Усогласи го твоето срце со Исус Христос: Светиот дар на музика за основно
Песните од Основно се проповеди за учениците на Исус Христос, сведоштва за вистинитоста на обновеното евангелие, и молитви поставени во музика.
Еден од благословите на мојата служба во Основно е што моето срце научи да сака на јазици на кои мојот јазик не зборува. Најдов радост во поврзувањето со другите Светци преку заедничкиот јазик на светата музика. Особено преку едноставните песни од Основно, Светиот Дух ги надминува јазичните бариери и го исполнува моето срце со Неговите дошепнувања. Во детските гласови, љубовта на Бога и Неговиот Син, Исус Христос, е објавена со јасна продорна вистина.
Иако не пораснав во основно, Духот брзо ме научи колку свети се нејзините песни, и тие станаа дел од моето лично воодушевување. Песните од Основно имаат свето влијание во мојот живот и ја возвишуваат мојата душа, тие ме научија на вечните вистини, и ме приближија до Спасителот и до Неговото евангелие.
Претседателот Далин Х. Оукс поучуваше во една прилика дека „пеењето на химните е еден од најдобрите начини да се научи доктрината на обновеното евангелие“. Тие зборови се вистина за сите нас но особено за децата. Музиката за основно е една од најнежните Божји алатки за засадување на семето на сведоштво во срцата на најмладите ученици на Спасителот. Родителите, водачите и предавачите го негуваат тоа семе додека им сведочат и ги поттикнуваат децата да сведочат за сé што осознаваат за Небесниот Отец; Неговиот Син, Исус Христос; и Светиот Дух.
Во овие последни неколку години од мојата служба, поминав време пеејќи и учејќи музика за Основно додека размислував за неколку прашања:
-
Како може песните од Основно научени во детството да станат духовен јазик што децата го користат за да сведочат до крајот на своите животи?
-
Како пеењето на евангелските вистини им помага на децата да го памтат Господ како дел од нивниот завет и да ги подготват за Неговите обреди?
-
Како можат песните од Основно да помогнат да се запише Божјиот закон врз срцата на овие најмлади ученици?
Кога започнаа класовите Основно во 1878, нејзината прва претседателка, Аурелија Спенсер Роџерс примети дека „пеењето било неопходно“. Музиката отсекогаш била начин за градење вистински однос при поучувањето на децата за евангелието. Песните од основно можат да станат првиот духовен јазик на некое дете бидејќи нивните едноставни лесно запамтливи мелодии им даваат глас на евангелските вистини. Овие песни ја имаат моќта да останат со децата за цел живот, станувајќи дел од нивното учеништво и природен начин за тие да сведочат за Спасителот.
Предавање на доктрината на Исус Христос преку Песна
Песните од основно можат да бидат моќни доктринарни алатки за предавање. Некои песни раскажуваат приказни за животот и службата на Спасителот. Други поучуваат за Неговите особини, како што е Неговата вера, Неговата надеж и Неговото милосрдие. А најсветите песни сведочат за Неговото бесконечно Помирување и љубовта што произлегува од овој чин на спасение.
Пророкот на Господ, Претседателот Расел М. Нелсон, поучуваше: „[Музиката] може да има трајно влијание, долго откако децата ќе го надживеат детството. … [Таа] ја има [] моќта да обезбеди духовно потхранување. Таа ја има моќта да исцелува. Музиката има моќта да го олесни богослужењето; таа ни овозможува да размислуваме за [Спасителовото] Помирување и Обновување на евангелието со неговите спасоносни принципи и возвишувачки обреди. Музиката ни дава моќ да ги изразиме молитвените мисли и да дадеме сведоштво за светите вистини“.
Како родители, водачи и предавачи, нашите напори вклучуваат да им помогнеме на децата да имаат пристапат до ветените благослови со цел евангелските вистини кои најдени во музиката да бидат научени. Претседателот Нелсон исто така поучуваше дека: „децата можат да ја научат доктрината додека учат да пеат исто толку добро како и кога ја учат доктрината за време на час“. Овие песни можат да дадат резервоар од проповеди исполнети со вера кои ги насочуваат децата кон Спасителот и им помагаат да развијат посветеност кон Неговото евангелие.
Светите писма поучуваат дека песните на праведните што доаѓаат од срцето се задоволство за Спасителот. Јас можам само да се восхитувам на задоволството што го будат гласовите на најмладите ученици на Спасителот. Јас знам дека нивните молитвени песни достигаат до рајот како изрази на вера што го поканува Светиот Дух да ги потврди вечните вистини и тивко и нежно да ги покани другите да го прифатат повикот на нашиот Спасител, да Го следат, и да се вратат дома. Како што нé потсети Старешина Хенри Б. Ајринг, токму во тие моменти кога го чувствуваме Духот, имаме доказ дека Помирувањето на Спасителот дејствува во нашите животи.
Впечатување на вистината во срцето
Музиката за Основно може да биде чудото што ќе се носи по траекторијата на духовен раст што нашите деца ќе ја отпатуваат. Една песна што ја научив кога имав шест години ја има моќта да остане со нас—и може да ве врати децении наназад во моменти на одлука, искушение, тага или радост. Можеби во нашите подоцнежни години, стиховите од химната „I Will Follow God’s Plan“ можат да послужат како духовно сидро што го одекнува сведоштвото на Апостолот Павле за неговата потполна сигурност во Божјите ветувања до нас. Или тие можат да нé потсетат дека поради тоа што Бог ги одржува своите ветувања, Неговите завети нудат силна утеха и прибежиште, и нé канат цврсто да ја зајакнеме нашата надеж и уверување во Исус Христос и во неговата помирувачка моќ.
