Генерална Конференција
Никој да не седи сам
Oктомври 2025 генерална конференција


14:3

Никој да не седи сам

Да се живее евангелието на Исус Христос вклучува оставање простор во Неговата обновена Црква.

I.

Цели 50 години, проучував култури, вклучувајќи ја и евангелската култура. Започнав со кинески колачиња наречени: форчан кукис (колачи кои содржат парче хартија со претскажување или поговорка).

Во кинескиот кварт на Сан Франциско Чајнатаун, семејните вечери на семејството Гонг завршуваа со форчан кукис во кои имаше по некоја мудра изрека како: „Секое патување од илјадници милји започнува со еден едноставен чекор“.

Среќата во едно форчан куки

Кога бев млад повозрасен човек, јас приготвив форчан кукис. На себе носев бели памучни нараквици, ги превиткав и обликував тркалезни колачиња сé уште топли од рерната.

Како се прават форчан кукис
Превиткување на форчан куки

На мое изненадување, дознав дека форчан кукис не потекнуваат од кинеската култура. За да направам разлика помеѓу кинеската, американската и европската култура на форчан кукис, јас пребарував „fortune cookies on multiple continents“— исто како што некој би користел повеќе локации за триангулација на шумски пожар. Кинеските ресторани во Сан Франциско, Лос Анџелес и Њујорк служат форчан кукис, но не и оние во Пекинг, Лондон и Сиднеј. Само Американците прославуваат Национален ден на форчан кукис. Единствено кинеските реклами нудат „Автентични американски форчан кукис“.

За среќа форчан кукис се само еден забавен, едноставен пример. Но истиот принцип на споредување на културните практики во различни културни опкружувања може да ни помогне да ја препознаеме евангелската култура. И сега Господ отвора нови можности за учење на евангелската култура, како што алегориите од Книгата на Мормон и пророштвата од Новиот завет се исполнуваат.

II.

Насекаде луѓето се преселуваат. Обединетите нации пријавија 281 милион меѓународни мигранти. Ова се 128 милиони повеќе луѓе отколку во 1990 и три пати повеќе од бројот на проценети раселени лица во 1970 година. Насекаде, рекорден број на преобратени лица ја пронаоѓаат Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни. Секој Сабат, матичните членови и пријателите од 195 земји и територии се собираат во 31 880 црковни конгрегации. Зборуваме на 125 јазици.

Средба со Светците во Албанија
Средба со Светците во Северана Македонија
Средба со Светците во Косово
Средба со Светците во Швајцарија
Средба со Светците во Германија
Средба со Светците во Германија

Неодамна во Албанија, Северна Македонија, Косово, Швајцарија и Германија, бев сведок како новите членови ја исполнуваат алегоријата со маслиновото гранче од Книгата на Мормон. Во Јаков 5, Господарот на Лозјето и неговите слуги ги зајакнуваат корените и гранките на маслиновите дрвја со собирање и взаемно калемење на оние од разновидни локации. Денес Божјите чеда се собираат како едно во Исус Христос: Господ нуди извонредни природни средства за проширување на нашата проживеана полнота и на Неговото обновено евангелие.

За да нé подготви за небесното царство, Исус ја раскажува параболата за тајната вечера и онаа за свадбената гозба. Во овие параболи, поканетите гости измислуваат изговори да не доаѓаат. Учителот им дава упатства на своите слуги „да одат брзо по плоштадите и улиците градски“ и „по патиштата и меѓу оградите“ и да ги донесат тука „сиромашните, сакатите, куците и слепите“. Кога зборуваме духовно, тоа е секој од нас.

Светото писмо изјавува:

„Сите народи ќе бидат повикани“ на „вечера во Господовиот дом“.

„Подгответе пат за Господа … за да се прошири неговото царство по земјата, за да можат неговите жители да го добијат, и да бидат подготвени за деновите кои доаѓаат“.

