„Учесници во Божјата природа“, Лиахона, Јан. 2026.
Месечна Лиахона Порака, Јануари 2026
Учесници во Божјата природа
2 Петар 1:4.
Познавањето на планот за спасение обезбедува скапоцена перспектива, ги збогатува нашите радости и нè зајакнува да ги надминеме нашите предизвици и неволји.
Христос повикува двајца ученици, од Гери Е. Смит
Апостол Петар нè потсетува дека за учениците на Исус Христос, Неговата „божествена сила ни подари сè што е потребно за животот и побожноста, а преку познанието на Оној Кој нѐ повика со Својата слава и совршенство:
„Преку кои ни се дарувани многу големи и драгоцени ветувања, та преку нив да да станете учесници во Божјата природа“ (2 Петар 1:3-4).
Планот на Небесниот Отец ги опишува огромните и скапоцени вистини и ветувања кои го дефинираат нашиот вечен идентитет и цел.
Како што е објаснето во „Семејството: Проглас кон Светот“:
„Сите човечки суштества—машки и женски—се создадени според ликот на Бог. Секој е возљубен духовен син или ќерка од небесни родители, и, како такви, секој има божествена природа и судбина. …
„Во предсмртното царство, духовните синови и ќерки го знаеја и обожаваа Бог како нивен Вечен Отец и го прифатија Неговиот план преку кој Неговите деца би можеле да добијат физичко тело и да стекнат земно искуство да напредуваат кон совршеност и конечно да ја реализираат нивната вечна божествена судбина како наследници на вечен живот.“
Небесниот Отец им ветува на Своите деца дека ако ги следат правилата на Неговиот план и примерот на Неговиот Сакан Син, ги почитуваат заповедите и издржат со верба до крајот, тие „ќе имаат вечен живот, кој дар е најголемиот од сите дарови на Бог“ (Учење и Завети 14:7).
Делото на Бог е насочено кон напредокот и возвишувањето на Неговите деца. Секој аспект од Неговиот план е наменет да ги благослови Неговите синови и ќерки, бидејќи „вредноста на душите е голема во Негови очи“ (Учење и Завети 18:10).
Планот на Таткото
Во предсмртниот совет, Небесниот Отец им го претстави на Неговите духовни деца Неговиот план за нивниот вечен напредок и среќа.
„Ќе создадеме една земја на која може да живеат;
„И Ние ќе им докажеме на нив одовде, да се погрижат да ги прават сите нешта кои Господ нивниот Бог ќе и ги заповеда;
„И тие кои ја одржуваат нивната прва состојба ќе биде додадени; а тие кои не ја одржуваат нивната прва состојба нема да имаат слава во истото царство со оние кои ќе ја одржуваат нивната прва состојба; а тие кои ја одржуваат нивната втора состојба ќе имаат слава додадена врз нивните глави секогаш и засекогаш.
„И Господ му кажа: Кого да испратам? И еден одговори како Синот Човечки: Еве сум Јас, испрати ме мене. И друг одговори и кажа: Еве сум јас, испрати ме. И Господ му кажа: Ќе го испратам првиот.
„И вториот беше лут, и не ја одржа неговата прва состојба; и, на тој ден, многу го следеа него.“ (Авраам 3:24-28).
Имајте на ум дека само еден план бил претставен на предсмртниот совет—планот на Отецот. Нашиот Небесен Отец не го постави прашањето, „Што да правиме?“ Тој не барал влез, не барал препораки или барал предлози. Наместо тоа, Тој ги претставил основните елементи на Неговиот план и прашал: „Кого да испратам?“ Суштината на Неговото прашање се фокусирала на тоа кој треба да биде испратен да ги изврши условите на Неговиот план.
Последиците од востанието на противникот исто така се опишани во светото писмо.
„Затоа, бидејќи тој Сатана се побуни против мене, и сакаше да ја уништи агенцијата на човекот, која јас … му дадов и исто така, за да му ја дам мојата моќ … , направив тој да биде соборен;
„И тој стана Ѓаволот, … ѓаволот, таткото на сите лаги, да измами и да заслепи луѓе, и да ги води во заробеништво по своја волја, дури и оние кои не сакаа да го слушаат мојот глас“ (Мојсеј 4:3-4; додаден дел).
Луцифер не претставил план кој бил одбиен од мнозинството учесници во предсмртниот совет. Тој не е симпатична фигура која изгубила на изборите. Тој се побунил! Гордост, ароганција и себичност го мотивирале неговиот револт против планот на Таткото.
Планот на Отецот и Евангелието на Спасителот
Планот ги опишува делата на Отецот и Синот кои му овозможуваат на целото човештвото благословите на вечниот живот.
