Учење англиски
Преглед


„Преглед“, Водич за Имплементација на EnglishConnect (2023)

„Преглед“, Водич за Имплементација на EnglishConnect

Преглед

EnglishConnect има повеќе нивоа за да им помогне на учениците да напредуваат. EnglishConnect 1 и 2 им помагаат на учениците да развијат основни вештини по англиски јазик. EnglishConnect 3 помага на учениците да развијат средни вештини на англиски јазик за вработување, служба, и образовни можности—конкретно BYU-Pathway Worldwide.

EnglishConnect е најефективен кога сите нивоа им се достапни на учениците.

Графикот го покажува напредокот од EnglishConnect 1,2 и 3, до БЈУ-Патвеј Ширум Светот. Исто така покажува дека EnglishConnect 1 и 2 поучува основен англиски а EnglishConnect 3 поучува средно ниво на анлиски.

Услови за Учество.

Учениците мора да знаат да пишуваат на нивниот мајчин јазик и да имаат најмалку 11 години да се приклучат на EnglishConnect групите.

Подолу се наведени вештините за англиски јазик што на учениците им се потребни за да започнат за секое ниво.

EnglishConnect 1: Да ја читаат азбуката и да изговараат основни зборови

EnglishConnect 2: Да формираат основни реченици

EnglishConnect 3: Имај природни разговори; читај и пишувај основни реченици*

*Ученици треба да поминат проценување на познавањето на англиски јазик за да се придружат на EnglishConnect 3.