2025
Добри вести за Љубов и радост
Јануари 2025


„Добри вести за Љубов и радост“, Лиахона, јануари 2025.

Месечна порака на Лиахона за јануари 2025

Добри вести за Љубов и радост

Благословите на обновувањето треба да ги развеселат нашите срца и да нé исполнат со благодарност за Божјата голема љубов.

статуа на ангелот Морони на зајдисонце

Нашата порака на надеж и мир за сите е дека Исус Христос живее и го обновил Негово евангелие и Црква во овие последни денови.

„Колку неописиво славни се овие работи за човештвото“! изјавил пророкот Џозеф Смит. „Навистина тие може да се сметаат за вести за голема радост за сите народи; а исто така и вести, што треба да ја исполнат земјата и да ги развеселат срцата на секому кога ќе му прозвучат во ушите.“

Со векови следејќи ја земната служба на Спасителот, Божјите деца го барале и копнееле за повеќе светлина и вистина. Сега добрите вести за Евангелието на Исус Христос и тековното Обновување се објавуваат за да ги благословат сите луѓе и да го подготват светот за денот кога Исус Христос ќе се врати да „владее како Цар на Царевите и да владее како Господар на господарите“. Ова е искрена манифестација на вечната љубов за нашиот Отец на Небесата и за нашиот Спасител. Се радувам што можам да го минам животот објавувајќи ги овие вистини на целиот свет.

Малку веројатното и Извонредното

Нов ден осамна за човечкото семејство во шумичка со дрвја, каде што Бог Отецот и Неговиот Син, Исус Христос, се појавиле и разговарале со Џозеф Смит како одговор на молитвата на младиот Џозеф за тоа на која црква треба да се приклучи. (види Џозеф Смит—Историја 1:14–20). Исус Христос му кажал на Џозеф да не се приклучува на ниту една црква. Ветил дека Неговото Евангелие во целост ќе му биде откриено на Џозеф во иднина.

За многумина, изгледаше како малку неверојатно Џозеф да биде повикан за толку важна работа, и тие беа во право. Тој бил необразовано и безначајно момче од мала фарма во непознат град. Исто како што некои рекоа за Спасителот во Негово време, „Може ли нешто добро да произлезе од Назарет“? (Јован 1:46), многумина се прашувале какво добро може да произлезе од неуко 14-годишно момче во Палмира, Њујорк. Но преку Џозеф—колку и да изгледа неверојатно за него—Небесниот Отец и Господ Исус Христос направија да се појави нешто навистина извонредното. Ова треба да ни донесе надеж дека на наш мал и скромен начин, и ние исто така можеме да придонесеме на смисловни начини за делото на Господ.

Со текот на времето, Господ побара од Џозеф „и му зборуваше од небесата, и му даде заповеди“ (Учењата и Заветите 1:17). Џозеф добил многу вредни откровенија и доктрина фокусирана на Исус кои донеле нова светлина за нашето разбирање на планот на Небесниот Отец и искупителната љубов на Исус Христос и моќта на Неговата помирувачка жртва. Она што заслужува внимание е што, овие добри вести дојдоа во вистинскиот момент кога значајни напредоци во транспортот, комуникацијата и други области дозволија Божјата светлина да зрачи и да благослововува сé повеќе и повеќе Негови чеда.

Морони му ги предава златните плочи на Џозеф Смит

Ангелот Морони му ги предава плочите на Џозеф Смит, од К. К. А. Кристенсен

Моќно сведоштво за Божјата љубов

Појавувањето на ангелот Морони на Џозеф Смит било од суштинско значење за обновувањето и цврст доказ за Божјата љубов. Морониј му кажал на Џозеф за некој запис, напишан на златни плочи, закопан во близина (види Џозеф Смит - Историја 1:33-34). На крајот, на Џозеф ќе му биде дадена „моќ одозгора“ (Учењата и Заветите 20:8) да го преведе тој запис во она што ќе стане Книгата на Мормон, која заедно со Библијата е уште едно сведоштво за Исус Христос.

Во Книгата на Мормон читаме за народи кои, стотици години пред Христос, знаеле и го претскажувале Неговото доаѓање и копнееле за него. Ние исто така наоѓаме извонреден запис за личното појавување и службата на воскреснатиот Спасител меѓу Нефитите, за време на кој, Тој ги поканил сите да дојдат кај Него и да ги почувствуваат белзите на Неговите ребра и белезите од клинците на Неговите раце и нозе (види 3 Нефи 11:14-15). Тој ги излекувал болните, куците, слепите – „сите оние што биле измачени на било каков начин“ – а потоа ги благословил малите деца и се молел за нив (види 3 Нефи 17:7-9, 21). Ние научуваме толку многу за љубовта и сочувството на Спасителот од овој свет запис.

Книгата на Мормон сведочи дека „Исус е Христосот“. Уверувањата во Книгата на Мормон постојано нé потсетуваат дека нашиот Отец на Небесата и нашиот Спасител нè сакаат повеќе од она што можеме да замислиме.