Денес, поканетите на Господовата вечера доаѓаат од секое место и култура. Стари и млади, богати и сиромаси, локални и глобални, ние правиме нашите локални конгрегации да изгледаат како наши заедници.

Како главен апостол, Петар виде како небесата отвораат некоја визија за „некое големо платниште врзано за четирите краишта … во него имаше секакви четвороножни животни … ѕверови“. Петар поучуваше: „Навистина сфаќам дека Бог не гледа на лицата. … Во секој народ оној што има страв од [Господарот], и кој твори правда, е прифатлив за Него“.

Добриот Самарјанин

Во параболата за добриот Самарјанин, Исус нé кани да дојдеме едни кај други и кај Него во Неговата гостилница—Неговата Црква. Тој нé кани да бидеме добри соседи. Добриот Самарјанин ветува дека ќе се врати и ќе ја награди грижата за оние од Неговата гостилница. Да се живее евангелието на Исус Христос вклучува да се пронајде место за сите во Неговата обновена Црква.

Духот на „простор во гостилницата“ имплицира на тоа „никој да не седи сам“. Кога доаѓате во црква, ако забележите дека некој седи сам, дали ќе го поздравите и ќе седнете до него? Ова можеби не е ваша навика. Лицето можеби изгледа или зборува поинаку од вас. И секако, како што можеби се вели во форчан кукис: „Патувањето на евангелското пријателство и љубов започнува со првото здраво и никој да не седи сам“.

„Никој да не седи сам“ исто така значи никој да не седи сам емоционално или духовно. Тргнав со еден татко со скршено срце за да го посетам неговиот син. Пред неколку години, синот беше возбуден што станува нов ѓакон. Приликата налагаше неговото семејство да му го купи првиот пар нови чевли.

Но во црква, ѓаконите му се потсмевале. Неговите чевли беа нови, но не и модерни. Засрамен и повреден, младиот ѓакон кажал дека тој никогаш нема повторно да стапне во црква. Моето срце е сé уште скршено за него и за неговото семејство.

На прашливите патишта кон Ерихон, секој бил исмејуван, засрамен и повреден, можеби презиран и малтретиран. И, со различни степени на намера, секој од нас исто така е занемаруван, се чувствувал невиден или нечуен, можеби намерно повредуван од другите. Токму поради фактот што сме биле повредени и сме ги повредувале другите, Исус Христос нé носи сите во Неговата гостилница. Во Неговата Црква и преку Неговите обреди и завети, ние доаѓаме едни кај други и кај Исус Христос. Ние сакаме и сме сакани, служиме и ни се служи, простуваме и сме простени. Ве молам запомнете, „земјата нема тага што небесата не можат да ја исцелат“: земните тешкотии олеснуваат—радоста на Спасителот е вистинска.

Во 1 Нефи 19, читаме: „Да дури и самиот Бог Израелев луѓето го газат со своите нозе; … го отфрлаат. … Затоа, Го камшикуваат и Тој тоа го трпи; го удираат, и тој тоа го поднесува. Да, плукаат по него, а тој тоа го поднесува“.

Мојот пријател професорот Тери Ворнер тврди дека судењето, камшикувањето, тепањето и плукањето не биле повремени настани што се случувале само за време на Христовиот смртен живот. Начинот на кој се однесуваме едни кон други, особено кон гладните, жедните, осамените—е начинот на кој се однесуваме кон Него.

Во Неговата обновена Црква сите се чувствуваме подобро кога никој не седи сам. Ајде да не се сведе сето тоа на пронаоѓање на место за седење или толерирање. Ајде искрено да пречекуваме, да признаваме, да служиме, да сакаме. Нека секој пријател, сестра, брат не биде странец или непознат човек туку дете дома“.

Жена седи сама во црква

Денес многумина се чувствуваат осамени и изолирани. Социјалните медиуми и вештачката интелигенција можат да нé остават жедни за човечка блискост и допир. Ние сакаме да си ги слушнеме гласовите. Сакаме автентична припадност и љубезност.

