно дали нашите одговори доаѓаат на едноставни или исклучително комплексни начини? Дали сме подготвени да истраеме, да продолжиме да живееме по евангелието, без оглед колку плунка и кал ќе ни бидат потребни? Можеби не секогаш ни е јасно што се прави или зошто, и, од време на време, сите ние ќе се почувствуваме помалку како постарата сестра која вели; „Господе, може ли да добиеме благослов кој не е во завиена форма?“
Разгледајте ги доказите за друга вистина, оваа во врска со светото свештенство. Во документирање на организацијата на меридијанската црква, првиот стих на Лука чита: „Откако ги повика дванаесетмината, им даде моќ и овластување“ дарби кои не се доделуваат врз основа на импресивните достигнувања, ниту се утврдени со традицијата или правото на првородство. Тие не се дарувани од божествено училиште или теолошка семинарија. Се предаваат единствено со ракополагање од страна на некој кој има овластени раце положени на него во една непрекината секвенца што датира од изворот на сето божествено овластување, Господ Исус Христос.
А во некоја црква која го разбира дарот на милостивост, зарем нема да биде уште еден чудесен доказ за вистинитоста на таа црква да се видат овие благослови и завети како одат кај нашето починато потомство, оние од нашите семејства кои заминале пред нас? Дали тие треба да бидат казнувани бидејќи немале пристап до евангелието или бидејќи биле родени во време или на место кога божествените обреди и завети не им биле понудени? Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни има свети, осветени Господови домови, во кои, и дење и ноќе, секојдневно се извршува спасително милосрдно дело индиректно во име на мртвите, и им се нудат можности за богослужење и обреди на живите. Според моите сознанија, овој конкретен доказ на Божјата вистина, Неговата универзална љубов за живите и за мртвите, не е виден никаде во светот—освен во една црква која ја демонстрира вистината во овој конкретен поглед; Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни.
Моето прво соочување што дава визија и живот со вистински доказ за вистината не дојде преку намачканата кал или преку Силоамската бања. Не, инструментот на вистината што дојде како исцеление од Господ се појави како страници од една книга, да, Книгата на Мормон: Уште едно Сведоштво за Исус Христос! Тврдењата за оваа книга беа нападнати и отфрлени од некои неверници, гневот често се совпаѓаше со жестокоста на оние што му кажаа на исцелениот човек дека не е можно да го доживее она што тој го имал доживеано.
Ме обвинуваат дека користам непрактични, неверојатни, срамни, па дури и несвети средства за да ја напишам оваа книга. Сега, ова е суров јазик од некој што мисли дека знае со кои средства е овозможена книгата, бидејќи единствениот опис што е даден за овој процес е дека е преведена „со дарба и моќ Божја“ Тоа е тоа! Тоа е сé! Во секој случај, влијанието на Книгата на Мормон во мојот живот не е помалку чудесно од нанесувањето плунка и кал на очите на слепиот човек. Таа за мене беше, прачка на сигурност за мојата душа, натприродна и продорна светлина на откровение, осветлување на патот што морам да го проодам кога надоаѓаат облаци темнина. А тие сигурно ги има, и ќе ги има.
И со оглед на дадената визија со која таа ме дарува за Спасителовата универзална љубов и искупителна благодат, јас го споделувам со вас моето сведоштво, оправдано овде како што родителите на новоблагословениот човек рекоа дека нивниот син треба да биде слушнат затоа што „бил возрасен“ Од истата причина и јас. Тој беше доволно возрасен да биде сфатен сериозно, тврделе тие. И јас сум доволно возрасен. Имам уште два месеци до мојот 85-ти роденден. Сум бил на работ на смртта и назад. Сум одел со кралеви и пророци, со претседатели и апостоли. Но најдоброто од сé, одвреме навреме сум преплавен од Божјиот Свет Дух. Верувам дека моето сведоштво треба да се земе во предвид овде.
Сега, браќа и сестри, добивам целосно убедување дека Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни е вистинско обновување на Новозаветната црква—и уште повеќе—, бидејќи јас не можам да ги отфрлам доказите на тоа обновување. Од тие први искуства до сега, претпоставувам дека имав илјада—десет илјади?—други докази дека сé за што зборував денес е вистина. Затоа, јас сега сум воодушевен што ќе му се придружам на мојот пријател на засолнет на улиците на Ерусалим каде пеам со мојот засипнат глас:
Во името на Исус Христос, амин.