Генерална Конференција
За сите да бидат просветлени
Oктомври 2025 генерална конференција


11:21

За сите да бидат просветлени

Кога се фокусираме на Исус Христос, ја поучуваме Неговата доктрина, и вредно учиме, го каниме Светиот Дух да ја продлабочи нашата вера во Исус Христос и да ни помогне да наликуваме што повеќе на Него.

Има една приказна за млад универзитетски студент кој се бореше со тежок и обемен предмет, затоа ангажираше ментор да му помогне. При крај на курсот, професорот објави дека студентите на последниот колоквиум може да понесат парче хартија на кое може да напишат сé што сакаат. Некои од студентите се подготвиле со тоа што направиле мали белешки со податоци од предавањата и учебниците, читливи само со лупа. Но младичот пристигнал на крајниот испит со празен лист хартија и некој непознат човек. Кога збунетиот професор го испрашал, младиот човек одговорил: „Рековте дека е дозволено да понесам парче хартија и било што на него“. Тој потоа ја поставил хартијата на подот до неговата клупа и кажал: „Би сакал мојот ментор да застане на парчето хартија“.

Светиот Дух

Како членови на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните дни, благословени со придружништво на член на Божеството, можеме да имаме корист од помошта на совршениот Учител. Светиот дух знае сé, сведочи за вистина, и ќе „[ни] напомни за сé што сум ви зборувал“. Претседателот Расел М. Нелсон често зборуваше за важноста од слушање на гласот на Господ. Тој нé поучуваше како да го каниме водство од Светиот Дух и постојано се молеше со нас за да го зајакне нашиот духовен капацитет за добивање откровение.

Денес би сакал да ве поканам да размислите за улогата на Светиот дух, особено во контекст на евангелското учење и поучување, дома и во црква. Светиот Дух ни е даден преку верска молитва и додека се стремиме да живееме достојно за овој скапоцен дар. Инспиративниот црковен учебник Поучување на начинот на Спасителот наведува дополнителни принципи што Господ ги воспоставил што ќе ви помогнат да го каните влијанието на Светиот Дух.

Мотивирајте Трпеливо Учење

Еден од овие принципи е да мотивираме вредно учење. Во минатото, можеби сме гледале на поучувањето како на шанса некој родител или учител да го кани Духот во сопствената подготовка а потоа да сподели што тие научиле со децата или членовите на класот, чија улога е да слушаат. Но уште поефикасно е кога ние, како ученици, исто така доаѓаме подготвени и кога предавачите создаваат методи на учење што го зајакнуваат лично откровение директно во нашите глави и мисли. Потоа, како што ни се даваат можности да го споделиме наученото преку сопственото проучување и преку Светиот Дух, меѓусебно си помагаме да бидеме поучени и просветлени. Како што ги применуваме евангелски принципи, Духот повторно сведочи за нивната вистинитост.

Можности за Споделување

Како и во сите работи, Исус Христос е совршениот пример. Тој го кани секој од нас да бидеме вредни ученици и да преземеме одговорност за сопствените сведоштва. Ги покани своите ученици да бидат подготвени за учење, да го споделат наученото, и да дејствуваат со вера. Тој се молеше за нив, го увиде нивниот божествен потенцијал, ги ислуша, и им помогна да дознаат дека се сакани и потребни.

Како поучувачи, можеме повеќе да се фокусираме на напредок на учениците, на задоволување на нивните потреби, и при помагањето да развијат духовни навики на доживотно учење. Како ученици, кога го практикуваме нашето право на слободен избор во процесот на учење, испраќаме сигнал до Светиот дух дека сме подготвени да учиме од Него.