Евангелието на Исус Христос го претставува начинот на кој можеме да ги добиеме благословите ветени во Божјиот план, дури и доктрината, принципите, обредите и заветите во кои мажите и жените мора да веруваат и да ги следат. „Не постои друго име дадено под небесата освен овој Исус Христос, … за да може човекот да се спаси“ (2 Нефи 25:20). Навистина, Господ Исус Христос е „патот, вистината и животот: никој не доаѓа кај Отецот, освен преку Него“ (Јован 14:6).
Претседателот Расел М. Нелсон објасни:
„Планот го бараше создавањето, а тоа пак го бараше и Падот и Искупувањето. Ова се трите основни компоненти на планот. Создавањето на рајска планета дојде од Бога. Смртноста и смртта дојдоа во светот преку падот на Адам [види 2 Нефи 2:25; Мојсеј 6:48]. Бесмртноста и можноста за вечен живот беа обезбедени од Покајанието на Исус Христос (види 2 Нефи 2:21-28). …
„… Ние доаѓаме на земјата за краток временски период, ги издржуваме нашите тестови и тестови, и се подготвуваме да продолжиме напред и нагоре кон славното враќање дома [види Псалми 116:15; Алма 42:8]. Нашите мисли и дела за време на смртноста сигурно ќе бидат понамерни ако го разбереме Божјиот план и бидеме благодарни и послушни на Неговите заповеди. [види Учење и Завети 59:20–21].”
Наслови на планот во Книгата на Мормон
Ние знаеме важни вистини со идентификување и проучување на многуте различни наслови за планот на Отецот во Книгата на Мормон: Уште едно сведоштво за Исус Христос. На пример, да го разгледаме следниов избран примерок на наслови:
„Милостивиот план на големиот Создател“ (2 Нефи 9:6).
„Планот на нашиот Бог“ (2 Нефи 9:13).
„Планот за спасение“ (Јаром 1:2; Алма 24:14).
„Планот за избавување“ (Алма 12:25, 26, 30, 32, 33; 42:11, 13).
„Планот за обнова“ (Алма 41:2).
„Планот на среќата“ (Алма 42:16).
„Големиот план на милост“ (Алма 42:31).
Секој од овие наслови ни помага појасно да ги разбереме скапоцените ветувања на планот на Отецот и ја збогатува нашата перспектива за целите и значењето на нашите смртни животи.
Значајно е дека најчесто користениот наслов за Божјиот план во Книгата на Мормон се фокусира на избавувањето кое е овозможено преку Покајанието на Исус Христос.
Алма изјавил: „Сега,да не беше планот за искупувањето, кој беше положен од основањето на светот, немаше да има вокреснување на мртвите; но имаше положено план за искупување, кој ќе го исполни воскреснувањето на мртвите,“ (Алма 12:25).
Тој исто предупреди, „Започнете да верувате во Синот Божји, дека Тој ќе дојде да го откупи Неговиот народ, и дека Тој ќе страда и ќе умре за да помири за нивните гревови; и дека Тој повторно ќе се крене од мртвите, што ќе го исполни воскреснувањето, за да застанат сите луѓе пред Него, да бидат судени на последниот и суден ден, според нивните дела.“ (Алма 33:22).
Патот е подготвен
Нашите души треба да се наполнат со благодарност додека го размислуваме Божјиот голем план за спасение, избавување, обновување, милост и среќа. Познавањето на Неговиот план обезбедува скапоцена перспектива, ги збогатува нашите радости и не зајакнува да ги надминеме нашите предизвици и неволји.
Небесниот Отец копнее за нас да се вратиме дома кај Него. Тој повикува и ветува благослови, но никогаш нема да ја принуди, присили или ограничи нашата примена на моралната агенција што ни ја дал. Ние мора да дејствуваме и да избереме да се вратиме кон Него следејќи го примерот на Неговиот Сакан Син.
Неговата Рака е Сѐ Уште Испружена, од Елизабет Тајер
„Патот е подготвен, и ако погледнеме, може да живееме вечно“ (Алма 37:46).
Радосно сведочам дека Небесниот Отец е авторот на божествениот план за Неговите деца. Исус Христос е нашиот Спасител и Откупител. И како еден од апостолите на Господовите подоцнежните дни, сведочам дека Тој навистина „е патот, вистината и животот“ (Јован 14:6; додаден дел).
© 2026 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Печатено во САД. Одобрено на англиски: 6/19. Одобрен превод: 6/19. Превод на Monthly Liahona Message, January 2026. Macedonian. 19932 158