„Вие Сте Скапоцено Божјо Дете,“ Личен Развој: Детски Водич (2019)
„Вие Сте Скапоцено Божјо Дете,“ Личен Развој: Детски Водич
Вие Сте Скапоцено Божјо Дете
Некогаш сте живееле со Небесниот Отец кој знае сè и сака секого. Тој сака вие да бидете како Него! Тој ви даде тело, способности и духовни дарби. Тој сака вие и сите Негови деца да ги откривате и да ги развивате овие дарби. Тој ни даде план за да ни помогне да бидеме среќни и да ги благословуваме другите.
Дојдовте на земјата од небесата. Вие сте дел од семејство.
Се обврзувате да го следите Исус Христос кога ќе се крстите и кога ќе се причестите за време на сакраментот.
Кога ќе бидете потврдени, дарот на Светиот Дух ќе ви биде даден за да ве води.
Можете да пронајдете радост и мир кога одбирате да живеете како што би живееел Исус.
Можете да учите и да растете. Можете да сакате и да им служите на другите како што Исус би сакал и служел.
Небесниот Отец го испрати својот Син, Исус Христос, да биде пример и да ви овозможи да се покаете и да се промените.
Во храмот можете да дадете завети што ќе ви помогнат да живеете повторно со Небесниот Отец.