Благодарен сум и на една професорка која ме мотивира да станам подобар ученик. Кога се запишав на колеџ, по грешка мислев дека училиштето е нешто што треба да се истрае за да ви дозволат да спортувате. Еден ден, откако го прочитав напишаното, мојата професорка ми рече дека ме смета за надарен аналитички мислител. Не знаев дури ни што тоа значи. Таа кажа дека со пофокусиран напор, би можел да станам добар ученик. Таа мисла никогаш не ми паднала на памет. Нејзиниот интерес, охрабрување, и мотивација го променија курсот на моето образование и во голема мера го благословија мојот живот.

Поучувајте ја Доктрината

Уште еден принцип поврзан со канењето на Светиот Духот е да се поучува вистинската доктрина. Ова значи дека нашето евангелско проучување и упатување се вкоренети во Божјето слово и дека ние не правиме сензации или шпекулации за она што Господ не го открил. Наместо тоа, се фокусираме на суштинските и вечни евангелски принципи, кои дозволуваат Духот да сведочи за вистината. Повторно, ние го следиме примерот на Спасителот. Тој кажа: „Учењето мое не е Мое, туку на оној што Ме прати“.

Вистинската доктрина се наоѓа во светите писма и учењата на современите пророци. Господовото силно поттикнување да се проучуваат светите писма самостојно и како семејства и да се присуствува во црква секоја недела за проучување на Неговото евангелие дава извонредна рамка како да се учи Неговата доктрина и да се слуша Неговиот глас. Пребаруваме по светите писма за да го разбереме наративот, принципите кои тие ги поучуваат и примената на овие вистини во вашите животи. Каков благослов е да се имаат светите писма на дофат. Замислете ги Адам и Ева, Абинади, или дури и Големиот Учител, Исус Христос како ги посетуваат нашите домови или часови за да нé поучуваат. Тие можат да го направат тоа кога се насладуваме со словото Божје. Со постојан напор, можеме да научиме да ги разбираме и сакаме светите писма и да веруваме дека тие имаат одговори на прашањата од душата.

Едно време пред да се венчаме, мојата сопруга Кристи се бореше да ја почувствува љубовта на Небесниот Отец и да го разбере Неговиот план за неа. Додека се молеше за водство, една идеја ѝ падна на памет дека таа треба да се запише на институтот, затоа одлучи да запише часови по Нов Завет. Начинот на кој нејзиниот професор на факултетот ја поучуваше од светите писма, дури и начинот на кој ги држеше часовите, покажуваа колку тој го сака Божјото слово. Додека присуствувала, Светиот дух ѝ дошепнал дека постои нешто во светите писма што нејзе и е потребно. Љубовта што нејзиниот предавач ја имал за светите писма и поттикнувањата на Светиот дух создале желба во неа да започне сериозно да го проучува Божјето слово—што прерасна во доживотно патување на длабоко преобраќање и посветена служба.

Фокусирање на Исус Христос

Конечно, како што се предлага во прирачникот Поучување на начинот на Спасителот, нашето предавање и учење треба секогаш да го има фокусот на Исус Христос. Можеме да зборуваме што почесто и со поголема почит за Него и да бараме повеќе можности да го искажеме нашето сведоштво, благодарност и љубов за Него. Какво и да е опкружувањето, сé додека се сеќаваме на Него, можеме да го имаме „неговиот Дух да биде со [нас]“.

Еден начин да го поставиме Исус Христос во центарот на нашето поучување е да нагласиме дека Тој е совршениот пример, олицетворение и израз на сите евангелски принципи. Дури и кога Тој не е директно спомнат во некој запис од светото писмо, сепак ние можеме да го посочиме како пример за принципот што се поучува. Можеме едноставно да прашаме: „Можете ли да се сетите на некое време кога Исус Христос го поедноставил овој принцип?“

