„Што Прави Ученикот?“, EnglishConnect за Предавачи (2023)
„Што Прави Ученикот?”, EnglishConnect за Предавачи
Што Прави Ученикот?
Како EnglishConnect предавач, треба да разберете што ќе прават учениците за да може да им помогнете да бидат поуспешни. Учениците ќе бидат најуспешни кога ќе ги извршуваат активностите за лично проучување, ќе учествуваат во групата за разговор, и ќе равиваат навика за секојдневно вежбање на англиски. Секоја лекција од EnglishConnect 1 за Ученици и EnglishConnect 2 за Ученици е поделена на два дела: „Personal Study“ (Лично Проучување) и „Conversation Group“ (Група за Развивање Говорна Вештина). Проверете го „Воведот“ во прирачникот EnglishConnect за предавачи за да ви помогне да разберете искуството на ученикот.
Барајте знаење со поучување и со вера
Основата на искуството со EnglishConnect е да им помага на учениците „да бараат знаење, и тоа со проучување и со вера“ (Учење и Завети 88:118). Секоја лекција во EnglishConnect е фокусирана на принцип на учење. Овие се духовни принципи што ни помагаат да се потпираме на Господ да го зголеми нашиот капацитет за учење и подучување. Овие принципи на учење може да ни помогнат да го разбереме нашиот вистински потенцијал и способноста на Спасителот да ни помогне. Принципите на учење што ќе ги проучуваме и ќе ги илустрираме во EnglishConnect вклучуваат:
Вие Сте Божјо Дете
Јас сум Божјо чедо со вечен потенцијал и цел.
(Види Римјаните 8:16–17; „Семејството: Проглас кон Светот.“)
Практикувајте Вера во Исус Христос
Исус Христос ќе ми помогне да направам сė кога практикувам вера во Него.
(Види Филипјаните 4:13; Етер 12:27; Морони 7:33.)
Преземете Одговорност
Имам моќ да избирам, и јас сум одговорен сум за моето сопствено учење.
(Види 2 Нефи 2:14, 16; Учење и Завети 58:27–28.)
Сакајте се Едни со Други
Можам да учам од Светиот Дух кога сакам, поучувам и учам од другите.
(Види Јован 13:34–35; Јован 14:26–27; Учење и Завети 84:106; 88:77, 122–23.)
Напредувајте
Со Божја помош, јас можам да продолжам да напредувам дури и кога се соочувам со препреки.
(Види 2 Нефи 31:20; 32:9; Учење и Завети 50:41–42.)
Советувајте се со Господ
Го подобрувам моето учење со тоа што секојдневно се советувам со Бога за моите обиди.
(Види Поговорки 3:5–6; Матеј 7:7–8; Алма 37:37.)
Лично и Проучување
Пред да присуствуваат на групата за разговор учениците го пополнуваат делот „Personal Study“ (Лично Проучување) од прирачникот за ученикот. Во овој дел, учениците го учат принципот на учење, го меморираат вокабуларот и вежбаат користејќи реченични модели.
Меморирањето на вокабуларот и вежбањето реченични модели се активности кои најдобро се прават како дел од личното проучување. Ова им дозволува на учениците да ги совладаат концептите со сопствено темпо.
Група за Разговор
Пред да присуствуваат на групата за разговор учениците го пополнуваат делот „Conversation Group“ (Лично Проучување) од прирачникот за ученикот. Работејќи во помали групи или парови, учениците дискутираат за принципот на учење, проверка на вокабуларот и реченичните модели, и вежбање разговор. Секоја активност ги подготвува учениците за следната активност. На крајот од секоја група за разговор, учениците го проценуваат сопствениот напредок и поставуваат цели за секојдневно вежбање.
Секојдневно Вежбање
За најдобро да го научат англискиот јазик, учениците мора да развијат навика да го практикуваат секојдневно. За да се воспостави оваа навика, учениците мора да пронајдат начини да се интегрира англискиот јазик во нивните секојдневни активности. На пример, кога слушаат музика, тие треба да ја слушаат онаа на англиски јазик. Учениците можат исто така да водат едноставни разговори на англиски јазик дома, на работа или во црква. (Види дополнителни идеи во делот „Предлози за Проучување“ во прирачникот за ученици EnglishConnect.) Клучот за секојдневнo обрнување внимание е да им се помогне на учениците да најдат начини да го користат англискиот јазик во нивната нормална секојдневна рутина.
Пред да присуствуваат на групата за разговор учениците го пополнуваат делот „Personal Study“ (Лично Проучување) од прирачникот за ученици. Тие исто така можат да ги пополнат активностите(вежбите) за лекцијата на интернет на englishconnect.org/learner/resources и во Работна Тетратка EnglishConnect 1 и Работна Тетратка EnglishConnect 2.