Генерална Конференција
Господ го забрзува Своето дело
Oктомври 2025 генерална конференција


14:55

Господ го забрзува Своето дело

Како што Господ го забрзува Неговото дело, така ние треба да ги сакаме, да ги негуваме и да им служиме на оние кои го прифатиле Неговото евангелие.

Чарлс Дикенс го започна својот класичен роман Приказната за двата града со тврдењето дека „Беа најдобрите, беа најлошите времиња“. На некој начин, ова е вистина и денес.

Живееме во турбулентно време кога „целата земја [е] вознемирена“. Опомената на Претседателот Расел М. Нелсон, како следбеници на Исус Христос, да бидеме миротворци беше убаво нагласена ова утро од Старешина Гери Е. Стивенсон. Ова е основа за поттикнување на единство, мир, исцелување за „најлошите времиња“.

Ние исто така живееме во „најдобрите времиња“, што ќе биде мојот акцент. Господ во предговорот на Учењата и Заветите, дел 1, изјави, полнотата на евангелието ќе биде „изјавувана … до сите краеви на светот“. Господ навистина го забрзува Неговото дело во вистинското време. Ние треба да бидеме длабоко благодарни за забрзувањето, кое се случувало и се случува и покрај овие предизвикувачки времиња. Живееме во време кога Господовите следбеници ја имаат привилегијата да го слушнат Неговиот глас и да одговорат со сочувство и приемчивост. Членовите на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, кои се верни на Спасителот и Неговите заповеди, наоѓаат смисла и длабок внатрешен мир.

Во различни фази од историјата на Црквата, имало значително зголемување на оние кои стапнале на заветниот пат“. Еден таков период се случи помеѓу 1837 и 1850 година. Неколку од првите Апостоли во Господовата обновена Црква служеле мисии во Обединетото Кралство. Како резултат на овие мисии илјадници луѓе се приклучија на Црквата, и до 1850 година имаше повеќе членови на Црквата кои живеат во Обединетото Кралство отколку во Соединетите Држави. Во тоа време, Господ им нареди на овие Светци да се соберат во Јута. Се случи масовна миграција, некои луѓе поддржани од заеми се издржаваа преку Фондот за Вечна Имиграција.

Ми се допаѓа записот за пристигнувањето на голем број на преобратеници од Англија и Велс во долината Солт Лејк во 1852 година. Групата беше пречекана од Првото Претседателство на устието на кањонот Имиграција, во придружба на оркестарот на капетанот Пит. Весникот Deseret News ги опишува како „група на поклоненици [што вклучува] сестри и деца, кои одат, изгорени од сонцето, заморени од времето, но не и безнадежни; нивните срца беа лесни и весели, што јасно се манифестира од нивните среќни и радосни лица“.

Додека „поминуваа покрај храмскиот блок, … илјадници мажи, жени и деца, се собираа од различни страни на градот, да се обединат во славното и радосно пречекување“. Претседателот Брингам Јанг им се обрати: „Нека ве благослови Господ, Бог на Израел. … Постојано се молевме за вас; беа понудени илјадници молитви, од ден во ден, до Оној кој заповеда да се собере Израел, за да се спасат децата човечки со тоа што ќе се проповеда евангелието, и ќе ги подготви за доаѓањето на Месијата“.

Во духот на тој радосен повод, дозволете ми уште еднаш да ги уверам сите нови преобратеници и оние кои се враќаат во господовата Црква: Ние ве сакаме; имаме потреба од вас; Господ има потреба од вас. Можеби нема да ве пречекаме со дувачки оркестар, но се молиме небесните благослови да ги придружуваат вашите напори да напредувате по заветниот пат што води до Бог Отецот и Исус Христос во Небесното царство.

Постои јасен доказ дека верата во Исус Христос зајакнува во наше време. Во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, има значително зголемување на бројот на преобратеници и нивното учество. Во последните 36 месеци, приближно 900 000 преобратеници ѝ се приклучија на Црквата. Овие преобратеници сочинуваат приближно 5 проценти од вкупното црковно членство. Им посакуваме топло добредојде на новите членови со раширени раце и длабока благодарност патот кој го избрале.

