Месечна Порака на Лиахона, ноември 2024
Господ Исус Христос ќе дојде повторно
Сега е времето за вие и јас да се подготвиме за второто доаѓање на нашиот Господ и Спасител, Исус Христос.
Почитувани мои браќа и сестри, благодарен сум што Господ ме благослови да зборувам со вас.
На оваа конференција, Господ ни зборуваше преку Неговите слуги. Ве советувам да ги проучите нивните пораки. Во текот на следните шест месеци користете ги како лакмус индикатор за тоа што е вистина, а што не.
Конзервацијата и реновирањето на храмот Солт Лејк и другите места на храмскиот плоштад трае речиси пет години. Сегашниот изглед укажува на тоа дека оваа работа ќе биде завршена до крајот на 2026 година. Благодарни сме им на сите оние кои работат на овој огромен проект.
Во текот на последните шест месеци, ние (п)осветивме или одново (п)осветуваме девет храмови во пет земји. Од сега па до крајот на годината, ќе (п)осветиме уште пет.
Денес со задоволство ги објавуваме плановите за изградба на уште 17 храмови. Ве молам достоинствено слушајте додека да ги објавам локациите.
-
Хучитан де Сарагоса, Мексико
-
Санта Ана, Ел Салвадор
-
Меделјин, Колумбија
-
Сантјаго, Доминиканска Република
-
Пуерто Монт, Чиле
-
Даблин, Ирска
-
Милано, Италија
-
Абуџа, Нигерија
-
Кампала, Уганда
-
Мапуто, Мозамбик
-
Коур дАлен, Ајдахо
-
Квин Крик, Аризона
-
Ел Пасо, Тексас
-
Хантсвил, Алабама
-
Милвоки, Висконсин
-
Самит, Њу Џерси
-
Прајс, Јута
Почитувани мои драги браќа и сестри, дали гледате што се случува токму пред нашите очи? Се молам да не ја пропуштиме величественоста на овој момент! Господ навистина ја забрзува Својата работа.
Зошто градиме храмови со толку невидено темпо? Зошто? Затоа што Господ ни наложил да го сториме тоа. Благословите добиени во храмот помагаат да се собере Израел од двете страни на превезот. Овие благослови исто така помагаат да се подготват луѓе кои ќе помогнат да се подготви светот за второто доаѓање на Господ!
Како што претскажал пророкот Исаија и како што е споменувано во Хенделовиот Месија, кога Исус Христос ќе се врати, „ќе се открие славата Господова, и секое тело ќе ја види“.
На тој ден, „власта му е на рамото: името ќе му биде Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот“.
Исус Христос ќе владее и од стариот и од Новиот ерусалим „изграден на американскиот континент“. Од овие два центра, Тој ќе управува со работите од Неговата Црква.
Во тој ден Господ ќе биде познат како „Цар на Царевите, Господар на Господарите“. Оние кои се со него ќе бидат „повиканите, и избраните и верните“.
Браќа и сестри, сега е моментот вие и јас да се подготвиме за Второто доаѓање на нашиот Господ и Спасител, Исус Христос. Сега е моментот наш најголем приоритет да биде времето поминато во учењеза Него. Како можеме да го направиме тоа во свет полн со вртоглави одвлекувања?
Редовното служење во храмот ќе ни помогне. Во Господовиот дом, се фокусираме на Исус Христос. Учиме за Него. Склучуваме завети за да го следиме. Го запознаваме. Сé додека ги почитуваме склучените храмски завети, добиваме поголем пристап до Господовата зајакнувачка моќ. Во храмот, добиваме заштита од нападите на светот. Ја доживуваме во големо изобилство чистата љубов на Исус Христос и нашиот Небесен Отец! За разлика од турбуленциите во светот. чувствуваме мир и духовна смиреност.
Еве го моето ветување за вас: Секој искрен трагач на Исус Христос ќе го најде во храмот. Ќе ја почувствувате Неговата милостивост. Ќе најдете одговори на вашите највознемирувачки прашања. Подобро ќе ја сфатите радоста на Неговото Евангелие.
Научив дека најважното прашање на кое секој од нас мора да одговори е ова: На кого или на што ќе го дадам својот живот?