Возрасните членови од целиот свет, во тешки времиња, често се сеќаваат и се вртат кон песните од основно што ги научиле како деца. За многумина, овие песни го поддржувале иницијалниот развој на нивната вера во Исус Христос и често биле првото место каде започнало преобраќањето кон Неговото евангелие. Родителите, водачите и предавачите ја негувале оваа вера низ годините со учење, пеење и грижливо сведочење на децата.
Една сестра сподели со мене дека многу и значи музиката од Основно, и дека и по 20 години чувствува дека музиката го забрзала нејзиното непрекинато преобраќање кон евангелието на Исус Христос. Уште еден член посведочи дека основно го има засадено синаповото семе на вера кога тој бил млад и дека таа била причината што тој се вратил на Господовата црква во своите триесетти години. Спасителот вети: „А Утешителот … ќе ве научи на сé и ќе ви напомни за сé што сум ви зборувал“. Музиката од Основно може да биде еден начин на кој се исполнува тоа ветување.
Уште една омилена песна од Основно ја доловува моќта на едноставната вера и трајно сведоштво:
As I walk with Jesus to my home above, (Кога одам со Исус кон мојот горен дом,)
He will bless me with His Spirit and fill me with His love, (Тој ќе ме благослови со Неговиот Дух и ќе ме исполни со Неговата љубов,)
Change my heart forever and help me clearly see. (Ќе го промени моето срце засекогаш и ќе ми помогне јасно да прогледам.)
I will walk with Jesus, and He will walk with me.(Ќе одам со Исус, и Тој ќе оди со мене.)
Кога децата пеат, тие ја искажуваат желбата на еден ученик и го учат моделот на заветно живеење. Духот може да ја користи музиката за да ги изгравира вечните вистини врз нивните нежни срца. И, со текот на времето, децата ќе може да изберат да ги усогласиме и да ги промениме своите срца и животи кон Исус Христос со тоа што ќе склучуваат и ќе ги одржуваат светите завети со Него.
Сеќавање на нашите завети и подготовка за обредите
Светата музика може да помогне да се запише Христовата доктрина во душата и да нé подготви да ги добиеме Неговите обреди. Таа ја поврзува доктрината на Спасителот со нашето сеќавање, а сеќавањето со времето што сме го поминале учејќи за Него.
Како водачи на Основно, ја имаме можноста и светата одговорност да осигураме дека музиката од Основно се учи со радост, со доктринарно разбирање, и со Духот. Ова вклучува поттикнување на децата да забележат што тие чувствуваат додека пеат и им помага да препознаат дека овие чувства доаѓаат од Светиот Дух. Овие напори помагаат да се подготват нашите деца за свети обреди како што се крштевањето и потврдување, како и да го поттикнат нивното заветно сеќавање кога редовно ги обновуваат своите ветувања кон Бога.
За време на Тајната вечера, откако Спасителот го воспоставил сакраментот, Матеј запишал дека: „откако испеаја благодарствена песна, се искачија на Маслиновата Гора“. Секоја недела, крстените и потврдени членови во Господовата обновена Црква, вклучувајќи ги крстените осумгодишни деца, се подготвуваат за земање на Господовиот сакрамент. Преку пеење на света музика, на конгрегациите Божји чеда им е дадена можност да ги подготват своите срца за тој свет обред да го преземат Неговото име, секогаш да се сеќаваат на Него, и да ги почитуваат Неговите заповеди.
Завршно Сведоштво
Почитувани пријатели, јас сведочам дека песните од Основно учат за вечните вистини и за доктрината што нé води кон Исус Христос и Неговото евангелие. Ве канам да размислите кои фундаментални вистини се запишани во вашите срца преку едноставните учења прикажани со овие песни, и да им сведочите за овие вистини на најмладите ученици на Спасителот, додека ги поучувате за добрата вест на евангелието преку песна.
Јас знам дека Бог нашиот Отец, во Неговата бесконечна љубов, го испрати Неговиот Сакан Син на земјата да нé поучува, да ни го покаже патот, и да нé искупи преку Неговото Помирување.
Јас знам дека животот и службата на Спасителот се вистински и лични. Светите писма се полни со приказни за Неговото исцеление, Неговата љубезност и Неговите чуда.
Јас знам дека Небесниот Отец ги слуша и одговара на искрените молитви на Неговите чеда, без оглед на нивната возраст, околности или јазик. Тој ги слуша тивки упорни молитви од нашите срца.
Јас сведочам дека во Гетсеманија, Исус Христос ја носи тежината на нашите гревови, таги и болки. Тој доброволно настрада поради тоа што нé сакаше, и ни овозможи да ни биде простено и да се вратиме дома.
Јас знам дека ние сме буквално Божји чеда, создадени според Негов лик, обдарени со божествен потенцијал, и поканети да се вратиме да живееме со Него доколку избереме да го следиме Исус Христос.
Јас знам дека Исус Христос е наш совршен пример, и кога Го следиме преку служење, простување и сакање на другите, од ден во ден стануваме како Него.
И јас знам дека Господовите свети храмови се Неговиот дом овде на земјата. Во нив, ние склучуваме свети завети, добиваме вечни благослови и дознаваме нешто повеќе за Него и го чувствуваме посилно Неговото присуство. Храмот е место за учење, спокој, и подготовка за нашите животи.
Јас сведочам дека напорите што ги вложуваме за да ги научиме нашите деца да ги испеат песните од Основно не се само поубавиот дел од нашата верска традиција. Тие се проповеди за учениците на Исус Христос, сведоштва за вистинитоста на обновеното евангелие, и молитви поставени во музика. Светата музика може да направи Христовата светлина да заблеска врз слушателот и да се влее во срцето на пејачот. Почитувани пријатели, Исус сé уште сака да бидеме Неговиот сончев зрак. Јас така сведочам во светото име на Исус Христос, амин.