Овие 900. 000 преобратеници во последните 36 месеци го надминуваат вкупното членство што Црквата го имала на нејзината 110 годишнина во 1940 година, што изнесувало нешто повеќе од 860. 000 членови. Ова беше годината кога Старешина Џефри Р. Холанд, Старешина Дитер Ф. Ухдорф, и јас бевме родени.

Овие прекрасни нови преобратеници доаѓаа од секој дел на светот. Во првите шест месеци од оваа година, во Европа, Африка, Азија, Пацификот и Латинска Америка стапката на преобратени лица се зголеми за 20 проценти во споредба со претходната година. Во Северна Америка видовме зголемување од 17 проценти. Господовото дело продолжува да напредува на моќни начини. Овие растечки цифри се јасно сведоштво дека евангелието допира до срцата и ги менува животите насекаде.

Во денешно време, овие скапоцени преобратеници повеќе не се собираат на некоја централна локација. Поради верата и осветеноста на членовите на Црквата, биле понудени ресурси за да се поддржат конгрегациите—со изградба на капели и храмови—ширум целиот свет. Со потребните свештенски клучеви и обезбедените ресурси, спасителните обреди сега се нудат во повеќето делови од светот.

Без разлика каде живееме, сегашните членови мора да ги пречекаат стотиците илјади нови членови, исто како што го направивме тоа со англиските и велшки Светци кои ги опишав од нашата рана историја. Ми се допадна говорот на Старешина Герит В. Гонг во оваа сесија каде тој нé поучува дека никој не треба да биде оставен сам емоционално или духовно.

Наша света должност е да ги прифатиме и пречекаме новите и членовите кои се враќаат. Како што Господ го забрзува Неговото дело, така и ние треба да ги сакаме, да ги негуваме и да им служиме на оние кои го прифатиле Неговото евангелие. Можеме да помогнеме да се изгради народ на Сион, каде ние сме „од едно срце и со една мисла, и [живееме] во праведност“. За да се биде едно со Господ, ние мора да бидеме единствени пред Господа. Сите членови без разлика на датумот на крштевање споделуваат одговорност да ги пречекаат другите.

Мојот совет до членовите на Црквата е да ги прегрнеме овие скапоцени избрани луѓе, кои го прифатиле евангелието на Исус Христос.

President Претседателот Гордон Б. Хинкли нé поучува дека новите преобратеници имаат потреба од „пријател, одговорност и негување со ‘доброто Божје слово’ (Морони 6:4).” Ние можеме да бидеме помеѓу пријателите кои ќе ги разуверат овие нови преобратеници дека припаѓаат и дека не се само гости. Ние можеме да им помогнеме да разберат дека тие се учениците на Исус Христос кои можат да им служат на другите, и го прифаќаат повикот да служат. Младите преобратеници треба да размислат за полновремена мисионерска служба. Сите треба да бидат одлучни во обидот да живеат живот кој наликува на Исусовиот.

Многумина се приклучуваат на Црквата со големо лично жртвување и очајно имаат потреба од љубов и поддршка од своите пријатели Светците.

За оние од вас кои се нови или се враќаат на верата, има предизвици со кои можеби се соочувате. Бидете трпеливи со себе. Мисионерите ве поучија на основната доктрина и ви ги објаснија заветите и обредите на царството кои се наведени и опишани во светите писма и во Проповедај го моето евангелие.

Добивањето на обредите и заветите, и живеењето на заповедите се суштината. Фокусирајте се на потребните завети неопходни за егзалтација. Евангелието ја овозможува егзалтацијата, што бара склучување и одржување на светите Божји заповеди. Освен крштевањето, потврдувањето и предавањето на Мелхиседековото Свештенство за мажи, сите други завети кои ги склучуваме се извршуваат во храмот. За мртвите, секој од овие спасителни обреди се извршува само во храмот. Затоа, ваша непосредна цел треба да биде подготовката за храм.

