Учење англиски
Често поставувани прашања


„Често поставувани прашања“, EnglishConnect за Предавачи (2023)

„Често поставувани прашања“, EnglishConnect за Предавачи

Често поставувани прашања

Подолу се неколку прашања што луѓето најчесто ги прашуваат за EnglishConnect. Дополнителни најчесто поставувани прашања за ученици, предавачи и водачи може да се најадат на englishconnect.org/help.

Дали треба да имам искуство во предавање за да станам EnglishConnect предавач?

Како да ги поучувам учениците ако не го познавм нивниот јазик?

Смееме ли да го зборуваме мајчиниот јазик за време на Група за Развивање Говорна Вештина?

Како да Предавам на повеќејазична Група за Развивање Говорна Вештина?

Како можам да им помогнам на учениците секојдневно да вежбаат англиски?

Како да Организирам EnglishConnect Група?

Колку трае една средба на Групата EnglishConnect?

Колку често треба да се среќава мојата група?

Дозволено ли е да одржам повеќе од една лекција на средба на групата?

Како да знам на кое EnglishConnect ниво треба да се приклучи ученикот?

Што е тоа EnglishConnect 3?

Како да му помогнам на ученик кој се приклучил на групата што веќе започнала?

Што доколку ученикот пропушти средба на групата или престане да ја посетува?

Како да им помогнам на учениците кои послабо напредуваат од останатите во групата?

Како да им помогнам на учениците кои учат со побрзо темпо?

Како да поддржам ученици кои имаат различни способности за зборување англиски?

Што можам да направам кога ученик поставува прашања за граматиката?

Треба ли да го поправам изговорот?

Како да ја регистрирам и управувам со мојата EnglishConnect Група?

Како учениците добиваат сертификати за EnglishConnect?

Дали треба да имам искуство во предавање за да станам EnglishConnect предавач?

Не треба да имате искуство во предавање за да станете EnglishConnect предавач. Можеби никогаш претходно не сте предавале англиски и не знаете од каде да почнете. Тоа е во ред! Лекциите EnglishConnect се внимателно и промислемо осмислени користејќи духовни и принципи за учење што ќе ви помогнат да бидете успешни. Не мора да бидете експерт. Не мора да го знаете одговорот на секое прашање. Вашата улога е да го овозможите развојот на јазикот преку обезбедување можности за вежбање. Не мора да предавате граматика или да разбитрате сė во врска со англискиот. Наместо тоа, фокусирајте се на создавање опкружување каде учениците ќе се чувствуваат пријатно да зборуваат англиски и да учат од сопствените грешки.

Како да ги поучувам учениците ако не го познавм нивниот јазик?

Предавањето англиски со користење само англиски е многу често ширум светот. Во суштина, ова може да биде благослов бидејќи ја зголемува количината на англиски јазик што го слушаат и користат учениците. Не заборавајте да зборувате на едноставен англиски јазик. Користете визуелни слики, гестови со рацете и говор на телото за да им помогнете на учениците да ги разберат новите зборови од вокабуларот и реченичните модели. Можете да покажете фотографија, да нацртате слика или да одглумите. Можете да ги насочите учениците до преведените ресурси во EnglishConnect 1 за Ученици или EnglishConnect 2 за Ученици, или можете да го користите речникот на интернет. Ова исто така ќе ги поучи учениците како да ги искористат достапните ресурси за да пронајдат одговори. Избегнувајте долги објаснувања. Наместо тоа, едноставно покажете им на учениците што да прават демонстрирајќи.

Запомнете дека учите заедно. Редовно поканувајте ги учениците да му се обратат на Господ за поддршка. Како нивен предавач, можете да бидете пример за вера и трудољубивост. Зборувањето англиски со учениците е верски чин. Господ ќе ве благослови вас и вашите ученици кога дејствувате со вера да зборувате англиски.

Смееме ли да го зборуваме мајчиниот јазик за време на Група за Развивање Говорна Вештина?

