2025
Божјиот план за некое вечно семејство
Декември 2025 Лиахона


„Божјиот план за некое Вечно Семејство“, Лиахона, дек. 2025.

Месечна порака на списанието Лиахона , Декември 2025

Божјиот план за некое вечно семејство

Старешина Соарес поучува дека семејствата кои го прифаќаат Божјиот план, сакаат како што сакаше Спасителот и ги почитуваат своите завети, еден ден ќе ги наследат „благословите на вечниот живот и целосна и трајна среќа.“

фотографија од храмот Сао Паоло, Бразил

Кон крајот на мојата полновремена мисија, се израдував кога бев обдарен и запечатен со моите родители во Храмот Сао Паоло во Бразил.

Моите родители, Апаресидо и Мерцедес, имаат различни религиозни потекла, но нивните животни искуства ги подготвиле да го прифатат обновеното евангелие.

Мојот татко беше воспитан во добро семејство, но тие не биле верници. Сепак, уште како млад покажал интерес кон религијата. Тој ја прочитал Библијата, посетувал часови по веронаука и го проучувал животот на Исус Христос. Како резултат на неговите проучувања пројавил интерес за евангелието на Спасителот и за семејството, со желба да се ожени со некоја истомисленичка.

Сосема спротивно на него, мајка ми потекнуваше од многу религиозно семејство. Ги прифаќаа евангелските принципи, присуствуваа на црковни служби и верно ја практикуваа својата религија. Растејќи во таква средина, мојата мајка стана личност која никогаш не пропушта црковна средба.

И така, откако моите родители се венчаа и јас и моите тројца браќа дојдовме на свет, тие направија сè што можат да нè воспитуваат во светлината на нивното познавање на евангелските принципи. Еден ден мојата тетка, која беше неактивен член на Црквата на Исус Христос на Светите од Последните Денови, му кажа на татко ми: „Имаш четири сина, драги“. Ако навистина сакаш да создадеш семејство кое е фокусирано на Христос и Бог да биде присутен во твоето семејство, ти треба да одиш во мојата црква“.

Мојот татко слушна што таа вели, но не презеде ништо сè до денот кога полновремените мисионери дојдоа во нашето соседство, затропаа на нашата врата и почнаа да нè подучуваат. Брзо сфати дека тие се презентери на црквата за која мојата тетка зборуваше.

Светлина и Вистина

Една од работите што првично ги заинтересираа моите родители за обновеното евангелие на Исус Христос е важноста што Црквата ја дава на семејството и на учењето дека „голем дел од Божјето дело за спасение и возвишување е постигнато преку семејството“. Пред да бидат крстени, моите родители беа толку воодушевени од она што го учеа што ги поканија соседите да им се придружат за време на мисионерските лекции.

фотографии од родителите на старешина Соарес

Една од работите што првично ги заинтересираа моите родители за обновеното евангелие на Исус Христос е важноста што Црквата ја дава на семејството.

Додека се среќаваа со мисионерите и продолжуваа да го изучуваат евангелието по крштевањето, моите родители научија на кој начин „да ги подигаат [своите] деца во светлина и вистина“ и како духовно „да воспостават ред во [нивниот] сопствен дом“ (Учење и Завети 93:40, 43).

Тие научија дека „семејството е во центарот на планот на Творецот за вечната судбина на Неговите чеда“ и дека „поверојатно е дека семејната среќа ќе се постигне доколку е заснована на учењата на Господ Исус Христос“.

Научија и дека „успешните бракови и семејства се воспоставуваат и одржуваат врз основа на принципите на вера, покајание, простување, почит, љубов, сочувство, работа и корисни рекреативни активности“.

Научија дека семејствата можат да бидат вечни и дека „тој ист однос кој постои меѓу нас овде, ќе постои и помеѓу нас таму, само што ќе биде придружуван од вечната слава, во која не уживаме во овој момент“ (Учење и Завети 130:2).

И научија дека „крајната цел на секое учење, секоја црковна активност е родителите да бидат среќни дома, запечатени во вечен брак, и поврзани со своите поколенија“.

Со тоа сознание, тие посакуваа да бидат запечатени како семејство засекогаш.

Поглед кон Вечноста

Откако моите родители се крстија, тие го практикуваа она што го научиле, преминувајќи од светот кон евангелското царство. Тие работеа за да го обединат семејството со тоа што одржуваа семејна домашна вечер и семејно проучување на светото писмо, верно присуствуваа на црковните средби, и работеа на семејната историја. Со овие напори за единство, се надеваа дека ќе создадат семејство во чиј фокус е планот за спасение со духовен поглед кон вечноста.

Во 1965, годината кога моите родители беа крстени, најблискиот храм до Сао Паоло, Бразил, беше во Меса, Аризона, на оддалеченост од приближно 6.000 милји (9.650 км). Патувањето беше прескапо за нашето семејство, затоа моите родители мораа да причекаат до 1987 кога беше осветен Храмот Сао Паоло, во Бразил пред да можат да добијат храмски обреди и да бидат запечатени. Во тоа време, јас служев мисија во Рио де Жанеиро.

Приближно два месеци пред крајот на мојата мисијата во февруари 1980 година, мојот претседател на мисијата дозволи мојот придружник и јас заедно со членовите на колот цела ноќ да патувавме од Рио де Женеиро до Храмот Сао Паоло за да бидам обдарен и запечатен со моите родители. Како и моите родители, со години ги чекав ветените благослови на храмските обреди и завети.

