Месечна Порака на За силата на Младите , јули 2025
После овој живот
Одговори на некои прашања
Планот на Небесниот Отец може да ни даде перспектива и мир за животот по смртта.
Илустрација на Томас Арно
Што се случува откако ќе умреме?
Ова можеби е прашањето што се поставува во сите религии. Одговорите што ги добиваме преку Исус Христос и Неговото Евангелие се моќни. Овој живот не е крајот. Бидејќи Исус Христос воскресна, нашите духови повторно ќе се обединат со нашите тела и сите ние ќе бидеме воскреснати еден ден.
Секако, постојат и други детали за животот после смртта кои дојдоа до нас преку современо откровение а кои можеби ќе дадат одговор на други прашања кои ги имаме. Еве неколку такви прашања, заедно со некои кратки одговори.
Како изгледаат духовните тела?
Духот е еден вид на материја, само „почиста и попрефинета“ (Учења и Завети 131:7). Духовните тела изгледаат како тела на возрасни луѓе.
Каде е духовниот свет?
Што се случува во духовниот свет?
Меѓу другото, духовите кои го прифатиле Евангелието се организирани да го проповедаат истото на духовите кои го немаат прифатено. Тие духови можат да изберат дали да го прифатат или да го отфрлат.
Како изгледаат телата на воскреснатите?
Воскреснатите тела не можат да умрат, тие се месо и коски, и се совршени. Тие се славни и убави. „Нема ништо поубаво за гледање од воскреснат маж или жена“.
Што се случува во селестијалното царство?
Оние кои се во највисокиот степен на селестијалното царство стануваат како нашиот Небесен Отец и доживуваат целосна радост. Го добиваат сето она што го има Отецот. Учествуваат во Неговото дело и слава. Биле запечатени во брак за вечност и сега живеат во вечни семејства, имајќи сопствени вечни духовни чеда.
Што е со луѓето кои никогаш не биле венчани во овој живот?
Небесниот Отец е совршено праведен и милостив. „Господ вети дека во вечноста нема да им се одрече ниту еден благослов на неговите синови и ќерки кои ги почитуваат заповедите, кои се верни на своите завети и го посакуваат правилното“.
Моите родители беа запечатени во храмот, но сега тие се разведени. Со кого сум јас запечатен?
Можеби сте „родени во заветот“ (т.е. родени откако вашите родители биле запечатени во храмот), или можеби сте запечатени со вашите родители во храмот откако тие биле запечатени еден со друг. И во двата случаи, вашите благослови остануваат во сила дури и ако вашите родители одлучат да се разведат и го поништат нивното запечатување.
Изборот на вашите родители не влијае на вашите благослови. Важно е да останете верни и сами да ги барате храмските благослови. Што се однесува до вашите семејни односи, треба „да верувате во Господ и да барате утеха во Него“, знаејќи дека „Небесниот Отец ќе се погрижи секој човек да го добие секој благослов што му го дозволуваат неговите желби и одлуки“.
Што се случува со луѓето кои умираат извршувајќи самоубиство?
Ние не знаеме што се случува со луѓето кои умираат извршувајќи самоубиство, и не можеме да им судиме (како и со сите луѓе, на крајот). „И покрај целиот вложен труд на саканите, водачите и професионалците, самоубиството не може секогаш да се спречи. …
„Греши секој кој си го одзел животот. Сепак, само Бог е способен да донесе им суди на сите според мислитте, постапките и нивото на пресметливост (види 1 Самуил 16:7; Учења и Завети 137:9). …
„Оние кои изгубиле близок поради самоубиство можат да најдат надеж и исцеление во Исус Христос и Неговото Покајание“.
© 2025 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Печатено во САД. Одобрено на англиски: 6/19. Одобрен превод: 6/19. Превод на Monthly For the Strength of Youth Message, July 2025. Macedonian. 19618 158