Месечна порака на За Силата на Младите , ноември 2024 година
Следењето на Христос
Извадоци
Филипини
Следењето на Христос не е случајно или повремено спроведување на дело. Тоа е континуирана посветеност и начин на живот што треба да нè води во секое време и на секое место. Неговите поучувања и Неговиот пример го дефинираат патот на секој ученик на Исус Христос.
Божјите заповеди обезбедуваат водечка и стабилна сила во нашите животи.
Уште едно од учењата на нашиот Спасител изгледа дека треба да се потврди во околностите на наше време.
Ова е време на многу груби и навредливи зборови во јавните комуникации, а понекогаш дури и во нашите семејства. ….
Во ова време на токсична комуникација, што е тоа што следбениците на Христос треба да поучуваат и да прават? Кои беа Неговите учења и примери? …
… Ние треба да ги сакаме и да правиме добрини за сите. Треба да избегнуваме препирање и да бидеме миротворци во сите наши комуникации. Ова не значи да се компромитираат нашите принципи и приоритети туку да престанеме жестоко да ги напаѓаме другите за нивните. Тоа е она што нашиот Совршен Модел го правел за време на Неговата служба. Тоа е примерот кој Тој го постави за нас, кога не повика да го следиме Него. …
Како следбеници на Христос, ние учиме и сведочиме за Исус Христос, нашиот Совршен Модел. Затоа, ајде да го следиме Него со тоа што ќе се откажеме од расправии. Додека ги следиме нашите претпочитани политики во јавните дејствија, да се квалификуваме за Неговите благослови користејќи го јазикот и методите на миротворците. Во нашите семејства и во личните односи со останатите ајде да го избегнеме она што е сурово и омразено.
© 2024 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Печатено во САД. Одобрено на англиски: 6/19. Одобрен превод: 6/19. Превод на Monthly For the Strength of Youth Message, November 2024. Macedonian. 19345 158