2025
Осветени од овластено свештенство и моќ
Септември 2025


„Осветени од овластено свештенство и моќ“, Лијахона, септември 2025 година.

Месечна порака на Лијахона , септември 2025

Осветени од овластено свештенство и моќ

Членовите на Црквата ја користат Божјата моќ за да им служат и да ги благословуваат другите во Црква, дома и низ целиот свет.

Старешина Д. Тод Кристферсон

Нашето сведоштво за светот е дека светото Божје свештенство е неопходно за извршување на Неговото дело на спасение и егзалтација, дека за таа цел Тој го обновил свештенството на земјата, и дека тоа е управувано од Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни.

Потребата од овластено свештенство и моќ

Исус Христос е глава на Црквата. Црквата е инструментот кој Тој го создал за да го постигне суштинското дело на искупување на човештвото во оваа последна евангелска епоха кога Тој живеел на земјата. Ширум Црквата:

  • Исус може да го проповеда Своето Евангелие ширум светот.

  • Може да понуди крштевање и сите други завети, дури и заветен пат до Неговото небесно царство.

  • Тој може да ги обедини семејствата за вечноста

  • Може да ги дарува даровите за спасение, дури и на оние кои починале без нив.

  • Mоже да се погрижи за физичките потреби на Божјите деца во сегашноста.

За да ги оствари овие големи цели и да се подготви за враќањето на Спасителот, на Црквата и е потребна постојана Божја насока, овластување и моќ. Црквата е „вистинска и жива црква“ (Учења и завети 1:30) бидејќи Христос вложува во неа со Своето раководење и моќ преку Неговото свештенство, „Светото свештенство, по редот на Синот Божји“(Учења и завети 107:3).

Но за ова свето свештенство, Црквата во суштина ќе биде секуларна организација, која прави добрини во светот, но е немоќна да ја постигне крајната цел да ги подготви Божјите синови и ќерки за радоста на вечниот живот во Негово присуство. Заедно со ова свештенство и клучевите за насочување на работата на ова свештенство, постојат овластувања и хиерархиски ред во Црквата.

„Во Црквата, сето свештенско овластување се практикува под раководство на оние кои се носители на свештенските клучеви.

„Достојните машки членови на Црквата добиваат овластување да бидат свештеници преку предавање на свештенството и ракополагање на свештенички служби. Сите членови на Црквата можат да практикуваат делегирано овластување како издвоени или задолжени да помогнат во остварување на Божјето дело“.

Преку клучевите на свештенството, Господовите приоритети секогаш ќе преовладуваат. Никој не може да одржи личен секојдневен ред што не е усогласен со Неговата водство. Никој не може да успее како неовлатсен свештеник, барајќи лична придобивка и лично следење.

Свештенството исто така игра многу важна улога во домовите на членовите на Црквата. Претседателот Далин Х. Оукс, прв советник во Првото Претседателство, поучува: „Принципот свештенското овластување да може да се практикува само под водство на оној кој е носител на клучевите за тој повик е основен во Црквата, но ова не е применливо во семејството“. Татковците претседаваат и го практикуваат свештенството во нивното семејство - преку давање совети, одржување на семејни средби, предавање на свештенство или исцелувачки благослови на членовите на семејството или на други лица, и така натаму - без насока или овластување од некој кој е носител на свештенските клучеви.

„Истиот принцип се применува кога таткото е отсутен а мајката го води семејството. Таа претседава во нејзиниот дом и игра важна улога во носење на моќта и благословите на свештенството во нејзиното семејство преку нејзиното обдарување и запечатување во храмот“.

Обновувањето на свештенството во наше време

15 Мај 1829 год.

Јован Крстител го враќа Ароновото свештенство на земјата преку Џозеф Смит Пом. и Оливер Каудери

Враќањето на свештенското овластување во оваа последна евангелска епоха се одвивало редоследно чекор по чекор. Додека основното свето писмо за нашата евангелска епоха, Книгата на Мормон, се преведувало во 1829 година, Господ почнал да ја воспоставува Неговата свештеничка структура на свое место. Како одговор на молитвеното испрашување на Џозеф Смит и Оливер Каудери во врска со крштевањето, воскреснатиот Јован Крстител се појавил и им го предал Аароновото свештенство, кое свештенство „ги носи клучевите на службата на ангелите, и на евангелието за покајание, и за крштевање со потопување за простување на гревовите“ (Учење и Завети 13:1). Со ова овластување, Џозеф и Оливер меѓусебно се крштевале а подоцна и останатите откако Црквата била формално организирана.

Набргу по 15 мај 1829 год.

Враќање на Мелхиседековото свештенство

Кратко по појавувањето на Јован Крстител, првите постоли Петар, Јаков и Јован се појавиле и му го предале повисокото, или Мелхиседеково свештенство, заедно со „клучевите за моето царство и евангелската епоха на евангелието за … исполнувањето на ветувањата“ (Учења и Завети 27:13; види и 128:20).

3 април 1836 год.

позади говорницата во храмот Киртланд

Дополнителното потребно овластување пристигна следно кога, во храмот Киртланд, тројца древни пророци, Мојсеј, Илијас и Илија, им се појавиле на Џозеф и на Оливер и им ги довериле клучевите за собирањето на Израел и за работата што се однесува на Господовите храмови (види Учења и Завети 110:11-16).