Мојата одлука да го следам Исус Христос е најважната одлука што некогаш сум ја направил. Додека студирав медицина, стекнав сведоштво за божественоста на Бог Отецот и Неговиот Син, Исус Христос. Оттогаш нашиот Спасител е карпата врз која го изградив мојот живот. Тој избор беше најважниот! Таа одлука олесни многу други одлуки. Таа одлука ми даде цел и насока. Таа исто така ми помогна да се справам со тешките ситуации во мојот живот без да бидам многу повреден. Дозволете ми да споделам два примери:
Прво, кога мојата сопруга Дензел неочекувано почина, не можев да стапам во контакт со ниту едно од нашите деца. Таму бев сам, уништен и плачев за помош. Со сочувство, преку Неговиот Дух, Господ ме поучи зошто мојата драга Дензел беше пратена дома. Со тоа сочувство, јас бев утешен. Со текот на времето, подобро можев да ја поднесам тагата. Подоцна, се венчав со мојата сакана сопруга Венди. Таа беше најважната втора личност на која јас се угледував.
Кога Венди и јас бевме на задача во далечна земја, вооружени крадци ми ставија пиштол на главата и го повлекоа обрачот. Но пиштолот не пука. Во текот на тоа доживување, нашите животи беа загрозени. Сепак Венди и јас почувствувавме непобитен мир. Тоа беше мирот „кој го надминува секое разбирање“
Браќа и сестри, Господ ќе ве утеши и вас исто така! Тој ќе ве зајакне. Господ ќе ве благослови со мир, дури и среде хаос.
Ве молам слушнете го ова ветување на Исус Христос за вас: „Ќе бидам оддесно и одлево, и Мојот Дух ќе биде во вашите срца, а моите ангелие околу вас, да ве охрабрат“.
Не постои ограничување на способноста на Спасителот да ви помогне. Неговото неразбирливо страдање во Рајската градина и на Голгота беше за вас! Неговото бескрајно Помирување е за вас!
Ве повикувам да посветите одредено време секоја недела, до крајот на животот, за да го продлабочите вашето разбирање за Помирувањето на Исус Христос. Ме боли срцето за оние кои се заглавени во грев и не знаат како да излезат. Плачам за оние кои духовно се борат или сами носат тежок товар, зашто не разбираат што Исус Христос направил за нив.
Исус Христос ги презеде врз Себе вашите гревови, вашите болки, вашите јадови, и вашите немоќи. Не треба да се справувате со нив сами! Тој ќе ви прости кога ќе се покајате. Ќе ве благослови со сé што ви е потребно. Ќе ја излечи вашата ранета душа. Кога се врзувате себеси со Него, вашите товари се чинат полесни. Доколку склучувате и се држите до заветите да го следите Исус Христос, ќе откриете дека болните моменти од вашиот живот се привремени. Вашите страдања ќе бидат „проголтани во радоста Христова“.
Не е ниту прерано ниту предоцна за да станете посветен ученик на Исус Христос. Тогаш ќе ги доживеете во целост благословите на Неговото Помирување. Ќе бидете и поефикасни во помагањето да се собере Израел.
Мои почитувани браќа и сестри, во деновите што доаѓаат, Исус Христос ќе се врати на земјата како милениумски Месија. Затоа денес барам од вас повторно да ги посветите вашите животи на Исус Христос. Барам од вас да помогнете да се собере раселениот Израел и да го подготвите светот за Второто доаѓање на Господ. Барам од вас да зборувате за Христос, да сведочите за Христос, да верувате во Христос и да се радувате на Христос!
Дојдете при Христа и „принесете му ја целата [душа]“ Нему. Ова е тајната за среќен живот!
Најдоброто допрва ќе дојде, почитувани мои браќа и сестри, бидејќи Спасителот повторно доаѓа! Најдоброто допрва треба да дојде, бидејќи Господ го забрзува Своето дело. Најдоброто допрва ќе дојде кога целосно ќе ги свртиме нашите срца и животи кон Исус Христос.
Го давам моето свечено сведоштво дека Исус Христос е Божји Син. Јас сум Негов следбеник. Чест ми е да бидам Негов слуга. При Неговото второ доаѓање, „ќе се открие славата Господова, и секое тело ќе ја види“. Тој ден ќе биде исполнет со радост за праведните!
Преку моќта на светите свештенски клучеви што ги поседувам, ви ја објавувам оваа вистина вам и на целиот свет! Во името на Исус Христос, амин.
© 2024 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Печатено во САД. Одобрено на англиски: 6/19. Одобрен превод: 6/19. Превод на Monthly Liahona Message, November 2024. Macedonian. 19349 158