Запознајте нé

Исус Христос игра централна улога во нашите верувања и во нашите животи. Нашата мисија е да ги поканиме сите Божји чеда да го следат Исус и да ја доживеат радоста која е можна благодарение на Него.

Кои сме ние

Основана во 1830 год.
Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни била официјално основана во 1830 година во Фајет, Њујорк, од Џозеф Смит како првиот Претседател на Црквата.
Светски распространета Заедница
Црквата од скромни почетоци прерасна во глобална заедница од 17 милиони верници обединети во следењето на Исус Христос.
Водени од Откровение
Ние сме дел од обновената црква на Исус Христос, водена од Спасителот преку Неговиот божествено инспириран пророк.

Најчесто Поставувани Прашања

Да! Ние веруваме дека Исус Христос е Синот Божји и Спасителот на светот, и се стремиме да го следиме. Како и многу христијански деноминации, специфичностите на нашите верувања помалку се разликуваат од оние на нашите соседи. Но ние сме посветени следбеници на Христос и на Неговите учења. Уникатните и убави делови од нашата теологија помагаат да се продлабочи нашето разбирање за Исус и Неговото Евангелие.
Да! Веруваме дека Библијата е Божјето слово. Редовно ја проучуваме во нашите домови и во црквата и се обидуваме да живееме според нејзините учења. Веруваме Стариот и Новиот Завет заедно со Книгата на Мормон, што е уште едно сведоштво за Исус Христос, сведочат за Исус и ни даваат поцелосно разбирање на Божјиот план.
Храмовите се разликуваат секојдневните црковни простории за средби каде ги одржуваме неделни богослужби. Тие се нашите најсвети места, издвоени за најсветото Боже дело. Она што го правиме во храмот се сосредочува на ветувањето дека можеме да живееме со Бога и нашите сакани во вечноста. Во храмот, ние сме поцелосно посветени на следење на Исус Христос. Ние се заветуваме со Бога, дека ќе се држиме до Неговите заповеди и дека ќе се посветиме себе си и сé што имаме на Него. Брачните другари, родителите и децата се обединуваат заедно, или се „запечатуваат“ едни со други за вечноста. Ја извршуваме истата работа и за нашите предци, давајќи им можност да ги прифатат овие благослови и за следниот живот доколку така одлучат.
Секако! Веруваме дека сите ние сме Божји чеда и Неговите ветени благослови се достапни за сите нас кога се стремиме да го следиме Неговото слово, без оглед на нашите карактерни особини или нашето минато. Црквата е место каде секој може да учи и да расте. Може да имате одреден стереотип во главата дека не чувствувате дека се вклопувате, но вистината е дека нашите членови имаат различно потекло и интереси. Дојдете на посета, и може ве изненади кого ќе го затекнете како седи на клупите до вас.

Дали имате уште некое Прашање?

Членовите на нашата Црква кои го волонтираат своето време како мисионери можат да ве посетат на интернет или лично за да споделат инспиративна порака и директно да одговорат на вашите прашања.

Славете го со Нас

Сите ние можеме да станеме подобри луѓе преку Исус кога учиме и служиме заедно во Неговата Црква. Дојдете и видете за што се работи со тоа што ќе му се восхитувате заедно со нас во претстојната недела.