Господ Гледа на Срцето
Оваа приказна не поучува дека сè што на Бог му треба да ја исполни Неговата цел и да ни помогне да станеме како што Тој сака да станеме е за секој од нас да ги заврти нашите срца кон Него.
Кога му беше заповедано да го одбере новиот цар на Израел од помеѓу синовите на Јесе, пророкот Самуел, гледајќи на најстариот син на Јесе, Елијаб, извика со ентузијазам, „Секако помазаниот на Господ е пред него.“ Но Елијаб не беше одбраниот слуга на Господ. Спасителот го предупреди Самуел: „Не гледај на лицето негово и високиот негов раст; Јас го отфрлив. Јас не гледам така, како што гледа човек, зашто човек гледа на лицето, а Господ гледа на срцето.“
Додека Давид можеби не беше физички најсилен или највешт од неговите браќа, неговото срце беше силно во очите на Бог. Тој го љубеше Бог со сето негово срце и имаше длабока желба да му се покори Нему. Тој имаше непоколеблива вера во љубовта на Бог, моќта, и ветените благослови, штом подоцна го покажа тоа кога тој бестрашно се бореше и го победи Голијат со Господова помош.
Оваа приказна не поучува дека сè што на Бог му треба да ја исполни Неговата цел и да ни помогне да станеме како што Тој сака да станеме е за секој од нас да ги заврти нашите срца кон Него. На еден адвокат, Тој заповеда, „Ти ќе го љубиш Твојот Бог со сето твое срце.” На Пророкот Џозеф Смит, Тој му кажа. „Ете, Јас Господ барам срце и спремен ум.“ Додека ја читам оваа приказна, остава длабок впечаток врз мене, и помислувам на барањето на Спасителот: „И вие ќе ми понудите за жртва скршено срце и покајнички дух.“
Зошто е тоа така? Спасителот поучуваше дека ако нашите срца се целосно завртени кон Него, поради Неговата помирувачка жртва, ние можеме да бидеме благословени со сила и духовни дарови кои ни требаат да ги надминеме нашите смртни предизвици, да одолееме на искушение, добиеме упатство и разбирање, и да осетиме радост и мир во нашите животи. „Од мали нешта продолжува тоа што е големо.“ Тој кажа дека „ќе направи слаби нешта да станат силни“ и да не благослови со сè што ни треба да успееме во овој смртен живот. „Благословени се чистите во срце,“ Тој кажа, „зашто тие ќе го видат Бог.“
Јас верувам дека ова е бидејќи, во најмал дел, Исус Христос толку често ги исправуваше писарите и Фарисејите за време на Неговото смртно служење. Иако трудољубиви при одржување на Неговиот закон, тие го сторија тоа од погрешни причини. Тој ги прекори нив, велејќи, „Овие луѓе ми се приближуваат при мене со нивните усти, и ме почестуваат со нивните усни; но нивното срце е далеку од Мене.“
Ова е трезен потсетник на сите Негови ученици дека не се работи само за тоа што го правиме—нашите зборови и дела—но исто зошто го правиме тоа што Исус Христос побара да го правиме—нашите желби и мотиви. Тој кажа, „Зашто Јас, Господ, ќе им судам на сите луѓе според нивните дела, според желбата на нивните срца.“ Нашиот Небесен Отец посакува повеќе отколку механички акти на послушност и служба од Неговите деца. Тој сака ние да ги правиме нештата со вистинска намера, бидејќи ние го љубиме Него со сите наши срца. Тој сака ние да станеме како Него.
Сега, ако духовното здравје на нашите срца е главна грижа на нашиот Отец—што бара во вистински учител—како можеме да ги испитаме нашите срца и да знаеме дали е правилно во очите на Бог?
Неодамна, додека мојата жена и јас се враќавме од мисија во Португалија, ние спроведовме серија на здравствени резултати да процениме наша физичка состојба. Некои од овие тестови се фокусираа на здравјето на нашето срце—како крвни тестови, ехокардиограми, и тестови за стрес. Јас веруваме дека Спасителот исто така обезбеди сет на духовни тестови кои можеме да ја оцениме духовната состојба на нашите срца. Дозволете да споделам неколку со вас.
Проценувајќи го вашето срце со Духовни Тестови
Најпрвин, нашиот фокус, приоритети, и мотиви
„Зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше,“ Исус поучуваше. Богатство е нешто скапоцено за нас, нешто во што се посветуваме со напор и внимание. Каде што одбираме да го поминеме нашето време и нашето внимание, како и тоа што не мотивира да го правиме тоа што го правиме, вели многу за нашите срца. Спасителот не предупреди дека додека многу се повикани од Него, неколку се одбрани “бидејќи нивните срца се насочени толку многу на нештата на светот, и [тие] аспирираат на честа на мажите.” Дали да го направам Спасителот приоритет во мојот живот? Дали моето око е само за Неговата слава во сè што правам?
Второ, нашата спремност да се послушаат заповедите на Бог
Низ светите писма, Господ и Неговите пророци ја поврзуваа гордоста и непослушноста со закоравеното срце. Нефи ги охрабри неговите браќа, велејќи: „Зошто не ги одржувате заповедите на Господ? Зошто да загинете поради закоравеноста на вашите срца?“ На Светците во Мисури, Господ предупреди, „Но тој што нема да стори ништо додека не му се заповеда, и прими заповед со сомнеж во срцето, и ја одржи со мрзеливост, истиот е проколнат.“ Иако Спасителот не очекува совршенот при одржување на Неговите зпаоведи, Тој бара од нас да посакуваме да се стремиме да ги одржуваме со сето наше срце.
