„Радосниот Заветен Пат“, Лиахона, февруари 2026.
Месечна порака на Лиахона , февруари 2026
Радосниот Заветен Пат
Чудото и величественоста на членовите на семејството обединети во присуството на Отецот и Синот носат неверојатна стравопочит и радост во мојата душа и ме исполнуваат со дух на благодарност.
Старешина Патрик Керон и неговата сопруга Џенифер
Кога Израел и Елизабет Хејвен Барлоу го напуштиле Науво, Илиноис, за да заминат во долината на Солт Лејк во 1848 година, тие оставиле машко бебе погребано на малите гробишта во Наву. Малиот Џејмс Натаниел Барлоу, нивното првородено дете, починало кратко по раѓањето во мај 1841 година.
Со нивното заминување кон долината на Солт Лејк, Израел и Елизабета веројатно никогаш не очекувале повторно да го видат гробот на својот син. Но, неколку години подоцна, кога Израел бил повикан на мисија во Англија , поминал низ Науву додека патувал кон исток. На барање на Елизабет, застанал за да го пронајде гробот на нивниот син и да ги премести неговите останки на главните гробишта, источно од градот.
По еден ден на бесплодна потрага, Израел побарал помош од локалниот гробар. Следниот ден, тие го пронашле гробот, лоциран покрај братучетката на Џејмс, Марија. Трагично, ковчезите биле распаднати и искршени. Во писмо до својата сопруга, Израел напишал: „Затоа се свртев и заклучив дека ќе ги оставам таму до некое идно време.“
Не беше далеку од гробот, кога тој слушнал еден глас. Присетувајќи се на искуството, тој запишал: „Не беше чујно, но беше толку јасно во мојот ум што не можев да го негирам: Тато, не ме оставај тука.“ Израел се вратил кај гробот, и одлучил да го извади своето мало синче „Почувствував една многу необична смиреност и душевен мир што претходно не сум ги почувствувал. … Еве што ќе кажам: никогаш не сум бил посвесен за било која должност што сум ја извршил во животот.“
На 2 септември 1853, Израел Барлоу и гробарот ги преместиле телата на Џејмс и Марија на главните гробишта во Науву, означувајќи го местото со „камења на главата и подножјето на гробовите.“
Израел ѝ кажал на Елизабет дека додека се задржал на гробот, „Почувствував желба да се посветам себеси и сè што можам да го наречам свое во рацете на Господ, за да можам да бидам вбројан за достоен да се појавам со [Џејмс] утрото на Првото Воскресение.”
Посветеноста на Израел на евангелието на Исус Христос, во комбинација со почитувањето на светите завети, му овозможува на Христос да оствари вечен живот — најголемиот од сите благослови — возможен за него, за неговите предци и за неговото потомство.
Истото важи и за сите нас.
Фотографија од Џери Гарнс, може да се копира само за црковна употреба
Свети ветувања
Нашиот Небесен Отец и Неговиот Син, Исус Христос, ги сакаат секој од нас повеќе отколку што можеме да замислиме. Не постои место каде нивната љубов е појасно изразена отколку преку ветените благослови поврзани со заветите што ни се нудат на денот на крштавањето и во Господовиот дом.
„Еден од најважните концепти на религија заснована врз божествени откровенија е концептот на на светиот завет,“ поучуваше Претседателот Расел М. Нелсон (1924–2025). „Во правниот јазик, завет главно означува договор помеѓу две или повеќе страни. Но, во еден верски контекст, заветот е многу повеќе од тоа. Тоа е свето ветување со Бог.“
Секое свето ветување што го склучуваме и го одржуваме нè благословува. Небесниот Отец и нашиот Спасител Исус Христос сакаат да нè приближат до Нив. Тие сакаат да ни помогнат да учиме и нашата вера и разбирање да расте. Тие сакаат да не обдарат со небесна моќ. Тие сакаат да најдеме исцеление и спокој во свет каде што таквите благослови остануваат неостварливи. Тие сакаат да доживееме радост во овој живот и во животот што доаѓа. Произлегувајќи од оваа совршена љубов, Тие ни ја нудат можноста да влеземе во заветна врска со Нив. Даден ни е благослов за повторно да се посветиме на овие завети секоја недела за време на сакраменталната средба.
