„Како да Водам Група за Развивање Говорна Вештина?“, EnglishConnect за Предавачи (2023)
„Како да Водам Група за Развивање Говорна Вештина?“, EnglishConnect for Teachers
Како да Водам Група за Развивање Говорна Вештина?
Ќе го користам EnglishConnect 1 за Ученици или EnglishConnect 2 за Ученици за да ја водам групата. Секоја лекција го следи истиот формат:
Добредојдовте: Топло поздравете ги учениците и претставете ги новите учесници. Воспоставете очекување дека ќе зборувате англиски и поканете ги сите да го користат англискиот колку што е можно повеќе. Кратко претставете ја темата на лекцијата.
Молитва: Поканете некој ученик да се моли гласно. Обидете се да изберете ученик кој се чувствува пријатно да кажува молитва на англиски. Можете да го поканите лицето да се подготви претходно со проучување на „Молење на англиски“ во додатокот од прирачниците за учење.
Принцип на Учење: Прочитајте го и дискутитајте за принципот на учење лоциран во делот „Personal Study“ (Лично Проучување) во прирачникот за учење. Целта на принципот за учење е да го покани Духот кога споделувате и учите заедно „со проучување и со вера“ (Учењата и Заветите 88:118).
Да покажеме како да го разгледаме принципот со кратко споделување како би одговориле на едно од прашањата за дискусија. Користете едноставни зборови и фрази.
Поканете ги учениците меѓусебно да ги споделат своите мисли и искуства Учениците може да разговараат на нивниот мајчин јазик Ако се чувствуваат пријатно, учениците може да изберат да користат зборови и фрази на англиски кога дискутираат
Активност 1: Водете ги учениците низ активностите од делот „Conversation Group“ (Група за Развивање Говорна Вештина) од прирачникот за учење. Секоја активност ги подготвува учениците за следната активност. Активностите им помагаат на учениците да преминат од вежбање повторување до создавање на сопствени разговори.
Во активност(вежба) 1, помогнете им на учениците да го проверат вокабуларот и шемите во делот „Лично Проучување“ од прирачникот за учење. Целта е да се подготват учениците за активностите (вежбите) 2 и 3 помагајќи им да разберат некои клучни зборови и да ги наведат шемите.
Активност(вежба) 2: Во активност(вежба) 2, учениците го користат вокабуларот и ги наведуваат шемите за поставување и одговарање на прашања со партнерот користејќи ги дадените информации. Целта е учениците да создадат колку што е можно повеќе реченици на англиски.
Охрабрувајте ги учениците да ги менуваат партнерите за да ги зголемуваат можностите за вежбање. Додека комуницирате со учениците, обидете се да ги најдете оние на кои им е потребна дополнителна поддршка. Охрабрувајте и воздигнувајте.
Активност(вежба) 3: Во активност(вежба) 3, учениците имаат можност да користат вокабулар и шеми за да имаат целосен разговор со сценарио од вистинскиот живот. Целта е учениците да имаат осмислен разговор на англиски.
Охрабрувајте ги учениците да ги менуваат партнерите за да ги зголемат можностите за вежбање. До крајот на активност(вежба) 3 во иеален случај сите ученици зборуваат англиски без да се повикуваат на своите прирачници. Групата треба да има енергија и движење додека учениците комуницираат и вежбаат заедно. Кога се занимавате со учениците, можеби ќе забележите дека некои разбираат добро и се одлични за оваа активност. Размислете да ги предизвикате овие ученици за да го продлабочат нивното знење вклучувајќи повеќе детали или правејќи ја истата активност во различен контекст. На пример, кога учениците вежбаат како да се запознаат со некого, побарајте од нив да вежбаат различни сценарија како запознавање на нов пријател или нов газда.
За секоја активност:
-
Демонстрирајте како да ја извршат активноста(вежбата).
-
Поставете ги учениците во парови или мали групи за вежбање.
-
Набљудувајте ја секога група и обезбедете поддршка.
Проценете: Помогнете им на учениците да го проценат нивниот напредок и напор. Помогнете им да се чувствуваат успешно укажувајќи им што да направат за да се подобрат. Помогнете им на учениците да го користат „Personal Study Tracker” (Следачот за Лично Проучување) за да поставите цели за секојдневно вежбање.
Дејствувајте со Вера за секојдневно да вежбате англиски: Прочитајте го цитатот на глас со вашата група. Изразете ја вашата вера дека Господ може да им помогне да научат англиски. Поканете ги секојдневно да вежбаат англиски и да се подготват за следната лекција пополнувајќи ги активностите (вежбите) „Personal Study“ (Лично Проучување) .
Молитва: Поканете некој ученик да понуди молитва за затворање. Одберете ученик кој има самодоверба или некој кој претходно сте го поканиле.
EnglishConnect лекциите се осмислени користејќи докажани принципи на јазично учење. Ќе бидете успешни кога ги следите лекциите и создавате опкружување на вера, заедништво и раст.
Виртуелни Групи
Доколку е потребно, групите може да се среќаваат на интернет, користејќи далечинска платформа за среќавање. Имајте на ум дека EnglishConnect е најуспешна кога сите ученици комуницираат и вежбаат разговори. Погрижете се да има комуникација во текот на искуството. Најдобриот начин да се олесни комуникацијата е да се распоредат учениците во парови или мали групи. Користете делење на учениците и други интернет алатки за да им помогнете на учениците да зборуваат едни со други колку што е можно повеќе. На пример, наместо да се има еден ученик кој ќе зборува додека целата група слуша, поделете ги учениците на групи по двајца или повеќе за да разговараат. Потоа регрупирајте се за следната активност(вежба). Охрабрете ги сите да користат видео запис доколку е тоа можно.
Користете го „Водичот за Водење Виртуелни Групи“ кога се подготвувате и водите интернет EnglishConnect групи.
Споделете го „Водич на Учесници за Виртуелна група“ со вашите ученици со ставање на врската во разговорот за време на вашите средби. Повикајте се на него по потреба.
Користете ја одобрената „Презентација на Групата за Разговор“ на EnglishConnect 1 и 2 на englishconnect.org/resources/teaching-materials. Може да ја прикажете презентацијата за да помогнете во водење на учениците низ активностите (вежбите) во секоја лекција.