Ќе им помогнете на учениците повеќе, кога ќе се фокусирате на англискиот говор во текот на Група за Развивање Говорна Вештина. Ова го правиме со поставување пример. Потрудете се да зборувате само англиски. Користете едноставни зборови и кратки реченици. Говорете бавно и повторувајте ги фразите често. Запишете ги клучните зборови и фрази на таблата. Можете да користите визуелизација, да нацртате слика или да одглумите. Избегнувајте долги објаснувања и преведување на сė што велите. Доколку мора да користите мајчин јазик, најнапред побарајте дозвола и користете го мајчиниот јазик што е можно помалку а потоа вратете се на англискиот. Охрабрете ги учениците да зборуваат колку што е можно повеќе англиски и да не се плашат од правење грешки. Помогнете им да доживеат успех и пофалете го секој обид. Ако учениците имаат потреба од дополнителна помош, укажете им на прирачниците за ученици, каде можат да го пронајдат матерјалот на нивниот мајчин јазик. Настојувајќи да им помогнете да учениците да научат применувајќи го јазикот, ќе имате помала потреба да го користите мајчиниот јазик.

Како да Предавам на повеќејазична Група?

Предавањето на повеќејазична група дава прекрасна можност да се поттикне изјазување на англиски бидејќи тоа е јазикот што групата најчесто го користи. Како предавач, користете ја англиската верзија на прирачникот за учење. Помогнете им на учениците да го употребуваат прирачикот за учење на нивниот мајчин јазик, доколку е достапен, за да имаат корист од преводите. Ако е можно, ставете ги учениците во мали групи за да разговараат за принципот за учење на нивниот мајчин јазик, но водете сметка никој да не биде исклучен. Ако постои само едно лице кое зборува одреден јазик во групата, побарајте од таа група да разговара за принципот на учење на едноставен англиски јазик, така што сите ќе бидат вклучени.

Како можам да им помогнам на учениците секојдневно да вежбаат англиски?

За да научат англиски, учениците треба да развијат навика за секојдневно вежбање. Охрабрувајте ги учениците да ја стекнат оваа навика со пронаоѓање на едноставни начини да се интегрира англискиот јазик во нивните секојдневни активности (види го делот „Секојдневно Вежбање“). На пример, учениците може да изберат да гледаат шоу или да слушаат музика на англиски јазик. Можете да ги охрабрите учениците да ги искористат идеите од листата која може да се најде по „Personal Study Tracker“ во воведот на прирачникот за учење, за да го подобрат секојдневното проучување. Користете ја листата за да ги инспирирате учениците да пронајдат креативни осмислени начини за секојдневна вежба.

За време на средбата на групата, поканете ги учениците да проучуваат и да вежбаат англиски секојдневно и да ги следат нивните обиди. Може да прашате неколку ученици да споделат што конкретно направиле како дел од нивната секојдневна пракса. Би можеле да размислите за создавање виртуелен простор, како што е групен разговор за учениците во групата. Советувајте се со вашите водачи за да најдете соодветни начини да и помогнете на групата да остане во контакт во текот на неделата преку групно испраќање на порака или на други начини. Може да ги поддржите учениците додека работат на постигнување на своите цели, но запомнете, на крајот самите се одговорни за сопственото учење.

Како да Организирам EnglishConnect Група?

Советувајте се со локалното црковно раководство за да донесете одлуки во врска со организирање и водење на EnglishConnect групите. Идеално, двајца возрасни учители се доделуваат на секоја група. Земете ги во предвид потребите на ученикот и локалниот капацитет кога донесувате одлуки за локацијата, распоредот и темпото.

Колку трае една средба на Групата EnglishConnect?

Часовите EnglishConnect може да траат од 60 до 90 мин. Следете го временското ограничување за секоја активност (вежба). Не изостанувајте ниту една активност (вежба); едноставно искористете го предложеното мин. времетраење за покрака средба на групата а доколку дозволува времето искористете го подолгото времетраење.

