Бог е изворот на сета вистина

Можеме да го насочиме вниманието, довербата и надежта кон Бога, Неговиот Син, Исус Христос; и Светиот Дух за да ја пронајдеме вистината.
In Search of Truth

Во што веруваме: Бог е изворот за вистина

Понекогаш, можеби ни недостасува ред во нашиот живот или пак самодоверба за иднината. Можеме да го пронајдеме нашиот пат кон напредокот со поддршка на нашиот сакан Небесен Отец и Неговиот Син, Исус Христос, кои се изворот за вистина.

Што е вистина?

Вистината е знаење за работите какви што навистина се. На пример, вистина е дека Бог ве сака и може да ви помогне да го променте вашиот живот. Бог го познава секој од нас лично, и го користи Светиот Дух за да ни помогне да препознаеме што е вистина.

Да се биде следбеник на Исус Христос

Небесниот Отец го испрати Неговиот Син, Исус Христос, да нè научи како да бидеме среќни и како да пронајдеме смисла во нашите животи.

„Јас сум светлината на светот: кој врви по Мене нема да оди во темнина, а ќе ја има светлината на животот“.
Исус е нашиот совршен пример за тоа како да се живее. Неговите учења дејствуваат како водечка светлина што може да нé насочи кон спокој. Секој кој сака да го следи Исус Христос може да ја има оваа светлина; Тој ветува дека сите кои ќе Го побараат, ќе Го најдат.

Светоста на Душата ни помага

Светоста на Душата, или Светиот Дух е гласникот на Небесниот Отец и Исус Христос. Постојат неколку начини на кои Светиот Дух може да ни помогне да се доближиме до Бога. Светиот Дух:

Како можам да знам што е вистина?

Молете му се на вашиот возљубен Небесен Отец.

Бог нè сака и сака да нé ислуша. Тој ветува дека додека го молиме, Тој ќе ни дава одговори и насоки.

Во Библијата (Матеј 6:9-13) и во Книгата на Мормон (3 Нефи 18:19) Исус нè поучи како да се молиме.

Бидете верни

Библијата поучува дека „верата е подлога за увереноста во она на кое се надеваме -убеденост во она што не се гледа“ (Евреите 11:1). Кога сме верни, избираме да веруваме дека Небесниот Отец и Исус Христос ќе ни помогнат да пронајдеме среќа и смисла во нашите животи.

Препознајте го Светиот Дух

Бог комуницира со нас преку Светиот Дух на различни начини. Во Библијата, често се опишува како „здив од тих ветар“ (види 1 Царевите 19:11–12), но секој ќе го почувствува Светиот Дух на свој сопствен начин. Вие, Светиот Дух може да го чувствувате како:


Следете го примерот на Спасителот

Исус го постави врвниот пример за сите нас. Ако сакаме да дознаеме што е вистина, можеме да го следиме Неговиот пример и да го правиме она што Тој го правел.

Како тоа изгледа?
  • Покажете љубов и милосрдие кон другите и кон Бога.
  • Рамислете какво чувство предизвикуваат овие постапки кај вас.
  • Размислете како овие постапки го менуваат вашиот живот.
Jesus Declares: I Am the Light of the World; the Truth Shall Make You Free

Дали имате уште прашања?

Членовите на нашата Црква кои го волонтираат своето време како мисионери можат да ве посетат на интернет или лично за да споделат некоја инспиративна порака и директно да одговорат на вашите прашања.