Учење англиски
Добредојдовте на EnglishConnect


„Добредојдовте на EnglishConnect“, EnglishConnect за Предавачи (2023)

„Добредојдовте на EnglishConnect“, EnglishConnect за Предавачи

Жена се смее во мала група на отворено

Добредојдовте на EnglishConnect

Ви благодариме за вашата подготвеност да служите како предавач на EnglishConnect. Водачи, се надеваме дека вие ќе ги менторирате, водите, и поддржувате младите додека го прават ова. Помагајќи им на другите да научат англиски, ќе им помогнете да ги прошират своите можности за образование, вработување и служба. Вашите напори ќе ги благословат животите на учениците сега и во иднина.

Кога барате водство и сила од Бога, Тој ќе ви помогне да ги сакате и да им служите на учениците од вашата група. Нема потреба да го зборувате истиот јазик со оние кои ги подучувате. Нема потреба да сте експерт по англиски или да имате искуство во поучување за да водите некоја EnglishConnect група. EnglishConnect матерјалите имаат сė што ви е потребно за да бидете успешни. Кога го барате Духот и ги водите со љубов учениците низ лекциите, можете да им помогнете да се приближат до Бога додека учат англиски.