2025
Вистината за нашите животи
Август 2025


„Вистината за нашите животи“, Лијахона, авг. 2025.

Месечна порака на Лијахона , август 2025

Вистината за нашите животи

Нашиот сакан Небесен Отец ги открил вистините за нашето минато, сегашност и иднина, вклучително и како да го примиме најголемиот од сите дарови.

Н. К. Витни & Ко. продавница

На горниот кат во малата, пренатрупана со предмети просторија над продавницата на Њуел К. Витни во Киртланд, Охајо на 22 јануари 1833 година, старешините на црквата одржаа собир со пророкот Џозеф Смит. Во декември претходната година, Џозеф добил откровение кое го насочува да основа училиште првенствено за да ги подготви браќата за мисии.

„Ви давам заповед“, објави Господ, „да се подучувате еден со друг за учењата на царството.

„Поучувајте вредно и мојата благодат ќе биде на вас, за да може да бидете посовршено упатени во теоријата, во принципот, во учењата и законот на евангелието, во сé што се однесува на царството Божје, што ви е потребно за да го разбете; …

„За да бидете подготвени во сè кога повторно ќе ве испратам да го величате повикот за кој ве повикав, и мисијата која ви ја доверив“ (Учењата и заветите 88:77-78, 80).

Ова „Училиште за пророците“ како што беше нарекувано, даде прекрасна манифестација на Светиот Дух и чувство на божествена милост. Многу од првите водачи на Црквата биле поучени таму. Денес светот е сосема поинакво место, но водството што Господ го дал тогаш, е сè уште неверојатно применливо. И ние, исто така, мора да бараме знаење и вистина „за она што е, она што било, и она што ќе дојде“ (Учењата и заветите 93:24).

жена размислува за книгата што ја чита

Нашата потрага по вистината

Во времето во кое живееме, имаме на располагање повеќе знаење од кога било досега. Во минатото, ако сакавте нешто да дознаете, моравте да одите во библиотеката и да го пронајдете. Денес интернетот и преносните уреди обезбедуваат пристап до речиси безброј информации што можеме да ги пронајдеме речиси веднаш.

Господ е задоволен кога мудро ги користиме ресурсите кои ни се на располагање, но Тој го дал овој безвременски совет: „Барајте трудољубиво и пучувајте се меѓусебно на мудри зборови; да барајте зборови на мудрост во најдобрите книги; настојувајте да учите, и тоа со проучување и но и со вера“ (Учењата и заветите 88:118). Тој нé охрабрува да дизнаваме за светот околу нас (види Учењата и заветите 88:79; 93:53), но во нашата потрага по вистината, ние мора да го бараме Бога, кој „сé сфаќа, и сé е пред Него, … и тој е над сé, … и тоа од Бога“ (Учењата и заветите 88:41).

Меѓу вистините што Бог ни ги дал, една од најтемелните за нашите земни животи е дека Тој е нашиот Небесен Отец. Ние сме Неговите духовни синови и ќерки. Тој нè сака и нè познава совршено. И како Негови духовни чеда, ние имаме божествена природа и судбина. Разбирањето и прифаќањето на овие вечни вистини ни дава идентитет, достојност и цел што нè благословуваше и нè насочуваше во нашиот пред-земен живот и ќе продолжи да нè благословува и насочува сега и засекогаш.

луѓе поминуваат низ превезот

Во Почетокотние бевме со Отецот

Како што ја баравме вистината за работите „такви какви што биле“, ги откриваме овие зборови од нашиот Спасител, Исус Христос: „и сега, вистина ви велам, на почеток бев со Отецот, и јас сум Првородениот“, а „и вие бевте на почетокот со Отецот“ (Учењата и заветите 93:21, 23).

Пред нашиот живот на земјата, бевме присутни на совет на небесата каде нашиот Небесен Отец го претстави Неговиот голем план за среќа. Пророкот Џозеф Смит поучувал дека Божјата мотивација за Неговиот план е да ни даде „привилегија да напредуваме како него [и] … да бидеме возвишени со него“. Неговото дело и слава е „да остварува бесмртност и вечен живот на човекот“ (Мојсеј 1:39).

Го практикуваме нашето право на слобода на избор и избравме да го следиме планот на нашиот Небесен Отец. Благословени сме што сме родени во овој живот, каде што продолжуваме да имаме право на слода на избор и можеме да ја доживееме смртноста, да учиме и да напредуваме кон вечен живот.

За време на нашето смртно патување, ќе доживеаме предизвици и неуспеси. Но ние не треба сами да се соочуваме со животните неволји. Џозеф Смит учел дека Небесниот Отец, „Големиот Отец на универзумот[,] гледа на целото човештво со татковска грижа и родителска почит“.

