„Дополнително Упатство“, Водич за Имплементација на EnglishConnect (2023)
„Дополнително Упатство“, Водич за Имплементација на EnglishConnect
Дополнително Упатство
Вера, Дружина, и Раст
Негувајте вера, дружина, и раст. Помогнете да се создаде опкружување каде што учениците може да ја зајакнат верата, искусат дружина, и да ги развијат сопствените вештини. Може да ги направите ова преку повикување на учители, обезбедување на објекти, и проверка дали учениците и учителите ги имаат неопходните ресурси. Можете да се координирате со другите кои поддржуваат ученици, како што се и мисионерите и други групи за самостојност.
Водачи на Свештенство
Советувајте се со светштенските водачи. Погрижете се вашата програма да има одобрение и надзор од свештенските водачи. Свештенски водачи ги вклучуваат оние кои се вклучени во службите за самостојност, семинари и институти, и мисионери. Советувајте се со светштенски водачи во врска со:
-
Поставување и следење на целите и успесите (види „EnglishConnect го Поддржува Божјо Дело на Спасение и Возвишување”).
-
Подобрување на резултатите на програма.
-
Повикување на нови учители (види „Учители”).
-
Поканување и други ученици да учествуваат ( види „Поканување и Свесност”).
-
Проширување на пристап (види „Локација и Фреквенција”).
-
Поканете ги учениците да ги истражуваат дополнителни Црковни ресурси (види „Поврзување со Други Црковни Ресурси”).
Извештај до свештенските водачи. Испратете извештај до свештенските водачи за успесите и тешкотиите на EnglishConnect групите.
Обезбедете законска усогласеност. Проверете дали програмата EnglishConnect се усогласува со локалните легални барања пронајдени на englishconnect.org/leader/approved-locations.
Белешка: Ресурсите за EnglishConnect се заштитени со закон за авторско право и не треба да се менуваат без дозвола.
Мисионерско Партнерство
Планирајте да користите EnglishConnect за да го споделите евангелието. EnglishConnect може да стане важен дел од мисионерски план за оддел. EnglishConnect групите може да:
-
Зголемат можностите за наоѓање и поучување на потенцијални членови за мисионерите со полно работно време.
-
Го зацврстат односот помеѓу членовите, пријателите на Црквата, и мисионерите.
-
Да им помогнат на вратените членови или луѓето кои мисионерите ги поучуваат да се интегрираат во одделот.
-
Помогнете на членовите да ги применат принципите на љубов, споделување, и поканување (види Општ Прирачник, 23.1).
Напорите водено од членовите, а поддржани од мисионерите најдобро ќе придонесат за постигнување на овие резултати. Кога членовите водат групи EnglishConnect, поверојатно е дека учесниците ќе изградат пријателства со членовите и ќе споделат искуства за градење на вера. Мисионерите, водачите на мисија, и одборите за самостојност треба меѓусебно да се советуваат за да ги направат EnglishConnect групите место каде што споделувањето и живеењето на евангелието е едноставно и приридно.
Поканете мисионери да помогнат. Во области каде што коловите односно одделите обезбедуваат EnglishConnect групи , поканете мисионери да помогнат со:
-
Присуство на групи и вежбање за време на активностите.
-
Вежбање со учениците во временскиот период помеѓу групи за разговор.
-
Предавање на некои лекции ако е потребно.
Учители/Предавачи
Улога на учители
Учители играат критична улога во поканување на Духот и негување на вера, дружина, и раст во групите на EnglishConnect. Тие не треба да бидат експерти по англиски или да имат искуство во предавање. Не треба да го зборуваат истиот јазик како учениците. EnglishConnect лекциите се осмислени користејќи докажани принципи на јазично учење, а учителите ќе бидат успешни кога со љубов ги водат учениците низ лекциите. Учителите им помагаат на учениците да се доближат до Бог преку учење на англиски.
Квалитети на Учители
Добрите учители имаат:
-
Ентузијазам, возбуда, и страст за предавање англиски.
-
Љубов и трпение за учениците и силна желба да ги видат како успеваат.
