Исус нè поучувал да се сакаме еден со друг

Исус Христос е најдобар пример за љубов. Да се следи Бог е да се сакаат и да се служат оние околу вас.

Двете Големи Заповеди

Исус Христос учел дека двете најголеми заповеди се: да се сака Бог и да се сакаат ближните како себе си.


„Возљуби го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум’.

„Тоа е прва и најголема заповед.

„а втората е слична на неа: возљуби го својот ближен како себе си.
Missionaries helping distribute food during a service project in Hong Kong.
Спасителот јасно ставил до знаење дека да се сака својот ближен е повеќе од тоа да се биде љубезен кон ближните. Дел од одговорноста на Неговите следбеници е да покажат милосрдие - чистата Христијанска љубов - кон сите, вклучувајќи ги и оние кои ги сметате за свои непријатели.

Како нашата Црква покажува љубов

Ние веруваме дека заедничкото работење за да се прикаже Христијанско милосрдие е една од најисцелувачките, најрадосни и најобединувачки работи што една Црква може да ги направи. Еве неколку начини на кои служиме, а би сакале и вие да ни се приклучите!

Служби за Благосостојба

Во Црквата ширум светот, ги охрабруваме членовите да постат еднаш месечно, без да консумираат храна и пијалоци околу 24 часа (ако се физички способни). Членовите на црквата потоа ги донираат парите кои ги искористиле за тие оброци за да им помогнат на оние кои имаат потреби.

Со овие донации, локалните водачи можат да обезбедат финансиска помош за храна, домување и превоз. Црковните водачи исто така им помагаат и на лицата кои добиваат помош да направат план за подобрување на нивната ситуација, често користејќи дополнителни ресурси како вработување, советување преку Семејни служби, курсеви за самостојност, и многу повеќе.

Оваа помош им овозможува на оние кои имаат потреба да ја почувствуваат љубовта на Спасителот, како и љубовта на нивната заедница, особено кога времињата се тешки.

Помош при катастрофи

Кога ќе се случат природни катастрофи, војна и други катастрофи, Црквата и нејзините членови се мобилизираат за да обезбедат храна, медицински материјали, облека и други основни потреби.

Црквата соработува со доверливи организации за да укаже на единствените потреби кои произлегуваат од секоја ситуација, користејќи ги локалните заедници кои имаат за задача да собираат и да сортираат донации, да го расчистат шутот, да обезбедат храна, облека, засолниште и емоционална поддршка кога е потребно.

Хуманитарна помош

Црквата работи за да се грижи за оние на кои им е потребна помош ширум светот преку различен број на програми и проекти.

Оваа работа варира во зависност од специфичните потреби за различни области. Црквата е особено фокусирана на подобрување на пристапот до чиста вода и санитација, грижа за мајките и новороденчињата, здравствена заштита, образование, безбедност на храната и помош за бегалците.

Работењето со доверливи организации за спроведување на овие иницијативи и помага на Црквата напорите за служење да се сведат на максимум.

Служење

Во рамките на нашите конгрегации, членовите се поделени во партнерства и им се доделуваат по неколку луѓе на кои им е потребна „служба“. Кога мислиме на служење ние мислиме на создавање на Христијански пријателства. Претставете си го тоа како еден вид на „братски систем“—лицата кои ви служат се мрежа на луѓе со кои може да соработувате во добри времиња и да им се обратите кога имате потреба.

Elizabeth Edwards On Church Community
Мојата црковна заедница ми покажа дека не сум сам

Како можеш да покажеш љубов

Како изгледа сакањето на вашиот ближен за вас лично? Еве неколку идеи за тоа како да се сака вашиот ближен:
  • Молете се за можности да покажете љубезност во текот на денот.
  • Работете на тоа да им простите на оние кои чувствувате дека ви згрешиле.
  • Спротивставете се на малтретирањето, расизмот и другите форми на дискриминација
  • Ширете позитивни пораки и бидете љубезни кон другите на социјалните медиуми.
  • Контактирајте со пријателите кои минуваат низ тежок период.
  • Дајте искрен комплимент.
  • Поддржете нечиј напор и организации за да покажете грижа за оние на кои имаат потреби.
Можете да пронајдете и проекти за служење во вашата област или начини за служење од далечина со тоа што ќе ја посетите JustServe.org.

Дојдете и служете со нас!

Ако сте во потрага по заедница на грижиливи луѓе кои сакаат да го направат светот подобро место, би сакале да ни се придружите! Можете да дознаете нешто повеќе за нашата Црква од членовите кои волонтираат како мисионери во вашата област.