Генерална Конференција
Облагородени со доблест на умереност
Oктомври 2025 генерална конференција


15:8

Облагородени со доблест на умереност

Им упатувам најискрена покана на сите нас да ги облагородиме нашите мисли и срца со христијанската доблест на умереност.

Во мај 2021 година, додека беше во посета на реновирањето на Храмот Солт Лејк, Претседателот Расел М. Нелсон, се воодушеви од напорите на пионерите кои, со ограничени ресурси и непоколеблива вера, го изградиле тоа свето здание, кое го издржа тестот на времето. Сепак, тој ги забележал и ефектите од ерозијата, која со текот на времето предизвикала дупки во првобитните камен темели на храмот и нестабилност во ѕидарството, јасни знаци за потребата од структурно зајакнување.

Претседателот Нелсон пред Храмот Солт Лејк

Нашиот сакан пророк во тоа време нé поучуваше дека исто како што беше неопходно да се применат основните мерки за зајакнување на темелите на храмот за да тој може да ги издржи силите на природата, нам исто така ни се потребни и вонредни мерки, такви кои можеби никогаш претходно не сме ги превзеле, за да ја зајакнеме сопствената духовна основа во Исус Христос. Тој нé остави со две длабоки прашања за анализирање на сопственото однесување: „Колку е цврста вашата основа? И какви засилувања на вашето сведоштво и разбирање за евангелието се потребни?“

Евангелието на Исус Христос ни дава божествено инспирирани и ефикасни средства за да ја спречиме духовната ерозија на нашите души, моќно засилувајќи ја нашата основа, помагајќи ни да ги избегнеме празнините во нашата вера и нестабилноста на нашето сведоштво и разбирање на светите вистини за евангелието. Еден особено важечки принцип за постигнување на оваа цел е најден во дел 12 од Учења и Завети, откровение кое му е дадено на Џозеф Нејт преку пророкот Џозеф Смит, праведен човек кој искрено се обидел да ја разбере Господовата волја, не за безначајно надворешно да се промени, туку за да застане непоколеблив во своето учеништво, цврст како столбовите светлина на небесата. Господ објави:

„Ете, ти зборувам тебе и на сите оние кои сакаат да го постават и утврдат ова дело;

„И никој не може да помага во ова дело освен оној кој е понизен и исполнет со љубов, кој има вера, надеж и милосредие, кој е умерен во сé, што и да му биде доверено“.

Спасителовото водство, запишано во ова свето откровение, нé потсетува дека умереноста е неопходно засилување за една цврста основа во Исус Христос. Таа е една од апсолутно потребни морални доблести, не само за оние кои се повикани да служат, туку и за сите кои склучиле свети завети со Господ, и прифатиле верно да Го следат. Умереноста ги хармонизира и зајакнува останатите Христијански особини спомнати во ова откровение: понизност, вера, надеж, милосрдие и чистата љубов која истекува од Него. Уште повеќе, негувањето умереност е осмислен начин да се заштитат нашите души од суптилната, а сепак постојана духовна ерозија предизвикана од световните влијанија што можат да ја ослабнат нашата основа во Исус Христос.

Помеѓу квалитетите кои ги облагородуваат вистинските следбеници на Христос, умереноста е одраз на Самиот Спасител, скапоцен плод на Духот, понуден на сите кои се отворени за божествено влијание. Доблесноста е таа која носи хармонија во срцето, обликувајќи ги желбите и емоциите со мудрост и смиреност. Во светите писма, умереноста е претставена како основен делод нашиот духовен пат, која нé води кон трпение, божественост и сочувство, додека истовремени ги прочистуваме нашите чувства, зборови и постапки.