Белешка: Советувајте се со оние кои ја надгледуваат програмата и земете ги во предвид потребите на учениците и локалниот капацитет кога носите одлуки.

Колку често треба да се среќава мојата група?

Вообичаено, групите се среќаваат еднаш неделно. Ако посакаат, групите може да се среќаваат почесто. За средбите на групата да бидат поефикасни, учениците треба да имаат доволно време помеѓу средбите за да го завршат делот „Personal Study“.

EnglishConnect 1 и 2 имаат по 25 лекции. Ако групата се среќава еднаш неделно, ќе и бидат потребни шест месеци за да се заврши едно ниво. Ако групата се среќава двапати неделно, ќе и бидат потребни три месеци. Ако посакате, можете да ја поделите програмата на помали делови, наречени модули. На пример, може да изберете да започнете со група што ќе се среќава само три месеци по еднаш неделно за да ги завршите единиците од 1 до 3. Со користење на овој пристап можете да им помогнете на учениците да останат посветени.

Белешка: Кога планирате средба на групата што не започнува со единица 1, земете во предвид дека треба да почнете со планирање на распоред на часовите за вашата група со лекција 1. Ова ќе им помогне на учениците да се орјентираат како да го користат прирачникот. Советувајте се со оние кои ја надгледуваат програмата и земете ги во предвид потребите на учениците и локалниот капацитет кога носите одлуки.

Дозволено ли е да одржам повеќе од една лекција на средба на групата?

Ако сакате, групите може да изучуваат повеќе од една лекција за време на една средба на групата? За средбите на групата да бидат поефикасни, учениците треба да имаат доволно време пред средбата да го завршат делот „Personal Study“ за секоја лекција.

Види „Колку често треба се среќава мојата група“ за подробни информации околу распоредот на часовите и темпото.

Како да знам на кое EnglishConnect ниво треба да се приклучи ученикот?

EnglishConnect 1 бара познавање на мајчиниот јазик на лицето и способност за читање на англиската азбука и основните англиски зборови. EnglishConnect 2 е наменет за ученици кои можат да зборуваат основни реченици и да одговораат на основни прашања на англиски јазик. За да одлучите дали ученикот треба да се приклучи на EnglishConnect 1 или EnglishConnect 2, може да го искористите интервјуто за говорна вештина во додаток B.

EnglishConnect 3 е напреден курс што им помага на учениците да развијат академски вештини на англиски јазик. За да се приклучите на EnglishConnect 3, учениците мора да се пријават и да се квалификуваат на тестот за пласман. Учениците може да се пријават на englishconnect.org/join.

Што е тоа EnglishConnect 3?

EnglishConnect има повеќе нивоа за да се помогне на учесниците да напредуваат. EnglishConnect 1 и 2 им помага на учениците да ги развијат основите на вештините за владеење англиски јазик. EnglishConnect 3 е напреден курс што им помага на учениците да развијат академски вештини на англиски јазик. Им помага на учениците да се подготват за програмата на Брингам Јанг Универзитетот–Pathway Worldwide. (Дознајте нешто повеќе за програмата на Брингам Јанг Универзитетот–Pathway Worldwide на byupathway.org.)

EnglishConnect 3 е ефтин интернет курс со собир за разговот што се одржува виртуелно или во некоја од просториите за средби EnglishConnect 3 вклучува ресурси за учење на интернет кој обезбедува индивидуални повратни информации за слушање, зборување, читање и пишување. Учениците можат да напредуваат во кусот со сопствено темпо. Учениците можат да го повторуваат EnglishConnect 3 колку што сакаат пати за да ги постигнат своите цели. Завршувањето на EnglishConnect 3 им овозможува на учениците да го избегнат оценувањето на англискиот јазик кога се пријавуваат за програмата на Брингам Јанг Универзитетот–Pathway Worldwide.