-
Позитивен и оптимистички став.
-
Сигурност и достапност да водат групи.
Повик учители Поради тоа што EnglishConnect ученици може да вклучуваат малолетници, локални свештенски лидери треба да го интервјуираат секој потенцијален инструктор и да го прегледаат членскиот запис за анотации пред да се издаде повикот. Групи кои имаат малолетници мора да имаат двајца восрасни пристуни и да ги следат Црковни полтики за заштита на млади. Се препорачува и групите што немаат млади да имаат двајца учтели за да поучуваат или да се покриваат еден со друг ако едниот не е присутен или е болен.
Обучете учители Може да обучувате учители користејќи ги EnglishConnect за Учители и ресурсите на englishconnect.org/teacher. Исто така, мора да им дадете на учителите примерок од прирачникот за а ученици и работни тетратки (види „Материјали“). Учители исто така се охрабруваат да се среќаваат редовно да се советуваат заедно, разменуваат позитивни искуства, одговорат на прашања едни на друг, и разгледаат материјалите за обука.
Помогнете им на учениците да напредуваат да станат учители. Учителите може да идентификуваат ученици во групата кои би можеле да се подготват за да ја подучуваат групата во иднина. Предавањето им помага на учениците да продолжат со развојот и да го прошират пристапот до програмата.
Материјали
Да се обезбедат ученици со материјали. Ученици ќе имаат пристап до EnglishConnect 1 за Ученици односно EnglishConnect 2 за Ученици или дигитално во Евангелска Библиотека или во печатена форма преку црковната интернет продавница на store.ChurchofJesusChrist.org. Дополнителни ресурси се исто достапни да се засили нивното учење, вклучувајќи работни тетратки и онлајн активности. За описи за сите ресурси достапни за ученици, види “Кои се EnglishConnect материјалите за ученици и учители?” во делот „НајЧесто Поставувани Прашања” .
Матерјали за Печатење
Ако обезбедите матерјали за принтање, локални единици го поддржуваат овој напор со нивниот постоечки буџет. Ако ви е потребно финансирање, претседатели на кол треба да следат одобрен процец да се бара финансирање. Не наплаќајте никакви провизии на ученици. Ако ученици се очекува да купуваат ресурси за самите себеси, може да го прават тоа низ локален дистрибутер центар односно онлајн продавница на Црквата.
Белешка: Прирачници може да заземат до шест недели додека да пристигнат.
Да се обезбедат учители со материјали. Учители треба да предваат EnglishConnect за Учители во Евангелска Билбиотека како и други материјали за тренинг на englishconnect.org/teacher.
Презентации на Виртуелни Лекции
Учители може да користат презентација EnglishConnect извори да помогнат да ве водат низ виртуелна конверзациона група. Презентации за лекции се достапни на englishconnect.org/resources/teaching-materials
Локација и Фреквенција
Одлучете дали ќе понудите групи со физичко или виртуелно присуство. Им се препорачува на Групите со физичко присуство да обезбедат можности за дружење. Ако пристап до Црковни згради претставува тешкотија за учесниците, размислете да пружите интернет група. „Водичот за Водње на Виртуелни Групи“ и „Водич за Учесник во Виртуелни Групи“ може да помогне на лидери, учители, и ученици да создадат инспирирачка околина за учење онлајн. Виртуелни презентации за лекции се достапни на englishconnect.org/resources/teaching-materials
Одлучете колку често групите ќе се среќаваат. Повеќето групи се среќаваат еднаш или двапати неделно, но лекциите се напишани за да може групите да се среќаваат почесто ако сакаат. Запомнете дека учениците им треба време да ги завршат вежбите за лично проучување пред секоја лекција.
Одлучете кога и колку долго ќе се состанат групите. Одберете ден и час кој најмногу ќе им одговара на учениците и учителите. Повеќето групи се среќаваат 90 минути, но групите би можеле да се среќаваат пократко или подолго доколку посакаат.
Одлучете го времетраењето на групите и што ќе одработат. Многу групи се во тек, што значи дека почнуваат одново со лекција 1 штом го завршат прирачникот. Други групи го обработуваат прирачникот еднаш или покриваат само дел од лекциите од прирачникот.