Благословите на Свештенството и Црквата

Обновувањето продолжило со појавувањето на други небесни гласници на Џозеф Смит. „Воскреснатиот Јован Крстител го обновил овластувањето да се крштева со потопување за простување на гревовите. Тројца од првите дванаесет апостоли, Петар, Јаков и Јован, го вратиле апостолството и клучевите за овластување на свештенството. Дошле и други, вклучувајќи го и Илија, кој го вратил овластувањето да се запечатуваат семејствата засекогаш во вечни врски кои ја надминуваат смртта.

На 6 април 1830 година, Исус Христос преку пророкот Џозеф воспоставил црква по примерот на црквата која Тој ја формирал во времето на Новиот Завет (види Поставки на Верата 1:6), утврдена со „темелите поставени од апостолите и пророците, имајќи го како камен темелник самиот Исус Христос“ (Ефесјаните 2:20). Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни овозможува пристап до благословите на обновената свештеничка моќ за сите Божји чеда кои се подготвени да ја примат.

Како што нè учеше претседателот Расел М. Нелсон, ние можеме да најдеме радост во секојдневното покајание кога се обраќаме кон Небесниот Отец и нашиот Спасител. До секој кој се чувствува потиштено, неспособно или дека чувствува дека не припаѓа: сите сте поканети да дојдете кај Христос и Неговата црква. Црквата не е манастир за совршените, туку болница за болните. Старешина Дитер Ф. Ухдорф од Кворумот на дванаесетте апостоли нé потсетува дека „ние доаѓаме во црквата не за да ги сокриеме нашите проблеми, туку за да се исцелиме“.

Во црквата наоѓаме радост во можностите да се свртиме кон надвор, да им служиме на другите со љубов, и да ги споделиме нашите лични доживувања чувствувајќи ја во избилство Исусовата добрина. Можеме да бидеме „вбројани меѓу народот на Христовата црква“ и „ да бидеме запаметени и нахранети со доброто Божјо слово“ (Морони 6:4). Каков огромен благослов!

Причина за голема радост

Пророкот Џозеф Смит еднаш изјавил: „Сега, што ние слушаме во Евангелието што сме го примиле? Глас на добрина! Глас на милосрдие од небото; и глас на вистина од земјата; добри вести за мртвите; глас на добрина за живите и за мртвите; благовест за голема радост” (Учењата и заветите 128:19).

Овие благовести доаѓаат затоа што Небесниот Отец и Неговиот возљубен Син, Исус Христос, нè сакаат и посакуваат—повеќе од сè—да нè дочекаат назад во Нивно присуство, за да можеме засекогаш да имаме живот како Нивниот. Обновувањето открива дека Тие направиле сé што е потребно за да ја овозможат оваа величествена можност за сите нас. На нашето вечно патување, ќе доживееме искушенија и тешкотии, но „[ние] сме, за да [] можеме да имаме радост” (2 Нефи 2:25) во овој живот и следниот. Пророкот Џозеф го знаел ова подобро од многумина.

Џозеф се соочувал со чести спротивставувања и прогони, но сепак го задржал својот „природен и весел темперамент“ (Џозеф Смит— Историја 1:28). Тој останал радосен, силен и издржлив и го извршил извонредното дело што му беше зададено. Им оддавам почит на првите светци кои веруваа, го поддржуваа и го следеа пророкот Џозеф Смит и се посветиле на изградба на Црквата. Им должиме огромна благодарност и почест.

Патот бил трнлив во првите денови на Црквата, а може да биде трнлив и денес. Но Обновувањето е во тек. Со Исус Христос на чело на оваа Црква, живите пророци ќе продолжат да нè водат. Господовите домови ќе продолжат да се градат, за да можат благословите на вечните завети со Бога да нé поврзат со Него и со нашите сакани од двете страни на превезот (види Матеј 16:19). Љубовта кон Бога и Исус Христос ќе биде упатена до целиот свет кога ја следиме заповедта на Спасителот да го нахраниме Неговото стадо и да го споделиме Неговото евангелие. Ќе сведочиме дека вистините од Обновувањето ќе започнат на начини и места што би биле тешко замисливи во времето на Џозеф

Можеме да најдеме сила и голема радост—како што нашол Пророкот Џозеф—кога ги прифаќаме и живееме овие скапоцени вистини. Повикот што Џозеф им го упатил на Светците во негово време важи и денес: „Зарем не треба да продолжиме напред во таква величествена работа? Одете напред а не назад. Храбро, … напред, и напред, сé до победа! Нека се израдуваат вашите срца, и силно да се развеселат“ (Учењата и Заветите 128:22).

За да добрите вести за љубов и радост што Обновувањето ги носи ги благословат и водат нашите животи—сега и секогаш.

Белешки

  1. Teachings of Presidents of the Church: Joseph Smith (2007), 152.

  2. Живиот Христос: Сведоштвото на Апостолите“, ChurchofJesusChrist.org.

  3. Види Saints: The Story of the Church of Jesus Christ in the Latter Days, vol. 1, The Standard of Truth, 1815–1846 (2018), 16.

  4. Насловна страна на Книгата на Мормон.

  5. The Restoration of the Fulness of the Gospel of Jesus Christ: A Bicentennial Proclamation to the World“, Gospel Library.

  6. Види Russell M. Nelson, „The Power of Spiritual Momentum“, Liahona, May 2022, 98.

  7. Dieter F. Uchtdorf, „On Being Genuine“, Liahona, May 2015, 83.