Учениците на Христос кои се стремат да ја негуваат оваа Христијанска особина стануваат сé попокорни и поисполнети со љубов. Сила на смиреност се раѓа во нив, и тие стануваат поспособни да го контролираат гневот, да негуваат трпеливост, да се однесуваат кон другите со толерантност, почит и достоинство, дури и кога ветриштата на неволјите удираат бестрашно. Тие се стремат да не дејствуваат импулсивно, туку да изберат да дејствуваат со духовна мудрост, водени од кроткоста и нежното влијание на Светиот Дух. На овој начин, следбениците стануваат понеподложни на духовна ерозија бидејќи, како што поучуваше Апостол Павле, тие знаат дека можат да ги направат сите работи преку Христос, кој ги зајакнува дури и кога се соочуваат со искушенија кои можат да го занишаат нивното сведоштво за Него.

Во неговото послание до Тит, Павле пренел свет совет во врска со потребните квалификации на оние што имаат желба да го претставуваат Спасителот и да ја извршуваат неговата волја со вера и оддаденост. Тој вели дека претставниците на Спасителот треба да бидат гостољубиви, трезвени, справедливи, и свети—потребни особини што јасно го отсликуваат влијанието на умереноста.

Сепак, Павле предупредил дека тие не треба да бидат „несамоволни, негневливи, … [и] тепачи“. Ваквите особини се спротвни на умот на Спасителот и го попречуваат вистинскиот духовен раст. Во духовен контекст, „несамоволни“ се оние кои одбиваат да дејствуваат со ароганција и гордост; „негневлив“ е оној кој го избегнува природниот нагон да стане нетрпелив и иритиран; и „нетепач“ се однесува на некој што отфрла спорно, агресивно и грубо однесување вербално, физички и емоционално. Кога се трудиме да го промениме нашето однесување со вера и понизност, можеме да бидеме цврсто закотвени на цврстата карпа од Неговата благодат и да станеме чисти и прочистени алатки во Неговите свети раце.

Хана и Самуил

Додека размислувам за потребата од негување на доблеста на умереност, се сеќавам на зборовите на Хана, мајката на пророкот Самуил—жена со извонредна вера која, дури и по големи искушенија, му принесе песна за благодарност за Господ. Таа кажа: „Не зборувајте повеќе толку горделиво! Зборови дрски нека не излегуваат од вашата уста; зашто Господ е Бог на знаењето, и постапките Негови се одмерени“. Нејзината песна е повеќе од молитва—таа е една покана испратена кон самиот себе да се дејствува со понизност, самоконтрола и умереност. Хана нé потсетува дека вистинската духовната сила не се искажува со импулсивни реакции или вообразени зборови, туку со умерени, промислени ставови усогласени со Господовата мудрост.

Честопати, светот возвишува однесувања кои се раѓаат од агресивност, ароганција, нертпеливост и прекумерност, често оправдувајќи ги ваквите ставови со притисоците на секојдневниот живот и склоноста кон барање потврда и популарност. Кога избираме да го тргнеме погледот од доблесната умереност и го игнорираме нежното и контролирано влијание на Светиот Дух на начинот на кој дејствуваме и зборуваме, ние лесно потпаѓаме во непријателска замка, што неизбежно нé води кон тоа да зборуваме зборови и да изговараме ставови за кои длабоко ќе се каеме, без разлика дали тие се во нашите општествени, семејни или дури и црковни односи. Евангелието на Исус Христос нé кани да ја практикуваме оваа доблест особено во време на предизвици, зашто токму во тие прилики се открива вистинскиот карактер на некоја личност. Како што еднаш кажа Мартин Лутер Кинг: „Крајната мерка за еден човек не е онаму каде тој стои во моменти на удобност и погодност, туку каде тој стои во време на предизвици и контроверзии“.

Како заветен народ, ние сме повикани да живееме со нашите срца цврсто вкоренети во светите ветувања што сме му ги дале на Господа, внимателно следејќи го моделот што Тој го поставил преку Неговиот совршен пример. За возврат, Тој вети: „Вистина вистина ви велам, дека ова е моето учење, и оние кои на тоа градат, на мојата карпа градат и портите на пеколот нема да ги надвладеат“.

Спасителот

Не дозволувајте да се вознемирува вашето срце, од Хауард Лион, со довола од Хавенлајт.