Ние исто така можеме да се фокусираме на Него со тоа што ќе учиме за Неговите титули, улоги и особини, да настојуваме да дознаеме не само што Тој направил, туку и подобро да разбереме кој е Тој. На пример, кога го проучуваме принципот на покајание, важно е да се разбере како да се покаеме. Но исто така од суштинско значење е да се сетите што Исус Христос направил за да го овозможи покајанието и да разберете што тоа (покајанието) нé учи за Него, за Неговата вистинска природа и особини. Што можноста да се покаеме кажува за Неговата љубов, трпение и милостивост, за Неговата верба во нашиот божествен потенцијал, за Неговата подготвеност да ги искупи нашите гревови, како и за радоста што Тој ја наоѓа во простувањето? А разбирањето На неговите титули—како што е Јагнето Божје, Искупител, и Исцелител—ни помагаат да уочиме дека покајанието е Негова покана да нé очисти, промени и исцели. Кога се фокусираме на она што Тој го направил за нас и на тоа што Тој вели за себе може да ни помогне да имаме „вера во покајанието“.

На моменти, можеби нема веднаш да ги видиме особините на Спасителот наведени во некој запис од светото писмо. На пример, кога читаме како Нефи изградил брод, можеби се фокусираме само на Нефи. Но кога се фокусираме на Спасителот може да ни помогне да увидиме дека овој запис не е сочуван за да нé поучи за величината на Нефи, туку за да ни ја покаже големината на Бога—дека Тој ни дава сила да ги одржиме Неговите заповеди и да не избави секогаш кога ни е потребно.

Ние исто така можеме да се фокусираме на централната улога која Исус Христос ја има во Неговиот совршен план за среќа. Тој може да го смени курсот на нашите животи, да ги види нашите околности преку објективот на Божјиот вечен план, наместо да го види планот преку објективот на нашите земни околности. Евангелието не е список на барања; тоа е добрата вест дека Исус Христос надминал грев и смрт. Преку пристапување до Божјата извонредна благодат преку одржување на заветите склучени со Бога, можеме да живееме радосно сега и да се подготвиме за живот со нашиот Отец на Небесата во вечноста. Како што учиме да го гледаме Небесниот Отец и Спасителот во светите писма, ќе ги запознаеме подобро и ќе ја гледаме Нивната љубов и влијание почесто и помоќно во нашите животи.

Јас секогаш ќе се сеќавам на Духот што го почувствував кога нашата професорка нé поучуваше за последните денови на животот на Спасителот. Ни помогна да го увидиме значењето на настаните во погорната соба, Гетсиманија, Голгота и празниот гроб. Ја сподели со нас неговата длабока благодарност за Спасителот и неговата желба што нé согорува да го следиме. Нејзините учења беа покана до Светиот Дух да сведочи за Исус Христос. И Духот кој го почувствував во класот, ја продлабочи мојата вера и ја зголеми мојата љубов и почит кон Спасителот. Мотивацијата на таа професорка остана со мене во текот на целиот мој живот. Како што беше кажано од друг професор: „Би можеле да ги загрееме нашите раце со огнот на неговата вера“.

Заклучок

Во нашите домови и на црковните средби, додека се фокусираме на Исус Христос, ја поучуваме Неговата доктрина, и вредно учиме, ние го каниме Светиот Дух да ја продлабочи нашата вера во Исус Христос и да ни помогне да станеме послични на Него, што е целта на сите евангелски поучувања и учења.

Наставен дијаграм

Јас сум благодарен за поучувачите во мојот живот, од божествените родители и локалните водачи и предавачи, до мажите и жените кои биле повикани да поучуваат и да сведочат од оваа говорница, кои ни помогнаа да го запознаеме и следиме Исус Христос. А благодарен сум и за Светиот Дух, совршениот ментор. Преку Светиот Дух јас дознавам дека Небесниот Отец нé сака и има совршен план за нас, дека Исус е Христос, Спасителот и Искупителот на светот, и дека Неговото евангелие и Црква се обновени. Јас благодарно сведочам за овие работи во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Види Учењата и Заветите 42:17.

  2. Види Морони 10:5.

  3. Јован 14:26.