Тоа искуство ја промени мојата визија за иднината и ми го даде првиот нецелосен поглед за вистинитоста на неодамнешните зборови на Претседателот Расел М. Нелсон: „Времето поминато во храмот ќе ви помогне да размислувате селестијално и да согледате кои сте навистина, кои може да станете, и каков живот може да живеете засекогаш“.

Краткото време поминато во храмот за оваа прилика длабоко влијаеше на остатокот на мојата мисионерска служба. Со ваквата променета визија, моето сведоштво за храмот и важноста на Божјиот план за семејствата исто така имаа траен ефект врз мојот живот.

Кога јас и мојата сопруга, Росана, се венчавме две години по мојата мисија, бевме запечатени во храмот имајќи визија да подигнеме наше сопствено вечно семејство. За да ја оствариме нашата визија, работевме заедно за да создадеме семејни традиции, како онаа научена од нашите родители, сите фокусирани на Спасителот, Неговите учења и учењата на Неговите современи пророци.

Денес нашите деца ги подигаат своите деца со истите евангелски принципи на среќа. За нас, семејството е сé бидејќи ние ја разбираме фокусираноста на семејството во Божјиот план.

Како Генерален Овластен, го добив благословот да ги запечатам моите три деца со нивните сопруги во храмот. Беше прекрасно искуство да гледам во нивните очи во оној момент кога тие клечеа пред олтарот во храмот. Можев да си го видам сопственото потомство благословено од истите принципи на Евангелието на кои ме научија моите родители а кои јас и Росана им ги пренесовме. Можев да ги видам тие благослови како продолжуваат во идните генерации. И се потсетив кој го овозможува сето тоа.

различни комплети од сцени на Рождество на полиците

Божиќен потсетник

Семејството е во фокусот на Божјиот план за среќа, но без Спасителот Исус Христос, тој план не би бил возможен. Неговото Помирување и обредите и заветите најдени во Неговото евангелие го овозможуваат ветувањето за егзалтација.

Претседателот Нелсон изјави: „Егзалтацијата е семејно прашање. Само преку спасителните обреди од евангелието на Исус Христос семејствата можат да бидат возвишени. Највисоката цел кон која се стремиме е ние, како семејство, да станеме среќни—обдарени, запечатени и подготвени за вечен живот во присуство на Бога“.

Кога ги посетувам местата кои никогаш претходно не сум ги видел, се обидувам да пронајдам мала сцена од Рожденството што мене и Росана нé потсетува на Спасителот. Имам изградено прилично голема колекција.

Додека сопругата и јас ги гледавме овие едноставни сцени од Христовото Рождество, во една прилика размислувавме: „Што е она што е навистина најважно во животот?“ Одговорот, се разбира, е Спасителот, Неговото евангелие и нашето семејство. За да нѐ потсети на љубовта на нашиот Небесен Отец кон нас и дека преку Спасителот станува можно ветувањето за вечни семејства, пред Божиќ пред неколку години ги ставивме сите наши Рождества на две големи полици во нашиот дом—и ги оставивме настрана, наместо да ги складираме по божиќните празници. Таа традиција ни помага да го одржиме Божиќниот дух во нашиот дом во текот на целата година.

Додека гледаме во сцените на Рожденството секој ден, тие нé потсетуваат на централната улога на Спасителот во нашите животи. Нé потсетуваат дека мирот на земјата во овој момент (види Лука 2:14) и вечната среќа во светот кој доаѓа зависат од Спасителот и почитувањето на заповедите што сме ги склучиле со Него. И тие нé потсетуваат дека „Тој дојде на светот, и тоа Исус, да биде распнат за светот, и да ги понесе гревовите на светот, и да го освети, и да го исчисти од секоја неправедност;

„За да преку Него да бидат спасени сите оние кои Отецот ги ставил под своја власт и ги создал според него“ (Учење и Завети 76:41–42).

Исто како што ние ги учевме овие вистини од нашите родители, Росана и јас се потрудивме да им ги пренесеме на нашите деца. Денес, нашите деца ги пренесуваат истите вистини на своите деца. Семето посеано во срцата на моите родители пред 60 години, во нашата мала куќа во Бразил, процвета и донесе плод „кој е најскапоцениот, посладок од сè што е слатко, и побел од сè што е бело, да, и почист од сè што е чисто“ (Алма 32:42).

Јас сведочам дека оние кои го прифаќаат Божјиот план за семејствата, сакаат како што сакал Спасителот, и ги почитуваат своите завети еден ден ќе ги наследат „благословите на вечниот живот и целосната и трајна среќа“ со своите сакани и со Отецот и Синот.

Белешки

  1. Општ Прирачник: Служење во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, 2.0, Евангелска Боиблиотека.

  2. Семејството: Проглас кон Светот,” Евангелска Библиотека.

  3. Семејството: Проглас кон Светот“.

  4. Бојд К. Пакер, „The Father and the Family“, Ensign, May 1994, 19.

  5. Расел М. Нелсон, „Rejoice in the Gift of Priesthood Keys“, Liahona, May 2024, 121.

  6. Расел М. Нелсон, „Open the Heavens through Temple and Family History Work“, Liahona, Oct. 2017, 18.

  7. Генерален Прирачник, 2.0.