Трето, нашата трудољубивост во читање на светите писма и барање на откровение
Господ го прекори Оливер Каудери да ги “вреднува овие зборови во твоето срце.“ Поканети сме да ги истражуваме светите писма трудољубиво и, преку моќта на Светиот Дух, бараме да стекнеме разбирање за сведоците на вистината на евангелието во нашите срца.
Пророкот Абинади ги прекори свештениците за пакосниот Цар Ное зашто не го сторил тоа, велејќи, „Вие не ги применивте вашите срца во разбирање; затоа, не бевте мудри.“ Дали јас правам искрен напор да ги проучувам светите писма и да го применам моето срце да ги разберам преку молитва?
Четврто, нашите мисли и зборови
Спасителот поучуваше дека „од срцето доаѓаат злобни мисли“ и дека „од изобилие на срцето устата говори.“ Квалитетот на нашите мисли и зборови е добар показател за чистотата на нашите срца. Дали ширам премногу негативни мисли за делата и мотивите на другите, или дури и за себеси? Дали сум пребрз да судам и да осудувам други? Дали барам да пронајдам изговори или оправдувања за моите грешки? А што со моите зборови? Дали ги креваат и инспирираат тие околу мене? Односно дали често создаваат конфликт и негодување?
Откако моите физички тестови беа комплетирани, мојот доктор ми кажа дека моето срце беше здраво—но постоеја неколку грижи кои требаше да се земат во предвид сега, пред да станат сериозни. Тој после препиша некои промени во животен стил. Исто така, додека ја изведувате духовната оцена на вашето срце и забележувате некои негативни симптоми како започнуваат да се вовлекуваат, ве молам не паничете! Спасителот обезбеди одличен духовен лек и терапија да ви помогне. Тој дури и вети да ви даде ново срце! Еве некои дела кои може да ви ги подобрат духовната сила на срцето:
Проценувајќи го вашето срце со Духовни Тестови
Прво, зацврстете ја вашата врска со Христос
Додека посветуваме време дневно да се доближиме до Христос, нашите срца се променети. Дневно учење на светите писма, придружено од искрена молитва и постојано постење, ќе ја зголеми вашата љубов за Спасителот и зацврсти вашата вера и желба да се покаете и понизно го предадете вашето срце на Бог. Земете го во предвид овој пример од Нефи: „Затоа јас довикував на Господ; и ете тој ме посети, и го омекна моето срце што јас поверував во сите зборови кои беа изговорени од мојот татко.“
Додека продолжуваме да го негуваме семето на вера преку нашите праведни желби и дела, ние ќе го искусиме истото осветување на нашите срца како Нефитите: „Тие постеа и често се молеа, и стануваа посилни и посилни во нивната понизност, и поцврсти и поцврсти во верата на Христос, при исполнување на нивните души со радост и утеха, да, дури и до прочистување и осветување на нивните срца кое посветување доаѓа поради нивно предавање на нивните срца при Бог.“
Второ, соединете ја вашата волја со Неговата
Спасителот поучуваше, „Ако ме љубите одржувајте ги моите заповеди.“ Тој поканува да покажеме љубов со правење и одржување на заветите со Него. Додека дневно се стремиме да ги одржуваме Неговите заповеди, искрено да се покаеме од нашире гревови, и да бидеме упорни во преземање на Неговото име врз нас и соединување со нашата волја со Неговата волја, можеме да бидеме благословени со постајана придружба од Светиот Дух.
Нефи сведочеше: „Знам дека ако го следиш Синот, со полна цел во срцето, делувајќи без лицемерие и без измама пред Бог, но со вистинска намера, покајувајќи се од вашие гревови, сведочејќи при Отецот дека вие сте спремни да го преземете името на Христос, преку крштавање …,Тогаш ќе го примите Светиот Дух.“ Светиот Дух ќе ве води и помогне да ја дознаете волјата на Господ и да донесете добри избори.
За крај, служете му на Бог и други со сето ваше срце
Спасителот ги поканува сите да „му служат нему со сето ваше срце.“ Кога одбираме да го правиме секое нешто што Господ го побарал од нас—како што е одржување на заповедите, земање од сакраментот, овожавање во храмот, и служење на други—со искрено срце и вистинска намера, секој акт и обожавање станува моќно духовно искуство кое ја засилува нашата вера и сведоштво и го исполнува нашето срце со радост за Бог и за нашите сограѓани.
Пророкот Алма со неговото прашање кое се уште ечи денес: „Дали вие бевте духовно родени од Бог? Дали сте ја добиле неговата слика во вашиот лик? Дали сте ја искусиле таа моќна промена во вашите срца?
Браќа и сестри, ве поканувам да го дадете вашето цело срце на Спасителот денес. Нека секој акт на обожавање и служба биде искрен и намерен. Тргнете ги настрана пречките на светот и стремете се да имате значајно време за Господ секој ден од вашите животи. Покајте се и вратете се кај Него, со сето ваше срце, и Тој ќе ви прости и ќе ве прегрне со рацете на Неговата љубов. Не ги барајте нештата на светот, туку одберете да го имате вашето око единствено за Неговата слава и барајте ги нештата за подобро. Тој ги знае вашите мисли и желбите на вашето срце, и како што се приближувате кај Него, Тој ќе ве благослови со сила, доверба, мир, и радост во овој живот и место во Неговото селестијално царство за сета вечност.
Знам дека Исус Христос живее Тој е нашиот Искупител. И Тој нè љуби тебе и мене со сето Негово срце. Во името на Исус Христос, амин.