2025
Пронајдете Радост на вашето евангелско патување
Jули 2025


„Пронајдете радост на вашето Евангелско патување“, Лијахона, јули 2025 год.

Месечна порака на Лијахона , јули 2025

Пронајдете радост на вашето евангелиско патување

Крајниот исход од искажувањето на нашата љубов кон Господ преку почитување на Неговите заповеди е добивањето благослови кои носат среќа и радост.

насмеани црковни членови во Тајланд

Фотографија на радосни црковни членови во Тајланд од Кристина Смит

Пред неколку години, додека служев како водач на мисија во Јапонија, присуствував на викенд конференција во еден град во внатрешноста во едно непознато место од нашата мисија. Претседателот на округ договори да интервјуирам човек кој и се приклучи на Црквата претходната година и бараше да добие храмска препорака. Се надевал дека ќе биде обдарен на датумот или блиску до годишнината од неговото крштевање.

Во текот на разговорот, овој нов член опиша колку е благодарен за обилните благослови кои ги добил во годината по неговото крштевање. Секоја седмица уживал да присуствува на сакраменталните и други средби. Станал многу активен во случувањата на неговата гранка. За мене, тој зрачеше со заветна доверба што произлегува од разбирањето на неговата евангелска цел, која стана составен дел од него. Тој бил преобратен Исусов следбеник кој доживеал моќна промена на срцето (види Мосија 5:2).

Остатокот од нашиот разговор се одвиваше според одреден модел на надеж. Разговаравме за обредите и заветите кои ќе бидат дел од неговото храмско доживување. Тој потврдно одговори на секое од стандардните прашања поврзани со добивањето на храмска препорака.

По интервјуто, се присетувам дека му кажав на претседателот на округ колку сум благодарен што запознав толку исклучителен човек Му кажав колку бев импресиониран што мисионерите и членовите пронајдоа некој од таков калибар со чувство за цел и смисла на животот.

Останав запрепастен кога претседателот на округ сподели дека кога овој човек почнал да добива часови од мисионерите и да присуствува во црква пред повеќе од една година, бил бездомник и во екстремно тешки, речиси безнадежни, околности. Претседателот на округот потоа опишал како проучувањето на Евангелието на овој брат и неговото преобраќање во период од неколку месеци довело до неговата чудесна промена, поставувајќи го на патот на духовна и световна самостојност и давајќи му радост и смисла на животот.

Евангелието му дало јасна слика за смислата на неговиот живот. Јасните и скапоцени евангелски вистини носат одговори на важни прашања за смртноста, почнувајќи од сознанието дека „Бог е нашиот Небесен Отец, а ние сме Неговите чеда. … Бог нѐ сака и го познава секој од нас. Во Неговиот план, „Небесниот Отец … ни обезбедил многу дарови и совети за да ни помогне да се вратиме во Негово присуство“.

Таков бил благословот за овој човек, што е подеднакво достапен за сите Божји чеда преку евангелието на Исус Христос.

Смислата на животот

Бидејќи Исус Христос го обновил Своето Евангелие преку пророкот Џозеф Смит, „имаме разбирање за смислата на животот, за тоа кои сме“, изјавил Претседателот М. Расел Балард (1928-2023). Во неговото последно сведоштво, претседателот Балард, тогашен вршител на должност претседател на Кворумот на Дванаесетте апостоли на Црквата, рече:

„Ние знаеме кој е Бог; знаеме кој е Спасителот затоа што го имаме Џозеф, кој како момче тргнал кон една шумичка, барајќи прошка за своите гревови. …

„Се воодушевувам, а сигурен сум дека и вие исто така, на тоа колку сме благословени што ја знаеме смислата на животот, причината зошто сме тука, што треба да се обидуваме да направиме и да постигнеме во нашиот секојдневен живот“.

За членовите на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, тоа знаење вклучува разбирање на Божјиот „совршен план“ за спасение. Познат и како „големиот план за среќа“, „планот за искупување“ и „планот на милоста“ (Алма 42:8, 11, 15), што „ја одгатнува мистеријата на животот и неизвесноста на нашата иднина“. Од суштинско значење за тој план е „доктрината на Христос“, која се наоѓа во средиштето на смислата на животот.

