„Завети, моќ и ветувања“, Лиахона, окт. 2025.
Месечна порака на Лиахона, октомври 2025
Завети, моќ и Ветувања
Храмот е од суштинска важност за ветената моќ и заштита на верниците пред Второто доаѓање на Господ Исус Христос.
Уметничка слика на Џозеф Смит од Ден Бур
Во мај 1833 година, мојот четвртити пра-пра дедо од мајчина страна Асаел Пери и неколку пријатели патувале од северен Њујорк до Киртланд, Охајо. Тие не биле членови на новообновената црква, туку сакале да се запознаат со пророкот Џозеф Смит. Пристигнале токму на време за да присуствуваат на првиот совет што бил одржан за да се расправа за изградбата на храмот во Киртланд.
Откако започнал советот, пророкот го претставил бизнис планот за изградба на храмот. Потоа ги повика присутните да ги изразат своите чувства поврзани со толку голем потфат. Повеќето одговориле дека Црквата е премногу сиромашна за да се справи со таква задача. Предложиле изградба на некој помала, поевтина градба.
За време на дискусијата, мојот дедо Пери и неговите пријатели припиени еден до друг, ги извадиле своите пари и ги пресметале колку имаат вкупно. Дали имале доволно пари да си го платат патувањето во двата правци и да придонесат за изградба на храмот? Неколку минути подоцна, мојот дедо му пријде на Џозеф Смит, извади златник од пет долари и му го претстави на пророкот. (Таква монета денес би вредела стотици долари!)
Џозеф застанал пред советот и го покажал златникот. Потоа, зборувајќи енергично, тој рекол дека „работата веќе започнала и [Господовиот] дом ќе биде изграден според претставениот модел“ од Господ Исус Христос.
Семејството Пери наскоро се приклучило на Црквата во Киртланд, ги добило ветените храмски благослови неколку години подоцна во Храмот Наву, по што преминале преку рамнината до Јута.
Кога храмот Киртланд беше осветен во 1836 година, тој бил премногу мал за да ги собере сите Светци од подоцнежните дни кои сакале да присуствуваат на неговото осветување. Како што растела Црквата, така се зголемувал и бројот на Светци кои морале да присуствуваат на средбите на отворено. Претседателот Џејмс {sp} Е. Фауст (1920-2007), кој служеше како претседател на кол кога јас бев младинец, и како ментор кога бев повикан за Генерален овластен во 2007 година, даде еден ваков коментар во врска со вториот црковен храм:
„Пред да биде завршен храмот Наву во 1846 година, Светците се среќаваа на отворено, често во близина на храмот, за да ги ислушаат говорите на Џозеф и на другите црковни водачи. Понекогаш илјадници луѓе присуствуваа на овие средби“ дури и кога времето беше лошо.
„Како што [Старешина] Џорџ А. Смит забележа на негов духовит начин: ‘Во деновите на Пророкот Џозеф Смит … [Црквата] успешно се развиваше на отворено’“.
Благодарни сме што во наше време, Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни успешно се развива на отворено, во црковните простории и низ целиот свет. Тој процут вклучува изградба на храмови со невидено темпо „според презентираниот модел“ - модел кој отсекогаш вклучувал благослови, осветување, вера и жртвување.
Славна Светлина—Храмот Киртланд, од Глен С. Хопкинсон, не е дозволено копирање
Зошто толку многу храмови?
„Нашите претходници претскажаа дека храмовите ќе ги обележат Северна и Јужна Америка, островите на Пацификот, Европа и различни делови од светот," рече претседателот Езра Тафт Бенсон (1899-1994) пред неколку децении. „За да се изврши ова искупително дело во потребната мера, ќе бидат потребни стотици храмови.“
Претседателот Расел М. Нелсон кажа дека градиме храмови со невидено темпо „бидејќи Господ нè поучил да постапуваме така. Благословите добиени во храмот ни помагаат да го собереме Иразел од двете страни на превезот. Овие благослови исто така помагаат да се подготви народ кој ќе помогне да се подготви светот за Второто Доаѓање на Господ“!
Во неговата (п)осветувачка молитва за Храмот Киртланд, Џозеф Смит кажал: „и сите оние кои ќе преминат преку прагот на домот Господов да може да ја почувствуваат Твојата моќ. …
„И те молиме, Свети Оче, твоите слуги да излезат од овој дом вооружени со Твојата моќ, и Твоето име да биде на нив, и славата Твоја околу нив, и Твоите ангели да се грижат за нив“ (Учење и Завети 109:13, 22; додаден акцент, види и стих 23).
Кога ги читам овие стихови, помислувам на визијата на Нефи за подоцнежните дни. Обрнете внимание на сличниот израз: „И се случи да јас, Нефи, ја видов моќта на Јагнето Божје, што се спушти врз светците од црквата на Јагнето, и врз заветниот народ Господов, кој е раселен по целото лице на земјата; и тие беа вооружени со праведност и со моќ од Бога во голема слава" (1 Нефи 14:14;додаден акцент).
