Генерална Конференција
Дознајте Кои Сте Навистина
Oктомври 2025 генерална конференција


10:46

Дознајте Кои Сте Навистина

Без разлика од каде сте на нашиот пат на учеништво, нашите животи ќе се сменат од корен ако подобро разбираме кои навистина сме.

Пред неколку години, нашата ќерка имаше длабоко искуство на нејзината мисија. Со нејзина дозвола, јас споделувам извадок од тоа што таа ни го напиша нам таа недела:

„Вчера, член што се враќа побара од нас да дојдеме колку што е можно поскоро. Кога пристигнавме, ние ја пронајдовме неа на подот, како лелекаше неконтролирано. Низ солзите, ние пронајдовме дека таа ја загубила работата, ќе беше исфрлена од станот, и повторно, ќе станеше бездомник.“

Нашата ќерка продолжи: „Јас започнав избезумено да ги пребарувам светите писма, обидувајќи се да пронајдам нешто—било што ќе и помогне. Додека го барав совршениот стих, јас помислив, Што правам? Ова не е она што Христос би го правел. Ова не е проблем што јас можам да го решам, туку ова е буквално ќерка на Бог на која и треба моја помош. Па, ги затворив моите писма, клекнав пред неа, и ја држев додека довикувавме заедно, додека таа да биде спремна да стане и да се соочи со овој испит.

Откако оваа жена беше утешена, нашата ќерка потоа ги искористи светите писма да се обиде да помогне на неа да разбере реалноста за нејзината божествена вредност и да поучува едни со други една од најосновните вистини на нашето постоење—дека сите ние сме возљубени синови и ќерки на Бог, а Бог кој осеќа совршено сочувство за нас кога страдаме и е подготвен да ни помогне додека повторно се креваме.

Го обединувам моето сведоштво со оние на многу други Свети дека Бог е нашиот сакан Небесен Отец. Секоја последователна вистина се гради на основно разбирање за тоа кои навистина сме.

Сузан Х. Портер, Генерален Претседател на Основно, поучуваше: Кога знаете и разбирате дека целосно сте сакани како дете на Бог, тоа менува сѐ. Го менува начинот на кој размислувате за себе кога правите грешки. Го менува начинот на кој чувствувате кога тешки нешта се случуваат. Го менува вашето гледиште за Божјите заповеди. Го менува начинот на кој гледате на другите, и вашата способност да направите разлика.“

Оваа промена е илустрирана додека читаме за искуството кое Мојсеј го имаше кога разговараше со Бог лице в лице. За време на тој разговор, Бог постојано го поучуваше Мојсеј за неговото божествено наследство, велејќи „Мојсеј, ти си Мој син.“ Бог објаснуваше дека Мојсеј беше сличен на Неговиот Единороден. Мојсеј свати кој беше тој, дека имаше дело да спроведе, и дека имаше прекрасен Небесен Отец.

После ова искуство, непријателот дојде искушувајќи го него и веднаш му се обрати, „Мојсеј Сину човечки.“ Ова е вообичаена и опасна алатка во арсеналот на непријателот. Додека нашиот Небесен Отец постојано и прекрасно не потсеќа дека ние сме Негови деца, непријателот секогаш ќе се обиде да не етикетира преку нашите слабости. Но Мојсеј веќе беше научил дека тој беше повеќе од само „човечки син.“ Тој му објави на Сатана, „Кој си ти? Зашто ете, Јас сум Божји син.“ Слично, кога сме соочени со смртни предизвици односно кога се осеќаме дека било кој се обидува да не етикетира преку нашите слабости, ние треба да стоиме цврсто во знаење за тоа кои сме ние. Ние мораме да бараме одобрување вертикално, а не хоризонтално. И додека го правиме тоа, ние исто можеме храбро да прогласиме, „Јас сум дете на Бог.“

Во сесија ширум светот за млади возрасни, Претседател Расел М. Нелсон поучуваше: „Па кои сте вие? Најпрвин и најважно, вие сте деца на Бог, деца на завет, и ученици на Исус Христос. Додека ги прифаќате овие вистини, нашиот Небесен Отец ќе ви помогне да ја постигнете вашата крајна цел да живеете вечно во Негово Свето Присуство.“

Не е случајно дека најверојатно најповторувано свето писмо, Бог не потсеќа дека нашата врска со Него. Од сите имиња, Тој може да биде идентификуван преку сакраментална молитва, Тој побара да биде наречен „Бог, Вечниот Отец.“

Додека навистина сознаваме кои сме, ние ќе веруваме посилно во нашиот прекрасен Небесен Отец кој обезбеди план за нас да се вратиме да живееме со Него повторно. Старешина Патрок Керон поучуваше, „Чудесниот план на Нашиот Отец, и тоа Неговиот прекрасен, план е осмислен да ве донесе дома, а не да ве задржи надвор.… Бог е во немилосрдна потрага по вас.“ Размислете за тоа за момент—нашиот семоќен, прекрасен Небесен Отец е во „немилосрдна потера по вас.“

Без разлика од каде сте на нашиот пат на учеништво, нашите животи ќе се сменат од корен ако подобро разбираме кои навистина сме. Смеам ли да предложам два начини на кои можеме да го продлабочиме ова разбирање.