Бидејќи го имаме Евангелието, ние знаеме дека сме Божји чеда, испратени на земјата за да нé тестираат, усовршат и да нé подготват за да „бидеме препознатливи по воскресението на мртвите, преку триумфот и славата на Јагнето“ (Учење и Завети 76:39). Ние ги знаеме заповедите и сме „доволно поучени да разликуваме добро од зло“ (2 Нефи 2:5). Ние знаеме дека сме на земјата за да сакаме и да служиме. И ние знаеме дека Спасителот нè повика да го надминеме светот и да им помогнеме на другите да го сторат истото (види Јован 16:33; Учења и Завети 64:2) како подготовка за Неговото Второ Доаѓање.

Како што се фокусираме на Него, она што Џозеф Смит го нарекува „веселиот звук на Евангелието на нашиот Господ Исус Христос“ ќе нè зајакне во тешките денови и ќе го одржи чувството на богобојазливост и благодарност во нашиот и во животот на другите луѓе.

Исус Христос

Ќе се Поколони секое колено, од Ден Вилсон, не е дозволено копирање

Покорност, благослови, радост

Бог ни дал слобода самостојно да донесуваме одлуки за да можеме да бидеме одговорни за сопствените избори (види Учења и Завети 101:78; 2 Нефи 2:16). Како дел од „спротивност во сé“ (2 Нефи 2:11), на Сатаната му е дозволено да нé искушува и да го злоупотребува правото на слободен избор.

Но Господ Исус Христос, „знаејќи за несреќата што ќе дојде врз жителите на земјата“ во наше време, го повика својот слуга Џозеф Смит, „му зборував од небесата и му дадов заповеди“ (Учења и Завети 1:17). Моделот според кој Господ ги открива Неговите заповеди и волја на Неговите пророци продолжува и во наше време со претседателот Расел М. Нелсон и поради истата причина. Бог посакува да нè води кон среќата во овој живот и кон небесна слава во следниот.

Послушноста кон Божјите заповеди треба да произлезе од нашата посветеност и љубов кон Него. Самиот Господ Исус Христос изјавил дека да се сака Бог е „најголемата и прва заповед“ (види Матеј 22:37–38). Дал подлабоко разбирање кога изјавил: „Ако ме љубите, пазете ги моите заповеди” (Јован 14:15).

Постои награда за љубовта кон Господ и почитувањето на Неговите заповеди. Во оваа евангелска епоха Тој опишал „еден закон неотповикливо прогласен во небесата … , врз кој се засновани сите благослови—

„И кога ќе добиеме било каков благослов од Бога, тоа е затоа што сме покорни на оној закон врз кој благословот е заснован“(Учења и Завети 130:20–21).

Како последица на ова, крајниот исход од изразувањето на нашата љубов кон Господа преку почитување на Неговите заповеди е добивањето благослови кои носат среќа и радост.

Гледањето на животот низ призмата на обновеното евангелие и современото откровение ни дава јасност. Гледајќи разумно на нашето божествено потекло и судбина, знаеме дека „најважните работи што ќе го направат [нашиот] смртен живот најдобриот што може да биде се точно истите работи што ќе го направат [нашиот] живот низ целата вечност најдобриот што може да биде!“

Заклучок

Завршувам онаму каде што започнав, навраќајќи се на моето искуство од пред неколку години со еден неодамнешен преобратник во Јапонија. Преку неговата трудољубивост и трудољубивоста на мисионерите и членовите, тој го пронајде обновеното евангелие на Исус Христос. Во пронаоѓањето на евангелието, ја откри смислата на неговото постоење, која ги прошири неговите видици. Тој исто така го пронајде и големиот план за среќа. Покорноста кон евангелските завети на планот му донесоа благослови и радост, издигнувајќи го времено и духовно.

Неговото патување кое го доведе до членство во Црквата на Исус Христос му дозволи да стане сведок на Исус Христос. Старешина Патрик Кирон од Кворумот на Дванаесетте апостоли ја опиша радоста што следи:

„Поради грижливиот план на нашиот Небесен Отец за секое од Неговите чеда, и поради поради искупителниот живот и мисија на нашиот Спасител, Исус Христос, ние можеме— и треба— да бидеме најрадосните луѓе на земјата! Во еден често проблематичен свет, дури и кога бурите на животот нé удираат, можеме да развиеме зголемено чувство на благодарност, радост и внатрешен мир поради нашата надеж во Христос и нашето разбирање за сопственото место во прекрасниот план за среќа“.

Ја нудам мојата благодарност и сведоштво за обновеното Евангелие на Исус Христос, вклучувајќи го и големиот план на среќа толку длабоко вграден во него. Ве канам да ги вкусите плодовите на Евангелието и да почувствувате поголема радост во овој живот на вашето патување кон вечниот живот.