Верувам дека храмовите од подоцнежните дни играат суштинска улога во исполнувањето на пророштвото на Нефи и се од суштинска важност за заштитата и ветената моќ на верниците пред Второто доаѓање.
Пред неколку години, додека служев како епископ во еден универзитетски оддел, бев конкретно воодушевен од една млада жена од мојот оддел. Таа сè уште ме воодушевува. Ја познавате како Претседател Емили Бел Фриман, Генерален Претседател на Млади жени. Во едно неодамнешно обраќање на генералната конференција, таа поучуваше дека преку храмот, Исус Христос нè издигнува на едно повисоко духовно постоење.
„Секој пат кога ќе го преминам прагот на Неговиот дом, доживувам подлабок заветен однос со Него", вели Претседателката Фримeн. „Јас сум осветена со Неговиот Дух, дарувана со Неговата моќ, и и здвоена за да го градам Неговото царство".
Ветена моќ
Претседателот Нелсон често зборува за моќта на Исус Христос понудена преку храмските завети. „Вашето препуштање на Спасителот значи дека вие имате пристап до Неговата сила и искупителна моќ", вели тој. Претседателот Нелсон исто така советува:
„Сé додека ги почитуваме склучените храмски завети, стекнуваме поголем пристап до Господовата зајакнувачка моќ. Во храмот, добиваме заштита од нападите на светот.
„Суштинските обреди на [Спасителот] нè врзуваат за Него преку светите свештенички завети. Потоа, додека ги почитуваме нашите завети, Тој нè обдарува со Неговата исцелителна, зајакнувачка моќ. Колку само ќе ни биде потребна Неговата моќ во деновите што претстојат“.
„Моралната и духовната моќ што му е потребна на нашиот народ сега и во деновите што претстојат е моќта на Бог Отецот и Неговиот Син, Исус Христос. Со склучување и почитување на склучените завети со Нив ние стекнуваме пристап до Нивната моќ“.
Небесната моќ е важна, браќа и сестри, бидејќи живееме во многу злобен свет. Без таа моќ, ние нема да можеме да „го издржиме денот на неговото доаѓање“ или „кој ќе издржи кога ќе се појави тој" (Малахиа 3:2). Ние не знаеме кога ќе дојде тој ден, но Неговиот гласник веќе е испратен да го „приготви патот" за Неговото доаѓање (Малахиа 3:1). Во меѓувреме, светот не се движи непречено кон тој ден.
Потребна ни е моќта ветена на верниците за да ни помогне:
-
Да дозволиме Бог да надвладее во нашите животи.
-
Да се покаеме и да се приближиме до Господа.
-
Да благословуваме, да даваме утеха, да водиме, и да служиме.
-
„Подобро да истраеме во нашите искушенија, предизвици и болки во срцето“(види Мосија 3:19).
-
Да најдеме спокој и радост во Христа додека одиме по заветниот пат.
-
Да се подготвиме за „денот на палењето“ и „невољите на злите" (Учење и Завети 109:46).
-
Постигнете го Господовото дело пред Неговото Второ доаѓање.
Фотографија на куполата на храмот во Тусон, Аризона од Џејмс Витни Јанг
Чуварите на Спасението
Делото и славата на Небесниот Отец е „да остварувам бесмртност и вечниот живот на човекот“ (Мојсеј 1:39). Секој храм стои како земен стражар на Божјиот план за спасение, укажувајќи на примарната важност што Спасителот ја има во тоа дело и слава.
Вооружени со Неговата моќ, секој маж и жена кои се верни на заветите, венчани или невенчани, и остануваат верни и на храмските завети, ќе бидат благословени во овој живот и во животот што доаѓа.
Претседателот Нелсон вети: „Целта кон која секој од нас се стреми е да бидеме дарувани со моќ во Господовиот дом, запечатени како семејства, верни на склучените завети склучени во храмот што нѐ квалификуваат за најголемиот Божји дар—дарот на вечен живот. Храмските обреди и заветите што ги склучуваме таму се клучот за зајакнување на вашиот живот, вашиот брак и семејство, и вашата способност да се спротивставите на нападите на противниците. Вашето богослужење во храмот и делото кое го вршите во име на вашите претци ќе ве благослови со зголемено лично откровение и спокој, и ќе ја зајакне вашата посветеност да останете на заветниот пат.“
Како Апостол на Господ Исус Христос, сведочам дека овие работи се вистина.
© 2025 од Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved Печатено во РСМ. Одобрено на англиски: 6/19. Одобрен превод: 6/19. Превод на Monthly Liahona Message, October 2025. Macedonian. 19611 158