Лето 1829 – април 1835

Џозеф Смит Пом. ги повикува првите светци да ги поддржат членовите за новите повици

Откровенијата сега канонизирани во Учења и Завети го советувале пророкот Џозеф Смит во врска со ракополагање на мажи во канцелариите за повисокото (Мелхиседеково) и подготвителното (Ароново) свештенства; назначувањето на свештенички службеници, како што се епископите; и организацијата на свештенички кворуми и совети.

1835–1973

пионери како ги преминуваат рамнините

Пророчките насоки продолжуваат да ја водат свештенската организација и функционирањето во Црквата. На пример, кворумите на седумдесеттите биле организирани во ерата на Киртланд за да му помогнат на Кворумот на дванаесетмината. По големиот егзодус на Запад и дисперзијата на членовите на Црквата низ широки географски области, овие кворуми биле назначени да функционираат во коловите на Црквата.

1973–денес

Хор пее на Генерална Конференција

Под владение на претседателите Спенсер В. Кимбал (1895-1985), Езра Тафт Бенсон (1899-1994) и Гордон Б. Хинкли (1910-2008), седумдесетмината и нивните кворуми почнале да функционираат директно под Кворумот на дванаесетмината на највисоко црковно ниво и во црковните области. Кворумите на ниво на кол потоа биле прекинати. Денес, кворумите на дванаесетмината на генералните Овластени и Обласните Седумдесетмина им помагаат на Апостолите „во изградбата на црквата и уредување на сите нејзини работи меѓу сите народи“ (Учење и Завети 107:34). Дозволено е да се создаваат дополнителни кворуми на седумдесетмина како што се шири Црквата.

Старешина Кристоферсон ги отпоздравува членовите на Црквата во Гамбија

Старешина Кристоферсон ги отпоздравува браќата Сампсон и Даниел Амако во Гамбија, Западна Африка, во февруари 2022 година.

Свештенство: Моќта да осветува

Со еден збор, намената на свештенското овластување и моќ што Исус Христос ја обновил е да осветува. Тоа им овозможува на членовите на Црквата да ја користат Божјата моќ за служење и благословување на другите во Црква, дома и ширум светот. Членовите му се придружуваат на Спасителот во остварувањето на Неговото дело за спасение и егзалтација, употребувајќи божествени дарби и моќ која далеку ја надминува сопствената за да му помогнат на царството Божјо да расте и да ја исполни земјата (види Учења и Завети 65:2, 5-6).

Господ појасни дека „ова поголемо [Мелхиседеково] свештенство го спроведува евангелието и е носител на клучевите за тајните на царството, дури и клучот за Божјото знаење.

„Затоа, во опишаните обреди, прикажана е моќта на божественоста.

„А без неговите обреди, и власта на свештенството, моќта на божественоста не им се прикажува на луѓето во тело“ (Учење и Завети 84:19–21).

Обредите, секако, се церемонии спроведени од свештенството или сакременти преку кои ние склучуваме завети со Бога, почнувајќи со крштевањето и продолжувајќи преку добиените завети во Господовиот дом. Со одржување на овие завети ние се преобразуваме од „природни“ мажи и жени во светци (види Мосија 3:19) преку искупителната Христова благодат и стануваме и оправдани и осветени – невини и беспрекорни – пред Бога (види Учења и Завети 20:29-31; 3 Нефи 27:16-20).

Овој цитат од „The Restoration of the Fulness of the Gospel of Jesus Christ: A Bicentennial Proclamation to the World“ од Првото Претседателство и Советот на Дванаесетмината Апостоли, соодветно го изразува тоа:

„Изјавуваме дека Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, организирана на 6 април 1830, е обновената Новозаветна Христова Црква. Оваа Црква е вкоренета во совршениот живот на нејзиниот главен камен темелник, Исус Христос, и Неговото бескрајно Помирување и буквално Воскресение. Исус Христос уште еднаш ги повика Апостолите и им даде свештенско овластување. Тој нé повикува сите нас да дојдеме кај Него и Неговата Црква, да го прифатиме Светиот Дух, обредите за спасение и да стекнеме трајна радост“.

Белешки

  1. Види Општ Прирачник: Служење во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, 1.2–1.2.4, Gospel Library.

  2. Види Russell M. Nelson, “Rejoice in the Gift of Priesthood Keys,” Liahona, May 2024, 121.

  3. Општ Прирачник, 3.4.

  4. Dallin H. Oaks, “The Melchizedek Priesthood and the Keys,” Liahona, May 2020, 70–71.

  5. Dallin H. Oaks, “The Melchizedek Priesthood and the Keys,” 71.

  6. Види и, на пример, Учење и Завети 20, 41, 84, 107; види и Joseph F. Darowski and James Goldberg, „Restoring the Ancient Order“, во Revelations in Context: The Stories behind the Sections of the Doctrine and Covenants (2016), 208–12.

  7. Старешина Дејл Г. Ренланд еднаш го споредил свештенството со ракета која носи добра. Општо кажано, „можноста да се има корист од искупителната моќ на Спасителот“ е „товарот“ што го испорачува „ракетата“ на свештенството (види „The Priesthood and the Savior’s Atoning Power“, Liahona, Nov. 2017, 64–65).

  8. The Restoration of the Fulness of the Gospel of Jesus Christ: A Bicentennial Proclamation to the World“, Gospel Library.