Видете ја секцијата „Examples“ за начини на кои лидерите ги организираат групите.
Регистрација и Сертификати (QuickReg)
Создадете и менџирајте групи во БрзРег. БрзРег е Црковно одобрена алатка за справување со групите за самостојност. Создадете групи во QuickReg со одење до quickreg.englishconnect.org. Потоа продолжете да користите QuickReg за да.
-
Рекламирајте групи.
-
Промените дата, време, и локација на групи.
-
Отпечатите сертификати на учесниците.
-
Да го промените статусот на ученик.
-
Заклучок на Група.
Видете на QuickReg туториал на englishconnect.org/leader за тренинг.
Белешка: Да користите QuickReg, еден член мора да (1) има една Црковен повик и (2) да го запише нивниот повик во Ресурси за Лидери и Службеници.
Печатете и доделувајте сертификати од БрзРег. Учители и специјалисти за самостојност може да испринтаат и наградат сертификати за учество на ученици кои веќе се запишани во QuickReg.
Поканување и Свест
Користете материјали за свест. Промотивни материјали се достапни на онлајн продавницата на Црквата на store.ChurchofJesusChrist.org и на englishconnect.org/resources/leader#publicity.
Покани ги учениците Може да користите вообичаена комуникација за канали за рекламирање на групи EnglishConnect. Како браќа и сестри за служење, мисионери, подточки на оддели, флаери, и така натаму. Каде што е авторизирано и финансирано од локални групи може исто да се рекламира на социјални медиуми или на локален оддел или на вес страна на кол. Пред да се иницира било кое од овие методи за рекламирање, englishconnect.org/leader/approved-locations.
Pречекате ги учениците Воспоставете план за тоа како ќе ги пречекате учениците кога ќе се регистрираат во групата.
Поканете пријатели од други вери. Охрабрени стеда вклучите луѓе од различни верски средини. Секогаш покажете почит за верувањата на другите додека отворено споделувате вера за вашиот Бог дека може да им помогне на учесниците да научат англиски.
Размислете да ги замолите младите. Може да организирате групи само за млади, или да замолете ги младите да присуствува со возрасни. Во EnglishConnect, растечката генерација учи како да добива Божја помош за да научи англиски. Овие лекции може да им помогнат да имаат вера дека Бог ќе им помогне во сите аспекти на нивните животи.
Следете Црковни полиси за заштита на млади. Малолетниците (оние на возраст од 18 години и помлади живеат дома) мора да имаат потпишана согласност од родител пред да учествуваат во групата. Формуларите се достапни на повеќе јазици на englishconnect.org/resources/leader. Дополнително, групите за EnglishConnect мора секогаш да го следат Црковната политика дека најмалку двајца одговорни возрасни мора да се присутни во сите моменти за време на средбите. Овие политика мора да бидат следени дури и ако групата се среќава виртуелно.
Напредување до Наредното Ниво
Едуцирајте ученици на EnglishConnect и BYU-Pathway Worldwide образование и кариерен пат. EnglishConnect и BYU-Pathway Worldwide обезбедуваат пат за ученици да стекнат нови вештини во околина на дружина и вера. Може да пронајдете ресурси на quickreg.englishconnect.org.
Помогнете на ученици да се запишат на EnglishConnect 3. Видете ја секцијата „Поврзување на Ученици со EnglishConnect 3 Групи..“
Поврзете се со вашиот локален BYU-Pathway Worldwide мисионети за служба. Дискутирајте начини да се поддржат учениците додека преминуваат од EnglishConnect 3 до BYU-Pathway Worldwide.
Поврзување со Други Црковни Ресурси
Поврзување со Други Црковни Ресурси. Направете планови да се поврзете со учесници со дополнителни Црковни ресурси, како други групи за самостојност, активности за млади, и можности за да се дознае повеќе за евангелието на Исус Христос. Видете ја страницата “Емоционални, Образовни, и Ресурси за Вработување” на ChurchofJesusChrist.org за повеќе информации.