„Додаток A: Правни Информации“, EnglishConnect за Предавачи (2023)
„Додаток A“, EnglishConnect за Предавачи
Додаток А
Правни Информации
Општи Правни Барања за Одобрени Локации
Канцеларијата на Генаралниот Совет (КГС) ги одобри следните оперативни упатства за програмата EnglishConnect. Овие упатства ќе се применуваат ширум светот за EnglishConnect 1 and 2, предмет на правните барања специфични за земјата опишани во правниот преглед на EnglishConnect за секоја земја (види барања специфични за земјата на englishconnect.org/leader/approved-locations).
-
Добијте родителска согласност за секој учесник на возраст од 18 год. или помлад користејќи го формуларот за родителска согласност. Формуларите се достапни на различни јазици на интернет на englishconnect.org/resources/leader.
-
Ако е можно, побарајте потписи од двајцата родители. Ако некој кој има 18 години или помлад живее сам, не е потребна родителска согласност.
-
Пополнетите формулари треба да се чуваат кај локалните водачи и да им бидат достапни за ревизија.
-
-
Побарајте упатства за да ја завршите црковната обука „Protecting Children and Youth.“ Следете ги сите стандарди на земјата за проверка и повикување на предавачи за млади за секој EnglishConnect предавач кој ќе ги учи сите помлади од 21 год.
-
Не им наплаќајте никакви трошоци на учесниците за учество во програмата.
-
Учесниците на EnglishConnect можат бесплатно да ги преземаат програмските матерјали на интернет, или локалните единици можат да купат матерјали за групата преку вообичаените канали за дистрибуција на store.churchofjesuschrist.org. Учесниците може исто така доколку сакаат да купат матерјали преку овој канал.
-
EnglishConnect предавачите не треба да даваат ниту да примаат пари или дарови како дел од било кое туторство или однос со учесниците на EnglishConnect.
-
-
Најмалку една третина од целата настава треба да вклучува значајна религиозна содржина. (Религиозната содржина треба да трае 20 минути за секој наставен час или 30 минути од секој 90 минутен наставен час.) Белешка: Ако лекциите се изведуваат според планираното и предавачот секогаш ја вклучува активноста „Дискутијате за принципот на учење“ за време на групата за разговор, ова барање ќе биде исполнето.
-
Следете ги сите програмски упатства од водичот за имплементација EnglishConnect и прирачникот за предавачи, вклучувајќи го користењето на системот за регистрација на интернет QuickReg (quickreg.englishconnect.org) за да се обезбеди приватност на податоците.
-
За да се избегне загрозување на мисионерските визи или правниот статус на Црквата во една земја, било која мисија што никогаш не користела англиски јазик како метод за контакт мора да добие специфично КГС одобрение пред да ги користи EnglishConnect матерјалите.
EnglishConnect 3 е управувана и имплементирана од програмата на BYU–Pathway Worldwide. Како таква, таа оперира под истите законски услови како и програмата на BYU–Pathway Worldwide
Рекламирање
Во држави каде рекламирање на EnglishConnect 1 и 2 е одобрено, локалните колови, оддели и мисии може да ги промовираат групите EnglishConnect 1 и 2 на пошироката заедница во согласност со конкретните насоки за рекламирање за земјата (види конкретни барања на земјата на englishconnect.org/leader/approved-locations). Рекламите треба да содржат сė што следи:
-
Истакната поставеност на името на Црквата.
-
Изјава дека не треба да се плаќа за EnglishConnect 1 и 2.
-
Изјава дека EnglishConnect 1 и 2 не носат никаква акредитација.
Авторски права и лиценцирање
EnglishConnect е програма обезбедена од Црквата на Исус Христос на Светците од подоцнежните дни. Сите права на матерјалите EnglishConnect се во сопственост на Intellectual Reserve, Inc. за употреба во црковните единици како коловите, окрузите и мисиите. За секоја друга употреба на матерјалите EnglishConnect потребна е претходна писмена дозвола. За барање дозвола за користење на матерјалите EnglishConnect, ве молиме пополнете формулар за барање на Permissions.ChurchofJesusChrist.org.
Малолетници
Групите EnglishConnect се обврзани да ги следат Црковни политики за заштита на младите (што вклучува 18 годишни учесници или помлади). Малолетните лица мора да имаат потпишана родителска согласност пред да присуствуваат во EnglishConnect групата. Формуларите се достапни на различни јазици на интернет на englishconnect.org/resources/leader. Поплнетите формулари треба да се чуваат кај локалните водачи и да им бидат достапни за ревизија.
Поради тоа што е дозволено програмата EnglishConnect да вклучи малолетни лица, свештенските водачи треба да го интервјуираат секој потенцијален инструктор и да проверат дали постојат анотации во членскиот запис на кандидатот пред да издадат повик. Дополнително, најмалку двајца одговорни возрасни лица мора да бидат присутни во секое време за време на средбите на групата. Предавачите не треба да работат еден на еден со помалку учесници приватно. Мора да ги следите овие политики дури иако групите се среќаваат виртуелно.
Малолетници кои Учествуваат во виртуелни Групи за Разговор
Малолетници може да се приклучат на виртуелните EnglishConnect 1 и 2 Групите за Развивање Говорна Вештина само со согласност од родителот и кога групата е поддржана од најмалку двајца инструктори.
За да се даде приоритет на безбедноста, Групите за Развивање Говорна Вештина на интернет кои вклучуваат малолетници мора да бидат поставени на начин што ќе избегнува интеракции еден на еден помеѓу малолетниците и инструкторите. Малолетниците може да учествуваат во Групите за Развивање Говорна Вештина на интернет само доколку има двајца или повеќе инструктори кои присуствуваат на средбите на групата.
Дополнително, ниту еден EnglishConnect инструктор не треба да испраќа пораки, или да стапува во контакт со некој малолетник без уште едно лице да ја следи комуникацијата. За лични посети или телефонски повици, друго возрасно лице треба да биде присутно. Онаму кадешто е возможно, инструкторот треба да предвиди прекин на интеракции на групата за време на интернет средбата на Групата за Развивање Говорна Вештина.
Приватност
EnglishConnect е програма обезбедена од Црквата на Исус Христос на Светците од подоцнежните дни. За детали околу тоа како вашите лични податоци се обработуваат, ве молиме посетете ја ChurchofJesusChrist.org и кликнете на Белешка за Приватност на дното на страницата.
Сите учесници мора да ги прифатат условите за учество, што може да се најдат на ChurchofJesusChrist.org/legal/englishconnect-terms-of-participation. Учесниците може да ги прифатат условите за учествоо електронски кога некој EnglishConnect поддржувач ќе ги регистрира во QuickReg.
EnglishConnect предавачите не треба да објавуваат слики на социјалните медиуми на оние кои ги подучуваат или учат.
Акредитација
EnglishConnect не нуди никаков вид акредитација, диплома или степен од ниту една образовна или тренинг програма или институција за обука. Учеството е доброволно Учесниците можат да ја напуштат програмата или да престанат да учествуваат во програмата во било кое време.