„Како Можам да го Подобрам Моето Предавање?“ EnglishConnect за Предавачи (2023)
„Како Можам да го Подобрам Моето Предавање?“ EnglishConnect за Предавачи
Како можам да го подобрам моето Предавање?
Исто како што учениците се подобруваат со текот на времето, и вие ќе ја зглемувате вашата самодоверба и ќе се подобрите со текот на времето. Господ ќе ве поддржува кога служите и им помагате на учениците од вашата група. Тој ќе ве подучува „ред по ред, заповед по заповед“ (2 Нефи 28:30). Верувајте дека Небесниот Отец ќе ви помага кога го барате Духот и работите да се подобрите.
Стратегии за Предавање Јазик
Подолу се неколку стратегии за предавање англиски. За разлика од часовите по јазици што се фокусираат на предавање граматика, вежби за вокабулар или вежбање на изговор, Групите за Развивање Говорна Вештина EnglishConnect имаат за цел да им помогнат на учениците да го користат јазикот на осмислени начини. Применувајќи ги овие стратегии, ќе можете подобро да им помагате на учениците.
Зборувајте англиски
Зборувањето англиски им помага на учениците да напредуваат и е важен начин да го бараме дарот за јазици. Потрудете се да зборувате само англиски и предложете им на учениците да го сторат истото. Користете едноставен вокабулар и кратки реченици. Говорете бавно и повторувајте ги зборовите и фразите доколку е потребно. Откако ќе поставите прашање, оставете им на учениците доволнно време за размислување и одговор. Користете зборови и примери што учениците во моментов ги практикуваат. Кога ги водите активностите, упатете ги учениците на преведените упатства за активноста обезбедени во прирачниците за ученици EnglishConnect.
Демонстрација на Активности
Честопати е подобро да им се покаже на учениците што да направат отколку да им се каже. Користете го примерот за разговор на почетокот на секоја активност како модел што да прават учениците додека вежбаат. Можете да ги одиграте двете улоги во разговорот, или да побарате од учениците да ви помогнат да го демонстрирате.
Поттикнувајте Разговор
Учениците ќе стекнат самодоверба и ќе учат побрзо додека практикуваат како се корсити јазикот. Не ја исправајте секоја грешка; едноставно помогнете им на учениците да се вклучат во разговорот. Распоредете го времето за најголемиот дел од времето да се помине во партнерски разговори.
Поддржувајте Повторување
Повторувањето гради доверба и јазична флуентност. Охрабрувајте ги учениците да ги менуваат партнерите и вежбајте повторно. Менувањето партнери им дава на учениците повеќе можности да слушаат и кажуваат нови работи. Кога учениците го користат она што го знаат со други луѓе, им помага да го зацврстат она што го учат. Тоа исто така ја зголемува нивната самодоверба и го зајакнува другарството.
Зајакнете ги Учениците
Учениците имаат потреба од вашата љубов и охрабрување. Помогнете им на учениците да го надминат стравот пофалувајќи го секој обид да зборуваат англиски. Набљудувајте ја и охрабрувајте ја секоја група и слушајте додека учениците вежбаат едни со други. Често фалете ги. Вежбајте со нив и помогнете им да доживеат успех. Посочете ги сите начини за учење и напредување. Кога ги сакате и охрабрувате учениците, создавате опкружување на вера, заедништво и раст.
Подобрување како Христијански Предавач
Како EnglishConnect предавач, имате единствена можност да им служите на другите. Принципите на христијанско предавање важат и за вас. Можете да дознаете и да ги примените принципите од прирачникот Поучување на Начин на Спасителот (2022). Под водство на вашиот свештенски водач, може да присуствувате на состаноците на советот на предавачи. Можете исто така периодично да го проценувате вашиот напредок и да ги идентификувате областите каде треба да се подобрите користејќи го „Подобрување Како Христијански Предавач—Самоевалуација“ (Поучување на Начинот на Спасителот, 37). Препознајте што правите добро Идентификувајте каде сакате да се подобрите и изработете конкретни планови да го примените она што ќе го научите.
Запомнете, најважната работа што може да ја направите е да ги сакате учениците и да барате да бидете водени од Духот додека ја зајакнувате верата, заедништвото и растот.