Службата на Спасителот на земјата беше одбележана со доблесна умереност во сите аспекти од Неговиот карактер. Преку Неговиот совршен пример, Тој нé поучуваше да бидеме „трпеливи во неволјите, да не зборуваме навредливо кон оние кои нé навредуваат“. Кога Тој поучуваше дека не треба да се предадеме на гневот во расправиите и споровите и, Тој изјави: „Мора да се покаете, и да станете како мало дете“. Тој исто така поучуваше дека сите кои посакуваат да дојдат кај Него со целото срце мора да се помират со оние со кои се налутиле или со оние што имаат нешто против нив. Со умерен став и сочувствително срце, Тој нé увери дека кога кон нас се однесуваат грубо, нељубезно и со непочитување и занемарување, Неговата љубезност нема да не напушти, и заветот за Неговиот спокој нема да биде отстранет од нашите животи.

Пред неколку години, мојата сопруга и јас ја имавме светата привилегија да се сретнеме со неколку верни членови во Црквата во Мексико Сити. Многумина од нив, било тоа да е лично или преку нивните сакани, издржале неописиви искушенија, што вклучуваат киднапирања, убиства и други вознемирувачки трагедии.

Кога погледнавме во лицата на овие светци, не видовме лутина, огорченост или желба за освета. Наместо тоа, видовме тивка понизност. Иако обележани со тага, нивните лица зрачеа со искрен копнеж за исцеление и утеха. Иако нивните срца беа скршени од страдањата, овие Светци се пробиваат напред со вера во Исус Христос, избирајќи да не дозволат нивните маки да станат празнини во нивната вера или да предизвикаат нестабилност во нивното сведоштво за евангелието.

На крајот на тој свет собир, ние се поздравивме со секој од нив. Секое ракување, секоја прегратка стана тивко сведоштво дека со помош на Господ, ние можеме да избереме да одговориме со умереност на фрустрациите и предизвиците на животот. Нивниот тивок и непредвидлив пример послужи како нежна покана да чекориме по Спасителовиот пат со умереност во сите нешта. Се чувствувавме како да бевме во присуство на ангели.

Исус Христос, најголемиот од сите, страдаше за нас сé додека Тој не прокрвари од секоја пора, сепак Тој никогаш не дозволи лутината да го запали Неговото срце, ниту пак агресивните, навредливите или вулгарни зборови да избегаат од Неговите усни, дури и среде вакви наволји. Со совршена умереност и несовпадлива кроткост, Тој не помислуваше на Себе туку на секое од Божјите чеда—минати, сегашни и идни. Апостолот Павле сведочеше за Христовиот возвишен став кога Тој изјави: „Оној кој, кога на него хулеа, Тој не им одвраќаше со хули, кога страдаше, не се закануваше туку се потпираше на Оној Кој праведно суди“. Дури и среде Неговите најголеми страдања, Спасителот покажа совршена и божествена умереност. Тој изјави: „Нека е славата на Отецот, јас се напив и ги завршив подготовките свои за децата човечки“.

Сакани мои браќа и сестри, ви ја упатувам мојата најискрена покана до сите вас да ги облагородиме нашите умови и срца со Христијанската доблест на умереност, како свет одговор на пророчкиот повик од нашиот почитуван Претседател Расел М. Нелсон. Кога се трудиме со вера и трудољубивост да ткаеме умереност во нашите постапки и зборови, јас сведочам дека ќе ги зајакнеме и ќе ги закотвиме нашите животи побезбедно врз сигурниот темел на нашиот Искупител.

Јас свечено го давам своето сведоштво дека постојаната потрага по умереност во однесувањето ја прочистува нашата душа и ги осветува нашите срца пред Спасителот, нежно приближувајќи нé кон Него и подготвувајќи нé, со надеж и спокој, за тој славен ден кога сите ние ќе се сретнеме со Него при Неговото Второ доаѓање. Ги споделувам овие свети зборови во името на Спасителот. Исус христос, амин.