Нашиот Небесен Отец „Отецот на милосрдноста и Бог на секоја утеха“, ќе нé благослови, ќе нé воздигне и утеши „во неволја со онаа утеха со која Бог нé утешува нас самите“! (2 Коринтјаните 1:3–4). Како суштински дел од Неговиот план, Небесниот Отец ни обезбеди начин да се вратиме кај Него.

Рајската градина, Израел

Патот до нашиот Отец

Вистината „за работите такви какви што навистина се“ (Јаков 4:13) е јасна: не можеме да го достигнеме нашиот целосен потенцијал како чеда на нашиот Небесен Отец сами. Исус Христос, Првородениот Син на Отецот во духот, се заветил дека ќе биде наш Спасител и Искупител.

Исус Христос, „единородениот на Отецот, исполнет со благодат и вистина, и тоа Духот на вистината, … дојде и живееше во тело, и престојуваше меѓу нас“ (Учењата и заветите 93:11). Тој дојде да ни го покаже начинот да најдеме среќа, смисла и радост во овој живот и во вечноста.

„Зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот“.

„Зашто Бог не го испрати Својот Син во светот да го осуди светот, туку светот да се спаси преку Него“ (Јован 3:16-17).

Земното искуство на Спасителот е важно. Тој „не ја примил полнотата веднаш, туку примал благодат по благодат“ (Учењата и заветите 93:12). Растел сé додека „не доби целосна слава на Отецот“ и „не ја прими целата моќ, и на небото и на земјата, и славата на Отецот беше во Него, зашто Тој живееше во Него“ (Учењата и заветите 93:16–17). Спасителот поучуваше:

„Ви ги давам овие кажувања за да разберете и да знаете како да богослужите, и што богослужите, за да можете да дојдете кај Отецот во Мое име, и во свое време да примите од Неговата полнота.

„Зашто ако се држите до Моите заповеди, ќе примите од Неговата полнота, и ќе бидете прославени во Мене како што сум Јас во Отецот; затоа ви велам, ќе добивате благодат по благодат“ (Учењата и заветите 93:19–20).

Во Рајската градина и на крстот, Исус Христос ги превзел гревовите на светот и ги претрпел сите таги „болки, маки и искушенија од секаков вид“ (Алма 7:11). Ова „предизвика [Тој], … најголемиот од сите, да трепери од болка, и да крвари од секоја пора“ (Учењата и Заветите 19:18). Само преку Исус Христос и Неговото Помирување и Воскресение возможни се спасение и егзалтација.

Преку Спасителовата благодат и помирувачка жртва, ние може да растеме сè додека не добиеме целосност и еден ден да бидеме доведени до совршенство. Ако ќе го следиме примерот на Спасителот и почитуваме Неговите заповеди, Тој ќе нè води и ќе ни дава насоки на патот назад кон славното присуство на нашиот Отец на Небесата.

Уметнички цртеж на Христос како оди по патот кон Ерусалим

Христос на патот кон Ерусалим, од Мајкл Колман, не е дозволено копирање

Дали вие ќе го прифатите Неговиот Дар?

Меѓу вистините „за тоа што навистина ќе биде“ (Јаков 4:13), дознаваме дека нашето искуство во вечноста ќе биде одередено од нашиот избор да го следиме Исус Христос и да ги прифатиме дарбите кои Тој ги нуди. Светите писма учат дека ќе „уживаме во она што [ние] сме подготвени да го прифатиме“. За жал, некои нема да бидат „подготвени да уживаат во она што можеа да го прифатат“ (Учењата и Заветите 88:32).

Мојот Претседател на мисија, Старешина Мерион Д. Хенкс (1921-2011), кој служеше како Генерален Овластен во Седумдесетмината, ги учеше своите мисионери дека да се побара она што сме подготвени да го прифатиме е еден начин на кој ние проценуваме каде сме на нашето нашето духовно патување. „Зошто каква корист има човекот ако дарбата му е подарена а тој не ја прифатил? Како што се зајакнува нашето рабирање за Спасителовите дарби преку искрено барање и Негово следење, се радуваме во надежта за вечен живот и „во оној кој е дарител на [тој] дар“ (Учењата и Заветите 88:33). Овој дар даден со толку љубов „е најголемиот од сите дарови Божји“ (Учењата и Заветите 14:7).

Бог е нашиот Небесен Отец. Тој нé познава и нé сака. Како што се вртиме кон Него во нашата потрага по вистината, можеме да се останеме приврзани до интелигенцијата, да добиеме мудрост, да ја прифатиме вистината, и да се држиме до светлината што доаѓа од Него (види Учењата и Заветите 88:40). Потоа продолжуваме во текот на целиот наш живот сè додека „не дојде денот кога [ние] ќе го разбереме, и тоа Бог, зашто сме оживеани во него и преку него“ (Учењата и Заветите 88:49).

Тоа ќе биде најславниот и најрадосниот ден.

Белешки

  1. Teachings of Presidents of the Church: Joseph Smith (2011), 210, Gospel Library.

  2. Teachings: Joseph Smith, 39.