Учење англиски
Која е Улогата на Предавачот?


„Која е Улогата на Предавачот?“, EnglishConnect за Предавачи (2023)

„Која е Улогата на Предавачот?“, EnglishConnect за Предавачи

Предавач на EnglishConnect им помага на двајца ученици во нивната EnglishConnect група

Која е Улогата на Предавачот?

Вашата улога како еден EnglishConnect предавач е да им помогнете на учениците да развијат вештини за разговор на англиски јазик во опкружување на вера, заедништво и раст. Духот е вистинскиот учител. Можете да им помогнете на учениците да го почувствуваат Духот, да почувствуваат дека припаѓаат, да се уверени дека со помош на Небесниот Отец можат да научат англиски. Ќе им помогнете на учениците кога се фокусирате на следното:

Ја зајакнувате верата

Ги охрабрувате учениците да ја бараат и ја препознаваат Господовата помош учејќи англиски. Ги охрабрувате да ги применуваат принципите на учење „со проучување и со вера“ (Учење и Завети 88:118). Им помагате на учениците да ја препознаат Господовата љубов, моќ и милозливост во нивните животи. Им помагате да ги споделат сопствените искуства што ја градат нашата вера. Ги споделувате вашите искуства во врска со добивање на Господова помош. (Види го делот „Помогнете им на Учениците да Дојадат при Христа“ од Поучување на Начинот на Спасителот [2022].)

Поддржувате Заедништво

Го каните Духот помагајќи им на учениците да се сакаат и взаемно да се поддржуваат. Им помагате да ја почувствуваат Божјата љубов. Создавате пријатна средина каде учениците ќе почувствуваат дека припаѓаат. Ги запознавате учениците и им помагате меѓусебно да се запознаат. Им помагате да изградат доверба додека вежбаат, грешат и се подобруваат заедно. (Види го делот „Сакајте ги Оние кои ги Подучувате“ од прирачникот Поучување на Начинот на Спасителот [2022].)

Поттикнувате раст

Им помагате на учениците да дејствуваат со вера за да вежбаат англиски и да се подобрат. На некои ученици можеби им недостасува самодоверба во нивните способности да научат англиски. Вие може да помогнете. Кога зборувате англиски со нив, ја покажувате вашата вера дека Бог може да им помогне да научат. Ги охрабрувате учениците да зборуваат англиски. Ги фалите нивните обиди. Им помагате на учениците да запамтат зошто учат англиски. Ги охрабрувате да поставуваат цели и секојдневно да вежбаат. (Види го делот „Покажете им дека е важно вредно да учат” од прирачникот Поучување на Начинот на Спасителот [2022].)

Мојата Улога

  • Да ја зајакнувам верата помагајќи им на учениците да ја побараат и да ја препознаат Господовата помош за учење англиски

  • Да го зајакнувам заедништвото и да го канам Духот помагајќи им на учениците да се сакаат и взаемно да се поддржуваат.

  • Да поттикнувам напредок помагајќи им на учениците да дејствуваат со вера за да вежбаат англиски и да се подобрат.