Да се седи со пријателите во црква

Постојат многу причини поради кои чувствуваме дека не се вклопуваме во црква—што, значи, зборувајќи фигуративно, ние седиме сами. Можеби сме загрижени за нашиот акцент, облека, семејна ситуација. Можеби се чувствуваме несоодветни; мирисаме на чад; копнееме кон морална чистота; сме раскинале со некого и се чувствуваме повредени и засрамени; загрижени сме за оваа или онаа црковна политика. Можеби сме немажени, разведени, вдовец или вдовица. Нашите деца се гласни; ние немаме деца. Не сме отслужиле мисија или не сме успеале да отслужиме мисија. Списокот се проширува.

Мосија 18:21 нé кани да ги поврземе нашите срца во взаемна љубов. Ве канам помалку да се грижиме, помалку да осудуваме, помалку да очекуваме од другите—и, кога е потребно, да бидеме помалку строги кон себе. Нема да го создадеме Сион за еден ден. Но секое „здраво“, секој топол гест, го приближува Сион. Ајде што повеќе да му веруваме на Господ и да избереме радосно да се покоруваме на Неговите заповеди.

III.

Доктринарно, во домот на верниците и заедницата на светителите, никој не седи сам поради заветната припадност во Исус Христос.

Пророкот Џозеф Смит поучуваше: „На нас е оставено да ја видиме, да учествуваме и да помогнеме да продолжи напред славата на Светците од подоцнежните дни, ‘евангелската епоха на уредување и исполнување на времињата … ,’ кога Божјите светци ќе се соберат по еден од секоја нација, колено и народ“.

Бог „не правеше ништо што не е за доброто на светот; … за да ги приближи сите мажи [и жени] кон себе. …

„… Тој ги покани сите да дојдат кај него и да земат дел од неговата добрина; … и сите се слични на Бога“.

Преобратувањето во Исус Христос бара од нас да го оставиме природниот човек и световната култура. Како што поучува Претседателот Далин Х. Оукс, ние мора да се откажеме од сите традиции и културни практики што се спротивни на Божјите заповеди и да станеме Светци од Подоцнежните Дни. Тој појаснува: „Постои единствена евангелска култура, збир на вредности и очекувања и практики што се заеднички за сите членови на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни“. Евангелската култура вклучува чедност, неделно присуство во црква, воздржаност од алкохол, цигари, чај и кафе. Таа вклучува чесност и интегритет; разбирање дека се движиме нанапред, а не наназад или надолу во црковните позиции.

Учам од верниците и пријателите во секоја земја и култура. Светите писма изучувани на повеќето јазици и културни перспективи го продлабочуваат евангелското разбирање. Различното иразување на Христијански особини ја продлабочуваат мојата љубов и разбирање за Спасителот. Сите се благословени кога го дефинираме сопствениот културен идентитет, како што Претседателот Расел М. Нелсон поучува, како Божје дете, дете на заветот, ученик на Христос.

Спокојот на Исус Христос е наменет за нас лично. Неодамна, еден млад маж искрено праша, „Старешина Гонг, можам ли и покрај сé, да одам во рајот?“ Тој се прашуваше дали некогаш ќе му биде простено. Јас прашав во негово име, слушав внимателно, го поканив да разговара со својот епископ, и силно да го прегрне. Тој замина со надеж во Исус Христос.

Го спомнувам младиот човек во друго опкружување. Подоцна, добив непотпишано писмо кое почнува вака: „Старешина Гонг, мојата сопруга и јас одгледавме девет деца … и отслуживме две мисии“. Но „јас секогаш чувствував дека нема да ми биде дозволено селестијалното царство … бидејќи моите гревови како млад беа толку лоши!“

Писмото продолжува: „Старешина Гонг, кога зборувавте за младиот маж кој стекна надеж за прошка, бев исполнет со радост, почнувајќи да сфаќам дека можеби мене [може да ми биде простено].” Писмото завршува: „Јас дури си се допаѓам сам на себе сега!“