  4. Види Russell M. Nelson, “Revelation for the Church, Revelation for Our Lives,” Liahona, May 2018, 93–96; „Него слушајте Го“, Лијахона, мај 2020, 00; “What We Are Learning and Will Never Forget,” Liahona, May 2021, 78–80; „Размислувајте Селестијално!“, Лијахона, ное. 2023, 00; “Confidence in the Presence of God,” Liahona, May 2025, 127–29.

  5. Види Учењата и Заветите 42:14.

  6. Види и Проповедај го Моето евангелие: Водич за Споделување на Евангелието на Исус Христос (2023), 180–81.

  7. Види Поучување на начинот на Спасителот (2024), 24–27.

  8. Види Поучување на начинот на Спасителот, 26.

  9. Види Учењата и Заветите 88:122.

  10. Види Јован 7:17.

  11. Види Учењата и заветите 19:23.

  12. Види Расел М.Нелсон, „Надминте го светот и најдете спокој“, Лијахона, ное. 2022, 00.

  13. Види Матеј 13:1–9, 18–23; 3 Нефи 17:3.

  14. Види Матеј 16:13–17; Морони 6:5; Учењата и заветите 88:122.

  15. Види Лука 10:36–37; Јаков 1:22; Мосија 4:10.

  16. Види Лук 22:31–32; Јован 17; 3 Нефи 17:15–18; 19:19–23, 27–34;

  17. Види Поучување на начинот на Спасителот, 12–15.

  18. Старешината Дејвид А. Беднар поучувал: „Ученикот кој го користи своето право на слободен избор дејствувајќи во согласност со точните принципи си го отвора срцето за Светиот Дух и го кани Неговото учење, ја носи неговата моќ на сведоштво и го носи Неговото потврдувачко сведоштво. Учењето преку вера бара духовен, ментален и физички напор, а не само пасивно примање. Во искреноста и доследноста на нашето дело инспирирано од верата, им ја покажуваме на нашиот Небесен Отец и на Неговиот Син, Исус Христос, нашата подготвеност да учиме и да добиваме упатства од Светиот Дух. Според тоа, учењето преку вера вклучува практикување на моралното право на слобода на избор да се дејствува според уверувањето за работите за кои се надеваме и повикува на доказ за работите кои не ги гледаме од единствениот вистински учител, Духот Господов“ (“Seek Learning by Faith,” Ensign, Sept. 2007, 64).

  19. Види Поучување на начинот на Спасителот.

  20. Види 1 Нефи 15:14.

  21. Јован 7:16.

  22. Види 2 Нефи 32:3.

  23. Види Второзаконие 6:5–7.

  24. Види Евреите 10:25; Морони 6:5.

  25. Старешина Роберт Д. Хејлс поучуваше: „Кога сакаме да му зборуваме на Бога, ние се молиме. А кога сакаме Тој да ни зборува нам, пребаруваме по светите писма; зашто Неговите зборови се кажани преку Неговите пророци. Тој потоа ќе нé поучи, кога ги слушаме поттикнувањата од Светиот Дух“ (“Holy Scriptures: The Power of God unto Our Salvation,” Liahona, Nov. 2006, 26–27).

  26. Види Поучување на начинот на Спасителот, 6–7.

  27. Учењата и заветите 20:79.

  28. Види Јован 14:6; Teachings of Presidents of the Church: Howard W. Hunter (2015), 306–8.

  29. Види Lynnette McConkie, “Elder Gerrit W. Gong: The Missionary Purpose in ‘Repentance, Commitment, Conversion,’” Church News, June 21, 2025, thechurchnews.com.

  30. Алма 34:15.

  31. Види 1 Нефи 3:7.

  32. Види 1 Нефи 1:20.

  33. Види Алма 33:22–23; Учењата и Заветите 76:40–42.

  34. Boyd K. Packer, “A Tribute to the Rank and File of the Church,” Ensign, May 1980, 62.

  35. Види Come, Follow Me—For Home and Church: Doctrine and Covenants 2025, 1.

  36. Види Етер 12:41.