Семејствата можат да бидат заедно засекогаш
Уникатната семејна поврзаност која ја создаваме во овој живот може да трае и после смртта. Зајакнувањето на вашиот однос со Бога може да доведе до посилни односи со вашето семејство.
Семејствата се од суштинско значење за Божјиот план
Како ваш сакан Небесен Отец, Бог сака да стекнувате знаење и да го искористите за да го подобрите сопствениот и животот на оние околу вас. Семејствата играат клучна улога во ова подобрување. Ние веруваме дека:
- Семејствата се темелите на едно силно општество.
- Домот може да биде место каде ние чувствуваме поддршка, безбедност и љубов.
- Поврзувањето со Бога помага да се создадат силни семејства каде што се задоволуваат духовните, емоционалните и физичките потреби на еден човек.
Можете да бидете со вашето семејство засекогаш
Ако вашето семејство е одличен извор на љубов и радост во вашиот живот, можеби ќе биде тешко да се замисли рајот без да постои некаков роднински однос со овие луѓе. Дел од добрата вест на евангелието на Исус Христос е дека семејствата можат да бидат заедно засекогаш.
Во Библијата, Исус им дал на дванаесетте апостоли свештенско овластување, ветувајќи дека „сé што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото“ (Матеј 18:18 ). Истото овластување од Бога обединува—или запечатува—сопрузи со сопруги и родители со децата заедно за вечноста.
Во Библијата, Исус им дал на дванаесетте апостоли свештенско овластување, ветувајќи дека „сé што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото“ (
Свадбените церемонии се извршуваат во храмовите со истото овластување со ветување дека браковите на оние кои му се верни на Бога и едни на други можат да траат вечно, наместо да завршат со смртта.
Ги извршуваме овие исти запечатувачки церемонии во име на нашите предци, за кои веруваме дека можат да изберат дали да ги прифатат или отфрлат запечатувањата.
Семејните односи и околности можат да бидат комплицирани и ние не знаеме како точно сè ќе функционира во следниот живот. Но имаме верба во Божјата совршена мудрост и љубов, и веруваме дека рајот ќе биде место на незамислива радост.
Ги извршуваме овие исти запечатувачки церемонии во име на нашите предци, за кои веруваме дека можат да изберат дали да ги прифатат или отфрлат запечатувањата.
Семејните односи и околности можат да бидат комплицирани и ние не знаеме како точно сè ќе функционира во следниот живот. Но имаме верба во Божјата совршена мудрост и љубов, и веруваме дека рајот ќе биде место на незамислива радост.
Јаки семејни односи најверојатно ќе се постигнат кога семејствата се засновани врз принципите за кои поучувал Исус Христос, како што се:
Бидејќи веруваме дека семејствата се многу важни во овој живот и во следниот, Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни работи напорно за да ги поддржи здравите семејни односи. Еве неколку начини на кои можете да најдете поддршка за вашето семејство.
- Милосрдие
- Прошка
- Чесност
- Благодарност
- Молитва
- Колективно богослужење како семејство
Бидејќи веруваме дека семејствата се многу важни во овој живот и во следниот, Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни работи напорно за да ги поддржи здравите семејни односи. Еве неколку начини на кои можете да најдете поддршка за вашето семејство.
Црковни ресурси за семејства
Програми за семејството (како основно опкружување за учење и духовен развој)
Програми за семејството (како основно опкружување за учење и духовен развој)
Црквата нуди ресурси за поединци и семејства за да ги користат додека го проучуваат евангелието на Исус Христос. Овие ресурси за проучување ви даваат можности да го примените наученото и да ја зголемите сопствената верба. Принципите се потврдуваат секоја недела во црквата.
Пристапете до плановите за проучување, наречени Дојдете, следете ме.
Програми за млади
Програми за млади
Програмите за млади на Црквата ги поддржува родителите во подучување на Христијанските вредности на нивните деца, и им дозволува на тинејџерите да се поврзат со другите кои споделуваат слични вредности. Некои од можностите за млади вклучуваат:
- Часови по веронаука
- Неделни активности за млади по групи
- Проекти како можности за служење
- Танци
- Летни кампови
- Конференции
Семејна домашна вечер
Семејна домашна вечер
Семејна домашната вечер е традиција каде што семејствата се охрабруваат да посветат една вечер во неделата за да поминат време заедно. Ова може да значи проучување на Евангелието, играње игри, уживање во храната и учествување во други активности кои градат единство. Сé што најмногу одговара на вашето семејство е одлично! Важна работа е да се даде приоритет на квалитетно време поминато во склоп на семејството. Ова може да биде и време за собирање со пријателите, соседите и членовите на вашата конгрегација.
Во служба
Во служба
Членовите на црквата се назначуваат да им служат на неколку луѓе од нивните конгрегации. Кога сме во служба на другите, се обидуваме да им служиме како што би им служел Спасителот. Ова гарантира дека сите членови на конгрегацијата имаат некој за кој се задолжени да се грижат и некој на кој може да му се обратат доколку нешто им треба. На пример, некој брат или сестра на служба може да понудат превоз до црквата, да се организираат за се донесат оброци кога некое семејството има ново бебе, или едноставно да бидат пријателско лице на клупите.
Самостојност
Самостојност
Ако семејствата или поединците се борат да ги задоволат своите потреби, црковната програма за благосостојба може да помогне со ресурси како што се намирници. Службите за вработување на Црквата можат да им помогнат на луѓето да најдат нова работа или да ги подобрат вештините за барање работа. Ние нудиме часови спонзорирани од Црквата, кои се отворени за сите, на тема лични финансии, емоционална отпорност и како да се започне некој бизнис.
Изградете заедница за самохрани возрасни лица
Изградете заедница за самохрани возрасни лица
Секој поединец е дел од семејството на нашите небесни родители. Не секој кој оди во црква живее со своето семејство, но, секој може да најде духовна поддршка и заедница во црквата. Самохраните возрасни лица можат да изберат да служат во заедница која вклучува семејства и деца, или во некои делови од светот, тие може да присуствуваат во заедница специјализирана за самохрани возрасни лица во рамки на нивната возрасна група. Посетувањето на часови по веронаука и социјални активности наменети за самохрани возрасни лица може да даде единствени можности за пријателски и духовен развој.