Заветната припадност се продлабочува кога се среќаваме кај Господа во Неговата гостилница. Господ нé благословува кога никој не седи сам. И кој знае? Можеби лицето до кое седиме може да стане нашиот најдобар форчан кукис пријател. Нека најдеме и отстапиме место за Него, и еден за друг на вечерата на Јагнето, се молам искрено во светото име на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Види “Fortune Cookies Didn’t Come from China,” Royal Examiner, Dec 26, 2021, royalexaminer.com/fortune-cookies-didnt-come-from-china; “National Fortune Cookie Day,” Days of the Year, daysoftheyear.com/days/fortune-cookie-day.

  2. Процесот на културна триангулација може да помогне и да се направи разлика што може да се смета за евангелска култура, локална национална култура и современа космополитска култура

  3. International Organization for Migration, World Migration Report 2024, 21, publications.iom.int/books/world-migration-report-2024. „Во 2022 година, имаше 117 милиони раселени лица низ целиот свет и 71,2 милиони внатрешно раселени лица“. (World Migration Report 2024, xii).

  4. Види Јаков 5.

  5. Секоја јазик и култура има зборови и користени изрази кои ги опишуваат нежните и грижливи работи почувствувани од срце. Нашата жива полнота на Неговото обновено евангелие се проширува кога ние учиме едни од други. Неодамна сестрите Анали (по потекло од Минхен) и Сузи Мајерс, Старешина Ерих и сестра Кристијана Копишке, Старешина Јорг и сестра Јулија Клебинат, споделија уникатни германски зборови кои допираат до срцето. Чувствата кои овие зборови ги опишуваат ја надминуваат формалноста. Ја надминуваат рутината или должноста. Овие чувства зборуваат за срцето, за топлината, за блиските односи; за духовната радост во нашите божествени души. Овие специјални зборови на германски се Gemütlichkeit(удобност) and gemütlich(пријатно), Heimat(татковина), Heimweh(носталгија), Geborgenheit(безбедност), Zuflucht(засолниште), Herzensangelegenheit(многу лично прашање), Herzensmensch(срдечна личност), и Schummerstunde(самрак) (еден редок и поетски израз од северот).

  6. Лука 14:21, 23. На сличен начин, во параболата за свадбарската гозба, кога поканетите гости не пристигнале, царот им дал упатства на неговите слуги да одат и да соберат по „патиштата“ „колкумина ќе најдете поканете ги на свадба“ (Матеј 22:9).

  7. Учењата и заветите 58:9; види и Учењата и заветите 58:6–8, 10–12.

  8. Учењата и заветите 65:3, 5; види и Учењата и заветите 33:17.

  9. Дела 10:11–12, 34–35; види и Дела 10:9–10, 13–18, 24–33, 44–48; 11:1–18; 15:6–11.

  10. Сликата како ние се приближуваме едни кон други и кон Него во Неговата гостилница е изразена во 3 Нефи 18:32. „Никој не седи сам“ во нашите места за богослужење,и нашето непрекинато топло взаемно служење, секако може да бидат средствата преку кои ние и тие „ќе се вратат и покајат и ќе дојдат кај [Него] со полна одлучност на срцето, и [Тој] ќе ги исцели; и [ние] ќе бидеме средството преку кое ќе им се донесе спасение“.

  11. Учењата и заветите 104:15, 17 нé потсетува, „Сé е негово [Господово]“ и „земјата е полна и има доволно за да се заштеди“. Соодветно, сиромавите и богатите се за секој да биде возвишен и да биде понижен. На сличен начин, царот Бенџамин прашува : „Зашто ете, зарем не сме сите ние просјаци?“ Така и богатите и сиромашните се доброволно обврзани да: „давајте си еден на друг она што имате“ (Мосија 4:19, 21; види и стихови 25–27).