Најпрвин, Молитва

Додека Спасителот започнуваше со Неговото смртно служење, тој беше воден во дивината да „биде со Бог.“ Можеби ние треба да го завртиме нашиот менталитет подалеку од едноставно кажување молитви до одвојување доволно време за навистина на се причестиме со и да „бидеме со Бог“ секој ден.

Јас дознав дека квалитет на моите молитви се подобрува додека јас одвојувам неколку минути да се подготвам да зборувам со Мојот Отец. Светите писма ни покажуваат дека ова е модел што делува. Било да е Џозеф Смит; Нефи, синот на Хеламнан; односно Енос, сите имаат форма на размислување и одразување пред нивните запишани разговори со Бог. Енос кажа дека неговата душа гладуваше додека световите на неговиот татко потонаа длабоко во неговото срце. Секој од овие примери не поучува за потребата за духовна подготовка за наше време секој ден да „се биде со Бог.“

До Нефитите, Спасителот даде инструкции, „Кога се молиш ти, „влези во твојот шкав, и кога си ја затворил вратата, моли се на Отецот.“

Било да е во шкав или спална соба, принципот е да се пронајде место каде што ќе се биде сам за молење, да се дозволи на твојата душа да биде мирна, и да се осети поттикнувањето на „мирниот мал глас.“ Ние можеме да се подготвиме размислувајќи за нештата за кои сме благодарни и за прашањата односно грижите кои ќе сакаме да ги донесеме пред нашиот Отец. Ние не треба да се стремиме да имаме тивок начин на молитва, туку да зборуваме со нашиот Отец, гласно ако е возможно.

Јас сфаќам дека во хаосот на нашите животи, кога се бориме со палавковци или трчаме помеѓу состаноци, можеби немаме луксуз на тивки гардерови и внимателна подготовка—но оние тивки, брзи, и ургенти молитви може да се многу позначајни кога ќе направиме напор да се „биде со Бог“ порано во денот.“ порано во денот.

Може да има некој што не се молел подолго време или други кои не почувствувале дека нивните молитви се слушнати. Јас ветувам дека вашиот Небесен Отец ве знае, ве љуби, и сака да слушне од вас. Тој сака да комуницира со вас. Тој сака да се сетите кои сте.

Претседател Џефри Р. Холанд неодамна поучуваше, „Колку и да се молите, молете се повеќе. Колку тешко и да се молите, молете се посилно.“

Дополнително со зголемување на фреквенцијата и жестокоста на нашите молитви, проучувајќи ја Книгата на Мормон дневно и обожавајќи во храмот ќе ни помогне на нашите умови за откровение. Додека се стремиме да ја подобриме нашата комуникација со нашиот Небесен Отец, Тој ќе не благослови нас да се чувствуваме подлабоко дека сме Негови деца.

Второ, Дојдете да Знаете Дека Исус Е Христос

Најголемиот приказ за љубовта на Небесниот Отец е за нас како Негови деца е реалноста дека Тој го прати Неговиот Син, нашиот сопствен Спасител, да ни помогне да дојдеме дома. Затоа, треба да го знаеме Него.

Пред години, додека служевме како претседател на кол, јас поднесов препорака за брат да служи како обреден работник во храмот. После објаснување каков е прекрасен обреден работник, јас нестрасно притиснав „не го одобрувајте“ што ја поднесе препораката. После неуспешно обидување да се поврати пораката, јас го повикав храмскиот претседател и реков, „јас направив ужасна грешка.“ Овој добар храмски претседател кажа, „Претседателе Ајри, не постои ништо кое што си го направил што не може да биде опростено и на крај коригирано.“ Колку голема вистина. Навистина, Исус Христос е „семоќен да спасува.“

Во 2019 постоеше длабока промена во храмските прашања за препорака. Претходно, едно прашање постави дали имаш сведоштво за Исус Христос како улога за нашиот Спасител и Искупител. Сега прашува дали си имал сведоштво за Неговата улога како вашиот Спасител и Искупител. Помирувањето на Исус Христос не само што делува на други; делува за тебе и мене. Тој е нашиот Спасител. Тој е ваш Спасител. Индивидуално. Само преку Него можеш ти и Јас да се вратиме да бидеме со нашиот Отец.

Па, браќа и сестри, да го бараме Него. Да проучуваме за Неговата божествена врска со Отецот и со секој од нас. Да искусиме песна за искупувачка љубов која доаѓа лично до секој од нас низ нашиот Искупител додека се каеме. Додека ние го знаеме „тој што е моќен да спасуве,“ ние ќе сфатиме дека сме, деца на Бог, сме Негова радост, Негов најважен фокус и сме секако сите вредни за спасување.

Јас сведочам за љубезниот и сакан Небесен Отец. Додека сваќаме за оваа вечна судбина преку семоќна молитва, лично откровение, и доаѓање при Исус Христос, ние можеме сега и секогаш храбро да изјавиме „Јас сум дете на Бог.“ Во името на Исус Христос, амин.