За да се подготват за EnglishConnect 3, учениците треба да ги завршат EnglishConnect 1 и 2—вклучувајќи ги вежбите од работната тетратка, особено вежбите за читање и пишување. Охрабрете ги учениците на EnglishConnect 2 да се пријават за EnglishConnect 3 на englishconnect.org/join.

EnglishConnect 3 се нуди преку програмата на Брингам Јанг Универзитетот–Pathway Worldwide во соработка со локалните водачи и црковните мисионери на служба. Заинтересираните водачи може да работат со раководството на службите за благосостојба и самостојност во нивната област за да ја обезбедат EnglishConnect 3 на нивните локации.

Како да му помогнам на ученик кој се приклучил на групата што веќе започнала?

Лекциите се осмислени за учениците да можат се приклучат на некоја EnglishConnect група во било кое време. Ако учениците сакаат да се приклучат откако групите веќе почнале, дочекајте ги, и обезбедете им ги EnglishConnect 1 за Ученици или EnglishConnect 2 за Ученици (или покажете им како да пристапат до прирачникот во Евангелска Библиотека), и помогнете им да земат учество. Вие или друг ученик може да им помогнете на новите ученици да се интегрираат со групата со тоа што ќе им покажете како да се подготват за следната лекција. Исто така, учениците може да изберат да го повторат нивото ако им треба повеќе важбање.

Што доколку ученикот пропушти некоја од средбите или престане да ја посетува групата?

Понекогаш учениците наидуваат на потешкотии што го отежнуваат присуството на групата, и честопати се двоумат да се вратат поради срам или страв. Тие можеби претпоставуваат дека премногу испуштиле или неможат да стигнат. Контактирајте ги и поканете ги отсутните ученици да дојдат на следната лекција без разлика колку и да пропуштиле. Понудете поддршка и охрабрете ги. Уверете ги дека EnglishConnect е така осмислена што учениците можат повторно да и се приклучат во било кое време. Учениците можат да започнат од почеток со тоа што ќе присуствуваат на групата и ќе се подготват за следната лекција. Размислете да повикате еден или повеќе членови од групата да стапат во контакт со отсутниот ученик и да изразат поддршка.

Белешка: Не споделувајте лични контакт информации без негова или нејзина писмена согласност.

Како да им помогнам на учениците кои послабо напредуваат од останатите во групата?

На некои ученици им е потребно повеќе време да го разберат и да почнат да го зборуваат јазикот. Овие ученици ќе имаат најмногу корист од завршување на делот „Personal Study“ пред да земат учество во секоја од групите за разговор. Предложете им да го вежбаат вокабуларот и реченичните шеми пред да се состане групата. Во текот на лекцијата, спојте ги овие ученици со други ученици кои можат да дадат охрабрување и поддршка. Охрабрете ги сите ученици да дадат сė од себе и да ги прифаќаат грешките како дел од процесот на учење. Може исто така да изберат да ги проверат и да ги повторат вежбите (активностите). Потсетете ги сите ученици дека довршувањето на делот „Personal Study“ пред да се учествува на следната група за разговор е од витално значење за нивниот напредок.

Како да им помогнам на учениците кои учат со побрзо темпо?

Додека сте зафатени со учениците, можеби ќе забележите дека некои разбираат добро и се способни лесно да ги довршат вежбите. Размислете да ги предизвикате овие ученици за да го продлабочат нивното знење вклучувајќи повеќе детали или правејќи ја истата (вежба) активност во различен контекст. На пример, кога учениците вежбаат како да се запознаат со некого, побарајте од нив да вежбаат различни сценарија како запознавање на нов пријател или нов газда. Овие ученици можат исто така да го зајакнат своето знаење англиски со тоа што ќе ги поддржат учениците кои учат поспоро. Сите ученици може да имаат корист од подучување на свој врсник и од помошта што им ја даваат на другите за да го вежбаат вокабуларот и реченичните шеми на англиски.

Како да поддржам ученици кои имаат различни способности за зборување англиски?