  12. Во „Come, Ye Disconsolate“ (Hymns, no. 115), Томас Море запишал: „Come to the mercy seat, fervently kneel (Дојдете до престолот на милоста, ревносно клекнати. Here bring your wounded hearts, here tell your anguish heal. (Овде принесете ги вашите ранети срца, Here Earth has no sorrow that heav’n cannot heal.” („Земјата нема тага што небесата не можат да ја исцелат“.)

  13. 1 Нефи 19:7, 9. Во Проповедтта на Гората, Господ вели: „На оној кој ќе те удри по едниот образ заврти му го и другиот; а на оној што сака да ти ја земе наметката подај му ја и кошулата“ (Лука 6:29).

  14. Види Матеј 25:35–40.

  15. “No more a stranger nor a guest, but like a child at home” (“My Shepherd Will Supply My Need,” Hymns—For Home and Church, Gospel Library).

  16. Евангелието на Исус Христос го надминува времето и културите. Тоа е извонредно сведоштво за мене дека Книгата на Мормон поучува за полнотата на евангелието на Исус Христос во контекстот на древните културни опкружувања во американските земји.

  17. Како што нé поучуваше пророкот Џозеф смит и неговите советници од Првото Претседателство во Teachings of Presidents of the Church: Joseph Smith (2007), 513; види и Ефесјаните 1:10.

    Денес членовите на Црквата живеат во широк спектар на политички, социјални и економски услови. Нашите оддели и гранки се менуваат по големина и ресурси за водачи. Принципите на „униформност и прилагодливост“ можат да ни помогнат да го зајакнеме семејството и Неговата обновена Црква на евангелски начини каде и да живееме (види Handbook 2: Administering the Church [2010], 17.0).

  18. 2 Нефи 26:24, 33, додаден акцент; види и 2 Нефи 29; Алма 29:8. Учењата и заветите 90:11 ветува „дека секој човек ќе ја слушне полнотата на евангелието на својот мајчин јазик, на својот сопствен јазик“. Ова ветување е исполнето кога ги зближуваме лингвистичките јазици и евангелски културен јазик во нашите домови и Црква.

  19. See Dallin H. Oaks, “Repentance and Change,” Liahona, Nov. 2003, 37–40.

  20. Dallin H. Oaks, “Repentance and Change,” 39.

  21. Види Dallin H. Oaks, “Repentance and Change,” 38–39.

  22. Види Поставки на верата 1:13. Како што разни гранки и корени се испреплетуваат како едно во Исус Христос, откриваме повеќе работи што се „добродетелни, прекрасни или на добар глас односно што заслужуваат пофалба“. Го гледаме првиот последен и последниот прв. Се радуваме кога учениците поучуваат а предавачите учат. Сé е разбрано, сите се просветлени и се радуваат заедно (види Учењата и Заветите 50:22).

  23. Види Russell M. Nelson, „Choices for Eternity” (worldwide devotional for young adults, May 15, 2022), Gospel Library.

  24. Џедедија М. Грант, кој служеше во Првото претседателство со Бригам Јанг, извести за една визија од духовниот свет што вклучуваше многу видови прекрасни цвеќиња кои цветаат заедно, можеби како метафора за единство и убавина во различноста. „Видов прекрасни градини на оваа земја, но никогаш не сум видел такви што може да се споредат со оние што беа тука“, рече тој. „Видов цвеќиња од најразлични видови, некои со педесет до сто цветови од различни бои кои растат на едно стебло.“ Тој ја доживеал „убавината и славата на духовниот свет каде што се собрани праведните духови“ (“Remarks, at the Funeral of President Jedediah M. Grant, by President Heber C. Kimball,” Deseret News, Dec. 10, 1856, 317, newspapers.lib.utah.edu/details?id=2574673).

    Претседателот Дејвид О. Мекеј, исто така, запишал сон или визија за вечниот град Божји каде што видел дрвја, овошја, грмушки и цвеќиња во полн расцут. „Ми се чинеше дека дрвја со сочни плодови, грмушки со убаво обоени лисја и цвеќиња во полн расцут изобилуваа насекаде“ (Teachings of Presidents of the Church: David O. McKay [2003], 1).