Понекогаш ќе се чувствувате несоодветно поради нешто што го знаете. Евангелското знаење е одличен благослов кој се добива постепено, со текот на времето, но тоа не е спасителен обред. Евангелието не е тест за вашето знаење. Сепак, како што вети Претседателот Нелсон: „Кога молитвено ја проучувате Книгата на Мормон секој ден, ќе носите подобри одлуки—секој ден. … Кога размислувате за она што го проучувате, прозорците на небесата ќе се отворат, и ќе добивате одговори на вашите сопствени прашања и насока во сопствениот живот“.

Како дополнување, секоја година програмата на Црквата за неделните средби ротационо ги опфаќа Стариот завет, Новиот завет, Книгата на Мормон и Учењата и Заветите. Со текот на времето ќе чувствувате поголема самодоверба кога вашето знаење за евангелието се продлабочува. Редовното проучување на светите писма ќе го благослови и збогати вашиот живот преку продлабочување на вашето преобраќање кон евангелието на Исус Христос.

Учењето на чистата доктрина на Исус Христос е доживотна потрага, и за разбирање на доктрината и за живеење на Христијански живот. Основните завети даваат рамка која ние ја опишуваме како заветен пат. Овие принципи беа моќно поучувани од Претседателот Нелсон. Сите членови, особено новите и старите, ќе бидат благословени со проучување и прифаќање на неговите пророчки пораки за заветите и за заветниот пат.

Ако си поставите за цел дека достојно ќе го примите секој завет неопходен за егзалтација, ќе застанете на патот што води кон селестијалното царство. Храмот и обредите од храмот треба да биде нашиот фокус. Најголемиот број на завети се достапни за секој човек. Вечен брак заснован на завет значи обединување на напорите со партнерот. Нашата цел треба да биде да го пронајдеме тој вечен сопатник.

Сепак, не се обесхрабрувајте доколку вечниот брак не е можен во овој момент. Пророците учеа дека ниту еден благослов нема да им биде одземен на верните членови кои ги одржуваат заповедите. Еден пророк од Книгата на Мормон, Царот Бенџамин, го кажа тоа убаво: „Оние кои се држат до Божјите заповеди … се благословени во сé, … и ако тие [се] верни до крај… можат да живеат со Бога во состојба на бескрајна среќа“.

Ќе откриете, ако веќе не сте знаеле, дека членовите не се совршени. Откриената доктрина јасно го кажува тоа дека за време на нашиот престој тука на земјата, ние ќе правиме грешки. Живееме во несовршен и отпаднат свет, кој не е селестијален. Овој живот е време на искушенија, со постојани можности да се покаеме и да се докажуваме себе си.

Сите ние се чувствуваме неспособни да станеме како Исус Христос. Неговото Помирување ни дозволува секојдневно да се покаеме кога не ја постигнуваме целта. Како што вели Нефи, уште еден пророк од Книгата на Мормон: „[Ние] мора да се пробиваме напред со стабилност во Христа, имајќи совршена светлина на надеж, и љубов за Бога и сите луѓе. Затоа, ако се пробивате напред, гоштевајќи се со словото на Христос, и истраете до крај, ете, така вели Отецот: Ќе имате вечен живот“.

Додека размислуваме за предизвиците од нашето време, ние мора да се сетиме дека Спасителот, за време на Неговата земна служба, исто така живеел во турбулентни и бурни времиња. Неговото фокусирање не беше на дневните полтички предизвици; туку беше на усовршување на Светците.

Следењето на Спасителот и Неговата доктрина и учења никогаш не било лесно во еден свет кој е во постојан метеж. Не му беше лесно на Спасителот во насилниот свет за време на Неговото смртно патување, не им беше лесно на нашите први водачи и членови, а не ни е лесно и нам За среќа, живите пророци даваат водство кое особено ни е потребно во ова време. Претседателот Далин Х. Оукс ќе го продолжи тоа моќно духовно наследство.

Јас сведочам дека доктрината на Црквата на Исус Христос е вечна и вистинита. Јас сум сигурен и убеден дека Исус Христос живее и дека поради Неговото Помирување, ние можеме еден ден да се обединиме со Него. Во светото име на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Чарлс Дикенс, Приказна за два града (1859), 1.

