2025
Имајте го пред очи Исус Христос
Јануари 2025


Месечна Порака на За силата на Младите за јануари 2025 год.

Имајте го пред очи Исус Христос

Учењата и Заветите 6:36

Младинската тема за 2025 година ќе ви помогне да изберете доверба наместо сомнеж и верба над страв.

Лого на Темата за Млади за 2025

17- годишната Кејли била во тимот на Мажоретките сé додека поради несреќа не се здобила со трауматска повреда на мозокот. Нејзиното закрепнување ја спречило да оди на училиште, и таа почнала да се чувствува изолирана и сама. Доживувала емоционална криза и не знаела каде да побара помош. Еден пријател ѝ предложил да ги послуша мисионерите. Ја поучувале за Покајанието на Исус Христос. Тоа што сé подобро го запознавала Христос ѝ давало надеж, и чувствувала како да самиот Бог посега по неа.

Кејли ѝ кажала на мајка си, „Никогаш немав почувствувано дека Бог ме сака. Но сега јас знам дека Тој ме сака“.

Нејзината мајка, Мишел, била помалку изненадена. Поради одредени прашања, сомнежи и проблеми таа и нејзиниот сопруг, Брок, ја напуштиле Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни кога Кејли имала седум години. Претпоставувале дека нивната ќерка ќе биде посреќна без сите тие средби и заповеди. Никогаш не помислиле дека нивниот избор ќе ја оддалечи Кејли од блиска врска со Бога. Додека Мишел и Брок гледале како Кејли се менува, сфатиле дека поминало долго време откако не се почувствувале блиску до Бога, и сакале да се почувствуваат така повторно.

Се сретнале со нивниот епископ, и наскоро семејството, вклучувајќи го и братот на Кејли, Бреден, се вратило во црквата. Чувствувајќи се блиску до Бога и воспоставувајќи повторна поврзаност со Него, особено преку молитва, ја вратило нивната вера. Враќањето во црква не ги разрешило сите нивни прашања или грижи, но тие сфатиле дека имањето посилна лична поврзаност со Бог е поважно од нивното неверување.

Сето ова започнало кога еден пријател—тинејџер како вас—и предложил на Кејли да се фокусира на Исус. И таа тоа го направи!

Исус Христос рекол: „Имајте ме пред очи во секоја мисла; не се сомневајте, не плашете се“ (Учењето и Заветите 6:36). Од овој стих е инспирирана темата за млади за 2025 год. Дозволете ни да споделиме како можете да изберете доверба наместо сомнеж и верба над страв кога го имате пред очи Христос:

Генерално Претседателство на Младите Жени

Од лево кон десно: Сестра Рунија, Претседателката Фриман, Сестра Спанаус

Тамара В. Руниа

Кога доживувам потешкотии, секогаш ми помага кога го замислувам Исус Христос со испружени раце. Кога гледам во Него, се сеќавам на зборовите од песната „Ќе чекорам со Исус“: „Тој никогаш нема да ме напушти, дури и кога паѓам“.

Емили Бел Фриман

Кога го читам овој стих од темата, се потсетувам на Петар кога бил на Галилејското Море. Фокусирањето на бурата го зголемило неговиот страв и сомнеж, предизвикувајќи тој да потоне во брановите од бурата. Но фокусирањето на Спасителот Му овозможило да направи нешто што тој никогаш порано не го направил: Тој одел по водата! Тоа е извонредно, навистина. Што би можеле вие да постигнете кога го имате Него пред очи?

Андреа Муњоз Спанаус

Кога почнувам да се чувствувам исплашено, без оглед на тоа каде сум или во каква ситуација се наоѓам, намерно помислувам на мојот однос со Небесниот Отец и Исус Христос. Повторувам во моите мисли неколкупати: ЈАС СУМ ЌЕРКАТА НА БОГА. Продолжувам да го правам ова сé додека не почнам да се чувствувам подобро. Секогаш успева!

Генерално претседателство на Младите Мажи

Од лево кон десно: Брат Вилкокс, Претседателот Лунд, брат Нелсон

Бредли Р. Вилкокс

Запрашајте се кој се грижи за вас и кој најмногу ве сака. Дали се тоа вашите родители и црковните водачи? Дали тоа се луѓето на социјалните медиуми за кои можеби сте само бројка? Имајте ги пред очи Небесниот Отец и Христос. Тие навистина ни го мислат најдоброто!

Стивен Џ. Лунд

Сетете се на што ве потсетуваат кога ги рецитирате темите од Кворумот на свештенството и Млади жени: Вие сте саканиот син или ќерка на Бога. Имајте верба дека нашиот Отец има план за вас. Да се има пред очи Христос значи да се увиди дека Неговото покајание е токму во центарот на тој план.

Мајкл Т. Нелсон

Читањето на стиховите е еден начин како да се има пред очи Христос! Сомнежите и стравовите природно исчезнуваат кога се потсетуваме на чудата и учењата на Исус. Ние сме толку среќни што имаме пристап до Неговите зборови. Тие се применуваат во секоја ситуација што ја доживуваме во нашите животи.

Белешка

  1. Текст и музика на Стивен П. Шенк (види Friend, Feb. 2020, 27; види и Hymns—For Home and Church, no. 1004).