Ние земаме учество во сакраментот во духот на благодарноста затоа што на наше задоволство сме благословени да го преземеме врз себе името на Исус Христос, да се сеќаваме на Него и на Неговата љубов кон нас покажана преку дарот на Неговото Помирување — дека Тој страдаше, крвареше и умре за нас. Сакраментот исто така нè благословува и со можноста секоја недела да ја покажеме нашата подготвеност да се држиме до Неговите заповеди, да ги склучиме некој нов завет (види Учење и Завети 20:77, 79).
„Често, ги слушам зборовите дека земаме од сакраментот за да ги обновиме заветите што ги дадовме за време на крштевањето. Тоа е така, но значи и многу повеќе од тоа“, кажа Претседател Нелсон. „Склучив нов завет. Вие склучивте нови завети. … А за возврат, [Господ] дава ветување дека секогаш ќе го имаме Неговиот Дух со нас. Каков благослов!“
Кога се каеме и учествуваме во сакраментот со чисто срце, го примаме Светиот Дух и сме „исчистени од грев како да сме повторно крстени. Ова е надежта и милоста што Исус ни ги нуди на секој еден од нас.“
Каква радост е да се покаеш и да ти биде простено преку Христовата искупителна љубов!
Фотографија од Храмот Наву, Илиноис од Џенифер Роуз Меди
Неговиот дом на радоста
Откако стана претседател на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, претседателот Нелсон често зборуваше за заветниот пат, почнувајќи од неговата прва јавна порака како Претседател на Црквата. Стапнуваме на тој пат преку „покајание и крштевање со вода“ (2 Нефи 31:17), кажа тој во една друга прилика, и „потоа стапнуваме на него поцелосно во храмот.“
Како што учеството во сакраментот нè потсетува на дадените завети и нивните придружни благослови, на истото нè потсетува и вршењето на храмска работа во име на други лица. Додека извршуваме обреди во име на други лица кои починале, се сеќаваме на светите ветувања што ги дадовме и на ветените благослови што ќе ги добиеме.
Преку заветниот пат, стануваме наследници на сите благослови што им беа ветени на Авраам, Исак, Јаков и нивните потомци. И покрај тие ветени благослови, Авраам, Исак и Јаков немаа лесни животи, а немаме ниту ние. Како и нив, и ние се соочуваме со неволји, казни и загуби бидејќи сме „тестирани во сите нешта“ (Учење и Завети 136:31; види и 101:4–5). Но, како и пророците и праведните светци од минатото, и ние знаеме на кого можеме да му веруваме (види 2 Нефи 4:19).
Нашиот смртен живот е само момент во нашето постоење, но тој момент — понекогаш многу тежок — е вечно значен. Да, нашиот Небесен Отец сака ние да учиме и да растеме. И, да, тој раст понекогаш носи разочарување и страдање. Но, Тој сака нашите животи да бидат убави и исполнети со надеж. За таа цел, и за да го олесни нашето враќање кон Него, Тој обезбеди Спасител, кој е „лицето што ни дава сигурност“ дека ќе ги добиеме благословите ветени преку заветите со Неговиот Отец. Преку Помирувањето на Исус Христос, Отецот ги исполнува ветувањата дадени на Неговите деца во храмот.
Преку Неговата љубов и искупувачка жртва, нашиот Спасител се справи и исцели сè на што ќе наидеме во животот. И поради Неговиот свет дом — Неговиот дом на радоста — сè ќе испадне за наше добро и покрај тешкотиите. Балсамот добиен преку држењето до заповедите ја отстрануваат тагата, болката, жалоста и разочарувањето. Нема потреба да бидеме загрижени или исплашени. Наместо тоа, можеме да се радуваме што цената за нашето искупување е платена (види 1 Коринтјаните 6:20) и што заветниот пат кон вечниот живот е поставен.
