„Вовед“, EnglishConnect 3 за Аудио Работна Тетратка (2024)
„Вовед“, EnglishConnect 3 за Аудио Работна Тетратка
Вовед
Како да се Користи Овој Прирачник
Целта на овој прирачник е да ви помогне да ги развиете вашите вештини по англиски јазик и да ја зголемите вашата вера преку вежби и приказни. Оваа работна тетратка содржи два дела: „Personal and Partner Language Study” и „Proficiency Practice“. Треба да поминувате одредено време секоја недела работејќи на двата дела. Подолу е опис на секој дел.
Personal and Partner Language Study
Самостојно и Проучување на јазикот со партнер
Делот „Самостојно и Проучување на јазикот со партнер“ ви нуди вежби за да го извежбате вашиот англиски јазик со други лица. Овој дел е поделен на 13 лекции, секоја од нив има два дела. Првиот дел е „Personal Language Study” што ве подготвува за вториот дел, „Practice Partner Language Study“. Не заборавајте да ги завршите овие вежби според дадениот редослед.
Колку брзо ќе ги завршите овие лекции зависи од вас и партнерот со кого учите. На пример, можете да одберете да одработите по една лекција неделно, или да одработувате една лекција на две недели.
Крајот на секоја лекција вклучува можност да размислите колку сте го усвоиле јазикот. Подолу се дадени неколку идеи што може да ги искористите за размислување:
-
Молете се и слушајте. Небесниот Отец е желен да ви помогне да научите. Замолете го да ви покаже што треба да правите, и Тој ќе ви даде мисли и идеи.
-
Направете листа за тоа што оди добро и што не е во ред. Направете планови за тоа како можете да се подобрите.
-
Запишете во вашиот дневник сѐ што сте правеле додека го учевте јазикот. Оценете ја ефективноста на секоја извршена вежба.
-
Бидете креативни. Нацртајте цртеж или напишете кратка песна или приказна што опишува како се чувствувате или како би можеле да го подобрите вашето учење.
Proficiency Practice
Професионално ниво вежбање
Делот „Proficiency Practice” од оваа работна тетратка ви дава можности да го подобри вашето читање, пишување, слушање и говорење. Треба да поминете време во читање, пишување, слушање и зборување секоја недела, дури и ако на едниот му е потребен повеќе напор од другиот. Ако откриете дека сте понапред со прашањата за читање, тогаш посветете повеќе време работејќи на прашањата за пишување додека не бидете приближно на истото место со двете (вештини). Ова ќе ви помогне да го одржите рамнотежа помеѓу вашите вештини за читање, пишување, слушање и зборување.
И деловите за читање и пишување имаат четири нивоа. Во секое ниво има четири функции (или групи) на прашања: „Ask/Answer“, „Describe“, „Narrate“, и „Negotiate“.
Треба да работите на прашањата за секоја група додека не почувствувате дека сте ја совладале групата прашања на тоа ниво. Откако ќе почнете точно да одговарате на речиси сите прашања за една група, можете да преминете на другите групи прашања. Кога точно ќе одговорите на прашањата во сите четири групи прашања, можете да преминете на следното ниво.
Не е непходно да се прескокнуваат нивоа. Ако сакате, може да започнете од почеток од ниво 1 и да ги изработите сите прашања по ред. Да посветите подолго време на вежбање е поважно отколку да се обидувате да најдете прашања што ве предизвикуваат.
Answers
Одговори
Последниот дел од овој прирачник ги содржи одговорите на прашањата за читање со разбирање за секоја лекција. Подобро ќе научите ако се обидувате да одговорите на секое прашање пред да погледнете во дадените одговори.
Овој дел исто така дава пример пасуси за секое најавено „Write”. Примерите можат да ви помогнат да размислите на кој начини да го подобрите сопственото пишување или да дадете повратни информации за пишувањето на вашиот партнер. Најдобро ќе научите доколку најнапред ги напишете вашите сопствени пасуси а потоа ги прочитате дадените примери.
Резиме
Следете ги советите подолу за поефикасно проучување:
-
Одвојте време секоја недела да работите на деловите „Personal and Partner Language Study“ и „Proficiency Practice“.
-
Во делот „Proficiency Practice“, осигурајте дека можете точно да одговорите на прашањата во сите четири форми на изразување „Ask/Answer“, „Describe“, „Narrate“, и „Negotiate“ пред да преминете на следно ниво.
-
Во делот „Proficiency Practice“, распределете го вашето време помеѓу деловите за читање, пишување, слушање и говорење секоја недела, но потрошете повеќе време на вештината која најмногу треба да се подобри На пример, ако ви е потешко да пишувате на англиски отколку да читате, вежбајте повеќе во делот за пишување.