  2. Една од темите на Дикенс беше идејата за поединечна трансформација во време на социјални немири.

  3. Учењата и Заветите 45:26.

  4. Види Гери Е. Стивенсон, „Благословени се миротворците“, Лијахона, ное. 2025, 00.

  5. Учењата и Заветите 1:23.

  6. Види Учењата и Заветите 88:73.

  7. Види Учењата и Заветите 59:23; види и Јован 14:27.

  8. Види Дела 2:41.

  9. Види Учењата и Заветите 112. Ова откровение беше добиено на 23 јули 1837 година, денот кога евангелието за прв пат беше проповедано во Англија во оваа евангелска епоха. За повеќе информации во врска со овие мисии, види James B. Allen, Ronald K. Esplin, and David J. Whittaker, Men with a Mission: The Quorum of the Twelve Apostles in the British Isles, 1837–1841 (1992).

  10. Најголемиот број од овие преобратеници доаѓале од работничката класа. Чарлс Дикенс ги набљудувал некои од нив додека се подготвувале за своето патување за Америка на бродот Амазон. Тој бил позитивен во својата проценка. Ги опиша како „до одреден стапен, елитата на Англија” (“The Uncommercial Traveller,” All the Year Round, July 4, 1863, 446). Види и 1 Коринтјаните 1:26–28.

  11. Види “Arrival from England, by the ‘Perpetual Emigrating Fund,’” Deseret News, Sept. 18, 1852, 90.

  12. Види Учењата и Заветите 76:62, 70; види и 1 Коринтјаните 15:40–42.

  13. Информации обезбедени од членовите и статистички записи на мисионерскио оддел.

  14. Информации обезбедени од членовите и статистички записи на мисионерскиот оддел.

  15. Информации обезбедени од членовите и статистички записи.

  16. Информации обезбедени од членовите и статистички записи на мисионерскиот оддел.

  17. Во 1890-тите, црковните водачи почнале да ги охрабруваат своите членови да останат во својата татковина, наместо да се собираат во Јута. Првите колови надвор од Меѓупланинскиот Запад беа основани во 1920-тите, а првиот кол надвор од Обединетите Држави и Канада беше основан во Нов Зеланд (види Brandon S. Plewe, ed., Mapping Mormonism: An Atlas of Latter-day Saint History [2014], 184–85).

  18. Види Учењата и Заветите 110:11–16.

  19. Види Герит В. Гонг, „Никој да не седи сам“, Лијахона, ное. 2025, 00.

  20. Мојсеј 7:18.

  21. Види Јован 17:20–21; 1 Коринтјаните 12:11–31.

  22. Gordon B. Hinckley, “Converts and Young Men,” Ensign, May 1997, 47.

  23. Види Јаков 2:5; види и Матеј 19:29; Римјаните 2:11; Ефесјаните 2:19; Мосија 18:8–9.

  24. Види Проповедај го Моето евангелие: Водич за Споделување на Евангелието на Исус Христос (2023), 17.

  25. Види Учењата и Заветите 14:7.

  26. Russell M. Nelson, “The Book of Mormon: What Would Your Life Be Like Without It?,” Liahona, Nov. 2017, 62–63; види и Spencer W. Kimball: „Кога изгледа дека ниту едно божествено уво не слуша и ниту еден божествен глас не зборува, … ако [ние] се задлабочиме [] во светите писма растојанието се намалува а духовноста се враќа“ (Teachings of Presidents of the Church: Spencer W. Kimball [2006], 67).

  27. Види Јован 5:39.

  28. Види, на пример Расел М. Нелсон, „Дозволете Бог да надвладее“, Лијахона, ное. 2020, 00; „Моќта на Духовниот Моментум“, Лијахона, мај 2022, 00; „Надминете го светот и најдете спокој“, Лијахона, ное. 2022, 00.

  29. Мосија 2:41.

  30. Види Алма 34:32.

  31. 2 Нефи 31:20.

  32. Види Ефесјаните 4:11–15.

  33. Види Јован 17:20–22.