Заветниот пат навистина е пат на искупителна љубов. Се додека ги почитуваме заветите што сме ги склучиле во храмот, ние сме благословени со поголема моќ, поголема љубов, поголема милост, поголемо разбирање и поголема надеж. Чудото и величественоста на храмските запечатувања — вечното соединување на членовите на семејството во љубов и за вечностоста — ми носат повозвишена страхопочит и радост во душата и ме исполнуваат со дух на благодарност.
„Секогаш кога ќе се појави било каков преврат во вашиот живот, најбезбедното место да се опстане духовно е да се живе во рамките на вашите храмски завети!“ Претседателот Нелсон советуваше. Јас знам од моето сопствено, понекогаш слатко, а понекогаш горчливо земно искуство за вистинитоста на тие зборови.
Џејмс Натаниел Барлоу, првото дете на Израел и Елизабет Барлоу, почина кратко по раѓањето во мај 1841 година. Години подоцна, тој беше запечатен од лица кои ги извршиле храмските обреди во негово име со своите родители во храмот Логан, Јута.
Илустрација од Ален Гарнс
Соберете Ги дома
Откако Израел Барлоу се прости со своето мало дете, ѝ напиша на својата сопруга: „Помислата да си одам, да не се вратам никогаш на гробот на Џејмс, ја истисна и последната нишка на љубов што ми остана, сè додека не се скина од солзите пролеани врз неговиот гроб“.”
Препоставувам дека уште солзи—овој пат солзи радосници—биле пролеани на 4 декември 1889 година. На тој ден, малиот Џејмс Натаниел Барлоу беше запечатен со своите родители во храмот во Логан, Јута. Во тоа време, Израел веќе беше починат, па други луѓе стоеја во негово име за да ги запечатат него и Џејмс.
Сестра Кирон и јас сме посебно чувствителни и сочувствуваме со Израел и Елизабет Нашето прво дете, момче по име Шон, почина за време на срцева операција кога имаше само три недели. Ова беше шокантна загуба за нас. Во тоа време, се прашувавме дали можеме да преживееме. Го погребавме во еден болно мал гроб во Англија. Петнаесет години подоцна, од нашето семејство беше побарано да се пресели од нашиот дом во Обединетото Кралство за да служиме полновренмена мисија во Црквата, и ние го напуштивме малиот гроб.
Не го изгубивме нашето бебе на патот кон запад, и не сме ги осетиле несфатливите тешкотии на семејството Барлоу, но почнавме да разбираме низ какви маки поминале. Гробот на нашето машко бебе е многу далеку, сепак како и семејството Барлоу, имаме трајна вера во воскресението на Исус Христос и вечната природа на нашето семејство преку светиот завет за запечатување.
Сите ние имаме предци и други наши сакани починати кои ни велат: „Не ме оставајте тука.“ Поради храмските завети, нема потреба некој да биде напуштен Наш совет е да ги сакаме, да им служиме и да помогнеме да се соберат дома.
Нашиот Небесен Отец нè сака, вас и мене. Ни дал храмови така што „било што и да врзете на земјата ќе биде врзано на небото“ (Учење и Завети 128:8; види и Матеј 18:18). Тој ни Го испрати Својот Син да ги скрши оковите на смртта, трасирајќи го патот за вечни врски и за вечните повторните семејни обединувања.
Тоа е причината што имаме обреди. Тоа е причината поради која склучуваме завети. Тоа е причината зошто градиме храмови. Тоа е причината што посветуваме време на Божјето дело и слава (види Мојсеј 1:39). И тоа е причината поради која пролеваме солзи радосници, знаејќи дека вечното повторно обединување нè очекува нас и нашите сакани во присуство на Отецот и Синот.
За да најдеме радост и спокој додека се држиме до нашите завети и Му се придружуваме на Господ во Неговото славно спасително дело.
© 2026 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Печатено во САД. Одобрено на англиски: 6/19. Одобрен превод: 6/19. Превод на Monthly Liahona Message, February 2026. Macedonian. 19933 158