Да се има ученици со различна способност за зборување англиски е природно и можност да си помагаат едни со други. Помагањето едни на други може да го зајакне заедништвото и напредокот. Секој има што да понуди. На пример, некои ученици можеби се во можност да им помогнат на другите да се чувствуваат самоуверено затоа што се подготвени да прават грешки. Комбинирајте ги учениците на различни начини. Можете да ги комбинирате учениците со некој од исто ниво за да им помогнете заедно да ги прошират своите способност. Или можете да ги комбинирате учениците со некој од различно ниво Ученикот од пониско ниво ќе има корист од повратните информации и поддршка. Ученикот од повисоко ниво ќе има корист од поучувањето на некој врсник и објаснување на англиски. Запомнете, нормално е да се има група со различни способности за зборување на англиски јазик и ова може да биде прекрасна можност за учениците да имаат корист од помагањето едни на други.

Што можам да направам кога ученик поставува прашања за граматиката?

Наместо да обезбедите долги граматички упатства или да потрошите многу време зборувајќи за правила, насочете ги учениците назад кон реченичните шеми. Учениците ќе избегнат многу грешки со тоа што ќе ги следат реченичните шеми. Поефективно е да се учи преку вежбање на јазикот наместо да се зборува за јазикот. Секое објаснување во врска со граматиката треба да бидат едноставно, концизно и практично. Ако учите некој принцип, дајте пример и предложете им на учениците да вежбаат применување на овој принцип. Учениците најмногу корист имаат од слушање и вежбање англиски.

Треба ли да го поправам изговорот?

Не минувајте многу време исправајќи го изговорот. Потсетете ги учениците дека да се биде разбран е поважно отколку да се има совршен изговор. Охрабрете ги учениците да вежбаат изговор за време на нивното лично проучување за да може да вежбаат со свое темпо. Имајте на ум дека доколку учениците се премногу загрижени за својот изговор, тие може да се двоумат дали да вежбаат изговор. Охрабрете ги учениците да користат интернет шеми за изговор на englishconnect.org/learner/resources.

Како да ја регистрирам и управувам со мојата EnglishConnect Група?

Користете ја алатката QuickReg (quickreg.englishconnect.org) за да се најавите и да управувате со вашата EnglishConnect група. QuickReg е алатка за најавување во групата обезбедена од Црквата на Исус Христос на Светците од подоцнежните Дни. Можете да ја користите QuickReg за да:

  • Создадете група: Изберете датум, време и локација за вашата група.

  • Управувате со групата: Прикажете ги информациите за учесниците и ажурирајте ги информациите за групата.

  • Да ги поканите луѓето да учествуваат: Вашата група ќе биде набројана на интернет на englishconnect.org/join. Можете да споделите врска за да поканите луѓе да се најават во вашата група.

  • Разделете сертификати: На крај од вашата групата, можете да пристапите и да отпечатите сертификати.

Како учениците добиваат сертификати за EnglishConnect?

EnglishConnect 1 и 2: На крај на групата, учениците можат да добијат сертификати за учество. Водачите, експерите или предавачите можат да ги разделат сертификатите. Некои земји можеби не одобруваат да се дистрибуираат EnglishConnect сертификати. Ве молиме проверете ги локалните законски барања пред да ги доделите сертификатите (види englishconnect.org/leader/approved-locations).

Белешки: За да пристапите и разделите сертификати, вашата група мора да биде најавена преку алатката QuickReg на quickreg.englishconnect.org. (Види „Како да ја најавам и да управувам со мојата EnglishConnect Група?“ во делот FAQ.)

EnglishConnect 3: Учениците може да заработат сертификат за завршување кога ќе ги завршат потребните нивоа од курсот. Завршувањето на EnglishConnect 3 им овозможува на учениците да го избегнат оценувањето на англискиот јазик кога се пријавуваат за програмата на Брингам Јанг Универзитетот–Pathway Worldwide.