Вашиот живот има смисла и значење

Животот на земјата не настана случајно. Вие сте Божји чеда и тука сте како дел од Неговиот план за среќа.
Find Answers Through Jesus
Каде се вклопувам во големата слика?

Вие сте тука со причина

Дали некогаш сте се запрашале зошто сте овде?

Веруваме дека секој од нас постоел пред создавањето на Земјата и дека живеел со Бог како Негово духовно дете. Нашиот Небесен Отец го испрати секој од нас тука за да добиеме тело, да растеме и да наликуваме што повеќе на Него. Кога го следиме Божјиот план, можеме повторно да се вратиме и да живееме во Негово присуство.

Ако некогаш сте почувствувале дека вашата смисла за животот оди подалеку од самото постоење, во право сте. Можете да ја пронајдете вашата смисла со тоа што ќе се свртите кон Бога.
A mother stands and comforts her son in their home

Бог сака вие да бидете среќни

Евангелието на Исус Христос ветува спокој, сила и радост за оние кои ги следат Божјите заповеди и се крштеваат во Исусовата Црква.
Адам падна за да постојат луѓето; а луѓе постојат, за да имаат радост
Но како радоста да биде наша цел кога животот по природа е полн со предизвици? Одговорот е Исус Христос.

Преку Исус Христос, можеме да најдеме утеха кога сме тажни и да бидеме зајакнати кога се соочуваме со тешкотии. Чувствуваме благодарност за многуте убави нешта што постојат за нашето уживање на земјата. Можеме да ги подобриме односите со саканите кога живееме според принципите за кои Тој поучува во Библијата: сочувство, служење, простување и љубов.

Со тоа што ни даде Спасител, Бог создаде пат за сите Негови чеда да пронајдат радост.
South Africa.  Braai (or barbecue).  Two women standing outside near a gate.

Животот е време за учење и напредување

Кога поминувате низ тешки времиња, може да биде корисно да се сетите дека Божјиот план за вас го надминува вашиот смртен живот. Додека се обидувате да Го следите давајќи сè од себе, сè што ќе доживеете еден ден ќе биде оправдано преку Исус Христос. Библијата ветува дека „И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има повеќе“ (Откровение 21:4).
An elderly man stands outside in Brazil while his wife kisses his cheek.
Животот вклучува болни искуства, затоа што во Божјиот план, искушенијата со кои се соочуваме можат да бидат за наша корист и напредок. Овие силни напори можат да ни помогнат да стекнеме особини како:
  • Да бидеме силни Исто како што вежбањето физички вежби нè зајакнува телесно, отпорот со кој се соочуваме во текот на животот нè зајакнува духовно, умствено и емоционално. Оваа сила ни помага да истраеме и надминеме одредени тешкотии во животот.
  • Да имаме емпатија. Кога минувате низ предизвици, вашата емпатија се зголемува. А кога го користите сопственото искуство за да им помогнете на други луѓе во слични околности, помагате да се изврши Божјото дело на Земјата.
  • Да бидеме трпеливи. Кога толку многу работи се вон наша контрола, вклучувајќи ги и постапките на другите, ние „се надеваме на Господа“ (Псалм 27:14). Веруваме дека сите неправедности што ги трпиме, на крајот ќе бидат исправени преку Исус Христос.

Вие може да се промените

Young women in Thailand pick berries off a bush.  They are laughing and enjoying themselves.
Бог отсекогаш знаел дека ќе грешите и дека ќе ви биде потребна помош за да ја надминете тагата и гревот. Како дел од Божјиот план, Тој обезбеди Спасител и Искупител, Исус Христос, да страда и да умре за вас и за секој човек што некогаш живеел. Поради жртвата на Исус Христос, може да најдете прошка и исцеление.

Со помош на Спасителот, ги надминувате гревот, слабостите, лошите навики и зависностите кои ве спречувале да напредувате. Можете да станете подобродушни, поспособни за простување, попонизни и потрпеливи од порано. Додека наликувате што повеќе на Христос, вашата желба да продолжите по патот и да се вратите во Божјото царство ќе расте.

Дознајте нешто повеќе за Божјиот план

Господ има план за вас. Учете со мисионерите за смислата на животот на интернет или лична посета.